Нема Бугарска пропаганда, а историски извори. Има документ има доказ, нема документ, нема доказ.
Пред да мислат за нас би било убаво Македонците да се погледнат сами себе.
Зошто нивната влада направи сите големи историски личности на соседите Македонци. До вчера бевте Словени, днеска сте Антички, а утре може и да не постоите зарад зголемуването на Албанскиот етнос и емиграцијата. Во истото време Македонците денес се редат да се подпишат пред нотар дека са етнички Бугари за еден пасош. Обjавуват се живи Бугари дека били Македони и т.н.
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
После ние незнаеме што сме
Навистина сте интересни Бугарите со вашите двоини аршини. Ајде со име и презиме напиши ги тие славни личности на нашите соседи кои Македонија си ги препишува на себе. Дали Македонија си припишува личности од Бугарија кои се заслужни за ослободувањето на Бугарија од турците? Дали Македонија си припишува песни кои се испеани во Бугарија а не потекнуваат од границите на Македонија (1879-1917)?
Знаеш ли ти дека во Грција до 1991 година немаше ниедно место,ниту институција со името Александар Македонски, Македонија? Денешната територија на северот на Грција не се викаше Македонија туку северна Грција? Ај прочачкај во нивните министерства и кажи ми од која година имаат министерство за областа Македонија и Тракија?
Или пак објасни го феноменот на мешање на старо Бугари,Словени,Траки и нивно самоидентификување во Бугари (најверојатно за да си ги препишуваат заслугите на тие први бугарски царства), а во исто време да не може антички Македонци да се мешаат со Словени и тие да си се самидентификуваат како Македонци.
Еве и лично ќе те прашам дали си ти Бугарин затоа што историјата тоа ти го кажува,историчарите, некои пишан документ или пак тоа ти го кажувале твоите предци(татко дедо,прадедо)?
Вие сте тие што и ден денес си ги присвојувате македонските новоформирани песни за бугарски затоа што се од Македонија која пак е нели дел од Бугарија и автоматски таа е бугарска иако нејзините автори си се декларираат како Македонци. И такви зошто, зошто можам до бесконечност да вее прашувам и пак вашите одговори ќе бидат секогаш со двоини аршини.