На денешен ден!

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1867.Во Париз умре Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели во 19 век. Се занимаваше со литература и со уметничка критика. Неговата поезија е одраз на бедата, очајот и корупцијата на современата цивилизација, зборува за човекот кој е непрекинато распнат меѓу доброто и злото. Ги надмина естетските форми на своето време, во поезијата внесе оригинални бои и егзотика, задржа елементи на романтизмот и го навести симболизмот. Главно негово дело е збирката песни "Цвеќе на злото". Роден е во Париз, на 9.04.1821 година.
1941 Умре Марина Цветаева, руска писателка, една од најголемите поетеси во историјата на поезијата. Нејзини најпознати дела се збирките песни "Вечерен албум", "Волшебниот фенер", "Разделба", "Занает", како и драмите Жандарм херц", "Виулица", "Камениот анѓел" и "Феникс". Родена е во Москва, на 26.09.1892 година.
1942 Започна битката кај Алам ел Халф, во Египет меѓу силите на Оската и британските сили. Командантот на германско-италијанската армија, генерал Ромел планираше да ја заобиколи и да ја уништи Осмата британска армија, потоа да ги пренесе комуникациите за Александрија и Каиро и да излезе на Суецкиот канал. Тој обид му пропадна. Осмата британска армија под команда на генералот Монтгомери ги запре Германците и по битката кај Алам ел Халф ги принуди на повлекување.
1957 Федерацијата на Малезија се здоби со независност.
1962 Тринидат и Тобаго стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1992 Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот Парламент во Македонија со седиште во Скопје.
1997Во Париз загина британската принцеза од Велс, Дајана Спенсер бившата сопруга на принцот Чарлс. Во сообраќајната несреќа со неа загина и нејзиниот пријател Доди ал Фајед.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1941 Македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски, како член на една диверзантска група, откако бугарската полиција го пронајде во Софија, за да не се предаде жив во рацете на бугарската полиција, фрли бомба и се самоуби. Најпознати негови дела се збирките песни "Молскавици" и "Пеш по светот". Роден е во средината на декември, во 1912 година.
1944 Ослободен е Демир Хисар.
1944 Президиумот на АСНОМ на својата трета седница, што ја одржа во манастирот Свети Прохор Пчински, еден месец по историското Прво заседание на АСНОМ, донесе одлука за основање на телеграфска агенција на Македонија - ТАМ. Оваа агенција одигра мошне важна улога во ширењето на вистината за праведната борба на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.
1944 Кај селото Отиштино, титовелешко од Велешкиот НОП одред "Трајче Петкановски" и од борците од велеќкиот крај е формирана Осмата македонска НОУ бригада. При формирањето имаше четири батаљони со околу 950 борци. Во септември бригадата дејствуваше по должината на железничката пруга Велес - Скопје.
1991 Во Скопје е формирано Геронтолошкото друштво на Македонија.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1900 Во Струга е роден Ристо Крле, македонски драмски писател. Неговото дело претставува трајна вредност на македонската литература. Заедно со Васил Иљоски и Антон Панов, меѓу двете светски војни го оживеа драмскиот жанр во македонската литература. Негови познати дела се "Парите се отепувачка", "Антица", "Милиони маченици", "Автобиографија" и "Велик ден". Умре во Скопје, на 29.10.1975 година.
1921 Во Куманово е роден Христијан Тодоровски - Карпош, народен херој на Македонија. Во 1941 година учествуваше во собирањето на оружје, разнесување на летоци и на билтенот "Дедо Иван", што го издаваше градската партиска организација. Исто така, учествуваше во подготовките на Првиот кумановски НОП одред. Беше член на Штабот на Кумановскиот партизански одред. Загина при нападот на бугарската војска во селото Билјача, на 7.02.1944 година.
1943 Во Сиракуза, во Италија е потпишано примирје меѓу сојузниците и италијанската Влада на маршал Бадолјо. Пет дена подоцна, Италија капитулира.
1997 Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија пристигна природниот гас.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.816
Поени од реакции
22.863
1568.Роден е Томазо Кампанела, италијански филозоф, доминиканец. Во делото "Сончева држава", напишано по примерот на Платон и на Томас Мор го изложи своето сфаќање за идеално општествено уредување како еден вид социјалистичка република. Умре во Париз, во 1639 година.
1585 Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје, француски државник, кардинал, прв министер на Луј XIII. Ги сузбиваше заговорите на племството и го зацврствуваше кралскиот апсолутизам. Умре на 4 декември 1642 година.
1600 Со повелба на кралицата Елизабета е основана "Источно-индиската компанија", со што беа удрени темелите на англиското колонијално владеење.
1638 Роден е францускиот крал Луј XIV, наречен "крал на Сонцето", кој на престолот застана во 1643 година по смртта на неговиот татко Луј XIII. Владеел 72 години, најдолго во историјата на Европа.
1735 Роден е германскиот композитор, пијанист и диригент Јохан Кристијан Бах, најмладиот син на Јохан Себастијан, кој живеел во Милано и во Лондон, по што е наречен "италијански Бах" и "англиски Бах". Во Англија се прослави како пијанист и организатор на музичкиот живот и стана музички учител на кралицата Шарлот.
1767 Во Хановер е роден Аугуст Вилхел Шлегер, германски писател, литературен критичар, историчар, преведувач и филозоф. Умре во Бон, на 12 мај 1845 година.
1791 Роден е германскиот композитор од еврејско потекло Јакоб Либман Бер, познат како Ѓакомо Маербер, кој одигра голема улога во создавањето на Француската голема опера.
1798 Отоманското царство и објави војна на Франција.
1800 Малта падна во рацете на Британците под команда на адмиралот Хорејс Нелсон (Хоратио), кој претходно ги блокира француските трупи на островот.
1857 Умре францускиот филозоф и математичар Огист Кон, еден од оснивачите на позитивистичката филозофија и социологија.
1860 Русија, Велика Британија, Франција, Пруска, Австрија и Отоманското царство потпишаа договор за воспоставување ред во Сирија по масакрот врз христијани извршен од страна на муслимани.
1888 Роден е индискиот филозоф и државник Сарвепали Радакрипнан, професор по филозофија на универзитетите во Мадра, Калкута, Чикаго и Оксфорд, амбасадор во Москва во 1939, потпретседател на Индија од 1952 и претседател од 1962 до 1967 година.
1902 Роден е американскиот филмски продуцент Дарил Френсис Занук. Во 1933 година ја оснива филмската компанија "Твенти сенццери фокс". Беше продуцент на низа значајни филмови: "Плодови на гневот", "Се за Ева", "Најдолгиот ден", "Младиот господин Линколн" и други.
1914 Германски војници во Првата светска војна го убија францускиот писател и филозоф Шарл Пјер Пегиј, еден од клучните јавни личности за ослободување на невино осудениот капетан Алфред Драјфус.
1919 Загина рускиот револуцонер Василиј Иванович Чапајев, командант на 25. стралачка дивизија, легендарен јунак на Црвената армија во граѓанската војна која изби по Октомвриската револуција во Русија. Во Првата светска војна повеќепати е одликуван за храброст, а во почетокот на 1918 година формира одбор за борба против контравелуцијата.
1919 Во Струга е роден Владо Малески, македонски револуционер, општествено политички работник и истакнат македонски писател. Автор е на книгите раскази "Ѓурѓина алова", "Бранувања", на романите "Она што беше небо" и "Разбој". Тој е автор на сценариото на првиот македонски уметнички филм "Фросина". Умре во Струга, на 23 септември 1984 година.
1939 Соединетите Американски Држави прогласија неутралност во Втората светска војна.
1961 Во Белград умре Алексо Демниевски-Бауман, македонски борец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939) и во НОВ на Македонија во 1944 година. Во Шпанската граѓанска војна беше командант на баталјонот "Ѓуро Ѓаковиќ", а откако беше унапреден во чин мајор стана командант на интернационалната бригада "Георги Димитров". Во НОВ на Македонија беше командант на Петнаесеттиот македонски ударен корпус. Роден е во Велес, на 10 септември 1905 година.
1972 Палестински терористи во Минхен убија 11 израелски спортисти-учесници во Олимписките игри. Во 24-часовното пукање на аеродромот, загинаа и четворица терористи и еден западногермански полицаец.
1977 Западногермански терористи го грабнаа претседателот на Федерацијата на западногерманската индустрија Ханс Мартин Шлејер. Неговото тело е пронајдено на 19 октомври 1977 година во Франција.
1983 Во Скопје умре Лика Чопова - Јуркова, истакнат педагошки работник и публицист. Потекнува од македонските револуционерни смејства на Делчеви и на Чопови, од мајка Руша Делчева, сестра на Гоце Делчев и татко Андон Чопов. Родена е во Кукуш, Егејска Македонија, на 19 февруари 1885 година.
1990 Во Сеул се сретнаа премиерите на Северна и Јужна Кореја. Разговорите беа водени на дотогаш најголемо ниво меѓу двете земји поделени по Корејската војна во 1953 година.
1995 Франција изврши прва серија на атомска проба на пацифистичкиот остров Муруроа, со што наиде на осуда во целиот свет, а предизвика и масовни протести, посебно во Австралија и на Тахити.
1997 Во Калкута, Индија, умре Мајка Тереза (вистинското име и е Агнес Гонџа Бојаџиу), основачка на милосрдието. Во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Родена е во Скопје, на 26 август 1910 година.
1997 На стадион во главниот град на Парагвај за време на одржувањето на политички митинг ненадејното невреме ги сруши трибините, при што загинаа 37 лица.
1988 Парламентот на Северна Кореја го избра Ким Џонг Ил, син на покојниот Ким Ил Сунг, за шеф на Националната комисија за одбрана, што претствува највисока функција во земјата по укинувањето на претседателката.
1998 Во Скопје умре Петар Ширилов, македонски писател и летературен критичар. Автор е на книгите раскази "За детството и светилките", "Бунт во каменот", "Геометри", на романите "Заветрина спроти виулицата", "Плачат оние планини за мене", "Црноборје" и други. Роден е во село Горничево, Егејска Македонија, на 18 мај 1934 година.
1999 Во Скопје, пред Домот на АРМ е откриен споменик на Мајка Тереза, најголема хуманистка на 20. век, добитник на Нобеловата награда за мир во 1979 година.
2000 Во Скопје, со симболично предавање на клучевите од дуќанот со површина од околу шеесетина квадрати на улицата "Максим Горки" бр. 7 на Лепосава Пиперковска и на другите наследници од Скопје, премиерот Љубчо Георгиевски го означи стартот на денационализацијата во Република Македонија.
2002 Во експлозија на автомобил-бомба во главнот град на Авганистан, Кабул, убиени се најмалку 26 лица. Подоцна, истиот ден во јужниот град Кандахар е извршен обид за атентат врз авганистанскиот премиер Хамид Карзаиј.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
4th Sept. 1972 : U.S. swimmer Mark Spitz wins a record seventh gold medal at the 1972 Summer Olympics in Munich.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1568 Роден е Томазо Кампанела, италијански филозоф, доминиканец. Во делото "Сончева држава", напишано по примерот на Платон и на Томас Мор го изложи своето сфаќање за идеално општествено уредување како еден вид социјалистичка република. Умре во Париз, во 1639 година.
1585 Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје, француски државник, кардинал, прв министер на Луј Тринаесетти. Ги сузбиваше заговорите на племството и го зацврствуваше кралскиот апсолутизам. Умре на 4.12.1642 година.
1600 Со повелба на кралицата Елизабета е основана "Источно-индиската компанија", со што беа удрени темелите на англиското колонијално владеење.
1919 Во Струга е роден Владо Малески, македонски револуционер, општествено политички работник и истакнат македонски писател. Автор е на книгите раскази "Ѓурѓина алова", "Бранувања", на романите "Она што беше небо" и "Разбој". Тој е автор на сценариото на првиот македонски уметнички филм "Фросина". Умре во Струга, на 23.09.1984 година.
1961 Во Белград умре Алексо Демниевски-Бауман, македонски борец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939) и во НОВ на Македонија во 1944 година. Во Шпанската граѓанска војна беше командант на баталјонот "Ѓуро Ѓаковиќ", а откако беше унапреден во чин мајор стана командант на интернационалната бригада "Георги Димитров". Во НОВ на Македонија беше командант на Петнаесеттиот македонски ударен корпус. Роден е во Велес, на 10.09.1905 година.
1997 Во Калкута, Индија умре Мајка Тереза, скопјанка, основачка на редот на Сестрите на милосрдието, добитник на Нобеловата награда за мир во 1979 година. Родена е во Скопје, во 1910 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1901 Во Бафало, во САД е извршен атентат врз американскиот претседател Вилијам Мекенли кој умре по една недела, а на 14 септември истата година Теодор Рузвелт стана нов претседател на САД.
1944 Ослободено е Кратово.
1944 Царската влада на Бугарија и објави војна на нацистичка Германија. Одлуката е донесена во моментот кога единиците на Црвената армија веќе дојдоа до бугарската граница. Бугарија дотогаш беше сојузник на Третиот Рајх.
1962 Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е "Златниот венец", која за првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна. Од 1971 година "Златниот венец" се доделува за целокупен поетски опус.
1974 Претставници на Фронтот за национално ослободување на Мозамбик и претставници на португалската Влада склучија спогодба за независност на Мозамбик.
1975 Во катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција загинаа околу 23.000 луѓе.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.816
Поени од реакции
22.863
1764 Станислав Поњатовски е крунисан за крал на Полска. Тој беше последниот крал во полската историја, а судбината му ја додели и улогата на "гробар" на полската независност бидејќи кон крајот на 18 век се вмешаа моќните царства Русија, Прусија и Австрија кои ја поделија Полска. Како независна држава Полска е обновена дури во 1918 година.
1822 Република Бразил прогласи независност. Беше португалска колонија од 1530 колонија.- Национален празник на Бразил.
1901 Со мирот во Пекинг заврши таканареченото "Боксерско востание" во Кина. Тоа беше бунт на селаните и на градската сиромаштија против странските империјалисти и домашните угнетувачи (1899-1900). Востанието го предводеа членовите на тајното здружение "И хе таун", а беше задушено за заедничка акција на трупите на европските сили, на Јапонија и на САД.
1940 Авионите на нацистичка Германија го почнаа бомбардирањето на Лондон. Оваа акција беше познато под името "Лондонски блиц".
1992 Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји.
1993 Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје-Софија,
1997 Во Скопје е отворен првиот "Мекдоналдс" ресторан во Македонија (во светот има повеќе од 20.000 "Мекдоналдс" ресторани).
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1943 Радио Алжир ја објави капитулацијата на Италија, а малку подоцна премиерот Бодолјо им нареди на италијанските вооружени сили да го запрат отпорот против Британците и Американците.
1943 Ослободен е Дебар.
1944 Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949 Умре Рихард Штраус, германски композитор и диригент. Компонираше опери, оперети, балети, соло-песни, камерна музика и друго. Автор е на оперите "Салома", "Електра", "Кавалер со ружа" и на поемата "Дон Жуан". Роден е на 11.06.1864 година.
1979 Во Скопје умре Видое Смилевски - Бато, народен херој на Македонија, истакнат револуционер и општествено - политички раководител. Роден е во селото Никифорово, гостиварско, на 14.08.1915 година.
1991 Во Република Македонија се одржа референдум ,,... за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија". Со мнозинство гласови референдумот беше усвоен.
1992 Промовирана е првата редовна поштенска марка на Република Македонија.
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
ПОСЛЕ ВЕКОВИ МАТКАЊЕ МАКЕДОНИЈА ПАК СТАНА САМОСТОЈНА
нажалост многу помала од порано
ама шо е наше ќе си дојде
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1737 Роден е Луиџи Галвани, италијански физичар. Како прв професот по анатомија на Универзитетот во Болоња го откри галвановиот електрицитет. Според него се наречени еднонасочните електрични струи и голем број електрични процеси и постапки. Умре во 1798 година.
1776 Воведен е и официјалниот назив Соединети Американски Држави наместо Обединети Колонии кој дотогаш беше во употреба.
1828 Во Јасна Полјана е роден Лав Николаевич Толстој, руски писател, ненадминат раскажувач, романописец, драматичар и општествен реформатор. Делата ги создаваше спонтано и според уметничка совест, донесувајќи поетска целосна вистина. Како аналитичар и просветител се истакнува со делото "Војна и мир". Неговите дела и идеологија значително влијаеја врз европската мисла и литература. Умре во Астатово, на 20.11.1910 година.
1901 Умре Анри де Тулуз-Лотрек, француски сликар, голем мајстор на литографијата чии омилени мотиви беа личности и настани од ноќниот живот на Монпаранс во Париз. Роден е во Париз, на 24.06.1864 година.
1984 Во Париз умре Јилмаз Гинеј, турски синеаст и писател, еден од најталентираните светски филмски творци. Роден е во 1937 година.
1994 Започна со работа Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите нации во Виена.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1939 Британскиот доминион Канада и објави војна на нацистичка Германија со што пресметката во Европа доби карактер на светска војна. Канадските единици се бореа во рамките на британската армија на сите фронтови во Втората светска војна.
1944 Во ослободениот Париз, генерал Шарл де Гол, водач на армијата слободни Французи и на дегоналистичкото движење ја формира првата влада на новата Четврта република.
1979 Во Москва умре Антониот Агустино Нето, англиски политичар, поет и публицист, еден од најистакнатите водачи на анголскиот народ во борбата против португалските колонизатори. Од 1962 година беше претседател на Народното движење за солободување на Ангола, а од прогласувањето на независноста во 1975 година-претседател на Народна Република Ангола и врховен командант на оружените сили. Роден е во 1922 година.
1991 Регистирано е политичкото здружение Македонски совет за европско движење со седиште во Скопје.
1993 Израелскиот премиер Јицак Рабин во Ерусалим го потпиша официјалното израелско признавање на Палестинската ослободителна организација (ПЛО). Церемонија е извршена откако премиерот Рабин го доби писмото од лидерот на ПЛО Јасер Арафат со кое се признава Израел, како и копијата од другото писмо на Арафат во кое тој повикува на крај на Интифадата.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1524.Роден е францускиот писател Пјер де Ронсар.

1830 Прогласена е Република Еквадор како дел на конфедрацијата на Колумбија.

1855 Опсадата на Севастопољ, најголема операција во Кримската војна, е завршена кога Британците, Французите и Пиемонтезите ја зазедоа клучната руска црноморска поморска база.

1862 Роден е американскиот писател Вилијам Сидни Портер, познак како О. Хери, творец на спеицифичниот жанр - кратки хумористични и малку иронични приказни со неочекуван крај. Објавил околу 600 приказни и 11 книги, повеќето за животот на жителите на Њујорк.

1883 Роден е рускиот револуционер Григориј Јевсејевич Зиновјев, еден од првите болшевици и организатор на Октомвриската револуција во 1917 година. Го предводел влијателниот Петроградски совет, Комитетот за одбрана во граѓанската војна, и од 1919 до 1926 година бил претседател на Ивршниот комитет на Коминтерната. Стрелан е во 1936 година во време на "големата чистка" која ја организирал Јосиф Сталин по убиството на Сергеј Киров кон крајот на 1934 година.

1885 Роден е англискиот писател Дејвид Херверт Лоренс.

1905 На битолскиот Ат-пазар Турците го обесија Александар Турунџиерв, долгогодишен македонски легендарен војвода. Турците го фатија со помош на предавници и го осудија на смрт. Меѓу најзначајните негови вооружени акции е нападот на железничката стница во Врбени, Леринско, заедно со здружениот одред од 200 востаници на Ѓорѓи Поп Христов и Михаил Чаков. Роден е во селото Врбени, во 1872 година.

1917 Роден е филипинскиот диктатор Фердинанд Едралин Маркос, кој владеел безмалку 22 години. Во Втората светска војна бил герилец во антијапонското движење за отпор, во 1959 година станал претседател на Сенатот, а од 1965 година бил избран за шеф на државата. Во почетокот бил доста популарен бидејќи го поттикнал развојот на земјоделството. Повторно е избран за претседател во 1969 година, но во текот на вториот манадат економијата значително опаѓа, а во самиот врв на власта почнала да цвета корупцијата. Во септември 1972 година пред истекот на мандатот, вовел вонредна состојба. Фердинанд Едралин Маркос кршејќи го уставот владеел со диктаторски методи со премолчена поддршка од Америка. Од власт е тргнат во 1986 година кога и избегал од земјата, а во 1989 година умрел како бегалец на Хаваи.

1922 Прогласен е британскиот мандат врз Палестина, за што Арапите објавија ден на жалост.

1941 Претседателот на САД Франклин Рузвелт издаде наредба до американското воено воздухопловство и до морнарицата да отворат оган врз сите бродови на силите на Оската кои ќе влезат во водите на западната хемисфера. Тоа беше конечно американско раскинување со политиката на изолационизмот. САД отворено застанаа на страната на Велика Британија и на СССР, иако стапија во војна дури по јапонскиот напад врз Перл Харбур.

1943 На патот Кичево - Охрид НОП баталјон "Мирче Ацев" урна три моста и исече 130 столбови, а во селото Смилево, Охридско, ја запали жандармериската станица. Следниот ден баталјонот влезе во Кичево.

1944 Струмичкиот партизански одред ја ослободи Струмица и околните села.

1944 Ослободен е Ресен.

1944 Сојузничкте сили го зазедоа Луксембург и се пробија на германска територија.

1948 Умре пакистанскиот државник Мохамед Али Џин, основач и прв претседател на Пакистан. Заедно со Махатма Ганди и Џавахарлал Нехру се борел за независност на индискиот потконтинтент од Велика Британија, но потоа со нив дошол во судир барајќи посебна муслиманска држава. Британија во 1947 година ја призна независноста на Индија и на муслиманските држави наречени Пакистан.

1971 Во Москва умре Никита Сергеевич Хрушчов, советски политичар и државник. На Дванаесеттиот конгрес на КПСС Хрушчов ги подложи на радикална критика методите и системот на власта на Јосиф Висарионович Сталин и со тоа отвори нов период во советската внатрешна и надоврешна политика. Во 1964 година беше сменет од сите функции. Роден е на 17 април 1894 година.

1973 Во фашистичкиот заговор што го организираа домашните и странските реакционерни сили е убиен Салвадот Алјенде, претседател на Чиле. Во опколената претседателска палата Алјенде го одби барањето на пучистите да се предаде во замена за животот. На своето последно боиште е најден мртов. Роден е во 1908 година.

1979 Умре анголскиот државник и писател Агостињо Нето, прв претседател на Ангола, лекар по професија, и предводник во борбата за ослободување на земјата која успешно заврши во 1975 година. Поради борбата за независност на Ангола од 1951 година повеќе пати е затворан, а од 1962 година бил на чело на Народното движење за ослободување на Ангола.

1991 Претседателот на СССР Михаил Горбачов го најави заминувањето на советските војници од Куба.

1995 Илјадници демонстранти протестираа во Париз заради обновувањето на француските нуклеарни проби во јужен Пацифик.

1996 Република Македонија и Бахреин воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

1997 Шкотите на референдум со мнозинство гласови го одобрија планот на британската влада за воспоставување парламент во Шкотска, првпат по безмалку 300 години.

1997 Република Македонија стана полноправна членка на Централно и источноевропската регионална иницијатива за управување со воздушниот простор (ЦИЕРВИ).

2000 На привремената караула Кодра Фура на македонско-југословенската граница, кон Косово, дојде до серија инциденти во кои непознати вооружени лица пукаа кон македонските граничари.

2001 Исламски терористи во САД киднапираа четири патнички авиони и изведоа најголеми терористички напади во историјата. Двете кули на Светскиот трговски центар во Њујорк потполно беа урнати кога во нив удрија два авиони. Третиот авион со едното крило допре до зградата на Пентагон во Вашингтон, а четвриот, после борбата меѓу патниците и киднаперите, се урна во Пенсилванија. Во нападите загинаа најмалку 2.973 лица. САД за нападите ја обвинија терористичката мрежа на Ал Каеда на саудискиот исламски терорист Осама бин Ладен.

2001 Почина шведскиот министер за надворешни работи Ана Линд. Таа претходниот ден се здоби со повреди кога непознато лице ја нападна и избоде со нож додека пазаруваше во една стоковна куќа во центарот на Стокхолм.

2004 Патријархот александријски и на цела Африка Петрос VII и даванаесет свештеници кои го пратеа на аџилак на Света Гора загинаа кога хеликоптерот со кои се превезуваа се урна во Егејското Море.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom