На денешен ден!

Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.811
Поени од реакции
22.862
1762- Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По Халеевата смрт беше директор на Грини?ката опсерваторија.Во 1728 година ја објасни појавата на аберацијата на светлоста и ја откри појавата на нутацијата. Роден е во 1693 година.
1793- Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат француски револуционер, еден од вода?ите на француската буржоаска револуција. Убиството го изврши Шарлота Кордеј, приврзани?ка на жирондистите и на монархистите. Роден е на 24. 05. 1734 година.
1946- Во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републи?ки завод за трансфузиологија.
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
1930-Започна првото светско првенство во фудбал.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1789 Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската буржоаска револуција. Старата феудална власт е укината и пред формалната одлука. - Национален празник на Франција.
1817 Во Париз умре Мадам де Стал, француска писателка. Во 1810 година ја напиша книгата - манифест "За Германија", која Наполеон ја забрани, затоа што авторот се восхитува на германската филозофија и литература. Ја сметаат за основоположник на францускиот романтизам која ги постави новите основи на целата француска литература и култура. Родена е во Париз, на 22.04.1766 година.
1944 Во Струмица, во борба против бугарската полиција, загина Благој Јанков - Мучето, народен херој на Македонија. Роден е во Струмица, во 1911 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1556 Во Рим свечено е осветено грандиозната купола на црквата Свети Петар, која ја изгради прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум е земен како ден на раѓањето на барокот.
1606 Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант, познат холандски сликар. Умре во Амстердам, на 4.10.1669 година.
1904 Во Бадевалер умре Антон Павлович Чехов, руски новелист, раскажувач и драмски писател. Најпознати негови дела се драмите "Галеб", "Три сестри", "Вујко Вања" и "Вишновата градина", како и збирките раскази "Човекот во футрола" и "Куќа на кат", "Селани". Роден е во Таганрог, на 29.01.1860 година.
1944 Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера Циривири-Трена, првоборец и активен учесник во напредното работничко движење. Родена е во Прилеп во 1921 година.
1965 Американскиот вселенски брод "Маринер 4" ги испрати првите снимки од планетата Марс.
1990 Во Охрид е извршено осветување на новоизградената црква "Света Тројца".
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.811
Поени од реакции
22.862
1723 Роден е сер Џошуа Рејнолдс, англиски сликар, еден од најпознатите светски портретисти. Изврши големо влијание на англиското сликарство и како уметник и како основач на Уметничката академија во Лондон, чиј претседател беше се до својата смрт. Изработи околу 2.000 портрети. Умре во 1792 година.
1872 Роден е Раул Амундсен, норвешки поларен истражувач. На 14.12.1911 година го откри Јужниот пол на Антарктикот...Умре во 1928 година.
1885 Воспоставена е британска колонијална власт над Австралија, со исклучок на Западна Австралија.
1940 Адолф Хитлер ја издаде директивата "Морски лав", план за инвазија врз Велика Британија. Со директивата беше предвидено сите подготовки за мобилизацијата на околу 260.000 нацистички војници да се извршат до половината на август, а десантот да се одложува си додека германската авијација не биде надмоќна. Потоа, на 18 август е извршен најжестокиот напад на германската авијација врз цели во Англија, а на 7 септември почна битката во Лондон.
1946 Во пустината Њу Мексико, на полигонот Аламогродо, во САД, е извршена експлозија на првата атомска бомба. Овој настан се смета за почеток на атомската ера.
1969 Од Кејп Кенеди, во САД, е лансиран вселенскиот брод "Аполо 11" на Месечината, во кој се наоѓаа Нил Амстронг, Мајкл Колинс и Едвин Олдрин. Астронаутот Нил Амстронг на 21 јули прв стапна на Месечината.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1790 Во Единбург умре Адам Смит, најпознат претставник на англиската класична политичка економија. Ги напиша делата "Теорија на моралните чувства" од областа на етиката, "Истражување за природата и причините за богатството на народот" од областа на економијата. Роден е на 5.06.1723 година.
1862 Во САД стапи во сила Законот за ослободување на црнците-робови. Тогаш околу 190.000 поранешни робови од територијата на југот на САД стапија во редовите на федералната армија.
1965 Американските бомбардери од типот "Б-52" познати под името "летачки тврдини" од базата Гуам за првпат ги бомбардираа целите на територијата на Виетнам.
1976 Умре Вељо Личеноски, прв филмски монтажер во Македонија, еден од основоположниците на македонскиот филм и еден од најистакнатите режисери на ТВ Скопје. Роден е во 1930 година.
1984 Лансиран е советскиот вселенски брод "Сојуз 12". Членот на екипажот Светлана Савицкаја стана прва жена која "прошета" во вселенскиот простор надвор од леталото.
1993 Во Будимпешта, деветте земји-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), ја примија Република Македонија како полноправна, десетта членка на оваа асоцијација.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1364 -Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот римски император Нерон. Но, за тоа нема никакви докази во старите извори. Веднаш по катастрофата по наредба на царот, почнала планска изградба на Рим, така што сите згради морале да бидат ѕидани од камен отпорен на оган.
1374- Во Арква, во близината на Падова, умре Франческо Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса. Се смета за основач на модерната европска поезија и несомнено за еден од најсовршените поети во историјата на светската книжевност. Целиот негов живот и книжевно дело се обоени со неговата љубов спрема убавата Лаура. Светска слава стекна со делото "Канционер" - зборник од 366 сонети, канцони и мадригали. Роден е во Арецо, на 20 јули 1304 година.
1536 Со одлука на Парламентот во Англија е поништена власта на папата.
1610 Умре италијанскиот сликар Микеланџело Меризи да Караваџо, кој одлучно прекина со идеалистичкото сфаќање на сликарството и се ориентира кон натурализмот. Се служеше со контрасти на силна светлина и длабоки сенки. Значително влијаеше на француското и холандското сликарство во 17. век.
1635 Роден е англискиот физичар Роберт Хук, секретар на Кралското друштво во Лондон, кој ги усоврши барометарот, телескопот и микроскопот и прв ја откри ќелиската структура на билките. Го докажа движењето на Земјата и на гравитационите небески тела, а е автор и на законот за истегнување на еластичните тела („Хуков закон“).
1811 Во Калкута, Индија, е роден Вилијам Текери, англиски писател, еден од најзначајните сатиричари на 19 век. Во своите романи употребуваше реалистичен и саркастичен израз, критикувајќи ги негативните појави на тоа време. Најпознато негово дело е „Панаѓур на суетата“. Умре во Лондон, на 24 февруари 1863 година.
1817 Умре англиската писателка Џејн Остин. Дела: романите „Разум и чувствителност“, „Гордост и предрасуди“, „Менсфилд парк“, „Ема“, „Наговорање“.
1846- Во Бостон д-р В. Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија.
1877 Американскиот научник Томас Едисон во својот дневник запиша: „Нема сомнение, мене ми успеа да го забележам човековиот глас, што подоцна можам да го репродуцирам“. Веќе во декември 1877 година Едисон го патентира својот изум што го нарече „конзерва на човековиот глас“ - (фонограф, грамофон).
1883 Роден е рускиот револуционер од еврејско потекло Лав Борисович Розенфелд (Камењев), еден од првенците на Советска Русија после Октомвриската револуција во 1917 година. Од 1918 до 1926 година беше претседател на Московскиот совет, а потоа заменик претседател на Советот на народните комесари (влада) и еден од водачите на „нова опозиција“. Постхумно е рехабилитиран.
1887 Роден е водачот на норвешките нацисти Видкун Квислинг, претседател на окупаторската влада на Норвешка во Втората светска војна од 1942 до 1945 година. Неговото име стана синоним на предавство. Осуден е на смрт и стрелан во октомври 1945 година.
1898 Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, прв познат радиоактивен елемент.
1909 Роден е рускиот политичар Андреј Андреевич Громико, 28 години советски министер за надворешни работи. Во Втората светска војна беше советски амбасадор во САД, потоа во Обенидените нации, каде беше познат како „мистер њет“. Советската дипломатија ја предводеше од 1957 до 1985 година.
1913 Во Винсенс, Индијана, во САД, е роден Ред Скелтон, американски комичар. Умре во Лос Анџелес, на 17 септември 1997 година.
1918 Роден е јужноафриканскиот правник и државник Нелсон Ролихлахи Мандела, претседател на Јужна Африка и водач на Африканскиот национален конгрес во борбата против апартхејдот. Расистичкиот режим во Јужна Африка во 1962 година го осуди на пет години, а во 1964 година на доживотна робја. Од затвор, по огромниот притисок на светското јавно мислење како и јавноста во Јужна Африка, е пуштен во 1990 година, а шеф на државата стана во 1994 година.
1921 Роден е првиот американски астронаут Џон Глен, кој со вселенскиот брод „Меркјури - Атлас 6“ на 20 февруари 1962 година трипати ја обиколи Земјата.
1933 Роден е рускиот писател Евгениј Алексанрович Евтушенко. Дела: збирка песни и поеми „Патот на Ентузијастите“, „Лук и лира“, „Нежност“, „Моторен чамец за врска“, „Паѓаат бели снегови“, „Поетот во Русија е повеќе од поет“.
1949 Во Скутеч умре Вичислав Новак, истакнат чешки композитор и музички педагог, професор по композиција во Мајорската школа во Прага. Роден е во Коменија, на 5 декември 1870 година.
1951 Американскиот боксер од африканско потекло Џерси Џо Волкот на 37-годишна возраст ја освои титулата светски првак во тешка категорија, станувајќи најстар боксер на кого тоа му успеа.
1967- Во Охрид на Третиот црковно-народен собор, Светиот Синод на Македонската православна црква, донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј (Димитрија Стојковски). По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г. Гаврил (Ѓорѓи Милошевски), г. Михаил (Методи Гогов) и г.г. Стефан (Стојан Велјановски).
1986 Во Скопје умре Ванѓа Чашуле, истакнат македонски новинар, историчар, публицист и преведувач. Автор е на книгите „Од признавање до негирање“, „Биографијата на Гоце Делчев“, како и на други научни трудови. Носител е на „Партизанска споменица 1941“. Родена е во Радовиш, на 9 август 1923 година.
2003 Британската полиција го пронајде телото на д-р Дејвид Кели, еден од клучните сведоци за манипулацијата со наводно оружје за масовно уништуваање во Ирак. Наведено е дека извршил самоубиство.
2007 Најмалку 200 луѓе го загубија животот во авинска несреќа во Бразил. Авионот од типот „Ербас А320“ на бразилската компанија ТАМ, со 176 патници и членови на екипажот, се запали при слетување на аеродромот Конгоњас во Сао Паоло. Освен патниците во авионот, животот го загубија и голем број луѓе на земјата.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1545.Бродот „Мери Роус“, гордост на воената флота на англискиот крал Хенри Трети, потона во каналот Солент помеѓу јужниот брег на Англија и островот Вајт, предизвикувајќи смрт на повеќе од 700 луѓе.
1814 Роден е американскиот пронаоѓач Семјуел Колт. Според неговото презиме е наречен револверот кој тој ко конструирал.
1834 Во Париз е роден Едгар Дега, француски сликар, еден од најпознатите претставници на ликовната уметност во 19 век. Изработи низа бакрописи, цртежи и скулптури. Умре во Париз, на 26 јули 1917 година.
1866 Умре германскиот математичар Георг Фридрих Бернхард Риман, кој отвори нов правец во развојот на математиката и нејзината примена во физиката и механиката. Неговото име го носат низа математички поими: Риманов интеграл, Риманова диференцијална еднаквост, Риманова сфера, Риманова фунција, Риманова геометрија.
1870 Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година.
1877 Англискиот тенисер Спенсер Гор победи во финалето на првиот турнир во Вимблдон.
1893 Во грузиското село Багдада е роден Владимир Владимирович Мајаковски, руски поет и сликар, еден од основачите на футуристичкиот правец во Русија. Беше голем борец против сите видови угнетување на човекот и ја ставаше под удар на својата сатира малограѓанштината на советското општество. Неговите дела извршија огромно влијание врз советската поезија. Најпознати му се делата „Облак во панталони“, „Војна и мир“, „Владимир Илич Ленин“, „Многу добро“, „Тафтабита“, „Студен туш“ и други. Се самоуби во Москва, на 14 април 1930 година.
1896 Роден е шкотскиот писател Арчибалд Џозеф Кронин. Дела: романите „Цитадела“, „Ѕвездите гледаат од небо“, „Госпоѓата со каранфили“, „Три љубови“, „Херојски години“, „Јупитер се смее“.
1900 Отворено е париското метро.
1900 Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум - кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања.
1921 Во Прилеп е роден Борка Талески, народен херој на Македонија. Тој е непосреден организатор на востанието на 11 октомври. Загина во близина на селото Плетвар, Прилепско, на 2 март 1942 година.
1943 Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим. По бомбардирањето, на 24 јули Големото фашистичко собрание му ја одзеде довербата на Мусолини, а следниот ден, тој е уапсен по наредба на кралот Виторио Емануел Трети.
1974 Шпанскиот диктатор Франсиско Франко привремено, поради болест, му ја предаде власта на принцот Хуан Карлос кој во 1975 година, по Франковата смрт, стана крал на Шпанија.
1980 Во Москва се отворени 22 Олимписки игри на кои учествуваа 6.000 спортисти од 80 земји, а повеќе од 45 држави им се придружија на САД во бојкотот поради советската инвазија на Авганистан во 1979 година.
1992 Во екпслозија на автомобил-бомба во Палермо е убиен Паоло Борселино, водечки италијански судија во борбата против мафијата.
1993 Република Македонија стана 175 членка на УНЕСКО.
 

Mr.HyPNoTiC

UnTraceable Guest!
Член од
13 ноември 2007
Мислења
1.450
Поени од реакции
239
1304.Во Арецо е роден Францеско Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса. Се смета за основач на модерната европска поезија. Светска славa стекна со делото "Канцониер" - зборник од 366 сонети, канцони и мадригали. За епот "Африка" доби "Ловоров венец". Умре во Арква, во близина на Падова, на 18 јули 1374 година.
1785 Роден е турскиот султан Махмуд Втори, кој во текот на владеењето од 1808 година до смртта во 1839 година спроведе реформи во обидот да го централизира феудално-апсолутистичкиот поредок на Отоманската империја.
1819 Република Колумбија доби независност. Беше шпанска колонија од 1509 година. - Национален празник на Колумбија.
1847 Роден е германскиот сликар и графичар Макс Либерман, најзначаен претставник на германскиот импресионизам.
1866 Италијанската флота во Австриско-пруската војна, во која Рим влезе на страната на Берлин за да ја ослободи Венеција и да загосподари со Јадранското Море, е тешко поразена во битката кај островот Вис од бројно послабата австриска поморска сила, губејќи притоа повеќе од 1.100 луѓе. Битката кај Вис е единствена победа на австриската флота во 19. и 20. век, а сите останати војни во времето на Хабзбуршката монархија во тој период ги загуби.
1890 Родена е американската филмска глумица Теодосија Гудман, позната како Теда Бара, прв „вамп“ во историјата на кинематографијата. Филмови: „Клеопатра“, „Кармен“, „Салома“, „Жена тигар“, „Дамата со камелии“.
1913 Во текот на Балканските војни (1912-1913), во близина на селото Бел Камен, Леринско, во борба против грчката војска загина Васил Чакаларов, македонски војвода и деец на ВМРО. Учесник е на Смилевскиот конгрес (1903) и на Илинденското востание (1903). Роден е во селото Смрдеш, Костурско, во 1874 година.
1919 Роден е сер Едмунд Хилари, новозеландски офицер и истражувач, учесник во хималајските и во поларните експедиции. На 29 мај 1953 година, со Непалецот Норкај Тенсинг се искачи на највисокиот хималајски врв Монт Еверест.
1929 Во Ремс, Франција, е роден Жан Бодријар, еден од највлијателните француски мислители на 20. век, филозоф, социолог, познат по својата критика на потрошувачкото општество. Познат е по делата „Симулакруми и симулации“, „Симболична размена и смрт“, „За заведувањето“, „Фатални стратегии“ и други дела. Умре во март 2007 година.
1937 Умре италијанскиот електроинжинер и пронаоѓач Гуљермо Маркони, еден од пионерите на бежичната телеграфија, кој во 1909 година ја подели Нобеловата награда за физика со германскиот физичар Карл Фердинанд Браун.
1938 Родена е американската филмска актерка Наташа Гардин, позната како Натали Вуд, една од ретките која стана филмска ѕвезда како дете со филмот „Чудо на 34 улица“ и успеа да оствари успешна филмска кариера. Таа глумеше во филмовите „Бунтовник без причина“, „Сјај во трева“, „Трагачи“ и „Приказна за западната страна“.
1944 Во „Волчја јама“ во Источна Прусија германскиот полковник фон Штауфенберг се обиде да изврши атентат врз Адолф Хитлер, но водачот на Третиот рајх во експлозијата беше само полесно ранет. Неуспешниот атентат главно го платија мноштво луѓе, вклучувајќи и повеќе германски високи офицери, како фелдмаршалот Ервин Ромел кој беше принуден да изврши самоубиство.
1945 Грчка воена единица го опколи македонското село Косинец, Костурско, и го малтретираше населението. Притоа уапси осум младинци и две жени. Повод за тоа беше кинењето на повикот за мобилизација и зборувањето на македонски јазик. Истовремено, една грчка воена единица го опколи македонското село Владово, Воденско, со цел со сила да ги натера Македонците да потпишат декларација дека се Грци и дека го сакаат кралот. Малубројните селани кои се најдоа во селото, штом разбраа за намерата на грчката единица, избегаа во планина.
1945 Умре Пол Валери, француски писател, еден од најголемите лиричари на Франција. Ја продолжи поезијата на симболистите, давајќи и нови тонови и построга форма. Најпознати дела му се поемите „Морнарски гробишта“ и „Младата Парка“, како и есеите „Вовед во методот на Леонардо да Винчи“ и „Танецот“. Роден е на 30 октомври 1871 година.
1969 Лунарното возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со астронаутите Нил Армстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод „Аполо 11“.
1974 Турската армија почна инвазија на Кипар, под изговор заштита на турските национални заедици. По инвазијата на третина од овој остров е формирана самопрокламираната „Турска Република Северен Кипар“. Освен Анкара, досега не ја признала ниту една друга држава.
1976 Американскиот вселенски брод без човечки екипаж „Викинг 1“ се спушти после 11 месеци летање на Марс и почна да испраќа на Земјата јасни снимки од оваа планета.
1982 Во експлозијата која ја предизвика Ирската републиканска армија во „Хајд паркот“ и „Риџентс парк“ во центрот на Лондон загинаа 10 британски војници.
1988 Јужна Африка, Ангола и Куба прифатија Договор за повлекување на странските трупи од Ангола и признавање на независноста на Југозападна Африка.
1989 Британската воена хунта го стави во куќен притвор водачот на опозицијата Аунг Сан Су Чи, поради нејзината отворена критика на бруталните методи на владеење на воениот врв.
1994 Шефот на израелската дипломатија Шимон Перес пристигна во посета на Јордан како највисок израелски функционер кој дотогаш ја посетил оваа соседна арапска земја.
1996 Во Бурунди бунтовниците од племето Хуту го нападнаа бегалскиот камп на ривалското племе Тутси, усмртувајќи околу 320 луѓе.
1997 Умре Лилјана Чаловска, македонска писателка. Автор е на книгите „Бдение за Виетнам“, „Антидневник“, „Пребир“ и други. Родена е во Софија, во 1920 година.
2000 Виетнам во Хо Ши Мин (поранешен Сајгон) отвори берза.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1542 Папата Павле Втори донесе одлука за основање на инквизиција во Рим.
1798 По победата на битката кај пирамидите, Наполеон Бонапарта стана владетел на Египет.
1898 Во Оук Парк, во државата Илиноис, е роден Ернест Милер Хемингвеј, американски писател. Учесник е во Првата светска војна, во Шпанската граѓанска војна и во Втората светска војна. За романот "Старецот и морето" во 1954 година ја доби Нобеловата награда за литература. Изврши самоубиство во својата куќа во Кечам, во американската сојузна држава Ајдахо, на 2.07.1961 година.
1940 Во Литва, Летонија и Естонија е воспоставена советска власт.
1962 Со решение на Извршниот совет на НР Македонија, името на Радио Скопје е променето во Радио-Телевизија Скопје.
1984 Во Скопје умре Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен доктор на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година. Роден е во Велес, на 20.11.1906 година.
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
356 год. п.н.е. е роден Александар Македонски :wink:
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
1542 Папата Павле Втори донесе одлука за основање на инквизиција во Рим.
1798 По победата на битката кај пирамидите, Наполеон Бонапарта стана владетел на Египет.
1898 Во Оук Парк, во државата Илиноис, е роден Ернест Милер Хемингвеј, американски писател. Учесник е во Првата светска војна, во Шпанската граѓанска војна и во Втората светска војна. За романот "Старецот и морето" во 1954 година ја доби Нобеловата награда за литература. Изврши самоубиство во својата куќа во Кечам, во американската сојузна држава Ајдахо, на 2.07.1961 година.
1940 Во Литва, Летонија и Естонија е воспоставена советска власт.
1962 Со решение на Извршниот совет на НР Македонија, името на Радио Скопје е променето во Радио-Телевизија Скопје.
1984 Во Скопје умре Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен доктор на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година. Роден е во Велес, на 20.11.1906 година.

Се е напишано само најважното не.На денешен ден "наводно" човекот (Нил Арстронг) слета на Месечината (студио во Лондон)
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
356 п.н.е.- Во Пела е роден Александар Македонски, една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник. Го порази огромното персиско царство и во своите походи стигна се до Индија. Умре во Вавилон, на 13.06.323 година п.н.е.
1908 Младотурците ја презедоа власта во Битола и ги ослободија сите затвореници.
1933 Американскиот авијатичар Вили Пост го изведе првото самостојно летање со авион околу Земјината топка.
1944 Создадена е првата народна власт во Полска. Овој ден се прославува како државен празник на НР Полска.
1948 Во Скопје, со одлука на Владата на Народна Република Македонија, е основан Институт за национална историја.
1962 Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1908 Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција.
1923 Грција, Турција и сојузничките сили во Првата светска војна ја потпишаа Лозанската декларација, врз основа на која е извршено принудно иселување на христијанското население од Турција во Грција и на муслиманското население од Грција во Турција, со што во голема мера е изменет националниот состав на Егејска Македонија.
1946 Во Пацификот, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија.
1957 Во Прилеп умре Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ, за вистината на Македонија. Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје, е осуден според Законот за кривични дела против народот и државата. Умре како маченик. Роден е во Прилеп, на 17.08.1902 година.
 

Sacansi*

Oh, crystal ball!
Член од
4 април 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
68
1969 - родена е Џенифер Лопез :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom