На денешен ден!

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1642 Во Болоња умре Гвидо Рени, италијански сликар, припадник на болоњската барокна школа. Роден е на 4.11.1575 година.
1814 Во Нови Винодолски е роден Иван Мажураниќ, хрватски поет, борец против насилството. Автор е на прочуениот еп "Смртта на Смаил-ага Ченгиќ. Умре во Загреб, на 4.08.1890 година.
1903 Во Крушево е роден Никола Мартиноски, познат македонски ликовен уметник, педагог и академик. Тој е еден од основачите и прв директор на Уметничкото училиште во Скопје. Неговите уметнички дела се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни колекции во земјата и странство. Умре во Скопје, на 7.02.1973 година.
1966 Започна "Културната револуција" во НР Кина.
1993 За првпат е прославен Денот на Армијата на Република Македонија-18 август, прогласен со одлука на Владата на Република Македонија од 3.06.1993 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1662 Умре Блез Паскал, француски математичар, физичар, писател и филозоф. Конструира математичка машина (аритмометар) која ги вршеше четирите математички операции. Математички прв го третираше проблемот на веројатноста во хазардните игри и ги постави основите на законот на веројатноста, ја измисли хидрауличната преса и утврди дека притисокот на воздухот опаѓа со висината, така што со помош на барометар може да се утврди висината на планините. Најпознато негово дело е "Мисли". Роден е на 19.06.1623 година.
1850 Во Париз умре Оноре де Балзак, француски поет, еден од наистакнатите писатели на реалистичкиот роман. Во стотина дела наслика повеќе од две илјади ликови од сите слоеви на општеството. Роден е во Тур, на 20.05.1799 година.
1936 Франкистите од Шпанија го застрелаа Федерико Гарсија Лорка, шпански писател од Гренада, народен драматург, сликар, музичар и еден од најголемите лиричари воопшто. Изврши значително влијание врз развојот на поновата европска поезија. Најпознати негови збирки песни се "Песни", "Цигански романсиер", "Поет во Њујорк", драмите "Домот на Бернарда" и "Крвави свадби". Роден е во Фуенте Вакерос, на 15.06.1899 година.
1973 Полковникот Пападопулос, шеф на воената хунта која изврши пуч на 21.04.1967 година, се прогласи за претседател на Република Грција. Претходно на референдум, во режија на пучистите, укината е монархијата.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.873
Поени од реакции
22.940
1854 Умре Вилхелм Шелинг, германски филозоф, последен претставник на германската класична идеалистичка филозофија. Во своето учење го поврзуваше Фихтеовиот идеализам со Спиновиот пантеизам. Најпознати негови дела се "Идеја за филозофијата на природата", "Систем на трансцеденталниот идеализам" и "Филозофија на уметноста". Роден е на 27.01.1775 година.
1960 Прогласена е независноста на Сенегал (држава во западна Африка), поранешна француска колонија која беше во федерација со Мали.
1961 На границата на источен и западен Берлин е завршена изградбата на ѕид долг 40 километри. Тоа беше само една од епизодите на студената војна меѓу двете супер сили, САД и СССР. Берлинскиот ѕид "падна" на 9.11.1989 година.
1968 Советскиот Сојуз и другите земји на Варшавскиот пакт, освен Романија, влегоа во Чехословачка. Со тоа е означен крајот на "Прашката пролет", а се формира принципот на "ограничен суверенитет" во рамките на социјалистичката заедница.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1923 Во селото Сингелиќ, скопско, е родена Вера Јоциќ, народен херој на Македонија. Беше ранета во НОВ и умре во селото Саса, кривопаланечко, на 22.05.1944 година.
1927 Харвардскиот професор Филип Дринкер израбори апарат за вештачко дишење наречен "челични гради".
1944 Во Дамбертон Оксу, во близина на Вашингтон, почна конференцијата на претставниците на СССР, САД, Велика Британија и на Кина за основање четири главни органи на Обединетите нации - Совет за безбедност, Генерално собрание, Меѓународен суд за правата и постојани секретаријати. За постојан член на Советот за безбедност, покрај учесниците на конференцијата, предвидена беше и Франција. Конференцијата заврши на 9 октомври со објавување на проектот на повелбата на ООН.
1947 Со одлука на Владата на Народна Република Македонија во Скопје е формирано специјализирано претпријатие за производство на филмови "Вардар-филм". Својата дејност претпријатието ја започна на 5.12.1947 година.
1990 Умре Александар Николовски-Џемо, долгогодишен новинар на Радио-Телевизија Скопје и на "Нова Македонија", еден од основачите на Втората програма на Радио Скопје. Роден е во 1931 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1846 САД го анектираа Ново Мексико.
1862 Во Сен Жермен-ан Леи е роден Клод Дебиси, прочуен француски композитор. Инспириран од симболизмот во поезијата и од импресионизмот во сликарството, тој создаде сопствен мајчин јазик и нов стил во музиката, импресионизмот. Неговото дело, засновано врз природната непосредност во изразувањето ја потисна Багнеровата доминација и ги стави темелите на модерната музика. Умре во Париз, на 25.03.1918 година.
1883 Во Париз умре Иван Сергеевич Тургенев, руски писател, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Неговите дела извршија големо влијание врз новелистиката. Најзначајните дела му се романите "Благородничко гнездо", "Рудин", "Татковци и деца" и "Спроти новите дни" и драмата "Еден месец на село". Роден е во Орел, на 28.10.1818 година.
1911 Прочуеното дело на Леонардо да Винчи, сликата "Мона Лиза", е украдена од парискиот музеј во Лувр. Две години подоцна, сликата е пронајдена во Италија.
1978 Умре Џомо Кенијата, еден од најистакнатите африкански борци против колонијализмот. Тој е еден од основачите и претседател на Африканскиот сојуз на Кенија, кој се избори за независност на земјата. Роден е во 1891 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1839 Велика Британија на почетокот на Опиумската војна против Кина го зазеде Хонгконг, кој од 1942 година стана независна колонија.
1914 Јапонија и објави војна на Германија во Првата светска војна. На Версајската конференција во 1919 година на победничката Јапонија и се доделени многу германски колонии во Тихиот Океан како награда за учествувањето во војната на страната на силите на Антантата.
1939 Министрите за надворешни работи на Германија и на СССР, Јоаким Рибентроп и Вјачеслав Молотов во Москва потпишаа спогодба за ненапаѓање. Во документот двете сили се обврзаа за "запирање" на секој акт на насилство. Меѓутоа, две години подоцна Германија ја прекрши спогодбата и го нападна Советскиот Сојуз на 22.06.1941 година.
1962 Американскиот телекомуникациски сателит "Телстар" за првпат емитуваше телевизиски пренос на линијата САД - Европа.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1879.-Во катастрофалната ерупција на Везуф, вулкан во јужниот дел на Италија, од лавината и од пепелта наполно беа затрупани градовите Помпеја и Херкуланум.
1899 Група загребски научници на чело со познатиот геолог, зоолог и палеонтрополог Драгутин Горјановиќ-Кранбергер открија коски, заби и орудие на пралуѓето на подрачјето на Крапина. Научниот свет беше изненаден од вредните наоди, а во своето дело "Дилувијалниот човек од Крапина во Хрватска", Горјановиќ-Крамбергер го раздвижи од мртва точка потеклото и настанувањето на човекот, затоа што наодите во Крапина беа значаен доказ за вистинската Дарвинова наука за еволуцијата.
1899 Во Буенос Аирес е роден Хорхе Луис Борхес, аргентински писател, фантазер, биограф, еден од најпознатите интелектуалци на современата култура кој длабоко ја одбележа латинско-американска книжевност, поради што се вбројува меѓу најголемите светски писатели. Најпознати негови дела се "Универзална историја на бесчестието", "Фантазии", "Алеф" и "Извештај за Броди". Умре во Женева на 14.06.1986 година.
1912 Алјаска е официјално прогласена за американска територија.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1270.Умре францускиот крал Луј Деветти, кој во текот на владеењето од 1226 успеа значително да зајакне ослабената кралска власт. Ги предводеше Шестата и Седмата крстоносна војна.
1530 Роден е Иван Четврти Василевич - Грозни, руски цар, приврзаник на автократизмот и на јакнењето на царското самодржавје. Концентрирајќи ја во свои раце целата власт, настојуваше со сите средства да ги уништи болјарите, а кметовите што поцврсто да ги врзе за земјата. Наречен е „Грозни“ поради грубоста во остварувањето на своите планови. Во настап на бес го уби и својот син. Умре во Санкт Петербург, на 18 март 1584 година.
1718 Француските доселеници во Америка во Луизијана го основаа градот Њу Ореланс, наречен во чест на францускиот војвода од Орлеан.
1744 Роден е германскиот писател, историчар, филозоф и протестантски теолог Јохан Готфрид фон Хердер.
1776 Умре шкотскиот филозоф, економист и историчар Дејвид Хјум. Дела: „Расправа за човечката природа“, „Политички расправи“, „Истражување на принципите на моралот“, „Историја на Англија“, „Мојот живот“.
1819 Во Витфилд умре Џемјс Ват, шкотски научник и пронаоѓач, конструктор на првата ефикасна парна машина (ја патентира во 1769). Заедно со Метју Бултон во 1782 година во Сан, кај Бирминген, основа прва фабрика за парни машини во светот. Во знак на признание на овој голем научник единицата за моќ во физиката е наречена „ват“. Роден е во Гринок, Шкотска, на 19 јануари 1736 година.
1819 Роден е американскиот детектив од шкотско потекло Ален Пинкертон, кој во 1850 година ја основа Националната детективска организација „Пинкертон“.
1822 Умре англискиот астроном од германско потекло Вилијам Хершел, кој во 1781 година ја откри планетата Уран со што стана член, а потоа и претседател на Лондонското кралско друштво. Тој откри и два од петте Уранови и два Сатурнови сателити.
1825 Република Уругвај доби независност. Беше шпанска колонија од 1527 година.
1867 Умре британскиот научник, физичар и хемичар Мајкл Фарадеј. Во Лондон во 1831 година откри дека електрицитетот може да се создава од магнет.
1841 Роден е швајцарскиот хрирург Емил Теодор Кохер, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1909 година. Ја испитуваше функцијата на штитната жлезда и значително придонесе за равојот на современата хирургија.
1875 Капетанот Метју Веб стана првиот човек кој го преплива каналот Ла Манш.
1897 Во атарот на селото Дедино, Радовишко, раководителот на револуционерната организација од Радовиш, учителот Тодор Станков, заедно со селската полиција убија двајца Турци колџии, а главаторот на колџиите, злогласниот Агато, ранет успеал да избега и да ги извести властите. Уште истиот ден Дедино беше блокирано од Турците, а селаните беа подложени на мачење. Притоа, во селото беше откриено оружје и муниција, а беа затворени 123 селани од селото Дедино и четворица од селото Ињево и однесени во скопскиот затвор „Куршумли-ан“, каде што беа испитувани и осудени заедно со затворениците од „Виничката афера“. Овој настан е познат како „Дединска афера“.
1900 Умре Фридрих Ниче, германски филозоф, професор по класична филологија. Неговите дела имаат повеќе поетски отколку научен карактер, па кон почетокот на 20. век влијаеше врз поетското творештво во повеќе европски земји. Негови најзначајни дела се „Така говореше Заратустра“, „Волја за моќ“, „Од онаа страна на доброто и злото“ и „Човечко, премногу човечко“. Роден е на 15 октомври 1844 година.
1903 Во градчето Невеска, нахиски (општински) центар во Леринска околија, здружените лерински и костурски востаници со силен налет го разбија османлискиот гарнизон од 250 војници и го ослободија градчето. Притоа, тие ја уништија телефонската станица, го истакнаа востаничкото знаме и запленија 40 мазуерови пушки. Истиот ден во Невеска беше воспоставена народна управа. Меѓутоа, по неколку денови градчето беше реокупирано од османлиската власт. Ослободувањето на Невеска е еден од најзначајните настани во времето на Илинденското востание.
1912 Роден е германскиот државник Ерих Хонекер, кој од 1976 до 1989 година беше претседател на Демократска Република Германија (Источна Германија), кога е тргнат од власт поради масовните антирежимски протести. Умре во 1994 година во Чиле.
1921 САД со поразената Германија потпишаа мировен договор со што заврши воената состојба меѓу двете држави во Првата светска војна.
1930 Роден е шкотскиот филмски глумец Шон Конери. Филмови: „Д-р Но“, „Голдфингер“, „Операција гром“, „Од Русија, со љубов“, „Дијамантите се вечни“, „Никогаш не вели никогаш“.
1944 Во селото Шешково, Кавадаречко, е формирана првата македонска дивизија на НОВЈ, во чиј состав влегоа Втората, Деветата и Десетата македонска бригада.
1944 Сојузничките сили го ослободија Париз во Втората светска војна. На самиот влез во градот сојузниците застанаа за да му овозможат на генералот Де Гол прв да влезе заедно со своите слободни Французи.
1993 Во Скопје умре Насте Стојковски, директор на НИО „Студентски збор“, општествено-политички работник и новинар. Роден е во селото Мраморец, Охридско, на 10 јули 1932 година.
1988 Иран и Ирак во Женева започнаа преговори без посредник за ставање крај на осумгодишната војна меѓу двете соседни земји. Војната заврши без јасен победник.
1989 По 12 години и шест милијарди поминати километри, американскиот вселенски брод без човечки екипаж „Војаџер 2“ доспеа до планетата Нептун и нејзиниот сателит Тритон од каде на Земјата испрати снимки од овие небески тела.
1990 Советот за безбедност на Обединетите нации одобри воена акција против Ирак кој изврши напад врз Кувајт.
1991 Белорусија ја објави независноста од Советскиот Сојуз.
1994 Во Струга, ноќта на 25 спроти 26 август, умре Владимир Петрович Бурич, светски познатиот руски поет и мислител, учесник на Струшките вечери на поезијата. Роден е во Харков, Украина, во 1932 година.
1995 Штип го зафати катастрофално невреме проследено со дожд и со град, при што четири лица го загубија животот од удар на гром.
2003 Во Бомбај, финансиската престолнина на Индија, во терористичките напади со автомобили-бомби убиени се најмалку 52 лица.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1936 Постигната е спогодба за окончување на британската окупација на Египет, со исклучок на зоната на Суецкиот Канал.
1972 Отворени се Дваесеттите олимписки игри во Минхен, Германија кои во историјата, освен по спортските резултати, ќе останат забележани и поради нападот на припадниците на организацијата "Црн септември" на олимпиското село и поради убиството на 11 израелски спортисти. Во знак на одмазда на 10 септември Израел го нападна Либан и Сирија, предизвикувајќи голем број жртви меѓу цивилите.
1945 Во Битола бегалците од Егејска Македонија излегоа на протестен митинг со барање да престане теророт и прогонот на Македонците спроведуван од страна на грчките власти.
1974 Умре Чарлс Линберг, американски авијатичар, кој прв со моторен авион го прелета Атлантикот на 20 и 21 мај во 1927 година. Тој посета од Њујорк и се спушти во Париз, прелетувајќи 5.836 километри за 33 часа и 32 минути. Роден е во 1902 година.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.873
Поени од реакции
22.940
55. п.е.- Римскиот конзул Гај Јулиј Цезар (Цаиус Иулиус Цаесар) ја започна инвазијата врз Британија со 10.000 војници на Седмата и Десеттата легија.

1576 Од епидемијата на чума што ја зафати Венеција умре Тицијан Вечели, прочуен италијански сликар, основач на Венецијанската сликарска школа. Автор е на голем број слики кои претежно ги прикажуваат животот и обичаите на Венецијанската Република. Роден е меѓу 1487 и 1490 година.

1635 Умре Феликс Лопе де Вега Карпио, најзначаен шпански драмски писател. Напишал повеќе од 1.800 комедии и драми, а од нив се сочувани 500, неколку илјади стихови, повеќе романи, хроники и историски записи. Творец е на комедии во три чина, преплетени со трагични и комични моменти, со централни теми во чест на љубовта, верата и моралот.

1664 Умре шпанскиот сликар Франсиско де Сурбаран, еден од најзначајните уметници во 17. век.

1770 Во Штудгард е роден Гоерог Вилхелм Фридрих Хегел, најистакнатиот претставник на германската идеалистичка филозофија. Со своите сфаќања на дијалектиката тој изврши позитивно влијание врз напреднатата европска и светска мисла. Посебно е значајно неговото влијание врз класиците на марксизмот, кои неговата филозовска мисла ја сметаа за една од основите на дијалектичкиот материјализам. Негови најпознати дела се "Филозофија на природата", "Филозофија на духот", "Логика", "Естетика" и други. Умре во Берлин, на 11 ноември 1831 година.

1789 Францускиот Парламент ја усвои Декларацијата за правата на човекот и граѓаните, инспирирана од слична американска декларација.

1828 Уругвај и официјално е независна држава врз основа на мировниот договор склучен во Рио де Женеиро по завршувањето на војната меѓу Бразил и Аргентина.

1871 Во Терехат, Индијана, во САД, е роден Теодор Драјзер, северноамерикански романсиер и раскажувач. Првиот роман "Сестрата Кери", според мислењето на некои критичари, е неговото најдобро дело, кое со цензура е забрането. Се до објавувањето на романот "Џени Герхарт" десет години пишува за илустрирани забавни и модерни списанија. Потоа ги напиша познатите романи "Финансиер", "Титан", "Стоик" и "Американска трагедија". Умре во 1945 година.

1878 Роден е рускиот барон Петар Николајевич Врангел, еден од најпознатите белогардиски генерали. По Октомвриската револуција Врангел во Украина се бори против советските власти. По поразот во 1920 година, пребегнува во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, а по смрта во 1928 година е погребан во Руската православна црква во Белград.

1884 Роден е американскиот филмски продуцент со полско еврејско потекло Шмуел Гелбфиш, познат како Семјуел Голдвин, еден од пионерите на филмската индустрија. Во 1923 година ја оснива филмската компанија "Семјуел Голдвин Продакшн" која во 1924 година се придружува на уште две филмски компании "Метро-Голдвин-Мајер", но потоа повторно станува самостоен продуцент.

1890 Роден е американскиот сликар, фотограф и филмски режисер Емануел Радински, познат како Мен Реј, кој заедно со францускиот вајар и сликар Марсел Дишамп во 1915 година го основа дадаизмот.

1908 Роден е американскиот државник Линдон Бејнз Џонсон. Беше потпретседател од 1960 година за време на мандатот на Џон Кенеди. По убиството на Кенеди во Далас, во 1963 година, бил претседател до 1969 година.

1916- Во Белград умре Петар Кочиќ, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам. Пишуваше песни, проза и сатира. Расказите му се одликуваат со силно чувство за животот на подјармениот босански селанец. Во сатирите остро ги критикува приликите во босанското село под австриска окупација. Негови најзначајни дела се "Јазовецот пред суд", "Суданија и други". Роден е во селото Стричиќи, кај Бања Лука, на 29 јуни 1877 година.

1916 Италија во Првата светска војна и објави војна на Германија, а Романија на Австроунгарија.

1936 Постигнат е договор за крај на британската окупација врз Египет, со исклучок на зоната на Суетскиот Канал во која останаа трупите на Велика Британија.

1945 По објавувањето на јапонската капитулација американските трупи почнаа да се истоваруваат на територијата на поразената Јапонија. Првите единици се истоварија на аеродромот Ачуга, а потоа флотата од 383 воени бродови во придружба на 1.300 авиони впловија во Токискиот Залив. Тоа беше првпат Јапонија да капитулира.

1946 Франција и Лаос склучија договор за разбирање со кој Лаос стана кралство под француска доминација.

1990 САД протераа 36 од 55-те членови на Амбасадата на Ирак во Вашингтон.

1991 Молдавија ја прогласи својата независност од СССР.

1992 Во Лондон заврши дводневната Меѓународна конференција за поранешна Југославија. На Меѓународната конференција претставниците на Србите во Босна и Херцеговина прифатија да го стават тешкото вооружуваање под контрола на Обединетите нации и начелно да се повлечат од териториите на Босна и Херцеговина.

1995 Израел и Палестинската ослободителна организација во Каиро потпишаа договор за проширување на палестинската автономија.

1995 Во Тетово умре Кочо Тулевски, истакнат македонски општествено- политички работник. Роден е во 1921 година.

2000 Изгоре еден од симболите на руската престолнина, највисокиот објект во Европа, изграден со човечки раце, телевизиската куќа Останкино, висока повеќе од 500 метри, а изградена во 1967 година според плановите на архитектот Николај Никитин. Пожарот усмрти три лица, а предизвика и прекин на телевизиската програма ширум Русија.

2001 Во Република Македонија почна операцијата на НАТО "Неопходна жетва" за собирање на оружје од албанските терористи.

2002 Јапонскиот суд прват потврди дека Јапонија водела биолошка војна во Кина во текот на Втората светска војна. Владата на Јапонија никогаш официјално тоа не го призна.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1430.-Умре римскиот свештеник Аурелиус Августин, познат како Свети Августин, кој бил најзначаен претставник на раната христијанска филозофија.

1645 Умре холандскиот правник, писател и хуманист Хуго Гроцијус, основач на науката за меѓународно право. Хуго Гроцијус припаѓал на "школата за природно право" со што ја докажувал еднаквоста на луѓето меѓу себе и пред законот. Исто така, тврдел дека океаните се општо добро и дека одделни земји немаат ексклузивно право на нивно користење. Во Холандија за време на големите спорови меѓу рикомактолиците и протестантите се залагал за верска толеранција, докажувајќи дека и двете групи се христијански и дека нема причина за меѓусебни недоразбирања. Во 1618 година бил уапсен, а во 1619 осуден на доживотна робија како верски еретик. Во 1621 година избегал во Франција. Од 1635 година се до неговата смрт бил амбасадор на Шведска во Франција.

1749 Во Франкфурт на Мајна е роден Јохан Волфганг Гете, германски писател и учесник на многу книжевни струења и правци, но никогаш не се придружи на ниту еден од нив. Светско признание стекна со драмскиот еп "Фауст". Историско-критичкото издание на неговите целокупни дела опфаќа 143 тетратки. Познати негови дела се романот "Страданијата на младиот Вертер", драмите "Егмонт", "Ифигенија на Таврида" и "Торквато Тасо" и епот "Херман и Доротеја". Умре во Вајмар, на 22 март 1832 година.

1851 Во Поњане, кај Шкофја Лока, е роден Иван Тавчар, словенечки писател и политичар. Се смета за еден од најпознатите раскажувачи на романтичарскиот правец. Во некои дела се приближува и кон реализмот. Познати негови дела се: "Мртви срца", "Меѓу горите", "Бисошка хроника", "Цвеќе на есен" и други. Умре во Љубљана на 19 февруари 1923 година.

1877 Роден е англискиот произведувач на автомобили и пилот Чарлс Стјуарт Ролс, кој заедно со Фредерик Ројс во 1906 година ја основа компанијата за произодство на автомобили "Ролс-Ројс". Во 1904 година Ројсовата фирма почна да произведува автомобили кои ги импресионирале Ројсови, по што и двајцата две години подоцна станале косопственици на компанијата чии возила во автомобилската индустрија се ненадминати во однос на луксузот и квалитетот. Компанијата "Ролс-Ројс" произведува и авионски мотори. Ролс е првиот пилот кој во јуни 1910 година го прелетал Ламанш во двата правци без застанување, а во јули истата година како прв британски пилот загина во авионска несреќа.

1910 На свечена седница во Народното собрание во Цетиње Кнежеството Црна Гора е прогласено за Кралство, а кнезот Никола Први Петрович за крал.

1903 Селото Смилево, Демирхисарско, беше нападнато од многубројна турска војска. Со одбраната на Смилево раководеше Даме Груев, голем македонски револуционер. По жестоката борба турската војска навлезе во селото, го запали и изврши масакрирање на 250 жени и деца во месноста Голем Гар, на Бигла Планина.

1916 Германија во Првата светска војна и објави војна на Романија.

1929 Рударите од рудникот Лојане, Кумановско, стапија во штрајк. Поради тоа овој ден е прогласен за Ден на рударите на Македонија.

1944 Во Марсеј во Втората светска војна германските војници се предадоа, а истиот ден е ослободен и градот Тулон.

1944 Во борбата за ослободување на селото Здуње, кај Македонски Брод, во една јуришна борба против бугарската војка како командант на Петтата македонска бригада загина Илија Игески - Цветан, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во селото Топлица, Прилепско, во 1920 година.

1968 Во Струга умре Антон Панов, македонски писател, еден од најпознатите македонски драмски автори. Најпознато негово дело е драмата "Печалбари", објавена во 1936 година. Други негови познати дела се драмите "Вероника", "Препородени", "Самракот", "Градинар" и "Пилекатник", како и расказите "Роденденот на Серјожа Јегоркин", "Тимка" и "Го јаделе болви". Роден е во Стар Дојран, на 13 април 1906 година.

1973 Во земјотрес југозападно од Сиудад Мексико загинаа повеќе од 500 лица.

1987 Умре американскиот филмски режисер Џон Хјустон, еден од најистакнатите американски синеисти на 20. век.

1991 Во Скопје, во издание на НИП "Нова Македонија", излезе првиот број на неделниот спортски магазин "Скок".

1993 Во близина на селото Подвис, Кичевско, е откриена спомен-плоча на прославените војводи од Илинденската епопеја, Наќе и Арсо, а во кругот на црквата во селото Кладник, е откриена спомен-плоча на масовната гробница на 18 македонски востаници.

1994 Заврши дводневниот референдум во Република Српска, на кој повеќе од 90 отсо од граѓаните го отфрлија мировниот план на Контакт-групата за Босна и Херцеговина.

1996 Владата на САД му забранила на водачот на "Исламска нација" Луис Фаракан да го прифати ветениот либијски подарок од милијарда долари заради економска и политичка помош на американските црнци.

1996 Во Битола, на празникот Успение на Света Богородица проработи првото црковно радио на подрачјето на Преспанско-пелагониската епархија.

1996 На православниот христијански празник Успение на Света Богородица, во црквата "Света Богородица", кај Берово, од громовите што удрија во масата 10-15 илјади луѓе, загинаа девет лица, а 40-мина беа повредени.

1997 Во крвавата пресметка меѓу бандите на венецуелскиот затвор "Елдорадо" загинаа 29 лица.

1999 Во сообраќајна несреќа загина македонскиот министер Радомир Стојковски заедо со неговата сопруга, ќерка и возачот, по што норвешките војници во возилото на меѓународните сили одбија да направат алкохол-тест во крвта. Поручникот кој ја предизвика несреќата, во Осло во март 2000 година е осуден на една година затвор.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.873
Поени од реакции
22.940
1289.Основана е инквизицијата, суд на Католичката црква за заштита на верата. Дејствуваше во средниот век во сите земји на Западна Европа, а особено крвава и немилосрдна беше озогласената шпанска инквизиција. Многу напредни умови беа жртви на инквизицијата, како на пример Јан Хус, Џордано Бруно и други. Укината е во текот на 19 век.
1521 Под команда на султанот Сулејман Втори, по двомесечна опсада турската армија за првпат го освои Белград. Голем број од жителите биле раселени, а значајно културно и историско богатство е пренесено во Цариград.
1619 Роден е Жан Батист Колбер, француски државник. Колбер ја возобновил француската морнарица и е основач на поморската и колонијалната моќ на Франција. Умрел на 6 септември 1683 година.
1632 Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како политички филозоф се залагал за верска толеранција и почитување на мислењата на другите, за ограничување на владеачката моќ, како и за законска заштита на индивидуалните права и слободи на граѓаните.
1756 Со инвазијата врз Саксонија, прускиот крал Фридрих Втори започна седумгодишна војна.
1792 Најмалку 900 лица се удавија на британскиот воен брод "Ројал Џорџ" во каналот Спитхед кај јужното англиско пристаниште Порсмаут каде бил на поправка.
1820 Под влијание на идеите на Француската револуција, во Португалија изби антимонархистичката буна, после која Кралот Жоао Шести бил присилен да прифати демократски устав, кој пак следната година бил суспендиран откако зајакнале воено-феудалните сили.
1825 Португалија ја призна независноста на Бразил.
1842 Со склучувањето мир во Нинкинг заврши Англо-кинеската војна. Со тој мир на Англичаните им се отворија кинеските пристаништа и им беа дадени големи трговски привилегии. По ова Кина, заради вмешаноста и на другите велесили падна под целосно влијание и на други западни држави.
1862 Во Гент е роден Морис Метрлинк, белгиски писател од фламанско потекло. Во првите песни е близок до симболистите, а подоцна и на спиритуализмот. Познати негови дела се: стохозбирката "Стаклена градина", пиесата "Принцезата Мален", драмите "Мона Вана", "Сина птица" и други. Во 1913 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умрел во Ница на 6 мај 1949 година.
1871 Роден е францускиот државник Албер Лебрен, претседател на Франција од 1932 до 1940 година. Лебрен е последниот претседател на Третата Република, и по германската окупација во Втората светска војна беше натеран власта да и ја препушти на владата на маршалот Филип Петен.
1882 Во Велес умре Јордан Хаџиконстантинов - Џинот, македонски преродбеник, еден од најпродуктивните културни работници од 19. век, поет, учител, метеоролог, филозоф, етнолог, новинар, собирач на старини и борец против фанариотското движење. Познати негови дела се "Таблица перваја", "Плач на скопското училиште многу трудное", "Аврора", "Труд ми е името", "Минерва и деветте музи", "Разговор или вистински човек", "Училишта и учење" и др. Роден е во Велес, во 1820 година.
1885 Германскиот инженер Готлиб Дајмлер го патентира првиот мотоцикл.
1915 Во Стокхолм е родена Ингрид Бергман, една од најголемите филмски ѕвезди на Холивуд, со шведско потекло, чии остварувања се вбројуваат меѓу најголемите дострели на "седмата уметност". Умрела во Лондон на 29 август 1982 година.
1923 Роден е англискиот филмски и театарски актер, продуцент и режисер Ричард Семјуел Атенборо. Toj глумел во повеќе од 60 филмови.
1944 На барање на пребеганата југословенска влада, а под притисок на британскиот премиер Винстон Черчил, кралот на Југославија Петар Втори во Втората светска војна му ја одзеде командата на Дражен Михајловиќ и го призна маршалот Јосип Броз за водач на југословенските сили против германската окупација.
1945 Трупите на САД под командата на генералот Џорџ Маршал во Втората светска војна започнаа со истоварување на територијата на поразената Јапонска држава.
1949 СССР ја изврши првата експлозија на атомска бомба.
1958 Роден е американскиот поп-пејач со африканско потекло Мајкл Џозеф Џексон, познат по екстравагантниот живот, кој се стекна со светска слава. Тој предизвика презир кај црнците кога со низа хируршки интеревенции се обиде да стане "белец".
1960 Јорданскиот премиер Хаза ел Маџали загина во експлозија на подметната бомба, за тој акт беа обвинети исламските терористи од Сирија.
1975 Од власт е соборен претседателот на Перу генерал Хуан Веласко Алварадо, а власта ја презеде премиерот генерал Франциско Морале Бермудес.
1975 Умре ирскиот државник Емон де Валера, лидер на партијата "Шин фејн" од 1917 до 1926 година, а од 1959 до 1973 година беше претседател на Ирска.
1987 Во Медицинскиот центар во Тусон (САД) умре Ли Марвин, познат американски артист, добитник на наградата „Оскар“. На публиката и е познат по вонредните артистички остварувања во филмовите „Кет Белоу“, „Човекот што го уби Либерти Валанс“, „Дванаесетмината жигосани“ и во други филмови. Роден е во 1922 година.
1991 Советскиот Парламент ја суспендира Комунистичката партија со што ги замрзна нејзините банкарските сметки.
1994 Република Македонија и Република Унгарија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
1994 Саудиска Арабија ја призна Република Македонија.
1995 Во обидот за атентат претседателот на Грузија Едуард Шеварнадѕе се здоби со лесни повреди во силна експлозија на автомобил-бомба пред зградата на Парламентот во Тбилиси.
1996 На православниот христијански празник Успение на Света Богородица, во црквата „Света Богородица“, кај Берово, од громовите што удрија во масата од 10 до 15 илјади луѓе, загинаа девет лица, а 40-ина беа повредени.
1996 Рускиот авион "Тупољев 154" превезувајќи рудари, удри во планински врв во Норвешка при што загинаа 141 лице.
1998 Кубанскиот авион "Тупољев" се урна веднаш по полетувањето од аеродромот во главниот град на Еквадор, при што загинаа 81 патник.
2003 Во експлозија на автомобил-бомба пред џамија во ирачкиот град Наџаф загинаа најмалку 83 лица, вклучувајќи го и водачот на шиитските муслимани во Ирак, ајатолахот Мухамед Бакера ел Хаким.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1489 Роден е Антонио Алегри Кореџо, италијански сликар, еден од творците на барокното сликарство. Сликаше религиозни и митолошки теми, а важна особина на неговото сликарство е разнежената сензуалност, декоративноста и чувството за односот на светлото и темното. Умре на 6.03.1543 година.
1533 Последниот владател на големото царство на Инките на подрачјето на денешно Перу, Атахуалпа, беше обесен откако падна во рацете на шпанските конквистадори. По убиството на Атахуалпа, шпанските одреди непречено крстосуваа и го освојуваа царството.
1721 Со склучувањето на Ништанскиот мир меѓу Шведска и Русија по завршувањето на Северната војна (1700-1721 година), Русија доби пространи територии на Балтикот од Финскиот до Ришкиот Залив со градовите Рига, Равела и Нарва.
1748 Во Париз е роден Жан Луј Давид, француски сликар, основач и главен претставник на класицизмот. Беше член на Конвентот и дворски сликар на Наполеон. Сликаше историски композиции и портрети. Умре во Брисел, на 29.12.1825 година.
1918 Во екот на офанзивата на здружените сили на внатрешната и на меѓународната контрареволуција против Советска Русија извршен е атентат врз Ленин за време на неговата посета на Михелсоновата фабрика. По атентатот советското водство донесе одлука за воведување на "црниот терор" над контрареволуционерната буржоазија и на нејзините агенти.
1922 Силите на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк однесоа решавачка победа над интернационалистичките западни сили. По тој повод овој датум се прославува како национален празник на Република Турција.
1990 Во селото Радишани, скопско, се поставени и осветени темелите на манастирот "Свети Наум Охридски".
1994 Во Скопје е отворен Информативниот центар на Јапонија.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1867.Во Париз умре Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели во 19 век. Се занимаваше со литература и со уметничка критика. Неговата поезија е одраз на бедата, очајот и корупцијата на современата цивилизација, зборува за човекот кој е непрекинато распнат меѓу доброто и злото. Ги надмина естетските форми на своето време, во поезијата внесе оригинални бои и егзотика, задржа елементи на романтизмот и го навести симболизмот. Главно негово дело е збирката песни "Цвеќе на злото". Роден е во Париз, на 9.04.1821 година.
1941 Умре Марина Цветаева, руска писателка, една од најголемите поетеси во историјата на поезијата. Нејзини најпознати дела се збирките песни "Вечерен албум", "Волшебниот фенер", "Разделба", "Занает", како и драмите Жандарм херц", "Виулица", "Камениот анѓел" и "Феникс". Родена е во Москва, на 26.09.1892 година.
1942 Започна битката кај Алам ел Халф, во Египет меѓу силите на Оската и британските сили. Командантот на германско-италијанската армија, генерал Ромел планираше да ја заобиколи и да ја уништи Осмата британска армија, потоа да ги пренесе комуникациите за Александрија и Каиро и да излезе на Суецкиот канал. Тој обид му пропадна. Осмата британска армија под команда на генералот Монтгомери ги запре Германците и по битката кај Алам ел Халф ги принуди на повлекување.
1957 Федерацијата на Малезија се здоби со независност.
1962 Тринидат и Тобаго стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1992 Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот Парламент во Македонија со седиште во Скопје.
1997Во Париз загина британската принцеза од Велс, Дајана Спенсер бившата сопруга на принцот Чарлс. Во сообраќајната несреќа со неа загина и нејзиниот пријател Доди ал Фајед.
 

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
PA OVA NE E FER ,NIKOJ NE PISAL DEKA MU E NA GRUJO PREMIEROT RODENDEN.
I ZA PRV PAT VO ISTORIJATA,KOLKU JAS STO PAMETAM VO VESTITE NA POVEKETO TELEVIZII JAVNO MU GO CESTITAA ,PA DURI I PRENOS IMASE OD KANADA KAKO TAMU MU GO CESTITAAT RODENDENOT I KAKO MU DAVAAT POKLON "MECE " I SE RAZBIRA TORTA.

e i ova na tv !!!!!!!!!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom