Ако сакаа да работат ке работеа, барем Ресен надница е 700-1000 денари на ден.Со тоа можи да се издржува семејстово, ама кој да работи ги мрзи поубо му е вака.
За некоја постојана и полесна работа? Затоа што како што кажа Леандра, навистина не секој стар човек може да работи како 18 годишно дете и да поднесе физички секаква тешка работа.
А ако е чат-пат, сработи нешто и земи некој денар ... не дека не треба и тоа да се прави, ама не е крајно решение. Не може да се издржува семејство со 2 полни работни месеци во годината. Не е потребно за децата само леб на маса ... треба и да се облечат и да им се купат книги, ако ништо повеќе.
1000 ден/дневница---20 работни дена 20 000. Доктори не земаат толку.
Па да, не земаат, а пак имаат по едно или две деца. Мислам, навистина, јас не сум сретнала доктор со пет деца или повеќе. Само незнам дали е тоа од скржавост или навистина од разум.
Но добро, тоа е веќе друг муабет.
А општо за овие критични семејства ... жал ми е да ги осудувам и критикувам, барем тие кои изгледаат навистина беспомошно. Но има и такви кои не се присебни и со кои мора да се преземе нешто веднаш!
Незнам дали се сеќавате на едни "забегани" верници, кои мислам дека имаа 11 деца, кои кукаа дека не можат да ги прехранат, а ни да ги сместат повеќе во едната или две соби. На прашањето зошто не прекинале да го прошируваат своето семејство кога забележале дека навистина не можат повеќе да поднесат, одговорија дека го следат патот Божји и веруваат дека би биле казнети доколку направат грев т.е. доколку не раѓа жената толку деца колку и се направени. Наводно кога сакал Господ, тогаш таа останувала трудна и морала да роди, за да не му згреши. Мажот и беше болен и лежеше во кревет, значи неспособен за работа, а таа цела во паника кажа и дека ако повторно остане трудна, повторно ќе роди. Живееле од некаква минимална социјална помош, а децата (иако некои од нив веќе многу големи) не ги пуштале на училиште.
И да, Македонци беа луѓево. Затоа прекинете барем да плукате по другите вери и нации.
За ваквите случаи јас сум без мислење и прашање да им се одземат децата (во случај да имавме стручни лица кои се грижат и за тој проблем во државава), а родителите да се пратат во соодветна институција на лечење. А може и на часови по веронаука ... да се научат дека Господ може повеќе да ги казни за тоа што се изживуваат на својот куп од деца, затоа што погрешно разбрале некои работи.
Најголема улога во ова има образованието дефинитивно. Треба човек да има барем основни познавања за животот, за да може приземјено да донесува одлуки, кои понатаму многу влијаат на неговите потомци.