Неверство е... И ќе ти излезат зрцките додека да докажеш (со долговременски напор и вложување во врската) дека се работело за чисто ,,физичко" изневерување од пијанство и курташак... Изневерување од пијанство е многу лоша работа, заради тоа што изневерувачите сметаат дека на тој начин, со малку (повеќе) алкохол во крвта, можат да се оправдаат. Сум рекла, и пак ќе повторам: Ако убиеш човек, додека си пијан, повторно ќе ти се суди. Најчестиот број на изневерувања во мојата околина се случуваат кога ќе му се даде слобода во врската на партнерот кој во суштина не ја заслужува ниту пак знае истата да ја искористи рационално. И тогаш, од едно најобично излегување во дискотека, се случува онадење со сосема непозната фаца. Епа нормално е дека ако прв пат гледаш некого, ќе изневеруваш чисто физички. Не го знаеш карактерот на личноста.