1364 -Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот римски император Нерон. Но, за тоа нема никакви докази во старите извори. Веднаш по катастрофата по наредба на царот, почнала планска изградба на Рим, така што сите згради морале да бидат ѕидани од камен отпорен на оган.
1374- Во Арква, во близината на Падова, умре Франческо Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса. Се смета за основач на модерната европска поезија и несомнено за еден од најсовршените поети во историјата на светската книжевност. Целиот негов живот и книжевно дело се обоени со неговата љубов спрема убавата Лаура. Светска слава стекна со делото "Канционер" - зборник од 366 сонети, канцони и мадригали. Роден е во Арецо, на 20 јули 1304 година.
1536 Со одлука на Парламентот во Англија е поништена власта на папата.
1610 Умре италијанскиот сликар Микеланџело Меризи да Караваџо, кој одлучно прекина со идеалистичкото сфаќање на сликарството и се ориентира кон натурализмот. Се служеше со контрасти на силна светлина и длабоки сенки. Значително влијаеше на француското и холандското сликарство во 17. век.
1635 Роден е англискиот физичар Роберт Хук, секретар на Кралското друштво во Лондон, кој ги усоврши барометарот, телескопот и микроскопот и прв ја откри ќелиската структура на билките. Го докажа движењето на Земјата и на гравитационите небески тела, а е автор и на законот за истегнување на еластичните тела („Хуков закон“).
1811 Во Калкута, Индија, е роден Вилијам Текери, англиски писател, еден од најзначајните сатиричари на 19 век. Во своите романи употребуваше реалистичен и саркастичен израз, критикувајќи ги негативните појави на тоа време. Најпознато негово дело е „Панаѓур на суетата“. Умре во Лондон, на 24 февруари 1863 година.
1817 Умре англиската писателка Џејн Остин. Дела: романите „Разум и чувствителност“, „Гордост и предрасуди“, „Менсфилд парк“, „Ема“, „Наговорање“.
1846- Во Бостон д-р В. Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија.
1877 Американскиот научник Томас Едисон во својот дневник запиша: „Нема сомнение, мене ми успеа да го забележам човековиот глас, што подоцна можам да го репродуцирам“. Веќе во декември 1877 година Едисон го патентира својот изум што го нарече „конзерва на човековиот глас“ - (фонограф, грамофон).
1883 Роден е рускиот револуционер од еврејско потекло Лав Борисович Розенфелд (Камењев), еден од првенците на Советска Русија после Октомвриската револуција во 1917 година. Од 1918 до 1926 година беше претседател на Московскиот совет, а потоа заменик претседател на Советот на народните комесари (влада) и еден од водачите на „нова опозиција“. Постхумно е рехабилитиран.
1887 Роден е водачот на норвешките нацисти Видкун Квислинг, претседател на окупаторската влада на Норвешка во Втората светска војна од 1942 до 1945 година. Неговото име стана синоним на предавство. Осуден е на смрт и стрелан во октомври 1945 година.
1898 Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, прв познат радиоактивен елемент.
1909 Роден е рускиот политичар Андреј Андреевич Громико, 28 години советски министер за надворешни работи. Во Втората светска војна беше советски амбасадор во САД, потоа во Обенидените нации, каде беше познат како „мистер њет“. Советската дипломатија ја предводеше од 1957 до 1985 година.
1913 Во Винсенс, Индијана, во САД, е роден Ред Скелтон, американски комичар. Умре во Лос Анџелес, на 17 септември 1997 година.
1918 Роден е јужноафриканскиот правник и државник Нелсон Ролихлахи Мандела, претседател на Јужна Африка и водач на Африканскиот национален конгрес во борбата против апартхејдот. Расистичкиот режим во Јужна Африка во 1962 година го осуди на пет години, а во 1964 година на доживотна робја. Од затвор, по огромниот притисок на светското јавно мислење како и јавноста во Јужна Африка, е пуштен во 1990 година, а шеф на државата стана во 1994 година.
1921 Роден е првиот американски астронаут Џон Глен, кој со вселенскиот брод „Меркјури - Атлас 6“ на 20 февруари 1962 година трипати ја обиколи Земјата.
1933 Роден е рускиот писател Евгениј Алексанрович Евтушенко. Дела: збирка песни и поеми „Патот на Ентузијастите“, „Лук и лира“, „Нежност“, „Моторен чамец за врска“, „Паѓаат бели снегови“, „Поетот во Русија е повеќе од поет“.
1949 Во Скутеч умре Вичислав Новак, истакнат чешки композитор и музички педагог, професор по композиција во Мајорската школа во Прага. Роден е во Коменија, на 5 декември 1870 година.
1951 Американскиот боксер од африканско потекло Џерси Џо Волкот на 37-годишна возраст ја освои титулата светски првак во тешка категорија, станувајќи најстар боксер на кого тоа му успеа.
1967- Во Охрид на Третиот црковно-народен собор, Светиот Синод на Македонската православна црква, донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј (Димитрија Стојковски). По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г. Гаврил (Ѓорѓи Милошевски), г. Михаил (Методи Гогов) и г.г. Стефан (Стојан Велјановски).
1986 Во Скопје умре Ванѓа Чашуле, истакнат македонски новинар, историчар, публицист и преведувач. Автор е на книгите „Од признавање до негирање“, „Биографијата на Гоце Делчев“, како и на други научни трудови. Носител е на „Партизанска споменица 1941“. Родена е во Радовиш, на 9 август 1923 година.
2003 Британската полиција го пронајде телото на д-р Дејвид Кели, еден од клучните сведоци за манипулацијата со наводно оружје за масовно уништуваање во Ирак. Наведено е дека извршил самоубиство.
2007 Најмалку 200 луѓе го загубија животот во авинска несреќа во Бразил. Авионот од типот „Ербас А320“ на бразилската компанија ТАМ, со 176 патници и членови на екипажот, се запали при слетување на аеродромот Конгоњас во Сао Паоло. Освен патниците во авионот, животот го загубија и голем број луѓе на земјата.