На што најмногу штедите/трошите?

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Според последните податоци од Државниот Завод за Статистика, Македонците се вистински шампиони во штедење. Имено, и покрај секојдневните поскапувања на сите производи, од година во година се повеќе се зголемуваат штедните влогови во банките.
Сето ова звучи одлично вака на хартија, но што е со реалниот живот? Дали навистина успевате да заштедите нешто, и ако да, на што најмногу штедите?
Еве, јас на пример, (безуспешно) се обидувам да заштедам на струја. За жал, живеам во зграда, инаку ќе си купев сончев колектор, па Господ да ме види :свиркам:
Во последно време помалку одам по ресторани и кафулиња (освен со купони за попуст), штедам на трошоци за мобилен, одам на одмор вонсезонски, кога е поевтино...се уште се трудам да се дисциплинирам во однос на трошењето пари на гардероба:D
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Ех како кога имам пари да не си купам нешто :(

Шала на страна од кога поскапеа скоро сите работи гледам најмногу да заштедам на облека гледам да си најдам убава облека но да биде поефтина така го шетам цело Скопје скоро за една маица мада сега најдов добра продавница по ефтина цена од 200 денари маици убави :свиркам: и други летни работи инаку таа ви е до Кјуби зградата т.е кај УЈП како се вика не ми текнува има добри и ефтини работи работи од маици до шорцеви а и не се нешто лоши според мене супер си се за таа цена :D Инаку гледам што повеќе да штедам ама некако не ми иде тоа :unsure: баш најнај Инаку и гледам да не трошам толку пари за кредит на мобилен обично ставам по 100 денари неделно и то :sneaky: а инаку за јадење и пиење не можам а да не си купам нешто што ќе ми се пријаде :mad::confused:
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Не штедам на ништо зошто неможам, а у последно време највеќе трошам на пиење и бензин :tapp:
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Буквално не штедам на ништо во моментов ...сум се обидел неколку пати да намалам на разговорите на мобилен,на цигарите,на јадењето и на крај испаѓало дека се е то за џабе и сумирано пак истите трошоци само шо сум се напрегал ...
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Моментално сите пари ми одат на храна и на сметки! Ретко кога можам да си дозволам нешто за себе! И да сакам да штедам не е можно!
Веројатно есенва кога ќе почнам со работа ќе почнам и со штедење, ќе тргаме од платата, па ќе се воздржиме од купување на непотребни работи!
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Не ми текнува на што штедам,ама знам дека највеќе пари фрлам на бензин во последно време..
 
P

Princ

Гостин
За штедење тешко, а најмногу трошам на сметки пример: телефон/струја/вода.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Штедам на се' што може да се штеди: бензин, струја, мобилен, кафана...

Најмногу трошам на сметки, даноци, акцизи, казни, банкарски провизии, мито/корупција, споменичен кичерај...
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Не штедам пошо парите не ги добивам јас,ми ги даваат домашните,ама највеќе трошам на миленици!!!! Ко хуните сум...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
се во свое време,не останува за штедење,
а најповеќе трошам на лекари без некој мерак,
и на внуци и внуки со посебен мерак.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Тоа е имало немало пари мора 200 евра во месецот настрана да се тргнат :icon_lol:.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Штедам на доста работи, мобилниот телефон го користам само за најитни потреби и еднаш ставам кредит неколку стотки(при-пејд надополнување) и цепам цела година со помалку од иљадарче .............. цигарите и кафето ми се рак рана и нив неможам да ги редуцирам, но сепак кафе пијам или по дома или пак на работа, по кафичи слабо последно време, алкохол не пијам, по кладилници или казина такви ствари ЈОК .......... на одмор ова лето најверојатно ЈОК ........... облека купувам ама од пазариве и едно парче(било да е панталона, фармерка, јакна, патики, блузон, маица по кратки и.т.н.) знам да ги сочувам како нови со години(не сум како прасе во кал) .................... храна јадам дома, може понекогаш чат-пат бурекче и сл. инаку не сум голем муштерија и љубител на фаст-фудовиве и фаст-фуд хранава, повеќе сум по бурекчиња, банички, јогурти, млека и такви ствари ............ многу пари ми одат на бензин иако возам само низ Скопјево и тоа претежно за потреби, поретко за чалам и шетња ................. порано многу пари фрлав за техника по дома(двд, делови/надградба на компјутер, принтер+скенер, телевизор, правосмукалка, систем, дигитален фотоапарат, дигитална камера и.т.н.) но тие ствари веќе ги имам и немам потреба нови да купувам, барем не засега ............... по честото менување на мобилни не сум баш, досега во последниве 10 год. откако прв пат купив мобилен, до сега имам сменето само 4 телефони, последниов го користам 2,5 години и непланирам да земам нов засега !
До пред некоја година и многу пари фрлив за собава, нов мебел(регал, кревет, тепих(битпазар), 2-3 мали собни масички(битпазар), биро, ротационо подвижно столче, слики за на ѕид(битпазар), завеса, лустер, 2-3 украсни ламби(битпазар) и.т.н. и.т.н.) ................ иако отсекогаш уште од мало дете сум бил генерално штедлив и скромен човек, сепак во последно време се имам бајаги оддадено на штедење, со оглед на економската криза во која се наоѓаме, порастот на цените на се и сешто и.т.н. ........... сепак добро е да се стави нешто на страна, колку да се најде за црни денови нели !
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
176
Поени од реакции
49
najmnogu trosam za obleka, patiki ili sandali, tashni, dolen ves i i i ....imam malku problem da se kontroliram koga ke vidam nesto sto mi se svigja :)
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Штедам на превоз, то ес пешадија му е мајката, каде и да треба. :D
Паметно ти е тоа и јас доста се движам пеш, чисто рекреативно, се набива кондиција, што повеќе одиш пеш толку повеќе имаш снага и од ден во ден ќе можеш се повеќе и повеќе да одиш, на подолги релации и тоа без никаков умор, потење, срцебиење ........... а и угорнинките ќе ти станат шала !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom