На царот царското, на Бога божјoто

XENIA

IHS
Член од
26 јануари 2007
Мислења
100
Поени од реакции
4
а ти би навел документи кои го негираат постоењето на Исус?

не христијански документи кои го потврдуваат постоењето на Исус - Јосиф Флавије, Тацит , Плиниј, Вавилонски Талмуд, Талус итн, ако сакаш ке ти изнесам што пишува. Туку не е темата ТОА.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
На богата божје... денес тоа звучи сосема поинаку потколку пред 2000 години во од Римјаните окупираниот Израел (Ерусалем)
Израел е Божјата земја се што припаѓа таму е на Бога, и реките и планините и долините и луѓето и населбите... се тоа му припаѓа не на Римјаните (кои се пагани и ја оскрвениа светата земја) туку на Бог кој му ја даде таја земја на ЕВРЕИТЕ, значи да му се даи на Бога Божје, пред 2000 години значеше... ослободете се од Римјаните, и вртете ја земјата во рацете на Божјите слуги и синови (на кралевите од Давидовото семе)
Член нели може сето тоа што го рече да го формулираме и на овој начин.
Тоа што всушност треба да му го дадеме на Господ сме ние.Премногу пати во Библијата е напишано дека најугодна жртва за Бога, е кога му се предаваме.
Еве ја паралелата..секој верник е запечатен со Светиот дух, а Бог до ревност го љуби духот кој живее во нас...
Од друга страна она со царот и царевото се парите...било нормално неговиот лик да е на парите.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Документи што го негираат постоењето?...Па да видме...обичните учебници по хемија и физика се добар пример само никој не ги чита...ај да не бегаме од темата продолжете си...не ви се мешам:smir:
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Како на пример кои документи?Секогаш ги употребувате тие фрази:Има документи што не се напишани од христијани и блабла....смислете нешто ново или барем наведете навистина некои документи....баш сакам да знам
Коа ке сватите дека имате проблем само тоа ме интересира?...Се расправате за непостоечки личности и за настани кои ги пишува во некоја си книга за која нема доказ дека е веродостојна.И што е најтрагично,толку сте внесени во расправијата што заборавате во кој свет живеете.Се вракате назад во римско време.Get a life....:tapp:
Ај кажи нешто паметно..ако не не ми го претварај кислородот во јаглероден диоксид...
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Член нели може сето тоа што го рече да го формулираме и на овој начин.
Тоа што всушност треба да му го дадеме на Господ сме ние.Премногу пати во Библијата е напишано дека најугодна жртва за Бога, е кога му се предаваме.
Еве ја паралелата..секој верник е запечатен со Светиот дух, а Бог до ревност го љуби духот кој живее во нас...
Од друга страна она со царот и царевото се парите...било нормално неговиот лик да е на парите.
Да денес. Денес фразите и текстовите имаат различно значение од пред 2000 години во окупирана Јудеја. Во Јудеја каде евреите подигале востаниа, каде жени деца старо и младо се фрлало на мечовите римски затоа што во храмот беше поставена скулптура од царот, каде оној кој носел облека од лен и волна истовремено бил каменуван до смрт, каде оној кој во Сабота ќе работел , бил каменуван до смрт, каде се сечеле раце, се камшикувало и спалувало за денешни секојдневни “гревови“ Израел беше БОЖЈА земја. Евреите беа БОЖЈИ народ. Дајте му на Бога Божјето. Не само душите.. и луѓето и земјата и планините. Римјаните беа ПАГАНИ кои ја ОСКРЕНАВИЈА светата земја. Прочитај малку колки и како се бореа евреите за време на Римската окупација. Единствена цел беше да се врати на престолот еврејски крал, потомок на Давида и да вледее со Израел по законите божји. Дајте му на бога божје денес со павликанизмот си има едно идилично значение една романтична порака која тогаш беше порака - графит за востание. Кога некој таков “ќе нахрани 5000 луѓе во пустината“ станува опасен бунтовник и по римските закони бива осуден за бунт и политички престап и бива окован на крст.
 

XENIA

IHS
Член од
26 јануари 2007
Мислења
100
Поени од реакции
4
Евреите беа Божји народ но тоа не го спречи Бог да ги казнува.И тоа во многу наврати зашто отстапија од него.И мене не ми е тешко да сконтам за каков Месија се зборува во Стариот Завет. И дека тоа е Исус.
 

XENIA

IHS
Член од
26 јануари 2007
Мислења
100
Поени од реакции
4
Да, ЦЕЛ народ.
Ќе направам да им бидат за ужас на сите земни царства, за срам и потсмев, за укор и за клетва насекаде каде што ќе ги изгонам. И ќе испратам врз нив меч, глад и помор, додека не се истребат од земјата што им ја дадов ним и на нивните татковци." (Еремија 24:9,10)

 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Хммм а дали напрвил така... или како родител опоменал деца??

Евреите ден денес постојат значи не ги истребил
 

XENIA

IHS
Член од
26 јануари 2007
Мислења
100
Поени од реакции
4
Ммм, стариот завет ми е ПОСЕБНО интересен. Можеме да ја насочиме дискусијата натаму,но мислам дека тоа не е тема.Ја разводнивме ептен. Би било убаво да го дискутираме тоа што ти го претстави како тема.Ако немаш ништо против.Натамошното коментирање на овој стих од С.З ке не одведе ептен далеку од темата.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Стариот завет го “допрев “ на http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=15923

Стариот завет е нешто сосема поинаку од Новиот. Настанал во поинакви услови и носи некои други правила заповеди и закони. Многу посуров.. и многу ... побезнадежен. Инаку мене посебно иснтересирање ми се апокрифните дела.
Ќе дојди и на нив ред....
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Члену кога не се разбираш од темава не типкај по тастатурата залудно
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Члену кога не се разбираш од темава не типкај по тастатурата залудно
Ха,
Еве една издржана дискусија, еве непобитни докази и познавања на темата... толку длабочина на мислите (ко планински поток) и толку виспрени мисли провејуваат од ... ова нешто.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Хммм а дали напрвил така... или како родител опоменал деца??

Евреите ден денес постојат значи не ги истребил
Еве зошто не ги уништил
Ако не ни беше оставил Господ над Воинствата Остаток, ќе бевме како Содом, слични на Гомор. - Исaja 1:9
Имало и верни.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Имаше доста низ Стариот завет искушениа на кои неко ом подлегнувал и бивал казнуван, на некој му е простено али сепак
Евреите биле божји (иозбран) народ и Израел беше ветената (божја земја) на кој божијот народ требаше да живее во склад со законите и заповедите божји
 

Kajgana Shop

На врв Bottom