Нема повеќе слободна професија, само регистрирана професија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dexter26
  • Време на започнување Време на започнување
Toa e целта, нели? Финска била во корнер, Шведска била во скратен корнер, Луксембург е мал и безначаен, Австрија - исто. Зошто да се угледаме на нив, зошто да ги препишеме нивните закони? Според тебе, треба ли нам идоли во ЕУ да ни се Бугарија и Романија, земји корумпирани и зависни од Германија и евтин пазар на работна сила и млади жени спремни да си го продаваат сопственото тело за да опстанат и со национални политики кои им се темелат на режимите на Живков, Чаушеску и ним сличните? Или треба да се угледаме на Грција - една од најфашистичките и најксенофобичните земји во светот? Ама ним им се може, имаат јак грб и служат како последен одбранбен бедем пред малоумните милитанти од Блискиот Исток, затоа Европа ги трпи и им дава кредити. А нас зошто би не трпела?

За тоа ли требаше да ги земам за пример?
Не се работи тука за пејачи па ај таа група мене ке ми биди идол.
Има тука многу фактори кои никој не ги зема во предвид. Историја, култура, менталитет, платежна способност, корупција итн итн.
Незнам дали очекувате дека со неколку промени на закони наеднаш ке станиме Финска па ајде да копираме од нив. Не оди тоа туку така. Да беше така лесно сите ке копираа и сите ке беа Финска , ама не се. Сите многу често велите тука да добро би било тоа ама и платите да бидат такви. Како очекувате да се крени стандардот, така преку ноќ. А доттогаш ке си тераме по старо? Сите сакате стандар убав и плати европски, ама доттогаш ако можи не не гибајте, да си тераме како што си теравме. Со тој став уште многу време идоли ке ни бидат Финска, Норвешка , Канада ....[DOUBLEPOST=1414925932][/DOUBLEPOST]
У која држава живееш, мене тоа не ми е јасно, јас фаќав врски да ми стават интернет од T-HOME т.е за да завршам работа побрзо, да не правам муабет за Aircon (фирма за клими), се јавувам и она ми вика ние работиме до 16 часот, па и македонски пошти новото работно време им е од 9-17, само Комерцијална банка работи до 19 часот, сите други се до 17-18.
Кога луѓето се на работа и они се на работа, кога луѓето се слободни и треба да завршат некоја работа, тие не работат.
Мислиш гајле им е на фирмите за муштеријата, чукни си ја таа главата 3 пати во дрво
И ти ги почека тие за климите или викна некој друг? Под гаранција си беше или?
Или ајде вака чим се запна за тоа чекањето. Кога треба да одиш на преглед и ти закажуваат по еден месец( пример) ти чекаш или одиш на надри лекар.
Искрено незнам што толку гледате во лошо тие мајстори( самоуки или не) да бидат легални, да си плаќаат некој паушал. Работата на црно добра е само на кратки патеки, на долг временски период гледано за никој не е добра. Нити за тебе нити за нив, нити за државата која еден ден порано или покасно треба да одвојува средства и за нив кога ќе остарат. Ти како корисник на работници на црно на долг рок сам си правиш штета. Можеби си поминал поефтино во моментот ама еден ден ако ти треба вистинска фирма или ке ја преплатиш( пошто работат со високи цени поради мал обем на работа) или нема да ја најдиш пошто затвориле ради нелојална конкуренција.
 
Последно уредено:

Требаше да купам клима, не мајстори и гаранции и глупости, да купам т.е 700-1000Е да платам во кеш
А ова за лекарите ти е сосема погрешно, никој ама баш никој не чека кога се работи за здравје.
Ти стварно мислиш дека со лиценците ќе се решат проблемите ?
Ти стварно си толку глуп што не можеш да заклучиш како функционира лиценцирањето до сега кај нас ?
Тоа е само парите да ти ги земат ништо повеќе, се ќе си функционира исто како до сега, само сметката за крајните корисници ќе биде повисока.
Ако тоа лиценците го решаваат проблемот, тогаш ако некој лиценциран мајстор не ти поправи водоинсталација како што треба дома, нема да го тужиш него туку државата што му дала лиценца на жими очи
 
Добро бе паметен.
И кој не чека за здравје? Имаш добиено за мој термин термин некогаш па да видиш колку се чека или ?
И се ке си функционира како досега освен кога некој некого не пријави, па сега ти види. Ти нема да пријавиш некој кој ти ја зема работата од пред нос само затоа што е поефтни , а поефтин е само затоа што не плаќа давачки како ти. Јас би го пријавил ако законот ми дава таква можност, па сега на ко воли нек изволи.
 
Ако тоа лиценците го решаваат проблемот, тогаш ако некој лиценциран мајстор не ти поправи водоинсталација како што треба дома, нема да го тужиш него туку државата што му дала лиценца на жими очи

И таа опција треба да ја воведат кога веќе толку се запенавија за лиценците. А не, ти доаѓа мајстор кој земал лиценца како заслуга поради лепење плакати, а поим нема од занаетот и ти прави штета која треба ти самиот да си ја надокнадиш, бидејќи мајсторот секогаш може да се извлече дека ти нестручно си ракувал или си чепкал самиот откако тој ти го поправил апаратот беспрекорно. А ти не можеш да докажеш дека ја зборуваш вистината, а мајсторот лаже.

Koj мене ќе ми гарантира дека мајсторот лиценцата ја добил зо знаење, а не со тоа што бил активен како долгогодишен активист и член на партија и бил учесник во повеќе изборни кампањи, како што е случајот овде:

http://ohridsky.com/?p=24132
 
Да ама треба да почниме да тужиме како што е во Америка, ако осети дека помфритот е пржен во втор зејтин, одма тужба. Кај нас ај да не ја загуби работата, ај ова ај она и после се прашуваме зошто не функционираме[DOUBLEPOST=1414944408][/DOUBLEPOST]
Добро бе паметен.
И кој не чека за здравје? Имаш добиено за мој термин термин некогаш па да видиш колку се чека или ?
И се ке си функционира како досега освен кога некој некого не пријави, па сега ти види. Ти нема да пријавиш некој кој ти ја зема работата од пред нос само затоа што е поефтни , а поефтин е само затоа што не плаќа давачки како ти. Јас би го пријавил ако законот ми дава таква можност, па сега на ко воли нек изволи.
Па тогаш, што не го пријавиш некое локално гранапче што продава алкохол на малолетници или во кафиќот каде што одиш ?
 
Сакаш да кажеш, дека ми треба посебна дозвола да си го сменат работното време, како на пример, бидејќи од понеделник-петок немаат толку гужва може да работат од 15-20, а сабота и недела може од 10-21 ?
Сакам да кажам дека е потребна посебна дозвола за да работиш и во недела. Која дозвола чини пари.
Ако не сум у право нека ме демантира некој.
 
Каков мајстор бре одозгоре па и лиценциран.
Не доаѓа во предвид ни под разно!

Фрижидерот за длабоко нешто се побрка (цело време лади) па викнав еден пријател мајстор па како на комшија ми вика поправката ќе биде 4-6к ама за сигурно колкава ќе биде цената треба да го отворам ама најверојатно моторот е а што е нај трагично во целава ситуација нов фрижидер за длабоко е 8-9к.
Претпоставувам дека е термостатот па утре од зелен пазар ќе си купам термостат и за 300 или 500 денари сам ќе си го направам[DOUBLEPOST=1414957214][/DOUBLEPOST]
Сакам да кажам дека е потребна посебна дозвола за да работиш и во недела. Која дозвола чини пари.
Ако не сум у право нека ме демантира некој.
И на празници ако сакаш да работиш треба дозвола
 
недела нема статус како државен празник...има голема разлика дефинирана во законот, што е недела а што државен празник...
 
Не се работи тука за пејачи па ај таа група мене ке ми биди идол.
Има тука многу фактори кои никој не ги зема во предвид. Историја, култура, менталитет, платежна способност, корупција итн итн.
Незнам дали очекувате дека со неколку промени на закони наеднаш ке станиме Финска па ајде да копираме од нив. Не оди тоа туку така. Да беше така лесно сите ке копираа и сите ке беа Финска , ама не се.

Се читаш ли ти што пишуваш? Велиш фактор кој никој не го земал предвид била платежната способност? Како мислиш некој со плата од 150 или 200 евра да плати казна од 1000 или 1500 евра или поголема? И како не ви одговара законот за потекло на имот и пропорционалните казни според заработувачката од Финска, оправдувајќи се дека Финска е далеку од нас и не можеме да ја стигнеме со неколку промени на закон?

А како најдовте начин да воведете казни од 1000 до 9000 евра за сиромашните граѓани? Зошто тука не почекавте неколку промени на закон па да ги воведете овие драконски мерки? Зошто тука не кажа: не оди тоа така. Зошто тука не кажа: не можеме да копираме казни од земји кадешто платата е најмалку 10 пати поголема отколку во Македонија? Тука не ви пречеше ништо да ги донесете најригорозните европски казни, а ваму не сте можеле да го донесете законот за потекло на имот каков што е во Финска. Што ве спречува во тоа, полтрони?

http://www.makedonski.info/show/полтрон/м
 
Последно уредено:
Има стих од македонска народна песна:

Од каде спечали Ѓорѓи тешкото имање?
 
Слична ситуација низ историјата е забележана кога шерифот од Нотингем го зголемил данокат, а сиромашните „ торбари “ ги ставил во затвор заедно со се семејствата
Погледајте и послушајте како Волт Дизни го опишал тој настан во цртаниот филм Робин Худ ( трае нешто повеќе од 2 минути )

http://www.youtube.com/watch?v=_Hj-fNwte6c
 
Среќа што овие торбари не живеат во Македонија, инаку не им гинеше затвор:

Marsupialia.jpg
[DOUBLEPOST=1415117538][/DOUBLEPOST]
Слична ситуација низ историјата е забележана кога шерифот од Нотингем го зголемил данокат, а сиромашните „ торбари “ ги ставил во затвор заедно со се семејствата
Погледајте и послушајте како Волт Дизни го опишал тој настан во цртаниот филм Робин Худ ( трае нешто повеќе од 2 минути )

http://www.youtube.com/watch?v=_Hj-fNwte6c

Mногу поучен филм.

Every town
Has its ups and down
Sometime ups
Outnumber the downs
But not in Nottingham
I'm inclined to believe
If we were so down
We'd up and leave
We'd up and fly if we had wings for flyin'
Can't you see the tears we're cryin'?
Can't there be some happiness for me?
Not in Nottingham
 
Последно уредено:
Кај го има тој новиот закон околу лиценците да го прочитам нека го прати некој не ми се јасни некои работи. Значи имам сега регистрирано фирма со 2 3 ца вработени, фирмата се занимава со лепење на плочки. Сега ќе треба ли луѓето што се вработени во неа да вадат лиценци ели не.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom