Независност на Каталонија

B

Bafra

Гостин
За која полиција и вооружени сили правиме муабет? Регионалните на Каталонија или Централните на Шпанија? Колку да нема збунки.[DOUBLEPOST=1506671751][/DOUBLEPOST]
Им влага Шпанската полиција цело време. Малку по малку. Ама не им оди работата. Само ги разгорува страстите и ги потхранува сепаратистите.
Регионалната/локалната нормално. :D

Треба да им влезе полицијата на клоци да дигне све и референдум и каталонија цела. Ако полицијата не го направи тоа, армијата да се прати.
Такаа е трба крв по улиците, Власта мора да има тотална контрола :tapp: Шупелка си
Истото требаше и шарените кога протестираа и бараа промени... :P
Не е битно што мнозинството Каталонци бараат референдум (незначи дека сите ќе гласаат за отцепување)

Апсолутно ништо не прави полицијата, да правеше немаше да има референдуми, живеат у демократија никој не им смета и се понашаат иредентистички.
Баш сега се гледа дека живееле во демократија :pos: . Многу лесно си кажувате демократија а во пракса некако се личи на диктатура.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.817
Поени од реакции
15.743
Сега јасно вие зошто Шпанија не го признава Косово ?
А всушност бог и шеширџија е работата ако се спореди Каталонија и Косово...Шпанија не сака аутономија за Каталонија бидејќи ја искористува, не се работи за надворешна опасност од соседна држава како на пример С.Ирска и Ирска, северен Тирол и друг потенцијален иредентизам.
Б.Т.В., грчките галами за иредентизам, било за егејска Македонија или Чемерија се тотална лага, постои обратна закана, на пример теоретски ако би се автономиирала грчка Македонија, со малцински јазични права, тогаш таа би ја земала РМ па може и јужниот дел на Албанија, а каде и имаше иредентистички нереди од грчкото малцинство, дента кога Русија влезе во Грузија па Албанија едно време и го уапси градоначалникот на Химаре.....
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.222
Поени од реакции
35.832
Од една страна може требаше доброволно да им го дозволат референдумот кога и онака нема никакви шанси да успее. И покрај сите притисоци што се прават во Каталонија кон тие што се против независност (се бркаат од работа, им се каменуваат домови, се оцрнуваат по медиуми како предавници) пак подршката за независност не надминува 40%.

Од друга страна па може треба да им се оддржи лекција дека Уставот и законите важат за сите и они не се ништо посебно или повеќе од другите за да им се дозволуваат незаконски референдуми.

Некако ова однесување на каталонците ме потсеќа на Србија во времето на Милошевиќ. Мислат дека се нешто посебно, арогантни, мислат дека се најбогати во Шпанија (а не се), мислат дека Барселона е центар на светот (а не е ниту ќе биде) и мислат дека цела Европа после ќе ги моли нив.

Напротив лиглињата ако прогласат независност ќе бидат битен фактор колку што е Косово.
Посебно имајќи го предвид фактот дека Шпанија и тоа како ќе направи се за да им го загорчи животот и закопа економијата а цела Европска Унија ќе стои покрај нејзинот член на чело со Меркел која јасно им кажа дека не подржува еднострана независност на Каталонија.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.700
Поени од реакции
38.915
Регионалната/локалната нормално. :D


Такаа е трба крв по улиците, Власта мора да има тотална контрола :tapp: Шупелка си
Истото требаше и шарените кога протестираа и бараа промени... :P
Не е битно што мнозинството Каталонци бараат референдум (незначи дека сите ќе гласаат за отцепување)



Баш сега се гледа дека живееле во демократија :pos: . Многу лесно си кажувате демократија а во пракса некако се личи на диктатура.
Извини каталонецу, Филе да не си ти случајно?
 
B

Bafra

Гостин
Посебно имајќи го предвид фактот дека Шпанија и тоа како ќе направи се за да им го загорчи животот и закопа економијата а цела Европска Унија ќе стои покрај нејзинот член на чело со Меркел која јасно им кажа дека не подржува еднострана независност на Каталонија.
Колку само се чуствуваш моќно кога го пишуваш ова.... а зашто тоа да им го направат ?
Нели е веќе тоа Фашизам, нели е тоа диктатура. Сте изгубиле осет со реалноста.

Како тоа Уставот го ставаш НАД желбата на граѓаните ?? Луѓе сме алоо не роботи кои работат по алгоритам. Човечко право/должност е да отфрлиш било која власт кога почнува да станува непријател на народот.
Законите да важеа за сите т.е. и за политичарите немаше ни да има потреба од референдуми.
А Меркелка КОЈ ја постави за лидер на ЕУ ? Кој и дозволи доброволно, без одлука од влада, министерства или МВР да повика имигранти и слободен влез ??
Малку заебано типче си, од една страна си против диктатурата во МКД а од друга страна со сета сила ја подржуваш диктатурата нд Брисел и Меркелка :D



Извини каталонецу, Филе да не си ти случајно?
Секој што повикува полиција и војска за да ја одбрани Власта од сопствениот народ, т.е. е спремен да пролее цивилна крв е диктатор.
Ти имаш двојни стандарди, како може тука да повикуваш војска на улиците а во Македонија да ги подржуваш "шарените" ??
Резонирањето ти е контрадикторно, или па се додека си ти на власт тогаш полиција и војска оправдано :kuracc:

И не се пенали со тоа кој сум, одговори во стилот - Сине мој, ова она и сл. :P
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.213
А шо фајде или проблем имате вие со независноста на една Каталонија? Да не ви смени нешто во животот. Си сакаат независност, нека си се изјасни народот на Каталонија за тоа на референдум и чао пријатно. И за Шкоткса и за Белгија ако сака да се дели на два дела и Курдистан ,и за Крим и источниот дел на Украина и..........
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Ако отиде Каталонија треба по автоматизам и Баскија, нели тие и со насилни методи дури се бореа против Шпанската власт, па после ќе им се присака истото и на Галиција, Астурија, Кантабрија или пак на Валенсија и на Андалузија ?!
А што правиме па со Шкотска, Велс, Северна Ирска, Белгија(Фламанија и Валонија), Аквитанија, Корзика, Сардинија, Сицилија, Ломбардија(Паданија), Савоја и.т.н.
И кога ќе видиш цела ЕУ до најситен детаљ отишла у три лепе п. м.
 
Ф

Флеш

Гостин
Сега јасно вие зошто Шпанија не го признава Косово ?
А всушност бог и шеширџија е работата ако се спореди Каталонија и Косово...Шпанија не сака аутономија за Каталонија бидејќи ја искористува, не се работи за надворешна опасност од соседна држава како на пример С.Ирска и Ирска, северен Тирол и друг потенцијален иредентизам.
Б.Т.В., грчките галами за иредентизам, било за егејска Македонија или Чемерија се тотална лага, постои обратна закана, на пример теоретски ако би се автономиирала грчка Македонија, со малцински јазични права, тогаш таа би ја земала РМ па може и јужниот дел на Албанија, а каде и имаше иредентистички нереди од грчкото малцинство, дента кога Русија влезе во Грузија па Албанија едно време и го уапси градоначалникот на Химаре.....
Има шанси за оваа теорија,мислам дали држи ?!Дека ако Грчка се реформира во насока на малцинските права,ќе се искористи економскиот колапс нивен и да дојде до внатрешни судири?
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Имаше една документарна серија "Распадот на Југославија", сега на мода е филмот "Распадот на ЕУ"
Конкретно за каталонците, по некаква причина не успеале да ја зачуваат својата држава, претпоставувам дека немале доволно количество, народ, сила, пријателски држави, и не успеале да ја задржат државата и се нашле под шпанско ропство.
Како што се распаднала римската империја, така и денес пред нашите очи се руши ЕУ рајхот, ако не сега другиот пат ќе дојде слободата за некој поробени народи без своја држава во Европа.
Зашто да не, освен мулти култи и глобализација има и други модели, локализација, суверен народ- територија -држава.
 
B

Bafra

Гостин
А шо фајде или проблем имате вие со независноста на една Каталонија? Да не ви смени нешто во животот. Си сакаат независност, нека си се изјасни народот на Каталонија за тоа на референдум и чао пријатно. И за Шкоткса и за Белгија ако сака да се дели на два дела и Курдистан ,и за Крим и источниот дел на Украина и..........
Директен проблем со независна Каталонија немаме, но ова веќе е излегување на проблемите кои Брисел ги "буткаше под тепих" како резултат на нивните нели успешни планови и активности.
А ако ЕУ умира а ни е во близина ќе има влијание.
По Брегзит сите велеа ЕУ треба промени да направи а ЕУ ништо не презема.
Тек кога ќе излезат финансиските проблеми на виделина на еу државите тек тогаш ќе биде јасно дека се е фасада без цврста основа.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.817
Поени од реакции
15.743
Има шанси за оваа теорија,мислам дали држи ?!Дека ако Грчка се реформира во насока на малцинските права,ќе се искористи економскиот колапс нивен и да дојде до внатрешни судири?
друго мислев, не сме ние никаква опасност за Грција...обратно, ако грчка Македонија би добила федерален статус а би го признала нашиот јазик многу лесно ќе не анексира по мирен пат... истото е и со Истра, на времето имаше затегнатост меѓу ФНРЈ и Италија, се до 1974, а сега во Истра има расположение за аутономизирање од Хрватска и поблиски врски со Италија...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.700
Поени од реакции
38.915
Колку само се чуствуваш моќно кога го пишуваш ова.... а зашто тоа да им го направат ?
Нели е веќе тоа Фашизам, нели е тоа диктатура. Сте изгубиле осет со реалноста.

Како тоа Уставот го ставаш НАД желбата на граѓаните ?? Луѓе сме алоо не роботи кои работат по алгоритам. Човечко право/должност е да отфрлиш било која власт кога почнува да станува непријател на народот.
Законите да важеа за сите т.е. и за политичарите немаше ни да има потреба од референдуми.
А Меркелка КОЈ ја постави за лидер на ЕУ ? Кој и дозволи доброволно, без одлука од влада, министерства или МВР да повика имигранти и слободен влез ??
Малку заебано типче си, од една страна си против диктатурата во МКД а од друга страна со сета сила ја подржуваш диктатурата нд Брисел и Меркелка :D





Секој што повикува полиција и војска за да ја одбрани Власта од сопствениот народ, т.е. е спремен да пролее цивилна крв е диктатор.
Ти имаш двојни стандарди, како може тука да повикуваш војска на улиците а во Македонија да ги подржуваш "шарените" ??
Резонирањето ти е контрадикторно, или па се додека си ти на власт тогаш полиција и војска оправдано :kuracc:

И не се пенали со тоа кој сум, одговори во стилот - Сине мој, ова она и сл. :P
Што тресеш глупости кога сум ги поддржувал шарените? И каква врска имаат шарените со ова, ова е референдум за отцепување територија, шарените колку што знам не протестираа за тоа.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Битно да не се разниша Европа.
Да не испадне ЕУ помеѓу чекан и наковална со ова.
Плус битно е дека преседан - пример и за други...

Идеално би било да се зголеми независност во обединета ЕУ.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.314
Поени од реакции
79.042
друго мислев, не сме ние никаква опасност за Грција...обратно, ако грчка Македонија би добила федерален статус а би го признала нашиот јазик многу лесно ќе не анексира по мирен пат... истото е и со Истра, на времето имаше затегнатост меѓу ФНРЈ и Италија, се до 1974, а сега во Истра има расположение за аутономизирање од Хрватска и поблиски врски со Италија...
Замисли си бе! Невероватно. Имало аутономашки тенденции...
Истра никад не била хрватска и населението и било италијанско, све до 45-та.
Само пола век од нејзината историја Истра е во Хрватска. Цело време си била дел од Италија. На Истра по градчињата (особено во северниот дел) Хрвати се само џандари кои се доселиле таму.
Аутономашките тенденции на Истра се минимални во однос на тоа какви би се очекувало да бидат. Али тоа е до менталитетот на Италијаните кои живеат таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom