10 п.е.- Роден е римскиот цар и историчар Клаудиј Први Тибериј Друз кој во текот на владеењето од 41 година го среди хаосот во државата, а потоа во 43 година ги освои Британските острови. Умре во 54 година од отровни печурки кои му ги подметна неговата четврта сопруга Јулија Агрипина со цел на престолот да го доведе синот од нејзиниот претходен брак Клаудио Цезар Август Германика Нерон.
1502 Италијанскиот морепловец Христофер Колумбо пристигна на брегот на американското копно, дел кој подоцна го доби името Хондурас.
1744 Роден е Жан батист ламарк, француски природонаучник и филозоф, основач на учењето на развитокот на живите суштества. Според него живите суштества ја менуваат структурата и некои органи зависно од животните потреби, а потребите се менуваат со промена на околината. Умре на 18 декември 1829 година.
1798 Во заливот Абукир, во Средоземното Море, англискиот адмирал Хорацио Нелсон извојува најславна победа во историјата на поморското војување, победувајќи ја француската војска на Наполеон Бонапарта.
1819 Во Њујорк е роден Херман Мелвил, северноамерикански романсиер, автор на познатиот роман „Моби Дик“. Умре во Њујорк, на 28 септември 1891 година.
1834- Ропството е забрането во целата Британска империја врз основа на што во британските колонии се ослободени повеќе од 770.000 робови, најмногу во таканаречена Западна Индија (Кариби).
1859- Аранѓеловац го добил сегашното име Варошицу оддалечен околу 80 километри од Београд, познат по Буковичка бања и изворите на минерална вода.
1874 Велика британија го укина ропството во сите британски колонии.
1884 Во Скопје е роден Лазар Танев, прв претседател (градоначалник) на НОО на град Скопје по завршувањето на НОВ на Македонија. Умре во Скопје, на 1 јануари 1956 година.
1894 Јапонија и објави војна на Кина поради спорот меѓу двете земји околу Кореја.
1904 Јапонија и објави војна на Русија која заврши со пораз на флотата на Русија кај Порт Артур.
1910 Во Софија умре Владимир Ковачев, македонски револуционер и поет (брат на Владислав Ковачев, револуционер и публицист). Неговата поезија е проткаена со нагласен револуционерен патриотизам и со неизмерна љубов кон својата земја и народ. Роден е во Штип, на 5 јануари 1875 година.
1919 Под притисок на интервенционистичките сили на соседните буржоаски држави, задушена е унгарската советска република на Бела Кун. На чело на државата дојде Јосиф Хабсбуршки, а во земјата е воведен „бел терор“.
1958 Кралот Хусеин ја распушти федерацијата на Јордан со Ирак.
1960 Дахомеј ( од 1975 Република Бенин), француска колонија од 1892 година, доби независност. - Национален празник на Република Бенин.
1966 После воениот удар во Нигерија власта ја презеде генерал Јакубу Говон.
1968 Во Врела, кај Макарска, умре Мито Хаџивасилев-Јасмин, македонски револуционер, борец, мислител, државник, новинар и публицист. Посебно значајно место има во развојот на македонското новинарство и публицистиката. Учествуваше во издавањето на речиси сите централни весници во Македонија во 1944 година. Еден е од првите главни и одговорни уредници на весникот "Нова Македонија", како и на други весници и списанија. Роден е во Кавадарци, на 21 декември 1922 година.
1975- Советскиот Сојуз и западните земји на конференцијата во Хелсинки за европската безбедност и соработка потпишале завршен акт за човековите права.
1978 Во Скопје умре Спасе Куновски, македонски сликар, професор на Педагошката академија во Скопје и член на групата „Мугри“. Учесник е на групните изложби на македонската и југословенската уметност во Франција, Бразил, Турција, Италија, Полска, Норвешка, Куба и на други места. Роден е во Дебар, на 25 септември 1929 година.
1986 Македонската иселеничка колонија во Австралија организира голем протестен митинг пред Грчката амбасада во Канбера.
1989 Во селото Ранковци, Кумановско, е предаден во употреба новоизградениот магистрален пат Куманово - Крива Паланка - Деве Баир (граница со Бугарија), односно делницата Куманово - Ранковци во должина од 39 километри.
1994 Претседателот на Германија, Роман Херцог и изрази жалење на Полска поради страдањата кои неговата земја и ги нанела во Втората светска војна.
1997- Умре рускиот пијанист Свјатослав Теофилович Рихтер, еден од најзначајните пијанисти на 20 век. Автентично ги толкувал композициите на различните епохи, интерпретирајќи ги со совршена техника, што ја одушевувала концертната публика ширум светот.
2000 Исламските терористи во Кашмир во седум напади масакрираа најмалку 100 луѓе.
2004 Во пожар во еден супермаркет во предградието Асунсона, Парагвај, животот го изгубиле 409 луѓе, додека 454 биле повредени.
2005- Умре саудискиот крал Фахд, а за нов крал бил прогласен неговиот помлад полубрат принцот Абдулах.