Нема веќе National Geographic, FOX Life... исклучени најпопуларните канали

Член од
13 декември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
43
Да ве замоалм да ми објасните како работи Дрим Бокс , ја прочитав цела тема ама незнам што е тоа и кој канали ги има колку се плаќа
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
Не дека може да се сфати шо сакаше да каже овој од агенција, ама колку шо разбирам проблем е што за Македонија лиценца имаат бугарите, а нашиве оператори сигналот го земале од србите. Ако е така, на крај ќе излезе како што кажа некој погоре, само да се соберат парите за новите дозволи и ништо друго, а од операторот ќе зависи дали ќе ги врати, сега на бугарски или нема да ги врати.
Точно, проблемот е што за овие канали, операторите наводно имаат оригинално одобрение за реемитување на бугарските, ама овие ги пуштаат српските, со тоа што поблизок пазар и македонски фирми како Вип или Витаминка можат да си дозволат да ставаат реклами и тоа им пречи на нашите канали.

Ама и ова не е сосема точно, оригиналното одобрение од испоставата за Балканот на Fox Broadcasting Company која се наоѓа во Софија (http://www.foxchannels.bg/) е за реемитување на тие канали од страна на нашите оператори и тие можат да си изберат за кои канали ќе бараат регистрирање кај нашиот АВМУ, тие побарале за реемитување на српските, е сега АВМУ се буни зошто се реемитување српските, а не бугарските.

Ама ова реемитување на српските наместо бугарските не е голем грев кога кај нас имаат дозволи. Нема што АВМУ да им бере гајле за кој канал имаат дозвола од испоставата на каналите кога во Македонија уредно си се регистрирани српските.

Сега овој директорот се направи будала и сугерираше дека македонските реклами после се поставувале само за Македонија и со тоа не било чисто реемитување, кога тоа не е точно, македонските реклами се во оригиналната програма, односно и во Србија ги гледаат македонските реклами и навистина се работи за реемитување.
Сега се надеваат дека кога ќе ги пуштат бугарските канали, кои одат со синхронизација, ќе има помал интерес кај нашиот народ да ги гледа и со тоа помала шанса да бидат конкуренција на нашите канали.

Еве за да бидам појасен, на нашите оператори дозвола за реемитување им дала FOX International Channels Bulgaria, која е регионална канцеларија за Балканот.
Арно ама, и српската ФОКС е под одобрение на оваа бугарската канцеларија, и ако операторите успеат да го докажат тоа на АВМУ ќе нема проблем.
Capture.PNG

И прашањето е зошто не ги запираат и 24Kitchen на пример кога и таа е под бугарското одобрение, а кај нас се емитува српската. Или нема доволна гледаност за да се занимаваат со неа.
 
Последно уредено:
Член од
3 декември 2014
Мислења
16
Поени од реакции
0
Цензура!!! Да не се научи човек како е подобро.
Ќе почнат со цензура и на интернет!!!
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Иначе да сум јас главен овие турскиве серии ќе ги направам 16+ и ќе наредам да се емитуваат после 22ч.
Затоа што во секоја турска серија има убиства, насилство, семејно насилство, киднапирања, киднапирања на мали деца, и СИЛОВАЊА.
Катастрофа.:facepalm:
 
А

Атомската мравка

Гостин
Не ги гледав секако, се додека ги имам Сител и МТВ на телевизија нема за што да се грижам

:icon_lol:
 
saskon

Член од
22 август 2008
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.464
Да ве замоалм да ми објасните како работи Дрим Бокс , ја прочитав цела тема ама незнам што е тоа и кој канали ги има колку се плаќа
Набрзинка, ресивер кој има можност пристап на интернет. За кодираните канали сигналот го добиваш преку сателит (сателитска антена), а кодовите од истите од линија која ја плаќаш (Ц-линија). Зависи колку ќе платиш и кој пакети ќе ти бидат вметнати, во глобала се што постои од канал преку сателит гледаш. Може и да се гледа независно каде се наоѓаш, само малку знаење, значи ресиверот преку софт можеш да го поставиш на интернет. Потоа ти треба само интернет конекција и смарт телевизор. Колку сакаш телевизори уклучи, фактички сам си рестримуваш.
Пример ова е преку дримбокс:
fl.png
 
SciFiMitrov

Overthinker!
Член од
17 декември 2014
Мислења
10
Поени од реакции
9

Прегледај го приврзокот 110123
Tотално сум со тебе,ни глава да те боле ни нервози ни триста други глупости :cool:
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
43
Набрзинка, ресивер кој има можност пристап на интернет. За кодираните канали сигналот го добиваш преку сателит (сателитска антена), а кодовите од истите од линија која ја плаќаш (Ц-линија). Зависи колку ќе платиш и кој пакети ќе ти бидат вметнати, во глобала се што постои од канал преку сателит гледаш. Може и да се гледа независно каде се наоѓаш, само малку знаење, значи ресиверот преку софт можеш да го поставиш на интернет. Потоа ти треба само интернет конекција и смарт телевизор. Колку сакаш телевизори уклучи, фактички сам си рестримуваш.
Пример ова е преку дримбокс:
Прегледај го приврзокот 110123
Ти благодарам што се потруди, а мора ли смарт тв и колку отприлика се плаќа годишно кај ги има пакетите :)
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
461
Поени од реакции
461
Директорот на АВМУ и денес повтори дека на операторите им било наложено да бидат исклучени каналите затоа што не ги реемитувале веродостојно. А тоа не е точно, тој се прави будала, или навистина не знае и целата збрка е само недоразбирање.
Тој сака да каже дека македонските оператори ги додаваат македонските реклами, кога тоа не е точно, тие си постојат и во изворната верзија на програмата во Србија.

Операторите треба да реагираат на елементарно непознавање на работата од страна на директорот на агенцијата.
Лудило.

https://www.youtube.com/watch?v=tkQ4eIkn5FI
 
k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Ти благодарам што се потруди, а мора ли смарт тв и колку отприлика се плаќа годишно кај ги има пакетите :)
Не ти треба смарт, имаш ресивер со хдми , шеринг квалитетен ти е околу 70 - 80 евра годишно , а канали гледаш се можно (најквалитетно) шо постои на светов

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
А зошто на пример, македонскиот DVB превод едноставно не се префрли од српската верзија на бугарската верзија на каналите?
Зарем толку е тешко? Бугарското аудио и онака може да биде заменето со оргиналниот јазик, односно англиски.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom