На денешен ден!

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1942 Во месноста Долец, во Болнската Планина во нерамномерна борба против бугарската војска и полиција не сакајќи живи да паднат во рацете на окупаторот, сами си го одзедоа животот Стефан Наумов-Стив и Димитар Богоевски-Мите, народни херои на Македонија. Стефан Наумов е роден во Битола на 27.10.1920 година. Димитар Богоевски-Мите е роден во селото Болно, ресенско, на 31.10.1919 година.
1981 Во Милано умре Еуџенио Монтале, италијански поет, најпознат претставник на италијанскиот херметизам. Негови познати дела се "Аутодафе", "Бура и друго" и "Сатура". Добитник е на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1973 година и на Нобеловата награда за литература во 1975 година. Роден е во Џенова, на 12.10.1896 година.
1986 Во Скопје умре Драгутин Аврамовски-Гуте, истакнат македонски академски сликар и графичар. Тој е еден од првите македонски апстракни сликари и има посебен придонес за развитокот на современиот графички израз во Македонија. Се занимаваше и со сценографија и со илустрација. Роден е во Куманово, на 11.03.1931 година.
1996 Умре Тома Прошев, македонски композитор. Роден е во Скопје, на 10.11.1931 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1262.Силите на кастилијанскиот крал Алфонсо X ел Сабио го зазедоа пристаништето Кадис на брегот на Атлантскиот океан, со што ја завршија петвековната маварска окупација на градот.
1321 Умре италијанскиот писател, филозоф и политички мислител Алегиери Дуранте, познат како Данте Алигиери. Изучувал јазици, право и филозофија, а се бавел и со политика поради што во 1302 година бил протеран од неговата родна Фиренца.
1523 Умре папата Адријан VI, единствен Холанѓанец поглавар на римокатоличката црква во нејзината историја. Неговиот понтификат траеше неполни две години во кои не ја оствари својата замисла за обединување на европските земји во борабата против Отоманското царство.
1547 Роден е холандскиот државник Јохан фан Олденбарневелт, татко на модерната холандска држава.
1752 Велика Британија и нејзините колонии го прифатија Грегоријанскиот календар.
1812 Францускиот цар Наполеон I влезе во Москва. Москва беше запалена од самите Руси за да го спречат зимувањето и снабдувањето на трупите на Наполеон.
1847 По низа победи во Американско-мексиканската војна, единиците на САД под команда на генерал Видфилд Скот го окупираа Сиудад Мексико. Со мировниот договор мексиканската влада беше принудена на воено посилниот сосед да му ги отстапи Калифорнија, Јутах, Аризона и Њу Орлеанс.
1851 Умре американскиот писател Џејмс Фенимор Купер, еден од првите пишувачи на историски роман во американската литература.
1852 Умре англискиот војсководец и државник фелдмаршал Артур Велзли Велингтон кој се прослави со војните против францускиот цар Наполеон I.
1886 Роден е чешкиот дипломат Јан Гариг Масарик, шеф на чехословачката дипломатија. Во март во 1948 година изврши самоубиство. Мотивите за чинот не се расветлени, но се знае дека тој не му беше наклонет на комунистичкиот режим на власта.
1911 Рускиот премиер Петар Столипин беше смртно ранет во атенатат извршен во театар во Киев, а по четири дена умре.
1914 Генерал Ерих фон Фалкенхајн го замени во Првата светска војна генералот Хелмут вон Молтке на местото началник на штабот на гермсканската Врховна команда.
1924 Во познатите септемвриски горно-џумајски колежи е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционаер и публицист. Своите духовни сили ги посвети на повеќе области во културата, меѓу кои најмногу на журналистиката. Учествуваше во Илинденското востание. Тој е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм Македонија на филм во 1923 година. Роден е во селото Селци, Струшко, на 25 март 1884 година.
1927 Во автомобилска несреќа загина американската балерина Исидора Данкан. Таа е една од најзначајните балерини на 20 век.
1937 Умре чешкиот државник и филозоф Томаш Гариг Масарик, прв претседател на Чехословачка од 1918 до 1935 година и професор на Прашкиот универзитет. Од 1907 година како пратеник во австроунгарскиот Парламент се борел против режимот на Хабзбуршката монарија.
1939 Хеликоптерот „VS-300“ на рускиот конструктор Игор Сикорски, кој емигрираше во САД, го изведе првиот успешен хеликоптерски лет во историјата на воздухопловството.
1959 Советската „Луна 2“ стана првиот вселенски брод кој се спушти на Месечината.
1960 Во Белград заврши состанокот на претставниците на земјите производители на нафта на кој е донесена одлука за основање на ОПЕК (Огранизација на земјите извознички на нафта).
1977 Во Хемшајр, во Англија умре Леополд Стоковски, американски диригент од полско потекло, пропагатор на современата музика, еден од најпознатите диригенти во светот. Роден е во Лондон, на 18 април 1882 година.
1982 Ден по сообраќајната несреќа на приодот на Монте Карло, во Франција умре славната холивудска артистка, принцезата од Монако Грејс Кели. Родена е во Тексас, во 1928 година.
1982 Во експлозија на бомба која во седиште на христијанската партија ја подметнаа исламски терористи, загинаа претседателот на Либан Бешир Џемаил и уште 20 лица.
1995 Рускиот претседател Борис Елцин одби да ги потпише законите на Државната дума со кои Русија би се откажала од примена на санкции против Југославија, а ги воведе против Хрватска.
1996 Во Прилеп умре Пеце Атанасоски, македонски инструменталист - гајдаџија. Роден е во селото Долнени, Прилепско, во 1926 година.
1996 Умре Благоја Николовски, македонски вокален солист - тенор. Роден е во 1935 година.
1997 Во пожар во нафтената рафинерија во Висакапата, на југот од Индија, загинаа најмалку 56 лица, а истиот ден во централниот дел на земјата загинаа 81 патник кога експресен воз падна од мост во река.
1997 Во судар на американски и германски воени авиони над Атлантскиот океан близу брегот на Намибија загинаа сите 22 лица во двата авиона.
2000 Високиот функционер на кинескиот парламент Ченг Кеџи е погубен под обвинение дека примил мито од пет милиони долари. Тој е највисокиот кинески функционер кој е осуден на смрт поради корупција од 1949 година.
2001 Умре Ахмад Шах Масуд, со години водечки герилски командант во Авганистан против владејачките талибанци, подлегнувајќи на повредите кои пет дена пред тоа му ги нанесе терорист-самоубиец активирајќи експлозив во Масудовата канцеларија.
2003 Швеѓаните на референдум со убедливо мнозинство се изјаснија против воведувањето на еврото како официјална валута во земјата.
2003 Војската со пуч ја презеде власта во малата западноафриканска земја Гвинеја Бисао.
2004 Во експлозија на автомобил-бомба на преполниот пазар во западниот дел на Багдат, во непосредна близина на полициска станица, загинаа 47, а ранети беа преку 100 лица. Одговорноста за нападот ја презеде бунтовничката група која ја предводи соработникот на Ал Каеда Абу Мусаб ал Заркави.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.817
Поени од реакции
22.864
1847 По низа победи во Американско-мексиканската војна, единиците на САД под команда на генерал Видфилд Скот го окупираа Сиудад Мексико. Со мировниот договор мексиканската Влада беше принудена на воено посилниот сосед да му ги отстапи Калифорнија, Јутах, Аризона и Њу Орлеанс.
1924 Во познатите септемвриски горно-џумајски колежи е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционаер и публицист. Своите духовни сили ги посвети на повеќе области во културата, меѓу кои најмногу на журналистиката. Учествуваше во Илинденското востание. Тој е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм "Македонија на филм" во 1923 година. Роден е во селото Селци, струшко, на 25.03.1884 година.
1977 Во Хемшајр, во Англија умре Леополд Стоковски, американски диригент од полско потекло, пропагатор на современата музика, еден од најпознатите диригенти во светот. Роден е во Лондон, на 18.04.1882 година.
1982 На приодот на Монте Карло, во Франција во сообраќајна несреќа загина славната холивудска артистка, принцезата од Монако, Грејс Кели. Родена е во Тексас, во 1928 година.
1996 Во Прилеп умре Пеце Атанасоски, македонски инструменталист - гајдаџија. Роден е во селото Долнени, прилепско, во 1926 година.
1996 Умре Благоја Николовски, македонски вокален солист - тенор. Роден е во 1935 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1786 Италијанскиот лекар и природонаучник Луиџи Галвани откри струја, која според неговото име подоцна е наречена - галванска.
1821 Република Костарика (шпанска колонија од 1509 година), Република Никарагва (шпанска колонија од 1522 година), Република Гватемала (шпанска колонија од 1523 година), Република Хондурас (шпанска колонија од 1524 година) и Република Ел Салвадор (шпанска колонија од 1524 година) се прогласија за независни држави.
1822 Францускиот ориенталист Жан Франсоа Шамполин успеа прв да ги дешифрира хиероглифите на една плоча најдена во египетското место Решид, во 1799 година. Тој утврди дека хиероглифите не се симболично, туку фонетско писмо. Шамполин е основач на египтологијата.
1852 Во Лондон умре Артур Велзли Велингтон, англиски восководец и државник. Војничка слава стекна во борбата против Наполеон Бонапарта. Тој прв и зададе пораз на Наполеоновата армија кај Ватерло, во 1815 година. По победата, заедно со прискиот фелдмаршал Блихер влезе во Париз. Роден е во 1769 година.
1894 Во Париз е роден Жан Реноар, француски филмски режисер, великан на францускиот и светскиот филм. Ги напиша книгите "Реноар, татко ми" и "Мојот живот и моите филмови". Режисер е на филмовите "Нана", "Кучка", "Мадам Бовари", "Голема илузија" и "Марселеза". Умре во Лос Анџелес, на 13.02.1979 година.
1993 Во Скопје е регистрирана Асоцијацијата на европските студентски структури при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј".
1995 Во Скопје, пред влезот на канцеларијата за врски на САД е поставен нов амблем чиј натпис гласи "Амбасада на САД", со што формално мисијата на САД во Македонија го означи подигањето на нивото на дипломатските односи на релацијата Вашингтон - Скопје.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1810 Со масовно оружено востание на селаните, што го предводеа Мигуел Хидалго и Хосе Моралес, во Мексико почна борбата за независност од шпанските колонизатори. Тој ден е прогласен за национален празник на државата Мексико која беше шпанска колонија од 1519 година.
1941 Хитлер му нареди на заповедникот на германските вооружени сили за југоисток, да го задуши востаничкото движење на Балканот. Според Хитлеровата наредба со крајна суровост мора да се оневозможат партизаните и за смртта на секој германски војник со смрт да се казнат 50 до 100 заложници.
1959 Францускиот претседател Шарл де Гол преку радиото на алжирскиот народ му го призна правото на самоопределување.
1977 Во Париз умре Марија Калас, американска оперска пејачка, сопран од грчко потекло. Големиот гласовен распон и сугестивната глума продонесоа за нејзина светска слава. Родена е во 1923 година.
1980 На Хвар умре Драган Ташковски, истакнат македонски историчар, публицист и општествено - политички работник. Роден е во Скопје, на 10.09.1917 година.
1989 Умре Роберт Пен Ворен, американски писател, трикратен добитник на Пулицеровата награда (најголемо признание за новинарство, белетристика и поезија). Со светска слава се здоби со романот "Сите луѓе на кралот" за кој му беше доделена Пулицеровата награда во 1947 година. Роден е во 1905 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1685 Лондон го зафати голема епидемија на чума од која умреа околу 70.000 луѓе.
1939 Советските единици врз основа на договорот Рибентроп-Молотов ја нападнаа Полска и ги зазедоа источните делови. Во нападот се заробени 180 илјади војници и околу девет илјади офицери, а потоа почна ликвидирањето на заробените Полјаци.
1943 Во селото Подвис, кичевско почна да работи првото училиште на македонски јазик.
1961 Со основано сомнение дека е жртва на атентат, во авионска несреќа во близина на Ндола во северниот дел на Родезија загина Даг Хамаршелд, генерален секретар на ООН.
1978 Во вилата Кемп Дејвид завршија разговорите меѓу египетскиот претседател Садат, израелскиот премиер Бегин и американскиот претседател Картер. Притоа, беа потпишани два документа: рамки за мир на Блискиот Исток и рамки за мировен договор меѓу Египет и Израел.
1985 Во Њујорк умре Џулијан Бек, американски режисер кој заедно со својата сопруга Џудит Мамара во 50-те години го формираа авангардниот "Ливинг театар". Роден е во Њујорк во 1925 година.
1996 Во Пекинг, на Конференцијата на Интерпарламентарната унија, Република Македонија е примена во Групацијата медитерански земји.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.817
Поени од реакции
22.864
1356.Англиската армија предводена од Црниот Принц, син на кралот Едвард III, ја порази француската војска на кралот Жан II во битката кај Поатје со што заврши првата фаза од Стогодишната војна меѓу Англија и Франција. Истиот ден во 1370 година Црниот Принц го зазеде и опустоши Лимож.
1551 Роден е францускиот крал Анри III, последниот монарх од династијата Валоа.
1802 Роден е унгарскиот револуционер Лајош Кошут, водач на Унгарската револуција во 1848 година, противник на феудално-апсолутистичкиот режим на Хабзбуршката монархија. На 2 мај 1849 година беше избран за прв премиер на слободна Унгарија.
1833 Црногорскиот владика Петар II Петровиќ Његош доби руски пасош.
1881 Претседателот на САД, Џејмс Ејбрам Гарфилд умре од повредите здобиени во атентатот во Вашингтон на 2 јули 1881 година. Гарфилд, кој беше противник на црнечкото ропство, стана шеф на државата на 4 март 1881 година.
1888 Во белгиската бања Спа се одржа првиот натпревар за избор на убавица во светот. Првата најубава жена на светот беше 18-годишната Креолка од Гваделупе Берта Сукаре.
1893 Нов Зеланд стана првата земја во која сите жени добија право на глас.
1911 Во Сент Колам Мејџор, Корнвол, е роден Вилијам Голдинг англиски писател. Во 1983 година ја доби Нобеловата награда за литература. Негови познати дела се „Спирала“, „Пирамида“, „Видлива темнина“, „Господар на мувите“ и други. Умре во Волмаут, на 19 јуни 1993 година.
1914 Во Софија е убиен Стефан Јакимов Дедов, македонцки деец, основач на македонскиот клуб со читалиште во Белград, издавач на неговиот орган „Балкански гласник“ во Софија на весниците „Балкан„ и „Курир“, член на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург и коавтор, заедно со Мишајков на Меморандумот на руската влада, прва македонска националноослободителна програма. Роден е во Охрид, на 28 октомври 1869 година.
1922 Роден е чешкиот атлетичар Емил Затопек, кој на Олимписките игри во Лондон во 1948 година освои златна медаља во трката на 10.000 метри, а на Игрите во 1952 година во Хелсинки на 5.000, 10.000 и во маратон. Соборил 18 светски рекорди и победил во 69 трки по ред од 1949 до 1951 година.
1928 Првиот анимиран цртан филм „Параброд Вили“ во кој се појави Мики Маус е прикажан во њујоршкото кино „Колони театар“.
1935 Умре рускиот физичар Константин Едуардович Циолковски, татко на астронауката. Уште во 1883 година ги изложи идеите за користење на реактивниот погон кај ракетите, а во 1903 година го објави првото класично дело за теоријата на астронаутика. Советската академија на науките ја востанови наградата „Златна медаља Циолковски“ за исклучителен придонес во астронаутиката и во истражувањето на вселената.
1941 Германските трупи го окупираа Киев во Втората светска војна по битката која траеше 45 дена.
1941 Во селото Струганик, кај Ваљево, во Втората светска војна беше одржан состанок меѓу Јосип Броз Тито и Драгољуб Михаиловиќ, на кој не беше постигнат договор за заедничка броба на партизаните и четниците против окупаторот.
1942 Во околината на Прилеп, по тешка тортура од страна на бугарската полиција, убиен е со фрлање во варџилница Рампо Левков - Левката, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во Прилеп, на 9 јануари 1909 година.
1942 Кај селото Дабница, во месноста Дабнички Завој, Прилеп, бугарскиот окупатор на подмолен начин масакрира 18 македонски патриоти. Единствено успеаја да се спасат Петко Велкоски и Тоде Ристески - Келешот. Се случи да има живи сведоци меѓу масакрираните, за да раскажуваат за овој крвав настан, наречен „Дабничко клање“.
1944 Селото Беличица, Гостиварско, беше опколено од околу 300 добро вооружени балисти во моментот кога во него престојуваа 35 борци на Третиот партизански одред, вооружени само со два пушкомитралеза и со неколку пушки. Во нерамноправната борба животот го загубија 21 партизан, меѓу кои и Тодор Циповски - Мерџан, народен херој на Југославија, од Македонија (роден е во селото Беличица, во 1920 година) и Ѓоце Стојчевски - Амбарче, народен херој на Југославија, од Македонија (роден е во селото Беличица, во 1919 година). Притоа балистите го запалија селото, а во огнената стихија беа фрлени и изгореа 17 жители од селото.
1985 Катастрофален земјотрес со јачина од 8.1 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико. Во него загинаа околу 10.000 луѓе, а материјалната штета е проценета на околу шест милиони долари.
1985 Во Сиена, во Италија умре Итало Калвини, еден од најпознатите италијански писатели. Негови најпознати романи се „Превоениот виконт“, „Облаци од смог“, „Невидливи градови“ и други есеи и збирки поезија. Роден е во 1923 година.
1992 Во селото Стајковци, Скопско, е поставен и осветен камен-темелник на новата црква „Свети Кирил и Методиј“.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ).
1955 Во Аргентина војската го собори претседателот Хуан Перон, кој со одвојувањето на црквата од државата предизвика бес кај римокатоличката црква. До 1973 година Перон живееше во бегство, но по враќањето повторно беше избран за претседател. На чело на државата беше се до неговата смрт во 1974 година.
1957 Американците во Невада ги почнаа првите подземни нуклеарни проби.
1961 Граѓаните на Јамајка на референдум изгласаа одвојување на државата од Западноиндијската Федерација.
1985 Во главниот град на Мексико Сиудад Мексико во земјотрес загинаа оклу 12.000 луѓе.
1988 Експлозијата на авионот DC-10 на француската компанија УТА што се случи над Нигер, кој леташе од Бразил за Париз, за која подоцна е обвинета Либија, не ја преживеа никој од 171 патник и екипажот.
1992 Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои резолуцијата со која ја исклучи Југославија од работата на Генералното собрание и го оспори нејзиното прво во ОН да ја наследи СФРЈ. На југословенската мисија и дозволија нејзините контакти во Њујорк да ги остварува со други органи во ОН.
1994 Илјада американски војници беа префрлени на Хаити во операцијата која Вашингтон ја нарече „повторно воспоставување на демократијата“ во каприската островска земја.
1996 Република Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија.
1999 Меѓународните мировни сили навлегоа во Источен Тимор.
2002 Во центарот на Тел Авив загинаа пет луѓе кога бомбаш-самоубиец активира експлозив во автобус. Тогаш израелската влада одлучи да го изолира Јасер Арафат при што со тенкови го опколи седиштете во Рамал на Западниот Брег.
2003 Претседателите на Русија, Белорусија, Украина и на Казакстан на Јалта го потпишаа договорот за формирање заеднички економски простор.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.817
Поени од реакции
22.864
331 п.е.- На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судри со главнината на персиската војска на царот Дариј. Персијците имаа околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Александар Македонски воспостави власт во Персија.
480..н.е.- Во поморската битка кај островот Саламин во Егејското Море, Грците под команда на атинскиот војсководец Темискот ги поразија Персијанците кои ги предводеше кралот Ксеркс I, со што Атина ја осигура превласта на морето.
1519 Португалскиот морепловец Фернандо Магелан во служба на шпанскиот крал Карло Петти, од Сан Лукар во Шпанија со својата екпедиција од пет бродови тргна на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија. Во 520 година ги испита југоисточните брегови на Јужна Америка го откри според него наречениот Магеланов Проток и преку него помина во океанот кој го нарече Тихи (Пацифик). Загина на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27 април 1521 година. Другиот дел од експедицијата се врати во Шпанија. Така беше докажано дека Земјата е тркалезна и дека новите краишта што ги откри Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент.
1833 Роден е италијанскиот новинар и пацифист Ернесто Теодоро Монета, добитник на Нобеловата награда за мир во 1907 година. Беше директор на миланскиот весник „Ил Сецоло“ и претседател на Интернационалниот конгрес за мир во Милано во 1906 година.
1842 Роден е шкотскиот хемичар и физичар Џејмс Дјуер, пронаоѓач на термос-боците.
1863 Во Берлин умре Јакоб Грим, германски филолог, библиотекар во Касел, академик и професор во Берлин. Основач е на современата германистика. Ја проучуваше историјата на стрите книжевности, проблемите на митовите, сказните и преданијата. Заедно со својот брат Вилхем издаваше германски народни бајки. Најпознати му се делата „Германска граматика“, „Историја на германскиот јазик“, „Германска митологија“ и други. Роден е во Хан, на 4 јануари 1785 година.
1870 Силите на италијанскиот крал Виториј Емануел II го презедоа Рим од Французите. Тогаш кралот ја соопшти намерата Рим да се прогласи за италијанска престолнина.
1878 Роден е американскиот писател Аптон Бил Синклер, автор на повеќе романи во кои се опфатени повеќе политички и социјални теми во кои е опишана поразителната слика на капиталистичкиот свет. Негови познати дела се „Џунгла“, „Метропола“, „Џими Хигинс“, „Крај на светот“, „Помеѓу два света“, „Претседателскиот агент“, „Светот кој треба да се освои“ и други.
1878 Роден е Аптон Синклер, северноамерикански писател и публицист, борец за социјални права и за мир во светот. Меѓу најпознатите негови дела се „Џунгла“, „Џими Хигинс“, „Крај на светот“ и други. Умре 26 ноември 1968 година.
1934 Родена е италијанската филмска глумица Софија Шиколоне, попозната како Софија Лорен. Како медиумски продукт на продуцентот и нејзин сопруг Карло Понто, стана светска ѕвезда.
1957 Умре Јан Сибелиус, фински композитор, романтичар. Неговиот оригинален стил е сосема близок на финскиот музички фолклор. Роден е на 8 декември 1865 година.
1963 Американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации предложи заедничка советско-американска експедиција на Месечината.
1970 Во Балтимор, САД, умре Џон Дос Пасос, северноамерикански писател на општествени романи. Роден е во 1896 година.
1970 Во Париз умре Бурвил (вистинскто име му е Андре Рембург), француски филмски и оперски артист и комичар. Роден е во 1917 година.
1970 Советскиот вселенски брод „Луна 16“ се спушти на Месечината поради земање делови од тлото на Земјиниот сателит.
1976 По цели 40 години на власт шведската Социјалистичка партија е поразена на парламентарните избори.
1977 Виетнам и Џибути се примени во Обединетите нации.
1979 Владарот на Централноафирканското царство Жан Бедел Босак го собори неговиот роднина, бившиот претседател Давид Дако и ја врати земјата со статус република. Босак во 1965 година со воен удар го турна Дако, а во 1976 година ја укина републиката и се прогласи за цар. Запаметен е по голEMата екствагантност, расипништво и со жестоки злостори врз сопствениот народ.
1981 Централноафриканската држава Белизе на брегот на Карипското Море (поранешниот Британски Хондурас) се стекна со незвисност од Велика Британија.
1984 Во дворот на амбасадата на САД во Бејрут упадна исламски терорист-самоубиец со камион со големо количество експлозив при што усмрти 40 лица.
1989 Фредерик Вилем де Клерк ја презеде должноста претседател на Јужна Африка.
1990 Умре српскиот консруктор на авиони Слободан Зрниќ, декан на Машинскиот факултет на Новосадскиот универзитет, еден од конструкторите на авионите IK-3 и S-49. Авионот IK-3 на 6 април 1941 година во Втората светска војна учествуваше во одбраната на Белград. Завршил Машински факултет во Белград, а воздухопловната техника ја усовршувал во Франција. Како ескперет на ОН неколку години поминал во Африка.
1990 Парламентите на Источна и Западна Германија го потврдија договорот за нивно обединување во една држава.
1990 Во Скопје, Собранието на СР Македонија ги прогласи 25-те амандмани на Уствот на СР Македонија, според кои, покрај другото, Македонија стана повеќепартиска држава. 1993.- Во Скопје, во Шумарскиот факултет, е основано Движењето за облагородување на односите меѓу луѓето и приордата „Патот на розата“.
1995 Премиерот на Турција Тансу Чилер беше приморана да поднесе оставка бидејќи од владата се повлече коалиционата партија која и порача дека не е прифатлива цената која заради нејзината политика мораат да ја плаќаат турските граѓани.
1998 Во Скопје умре Јордан Леов, македонски писател. Автор е на книгите разкази „Последни од смртта“, „Длабока рана“, на романите „Побратими“, „Виор“, „Афион“ и на други дела. Роден е во Велес, на 29 август 1920 година.
1998 Умре д-р Бошко Бабиќ, археолог и историчар на уметноста, еден од основачите на Институтот за старословенска култура во Прилеп и негов директор. Роден е во Босанска Градишка, во 1924 година.
2000 Умре советскиот космонаут од руско потекло Герман Титов, вториот човек кој летал во вселената. Титов во август 1961 година, во вселенскиот брод „Восток 2“, поминал 25 часа во вселената, обиколувајќи ја Земјата 17 пати. За неговите заслуги добил најмногу државни награди и стана херој на СССР.
2004 САД официјално го укинаа трговското ембарго против Либија воведено во 1986 година.
2005 Во Виена умре Симон Визентал, Евреин, ловец на нацистичките злосторници, меѓу кои и на мозокот на планот „Конечно решение“ Адолф Ајхман. Роден е во 1909 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1327 Англискиот крал Едвард II ги уби сопругот на Изабела од Франција и нејзиниот љубовник Роџер де Мортиме. Љубовникот на кралицата потоа владеел во името на престолонаследниикот Едвард III кој во 1330 година бил затворен и убиен.
1452 Роден е италијанскиот верски реформатор Џироламо Хајронимус, доминикански калуѓер, кој го напаѓаше папата Александар VI.
1529 Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна опсадата на Виена.
1792 Во Франција на првата седница на Парламентот (Конвент), на предлог на Колот Д`Ербуа, е тргната монархијата.
1832 Во Даблин умре Валтер Скот, шкотски поет и романсиер, творец на модерниот историски роман. Собираше народни песни и пишуваше епови за историјата на Шкотска. Меѓу неговите најзначајни дела спаѓаат „Ајванхо“, „Кенилворт“, „Старинар“ и други. Роден е во Единбург, на 15 август 1771 година.
1860 Умре германскиот филозоф Артур Шопенхауер. Неговата филозофија е длабоко песимистичка, дури и мрачна.
1866 Роден е Херберт Џорџ Велс, англиски писател. Напиша голем број научни, популарно-научни, социјални и фантастични романи и приказни, како и познатото дело „Историја на светот“. Умре во 1946 година.
1867 Роден е американскиот политичар Хенри Луис Стимсон, министер за војни на САД, од 1911 до 1913 година и од 1940 до 1945 година, идеен творец на најголемиот воен злостор во историјата на човештвото. На неговата препорака претседателот на САД Хари Труман одлучи во август во 1945 година да ги фрли атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки, иако Јапонија беше веќе поразена во Втората светска војна.
1909 Роден е ганскиот државник и публицист Кваме Нкрумах, прв премиер и претседател на Гана, итакнат борец против колонијализмот и лидер на движењето за независност.
1927 Во Дојран е роден Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Автор е на 463 библиографски единици, од кои 36 се книги. Од неговите трудови посебно се издвојуваат шесте томови за Гоце Делчев. „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“, „Британски документи за историјата на македонскиот народ“ и други. Умре во Скопје, на 7 октомври 1985 година.
1928 Британскиот бактериолог Александар Флеминг ја откри непознатата мувла што го расипала неговиот експеримент со бактерии. Но, тоа загадување беше епохално откритие дека чудесното смејство на габите „пеницилиум нотарум“ ги уништува дотогаш смртоносните бактерии. Од 1942 година пеницилиумот стана лек што спасува милиони луѓе.
1933 Во Лајпциг, германскиот Врховен суд го почна процесот против Георги Димитров, член на ЦК КП на Бугарија и член на Третата интернационала, заедно со група германски комунисти, а под обвинение дека го организирал палењето на Рајхстагот. Германската фашистичка пропаганда сакаше да го искористи судењето за антикомунистичка кампања. Меѓутоа, Димитров пред светската јавност го разобличи овој процес на нацистичкиот режим и од обвинет стана тужител и поради недостиг на докази судот беше принуден да го ослободи.
1938 Владата на Чехословачка се согласи на британско-францускиот план Судетските области да и ги отстапи на Германија.
1939 Романските фашисти, го убија премиерот на Романија Армандо Калинеску, противник на Третиот рајх.
1964 Малта стана независна после 164 години британско владеење.
1973 Југославија ги прекина дипломатските односи со Чиле, 10 дена по пучот на генералот Аугусто Пиноче, изведен со помош на САД, во кој е убиен социјалситичкиот претседател Салвадор Ајенде.
1974 Умре американскиот филмски глумец Волтер Бренан. Тој е првиот актер добитник на три Оскара.
1976 Бившиот чилеански министер Орландо Летелиер е убиен во Вашингтон во експлозија на подметната бомба под неговиот автомобил.
1992 Мексико и Ватикан воспоставија целосни дипломатски односи по прекинот од 130 години.
1993 Претседателот Борис Елцин го распушти парламентот бидејќи со изборот на Александар Руцкој за потпретседател и за вршител на должноста шеф на државата му беше загрозена власта.
1996 Во авионот на претседателот на Колумбија Енерсто Самперо, со кој требаше да патува за САД, на аеродромот во Богота по анонимната пријава се пронајдени безмалку четири килограми хероин за што беше осомничен дека бил во врска со нарко-мафијата.
1999 На Тајван во земјотрес загинаа најмалку 2.300 лица.
2002 Лавина од кал и камења која се излеа од глечер во село Њижњи во руската република Северна Осетија усмрти повеќе од 100 луѓе.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1529 Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна опсадата на Виена.
1832 Во Даблин умре Валтер Скот, шкотски поет и романсиер, творец на модерниот историски роман. Собираше народни песни и пишуваше епови за историјата на Шкотска. Меѓу неговите најзначајни дела спаѓаат "Ајванхо", "Кенилворт" и "Старинар". Роден е во Единбург, на 15.08.1771 година.
1866 Роден е Херберт Џорџ Велс, англиски писател. Напиша голем број научни, популарно-научни, социјални и фантастични романи и приказни, како и познатото дело "Историја на светот". Умре во 1946 година.
1927 Во Дојран е роден Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Автор е на 463 библиографски единици, од кои 36 се книги. Од неговите трудови посебно се издвојуваат шесте томови за Гоце Делчев. "Британската библиографија за Македонија", "Странскиот печат за Илинденското востание" и "Британски документи за историјата на македонскиот народ". Умре во Скопје, на 7.10.1985 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1791 Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и хемичар. Тој го откри законот за електромагнетска индукција која стана научна основа на електротехниката. Потоа го откри и законот за електролизата, што стана основа на електрохемијата и законот за врската меѓу магнетното поле и светлината. Умре во 1867 година.
1792 Во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазедоа кралскиот дворец во Париз и ги затворија Луј Шеснаесетти и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прокламира република, со што е создаден предуслов за спас на револуцијата и за одбрана на Франција од инвазијата. Истиот ден стапи во сила и новиот револуционерен календар.
1862 Американскиот претседател Абрахам Линколн објави декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите амрикански робови им се дава целосна слобода. Тоа беше резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, која бараше брза и неодложна акција за ослободување на обесправените Црнци.
1933 Во Париз почна Светскиот младински конгрес против војната и фашизмот.
1944 Во една битка на партизаните против балистите кај селото Премка, кичевско откако беше тешко ранета, умре Ибе Паликуќа, народен херој на Македонија. Родена е во Дебар, во 1927 година.
1991 За првпат во Република Македонија беше изведен светиот чин опход на моштите на Свети Климент Охридски Чудотворец (опходот траеше до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ.
1992 Во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија.
1992 Воспоставена е авиолинија Скопје-Москва.
1993 Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија.
 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
Бугарија се ослободува од Османлиското Царство 1908. нешто покасно и од големите сили.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1889 Роден е Волтер Липман, северноамерикански новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања. До 1966 година беше редактор и уводничар на весникот "Њујорк хералд трибјун". Два пати е добитник на Пулицеровата награда. Умре на 14.12.1974 година.
1903 Над селото Цапари, на Пелистер се водеше последната востаничка битка (Пелистерска битка) во битолско во времето на Илинденското востание. Во борбата против османлиската војска загинаа 48 востаници.
1939 Во Лондон умре Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. Најпознати негови дела се "Кон психологијата на секојдневниот живот" и "Толкување на соновите". Роден е во Фрајберг, на 6.05.1856 година.
1984 Во Струга умре Владо Малески, македонски револуционер, општествено-политички работник и истакнат македонски писател. Учесник е во НОВ на Македонија и е еден од најталентираните основоположници на македонската проза. Најпознати негови дела се "Ѓурѓина алова", "Она што беше небо" и "Разбој". Автор е на првиот македонски уметнички филм "Фросина". Роден е во Струга, на 5.09.1919 година.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.817
Поени од реакции
22.864
1835 Во Париз умре Винченцо Белини, италијански оперски композитор. Тој е творец на италијанскиот оперски стил наречен белканто. Најпознати негови опери се "Норма", "Месечарка", "Пуританци" и "Капулети и Монтеки". Роден е во Катанија, на 1.11.1801 година.
1905 Шведска ја призна независноста на Норвешка која прво беше под доминација на Данска, а од 1814 година-во унија со Шведска. По отцепувањето е прогласена за самостојна уставна монархија на чело со кралот Хакон Седми.
1908 Во Солун, во кафеаната "Бошњак-ан", терористи-платени врховисти извршија неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански кој беше повреден. При атентатот две лица од придружбата на Сандански беа смртно погодени.
1941 Во Лондон, на конференцијата на претставниците на владите на Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Јужноафриканската унија, Советскиот Сојуз и претставници на бегалските влади на Чехословачка, Грција, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Југославија и на слободна Франција, ја потпишаа Атлантската повелба која пред шест недели ја прокламира американскиот претседател Франклин Рузвелт и британскиот претседател Винстон Черчил, со што овие земји ја прифатија Повелбата како политичка програма во борба против силите на Оската.
1993 Во Монте Карло, во Кнежеството Монако, Македонскиот олимписки комитет е примен за рамноправен член на олимпиското семејство-како 195-ти член.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1849 Во Виена умре Јохан Штраус-постариот, австриски композитор, татко на популарните виенски композитори Јохан, Јозеф и Едуард. Покрај Ленар, тој е најзаслужен за популарноста на виенскиот валцер во почетокот на 19 век. Роден е во Виена, на 14.03.1804 година.
1940 Во Норвешка на власт дојде квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Вудкун Квислинг кој учестуваше во германската агресија на Норвешка во 1940 година, по што се прогласи за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа.
1943 Во Тирана умре Нико Нестор, еден од најголемите раководители и борец на народноослободителното движење во Струга и струшко.
1946 Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво "Кочо Рацин". Друштвото го формира Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност.
1970 Умре Ерих Марија Ремарк, германски писател, голем противник на војната и на нацизмот. Во 1932 година од Германија емигрира во Швајцарија, а потоа во САД. Се прослави уште со својот прв роман "На запад ништо ново", во кој прикажа еден период од Првата светска војна. Други негови дела се "Тројцата воени другари", "Триумфална порта" и "Искра на живот". Роден е во 1898 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom