Немам пари, имам многу деца и ќе одам на А1

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ниту парично, ниту затворски, кастрација is the key.

И да, никој не знае да лови риби од раѓање. Прво треба да сака да лови риби, односно да осети потреба од тоа, потоа да се заинтересира да научи како, и на крај, да го прави тоа, за свое и за општествено добро. Не можеш да го научиш човек да лови риби, без тој да ги поседува другите 2 работи претходно. Не ни е гајле дали ти знаеш или не хемија, но ако имаш желба, потреба од тоа, ќе научиш.
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Ниту парично, ниту затворски, кастрација is the key.

И да, никој не знае да лови риби од раѓање. Прво треба да сака да лови риби, односно да осети потреба од тоа, потоа да се заинтересира да научи како, и на крај, да го прави тоа, за свое и за општествено добро. Не можеш да го научиш човек да лови риби, без тој да ги поседува другите 2 работи претходно. Не ни е гајле дали ти знаеш или не хемија, но ако имаш желба, потреба од тоа, ќе научиш.
Многу хумано, многу цивилизирано од тебе.

Прво, луѓето во нашиот конкретен случај или не учеле и не се оспособиле да вадат леб или не им била пружена таа прилика (и тие можеби биле деца на сиромашни родители кои немале средства да ги едуцираат) или не сакаат да научат, ниту да работат, туку сакаат да живеат од милоста на другите и мислат дека со питање се вади добра живеачка. Во првиот случај треба да се помогне со тоа што ќе се најде некој добар човек што нема да ги земе на свој грб, туку ќе ги подигне на свои нозе, а во вториот, како што кажа самата, неможеш ти да оспособиш човек за живот ако тој самиот не сака или не осеќа потреба за тоа. Тие луѓе не осеќаат потреба зошто секогаш се наоѓа некој што ќе им се смилува и ќе им даде на непечалено. Секако дека ми е полесно мене да си правам деца, да изигравам сиромав, гол и бос и да чекам на некој друг да се грижи за мене. Затоа не треба да им се дава, зашто се прават паразити. И тие Природна девојко, никогаш нема да научат хемија додека ти им даваш наготово. Него како помош дај им ја книгата по хемија и пушти ги нека се снаоѓаат.

"Нивата не бара молитва, бара мотика." Јас нема да ја копам нивата за нив, ама не е фер кога некој не добива ни шанса - ни нива, ни семе, ни мотика.
На вакви луѓе се помага, а не на готовани.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Да, во право си, полесно е да се чека на готово, отколку да се засука ракави.

Дали е хумано, цивилизирано или заебанција, не е битно, битно е дали е хумано, цивилизирано или заебанција тоа 10 деца да се роди, а на работа да не се оди?
Толку.
 
M

marsovka

Гостин

државата е крива треба како во индија да им се понуди бесплатана трајна стерилизација
Марсовче не сваќа зошто се жалите кога владата за која гласавте не повикува да имаме многудетно семејство
Марсовче мисли дека децата треба да им се земат и да им се дадат на бездетни мамички и татенца кои се спремни за деца ама мама природа не дала
 
tomislayer

Елегантно дебел =)
Член од
18 ноември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
82
Бејби Грл ја долови суштинината на проблемот.
Старата поговорка вели: дај му на човека риба и си го нахранил за ден, научи го човека да лови риби и си го нахранил за цел живот.
Овие луѓе треба да се рехабилитираат. Да се научат како да престанат да бидат штетни за себеси и како да станат корисни за општеството. А, ако не се способни ни за тоа, тогаш треба да се направи пример од нив. Да знаат следните генерации кон што водат тие постапки што ги правеле овие луѓе и да ги избегнат туѓите грешки.
Според мене нема никаква логика да им се дава еднократна помош. Со тоа само ги правиме паразити. И кој решава кој ќе добие помош? Овие што изглегле на А1 како да добиле лотарија, а ги има на илјадници во Македонија, семејства со слична состојба. Кој ќе им помогне нив. Праведно ли е само на некои да им се помага, а на другите не. Па, човек со право ќе се запраша, а зашто мене не?
Не е точно Мими. Заслужува парче среќа тој што ќе си ја заработи, а не тој што упорно себеси се заглавува подлабоко во калта. Кога гледа дека нема пари да издржува уште деца, тој уште прави, па после чека јас да сум хуман. Па, добро будали се луѓево што работат? Ако е така ај и јас ќе си се женам и ќе направам едно пет-шеснаест деца, а ти оди р'мбај и изигравај Мајка Тереза за мене и мојата фамилија. В лице ќе ти бидеме благодарни ама за грб ќе ти се смееме.
И викаш, еднаш живееме... па и јас еднаш живеам, зашто јас мојот живот да го трошам за нечие туѓо добро. Поготво за некој што апла доволно глуп да направи повеќе деца одошто може да издржува? А уосталом што не дојде Ворен Бафет, да ни раздели на сите по некое милјонче? Ворен Бафет го посветил ЦЕЛ свој живот на бизнисот. Еден милјон долари него го кошта пола година од неговиот живот (да претпоставиме). И што треба сега тој, едноставно да ти ја даде, онака зашто си бил доволно глуп да направиш 100 деца?
Заборави на тоа. Секој засебе е во светов. Ама те разбирам и јас бев некогаш таков идеалист, додека не се соочив со светот и фактот дека на никој не му е гајле што мака имаш ти, секој си ја гледа својата мака.

Затоа, јас не сум хуманист. Јас верувам во системот. А системот вели дека ќе добиваш онолку добро колку што даваш добро на светот. Јас немам должност да се погрижам некои луѓе да на живеаат под нормата за "човечки суштества". Човек или ѕвер мене сеедно ми е. И кучето и мачката и кравата и козата ќе ми живеат подобро од бездомник, секогаш нархранети и на топло, ако мене ми се корисни.
Неправда е што не сите добиваат шанса да се оспособат себеси да бидат корисни, а со тоа и да живеаат добар живот. Затоа ако толку ги сакаш луѓето во светот и несакаш да страдаат, не гледај сите да добијат риба. Немаш ни толку риби, а ти не си Исус па од 3 да направиш 3000. Гледај да ги научиш луѓето како да ловат риби. Гледај да ја искорениш неправдата од системот.
Затоа, за крај не ги правете луѓето паразити. Само погрижете се да добијат шанса.
Абе толку деца праат од шо немет пари за кондоми! :pos2:
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
државата е крива треба како во индија да им се понуди бесплатана трајна стерилизација
Марсовче не сваќа зошто се жалите кога владата за која гласавте не повикува да имаме многудетно семејство
Марсовче мисли дека децата треба да им се земат и да им се дадат на бездетни мамички и татенца кои се спремни за деца ама мама природа не дала
Тоа би било убава солуција да им се дадат деца од такви семејства на оние кои не можат да имаат свое дете, ама ретко кој пар, бар кај нас, сака дете кое е над година, две, три. Обично се сака бебе до година дена. :)
 
Д

Демијан

Гостин
Фокси, синдикатите не можат да се грижат за работните услови на некој кој е вработен на диво. А политичарите треба да почнат да градат фабрики на местото на трговските центри, во кои ќе вработат такви луѓе. А инаку, превентивно треба да се делува, но јас зборувам за евентуална солуција кога децава се направени. Превентивно треба да и се објасни на нееманципираната жена припадничка на една етничка група која не е мнозинство во оваа рамковна Македонија, дека не претставува машина "бебе-робот". Само тешко на оние деца кои патат заради економската состојба на нивните... И се приморани да питаат, да седат во студ, да ... уффф у пмс сум, ми се плаче кога замислувам како им е. :kesa:
Политичарите треба да градат фабрики? Ова не е социјализам да државата да прави фабрики.Незнам од каде е тоа на многу луѓе, ги гледам и по телевизии се јавуваат лупаат глупости.Државата неможе да отвара фабрики и да вработува луѓе.Задача и обврска на владата-владеачката партија е да создаде услови за инвестирања на странски и домашни инвеститори.

А во врска со тоа дека немало работа за нив.Ооо да видите и тоа колку работни места има слободни.Пр. на татко ми му требаат работници и неможе да најде.Сега неможе секој да седи на фотеља и да зема плата.Има работа за секого само нема кој да работи!
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Политичарите треба да градат фабрики? Ова не е социјализам да државата да прави фабрики.Незнам од каде е тоа на многу луѓе, ги гледам и по телевизии се јавуваат лупаат глупости.Државата неможе да отвара фабрики и да вработува луѓе.Задача и обврска на владата-владеачката партија е да создаде услови за инвестирања на странски и домашни инвеститори.
Нашите оваа лекција ја немаат научено.Социјализмот го сваќаа како поредок во кој треба да отвараат непрофитабилни фабрики со огромни долгови тако звани лежи лебу да те јадам,а денес сме во општественото уредување земи и бегај.
Никако да ни тргне со уредувањава,затоа немој да ја кривите власта,она само се прилагодува на настанатата ситуација:wink:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Политичарите треба да градат фабрики? Ова не е социјализам да државата да прави фабрики.Незнам од каде е тоа на многу луѓе, ги гледам и по телевизии се јавуваат лупаат глупости.Државата неможе да отвара фабрики и да вработува луѓе.Задача и обврска на владата-владеачката партија е да создаде услови за инвестирања на странски и домашни инвеститори.

А во врска со тоа дека немало работа за нив.Ооо да видите и тоа колку работни места има слободни.Пр. на татко ми му требаат работници и неможе да најде.Сега неможе секој да седи на фотеља и да зема плата.Има работа за секого само нема кој да работи!
А тие инвестиции можат еднаш барем да се во фирми во кои може да се вработи некој човек?
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
165
Поени од реакции
19
Абе добро 10 деца. Па не се тие криви што мтв завршувала во 10 сатот со програма, не се будали да го гледаат тој знакот и да слушаат тиииииииииит. Сепак сексот бил попаметна работа. Штета што денес толку мн канали има на каблоска.
 
Д

Демијан

Гостин
Нашите оваа лекција ја немаат научено.Социјализмот го сваќаа како поредок во кој треба да отвараат непрофитабилни фабрики со огромни долгови тако звани лежи лебу да те јадам,а денес сме во општественото уредување земи и бегај.
Никако да ни тргне со уредувањава,затоа немој да ја кривите власта,она само се прилагодува на настанатата ситуација:wink:
Да со тие "измислени" работни места и сл.Па тоа е проблемот пошто луѓево патат по тој систем и ден денес.Тоа е тоа.
А тие луѓе стварно ти жалам ама сепак можат да најдат работа ако сакаат.

А тие инвестиции можат еднаш барем да се во фирми во кои може да се вработи некој човек?
Тие инвестиции се во фирми во кои се вработуваат соодветно остручени лица по дејноста со која се бави таа фирма.
 
Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Ниту парично, ниту затворски, кастрација is the key.
И нуклеарна бомба да не треба да фрлиме во африка?
Јас имам природна одбивност кон луѓе кои не знаат што и како со својот живот и притоа создаваат нови животи кои однапред се осудени на пропаст...

А ако знаев решенија на вакви проблеми ќе му бев советник на Груевски по социјални прашања :smir:
Однапред осудени на пропаст?
Не би рекол. Што ми фали мене? :D
Ако сакаа да работат ке работеа, барем Ресен надница е 700-1000 денари на ден.Со тоа можи да се издржува семејстово, ама кој да работи ги мрзи поубо му е вака.
Има место за мене таму?
Дај кажи повеќе информации, заинтересиран сум за летен распуст да одам таму, на некој месец. Ќе ми требаат пари за нов компјутер и за одмор.
Сериозен сум.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.904
Поени од реакции
12.456
Абе толку деца праат од шо немет пари за кондоми! :pos2:
Немет, ами ако немет имет и други начини да се спречит бременоста. Како беше она, кога е најфино, прекини.

Мислам дека овие луѓе немаат време да бараат работа, пошто само на секс мислат, ми делува како помини замини оп. Да трча да бара работа, нема да има ни време ни сила за правење фудбалски екипи.
Спротивно на нив, има фамилии каде немаат време ниту за едно дете, бизнис, кариера... Не го оправдувам ни тоа ни она за кое е темата (11 деца). Златна средина. Имам 2 деца, можев 3 или 4, а кој ќе ми ги ранеше? Вашите даноци и а1? Не фала.

Му текнува некому почетокот од филмот Idiocracy? Многу верно прикажано во контекст на расплодот на dumb фамилиите.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.518
Поени од реакции
8.244
вака, дури и најбогатите луѓе на светот немаат 10 деца(а тие можат да си го овозможат тоа)... значи тие имат кликер...
инаку што се однесува до овие на тв... кога тие децата седат и си уживаат у подароците кои им ги носат кој ти знае кој, ние, на минус 1000 степени идемо у школо, се едуцираме, се грижиме самите за нашата иднина... за да после 10-15-20 години си работиме некоја фина работа, си најдеме жена и си направиме онолку деца колку што можеме да одгледаме... така да, на некој начин и самите они си се криви што се доведени у ваква ситуација...
зашто некад не излезат на телевизија и да побараат книги да им се даде?? зошто не побарат некогаш партиципација у школото да им се плати?? еее па бате неможе така...
финтата е што тие дечиња што ги гледаме на тв за 20 години ке станат исти случаеви какви што им се родителите... така да, колку и да им помагат пак исто ке си биде...
ја би им помогнал, ама да знам да се со некоја душевна,физичка,заразна или било каква болест и да е... но, кога видам на тв бе, здрав,прав без ниедна маана место да се потруди да побара работа(каква било) тој си се грее у зима правејќи деца...
 
kostovska

Рокенролистика :))))))
Член од
22 јануари 2009
Мислења
368
Поени од реакции
11
битното е да се помогне на некој кој нема средства,а тоа што ќе се појави на медиумите пак е некаков труд и потрага по пронаоѓање на начин како да се направи живото да им биде полесен......али сепак во раните години се гради самата таа основа за понатамошен опстанок.....кои по се изгледа тие луѓе не успеале да ја постават
 
Kajgana Shop

На врв Bottom