На денешен ден!

I

InF3cTeD

Гостин
1957 Роден е продуцентот Paul Hardcastle (1985 UK No.1 'Nineteen').

1961 Во Лондон премиерно се прикажува филмот 'The Young Ones' со Cliff Richard.

1964 UK No.1 Beatles 'I Feel Fine'

1966 USА No.1 Beach Boys 'Good Vibrations'

1967 Летајќи на концерт во Медисон, во ледената вода на езерото Монома се урива авионот што ги превезувал Otis Redding и неговиот бенд. Redding загинува, а со него и членовите на бендот Bar-Kays. Трубачот Ben Cauley е едниствениот преживеан.

1972 Роден е Brian Molko, вокалист и гитарист во Placebo (1997 UK No. 6 ‘Nancy Boy’).

1974 Родена е Meg White, тапанистка во White Stripes (2003 UK No.1 албум Elephant).

1983 USА No.1 Paul McCartney & Michael Jackson 'Say Say Say'

1983 Првата компилација 'Now That's What I Call Music' се искачува на првото место на британската албумска листа.

1988 USА No.1 Chicago 'Look Away'

1988 UK No.1 Cliff Richard 'Mistletoe And Wine'

1994 UK No.1 East 17 'Stay Another Day'

1994 Kenny G започнува двонеделен престој на првото место на американската албумска листа со 'Miracles- The Holiday Album'.

1998 Bruce Springsteen добива 2 милиони оштета за да се прекине продажбата на албум со раните снимки. Судскиот спор се водел меѓу Bruce и неговиот поранешен менаџер.

1999 Вербална војна избива меѓу Cliff Richard и George Michael откако George ја оквалификувал песната на Cliff Richards, 'Millennium Prayer', како 'грешна'. Cliff возвраќа со коментар дека песната во суштина е прослава на Христијанството.

2000 UK No.1 Eminem 'Stan'

2003 Пејачот на Coldplay, Chris Martin, се жени со актерката Gwyneth Paltrow во Калифорнија. Истовремено парот објавува и дека очекува дете.
 
C

Crazy Diamond

Гостин
11 декември:

- Ден на македонските студенти
- Ден на светите Петнаесет тивериополски маченици, заштитници на Струмица. - Патронен празник на Струмица.
1282.- Умре византискиот цар Михаило VIII Палеолог, основач на последната династија и обновител на Византија после латинската окупација која траеше 57 години, кога седиштето на царството е вратено од Никеј во Константинопол (Цариград). На престолот како совладетел на никејскиот цар дојде во 1259 година, а во 1261 година стана владетел на обновеното царство.
1475.- Роден е италијанскиот римокатолички свештеник Џовани де Медичи, кој од 1513 до неговата смрт во 1521 година беше папа под името Лав X. Како голем заштитник на уметноста Рим го направи центар на европската култура. Иако вложи силни напори, вклучувајќи ја и екскомуникацијата со основачот на протестанската црква во Германија Мартин Лутер, не успеа да го запре движењето на верските реформи за создавање на протестанската црква кои започнаа во текот на неговиот понтификат.
1803.- Роден е францускиот композитор Хектор Берлиоз, романтичар, создавач на дела со извонредни тонски бои. Дела: „Фантастична симфонија“, „Харолд во Италија“, „Ромео и Јулија“, „Фаустовото проклетство“, „Реквием“, оперите „Бенвенуто Челини“, „Тројанци“.
1810.- Роден е францускиот писател Луј Шарл Алфред де Мисе. Неговата несреќна љубов со писателката Жорж Санд го инспирира за најубавите и највозбудливите лирски песни „Ноќ“, „Писмо за Ламартин“ и “Исповед на едно дете од овој век“. Останати дела: стиховите „Приказни од Шпанија и Италија“, „Со љубовта не се игра“ и други.
1843.- Роден е германскиот бактериолог Роберт Кох, еден од основачите на бактериологијата, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1905 година. Во 1882 година го откри бацилот туберкулоза (Кохов бацил), симнувајќи го превезот на тајните за опасната болест која во 19. век ги косеше луѓето. Ги пронајде и предизвикувачите на колерата, болеста која низ историјата уништуваше цели области. Ги испитуваше тифусот и маларијата.
1849.- Родена е Елен Кеј, шведска писателка и педагог. Пишуваше за воспитувањето на децата, за социјалните прашања и за женското движење, а беше и истакнат борец за еманципација на жените. Напиша голем број книжевнокритички есеи. Умре на 25 април 1926 година.
1856.- Роден е рускиот филозоф и естетичар Ѓеорѓиј Валентинович Плеханов, еден од основачите на првата социјалдемократска организција и Втората интернационала. Дела: „Развој на монистичкиот поглед на светот“, „Анархизам и социјализам“, „За улогата на личностите во историјата“, „Основни прашања за марксизмот“, „Писма без адреса“,„Карл Маркс и Лав Толстој“ и други.
1858.- Роден е Владимир Иванович Немирович - Данченко, руски театарски режисер и писател. Заедно со Станиславски, во 1898 година го основа Московскиот художенствен театар, најдобриот руски театар и еден од најдобрите реалистични театри во светот. Умре на 25 април 1943 година.
1882.- Во Врацлав, Полска, е роден Макс Борн, германски и британски научник, светски теоретичар во областа на нуклеарната физика. Во 1954 година ја доби Нобеловата награда за физика. Умре во Гетинген, Германија, на 5 јануари 1970 година.
1885.- Роден е францускиот писател Емил Херцог, познат како Андре Моро, кој пишуваше романи, есеи и романсирани биографии. Дела: романите „Поднебја“, „Семеен круг“, биографиите „Бајрон“, „Викто Иго“, „Животот на Балзак“.
1894.- Во Париз е отворена првата светска автомобилска изложба на која беа претставени девет произведувачи.
1910. - Во Солун е роден Димо Тодоровски, академик, познат македонски вајар од првата генерација вајари кои ја втемелија оваа ликовна уметност кај нас. Тој беше единствениот склуптор што се појави меѓу двете светски војни во Македонија. Умре во Скопје, на 27 април 1983 година.
1918.- Роден е рускиот писател Александар Исајевич Солжењицин, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1970 година. Дела: „Онколошка клиника“, „Август Четиринаесеттата“, „Црвениот велосипед“, „Русија во бездна“, „Заробеници“, „Ленин во Цирих“, „Тенковите ја знаат вистината“, „Паразит“.
1918. - Во Љубљана умре Иван Цанкар, словенечки писател и публицист. Негови познати дела се "Слугата Јернеј и неговото право", "Кралот на Бетајнова", "Под крстот" и други. Роден е во Врхника, на 10 мај 1876 година.
1937.- Италија се повлече од Друштвото на народите.
1941. - САД им објави војна на Германија и на Италија.
1946. - Со одлука на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации основан е Меѓународниот фонд на ОН за помош на децата (УНИЦЕФ). Како најблагородна организација на ОН во 1965 година, ја доби Нобеловата награда за мир. Седиштето на УНИЦЕФ е во Њујорк.
1972. - Американските астронаути и членови на екипажот на вселенскиот брод "Аполо 17" стапнаа на Месечината. Тоа беше последната мисија во рамките на американската програма "Аполо".
1973.- Западногерманскиот канцелар Вили Брант и чехословачкиот претседател на владата Лубомир Штроугал потпишаа договор со кој формално го поништија Минхенскиот пакт од 1938 година, со кој Велика Британија и Франција и ја отстапија на Германија областа Судет во Чехословачка.
1987. - Во Лос Анџелес, САД умре Саша Хајфец, еден од најголемите виртуози на виолина на 20 век. На 12-годишна возраст, по концертот во Лондон, Фриц Хеслер, во тоа време водечки вилоинист во светот, кога го слушна Хајфецовиот звук без трошка завидливост на собраните музичари им рече: "Господа, мислам дека е време да ги оставиме виолините, ова е неповторливо". На 16-годишна возраст ја напушти Русија и се насели во САД. Роден е во градот Вилна, Русија, во 1901 година.
1990. Во Албанија е дозволено формирање на опозициски политички партии.
1991.- Во Стокхолм умре Артур Лунквист, шведски писател и академик. Напиша повеќе од стотина книги и објави околу илјада новински текстови. За негова заслуга се смета презентирањето на многубројните странски автори пред шведската јавност. Добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1997 година. Роден е во 1906 година.
1991.- Лидерите на 12-те земји на Европската заедница создадоа лабава федерација со заедничка надворешна политика и единствена валута од 1999 година.
1992.- Советот за безбедност на Обединетите нации одлучи да испрати 800 „сини шлемови“ во Република Македонија.
1994.- Руски трупи влегоа во Чеченија за да ги смират сепаратистички побунувања во автономната република и воспоставија редовна управа од страна на централната влада.
1995.- Израелските трупи врз основа на мировниот договор меѓу Израел и Палестинската ослободителна организација го напуштија Наблус, завршувајќи ја 28-годишната окупација на најголемиот палестински град на Западниот Брег.
1996.- Во Битола е одржано Основачкото собрание на Националниот сојуз на студентите на Македонија.
1998.- При падот на „Ербас“ на авиокомпанијата „Тај Ервејз“ на една поплавена плантажа на југот на Талјанд, загинаа 101 патник и член на екипажот.
2001.- Кина стана членка на Светската трговска организација.
2004.- Во Скопје умре Јадранка Владова, македонски разкажувач, литературен теоретичар, есеист и преведувач. Меѓу десетиците дела спаѓаат „Измислување на светот“, „Девојчето со две имиња“ (романи за деца), „Волшебноста на зборот“ (есеи и критики) и други дела. Родена е во Скопје, на 20 април 1956 година.
2007.- Во две паралелни експлозии во Алжир, загинаа 67 луѓе, од кои пет беа вработени лица во Обединетите нации. Целта на едниот напад беше Канцеларијата на УНХЦР во алжирската престолнина, а другата бомба експлодира недалеку од зградата на Врховниот суд. Зад нападот најверојатно стои северноафриканскиот огранок на Ал Каида, кој дејствува под името Ал Каида во исламска северна Африка. Овој напад во Алжир беше поголем од нападот врз ОН во август 2003 година кога беа убиени 22 припатниците на ОН, меѓу кои и шефот на мисијата во Ирак Серхи Виел де Мел.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1642- Холандскиот морепловец Абел Тасман го откри островот Нов Зеланд, кој се наоѓа во југозападниот дел на Тихиот Океан, југоисточно од Австралија. Британска колонија е од 1841 година, а британски доминион е од 1907 година, кога влезе во составот на Британската заедница на народите на независна држава.
1821 Во Руан е роден Гистав Флобер, француски писател, еден од основачите на реализмот во француската литература, блескав стилист. Беше песимист, скептик и непристрасен набљудувач на фактите. Како противник на граѓанското лицемерие, врвно ги сликаше секојдневниот живот и личностите од провинцијата. Напиша две театарски дела, неколку новели и остави многу значајни обемни дела. Негови најзначјни дела се романите „Сентиментално воспитување“, „Госпоѓа Бовари“, „Саламбо“ и „Искушението на Антони“. Умре на 8 мај 1880 година.
1922- Во Бенешов, кај Прага, е роден Франтишек Вацлав Мареш, чешки професор по славистика на Виенскиот универзитет, научник од светски ранг кој има извонредни заслуги за афирмацијата на македонистиката во светот. Беше член надвор од работниот состав на МАНУ. Умре во Виена, на 3 декември 1994 година.
1929- Роден е Џон Озборн, англиски драмски писател. Се прослави со драмата "Сврти се во гневот", во која го опишува револтот на својата генерација (млади гневни луѓе) против уништената младост и хаотичната иднина на современиот свет.
1963- Кенија стана независна држава и беше прогласена за република во рамките на британскиот Комонвелт.
1974 Генералното собрание на ООН ја усвои Повелбата за економските должности и правата на државите.
1979- НАТО дозволи инсталирање на евроракети во Европа.
1983- Во Скопје умре Дарко Дамески, еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Во 1952 година ја заврши Државната средна театарска школа во Скопје. Беше член на Драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар во Скопје. Во 1964 година, Дамески стана член на Драмскиот театар на чија сцена оствари четириесетина ликови во кои дојде од израз приврзаноста кон театарската уметност. Во историјата на македонскиот филм неговото име е забележано уште во самите почетоци во "Волчја ноќ ", а потоа следуваат уште триесетина главни улоги, речиси во сите македонски филмови. Ликот на Дарко Дамески беше присутен и на малиот екран, почнувајќи од првите ТВ драми на ТВ Скопје, до речиси сите телевизиски серии и други позначајни емисии и проекти. Последните години од животот ги посвети на монодрамата преку која остваруваше најширок контакт со публиката. Роден е во Прилеп, на 12. мај 1932 година.
1993 Во Будимпешта, од срцев удар почина премиерот на Унгарија, Јожеф Антал.
1997 Во Париз почна судењето на Карлос Шакалот, "професионален револуционер" од Венецуела, чие вистинско име е Илич Рамирез Санчез. Тој е обвинет за некои од најспектакуларните герилски операции во 70-те и 80-те години.
1997 Пијаното на познатиот композитор и диригент, Леонард Бернштајн на една аукција во Сотби е продадено за 387.500 американски долари.
1999 Во Скопје е основана Обединета партија на Ромите во Македонија. За претседател е избран Неждет Мустафа.
2000 Етиопија и Еритреа во Алжир потпишаа мировен договор со кој форлмано заврши двегодишната погранична војна во која загинаа десетици илјади луѓе.
2001 По дводневното судење, францускиот мајор Пјер Анри Бинел е осуден на пет години затвор, од кои три условно, заради оддавање воени тајни околу подготовките на НАТО за бомбардирањето на Србија (СРЈ) во 1998 година.
2003 Умре азербејџанскиот државник Хајдар Алиев, претседател на Азербејџан до пред самата смрт, кој повеќе од три децении беше клучен фактор во азербејџанската политика. Пред смртта обезбеди на функцијата претседател на државата да го замени неговиот син.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1204.Умре Мојсие Мајмоинид, еврејски филозоф, лекар, математичар и астроном, како и следбеник на Аристотел. Најважното негово филозофско дело е „Водич на љубовта“. Напиша и повеќе астрономски и математички расправи и 18 медицински трактати со теории многу пред времето во кое живееше.
1466 Во Фиренца умре Донати ди Николо ди Бето Барди - Донатело, италијански скулптор, еден од најпознатите ренесансни уметници кој ги надмина средновековните модели на скулпторското однесување. Познати се неговите дела „Давид“ (прв европски бронзен акт по антиката), релјефи во базиликата „Свети Антон“ во Падова и други. Роден е во Фиренца, во 1386 година.
1553 Роден е францускиот крал Анри IV, прв монарх од династијата Бурбон. Во текот на владеењето од 1589 до смртта во 1610 година, кога беше убиен од еден католички верски фанатик, и го врати внатрешниот мир на Франција, а учествуваше и економски и политички со што ја зајакна кралската власт. Андри IV традиционално го сметаат за најголемиот владетел во историјата на Франција, познат како „Андри добриот“.
1570 Данска ја призна независноста на Шведска.
1642 Холандскиот морепловец Абел Тасман ја откри земјата на која и го даде името холандска провинција Нов Зеланд, но поради стравот од домородците не се истовари. Заслуга за октривањето на Нов Зеланд има и англискиот морепловец Џејмс Кук, кој во 1769 година се истовари на еден од новозелендските острови.
1780 Роден е рускиот дипломат Карл Роберт Васиљевич Неселрод. Беше министер за надворешни работи на Русија од 1822 до 1856 година. Одговорен е за влегувањето на Русија во Кримската војна против Османликското царство во 1853 година. Во оваа војна на Русија и се придружија Франција, Велика Британија и Сардинија. По рускиот пораз во 1856 година поднесе оставка.
1784 Умре англискиот писател и лексикограф Семјуел Џонсон, чиј „Речник за англиски јазик“ од 1755 година повеќе од еден век важеше за најавторитетен за англиското говорно подрачје. Останати дела: трагедијата „Ирена“ и критичкото дело „Животите на поетите“.
1797 Во Дизелдорф е роден Хајнрих Хајне, германски поет, чија поезија претставува врвен дострел на германскиот романтизам. Неговата светска слава се темели врз лирската „Книга на песни“ и врз подоцнежните збирки „Нови песни“ и „Ромецеро“. Умре во Париз, на 17 февруари 1856 година.
1816- Роден е Ворнер фон Сименс, германски пронаоѓач и индустријалец, еден од пионерите на електротехниката. Го усоврши телеграфот со стрелки, ја изгради првата подолга телефонска линија во Европа (1849), ја пронајде динамо-машината и друго. Умре во 1892 година.
1862 Во битката кај Фредериксбург во Американската граѓанска војна, генералот Роберт Ли со 80.000 војници од северна го победи генералот Амброаз Бејсад од јужната страна кој командуваше со повеќе од 150.000 војници. Во текот на тешките борби по должината на реката Масапонакс Бејсад изгуби околу 14.000 војници.
1869- Роден е Анри Матис, француски сликар и вајар. Почна како фовист, но со време стана попрефинет и сликаше со отмен колорит, за да заврши на крајот со чиста демокративност. Силно влијаеше врз модерното европско сликарство, чиј е еден од главните претставници. Умре на 3 ноември 1954 година.
1881- Во Загреб умре Аугуст Шеноа, хрватски писател, автор на реалистички раскази и фељтони, романтичарски песни и историски романи. Шеноа беше влијателен театарски критичар. Заслужен е за создавањето на современата хрватска проза. Најпознато негово дело е романот "Селанска буна", како и романите "Златаревото злато", "Диогенеш", "Клетва", "Чувај се од сењската рака", "Питачот Лука" и комедијата "Љубица". Роден е во Загреб, на 14 ноември 1838 година.
1937 Јапонските трупи го окупираа кинескиот град Нанкинг. Во текот на наредните шест недели настрадаа околу 200.000 Кинези, повеќето цивили. Кинеската историографија овој период го опиша како „силување на Нанкинг“.
1939 Во првата голема поморска битка во Втората светска војна британските крстосувачи „Ексетер“, „Ајабк“ и „Ахил“ кај заливот Ла Плата во Атлантскиот Океан тешко го оштетија и онеспособија гераманскиот воен брод „Адмирал Граф фон Шпе“, кој претходно во текот на гусарските крстарења во јужниот Атлантик и Индискиот Океан потопи девет трговски брода.
1944 Јапонски авион наполнет со експлозив, со кој управуваше пилот-самоубиец (камиказа), удри во американскиот крстосувач „Нешвил“ и усмрти 133 членови на екипажот.
1981 Претседателот на Полска Војчех Јарузелски воведе вондредна состојба во земјата. Беше забранета натамошната активност на т.н. синдикат „Солидарност“.
1983- Во Букурешт умре Никита Станеску, еден од великаните на романската литература. Првата збирка песни "Смислата на љубовта", ја објави во 1960 година. Во богатото поетско творештво во повеќе од две децении објави околу 30 книги поезија и спаѓа меѓу најплодните европски поети. Неговите дела се преведени на многу странски јазици. Трипати едноподруго ја доби наградата на Сојузот на писателите на Романија, а добитник е и на Хардеровата награда за литература во 1976 година и на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1981 година. Роден е во Плоешти, во 1922 година.
1988 Во Конго е потпишан протоколот со кој Ангола, Куба и Јужна Африка со посредство на Советскиот Сојуз и на САД и обезбедија пат кон независноста на Намибија (Југозападна Африка) и крај на граѓанската војна во Ангола која почна во 1975 година.
1991 Поранешните советски републики Казахстан, Киргизија, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан се приклучија во Заедницата на Независни Држави.
1992 На границата меѓу Република Македонија и Албанија беа отворени три нови гранични премини.
1994 Претседателот на Намибија Сам Нујом и неговата владејачка партија се прогласени за победници на првите избори по стекнувањето независност на државата.
1995 Генералното собрание на ОН во Њујорк, со мнозинство гласови гласаше во полза за итно запирање на нуклеарните проби кои се изведуваат во Франција и Кина, единствени земји што изведуваат контроверзни проби.
1995 Европскиот парламент ја прими Турција во европската Царинска унија, и покрај бројните забелешки кон Анкара за кршење на човековите права.
2001 Пет исламски терористи-самоубијци влегоа во Конгресната зграда во Њу Делхи при што во судирот со обезбедувањето загинаа вкупно 14 лица, вклучително и терористите. Индија за вмешаност во овој терористички акт обвини две милитантни исламистички групи од Пакистан.
2003 Американските трупи во Ирак кај Тикрит го уапсија веќе соборениот ирачки претседател Садам Хусеин. Садам се криеше откако во јуни истата година американските сили го скршија отпорот на Ирачаните.
2003 Американскиот претседател Џорџ Буш го потпиша законот со кој се воведени санкции против Сирија заради наводно нејзини врски со терористите.
2006 Белгиската национална телевизија во ударниот вечерен термин приреди симулација за отцепување на Фландрија. Дури 89 отсто од гледачите изјавија дека поверувале дека Белгија престана да постои според наводните одлуки на фламанското собрание. Веста сериозно ја сфатија дури и некои меѓународни и дипломатски кругови.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1503.Роден е францускиот астролог Мишел де Нотр-Дам, познат како Нострадамус, личен лекар на францускиот крал Шарл IX, познат по своите предвидувања за иднината. Ја напишал книгата „Пророштва“ во која, најчесто на заобиколен и нејасен начин, ги предвидува случувањата во иднината.
1546 Роден е данскиот астроном Тихо Брахе, кој ја подигна прочуената опсерваторија „Уранијенбург“ на островот Хвен од каде речиси две децении ги набљудува планетите, посебно Марс. Ја откри новата звезда во соѕвездието Касиопија.
1788 Умре германскиот композитор, чембалист и диригент Калр Филип Емануел Бах. Беше приврзаник на „чувствителниот стил“. Дела: дваесеттина симфонии, околу 60 концерти за клавир, камерна музика, сонати за клавир, кантати.
1799- Умре Џорџ Вашингтон, американски национален јунак и прв претседател на САД (1789 - 1797). За претседател е избран и по вторпат во 1792 година. На третите избори одби да се кандидира и се повлече од политичкиот живот. Роден е на 22 февруари 1732 година.
1824 Роден е Пиер - Сесил Пувис де Шаванес, француски сликар. Умре на 24 октомври 1898 година.
1900 Германскиот физичар Макс Планк ја објави „квантната теорија“, според која радијациската енергија потекнува од невидливи делови, кванта, и не е континуирана, како што порано се мислеше.
1911- Експедицијата на норвешкиот поларен истражувач Роналд Амудсен стапи на Јужниот пол, дотогаш неосвоена точка на нашата планета. Еден месец подоцна тоа го направи и англискиот истражувач Роберт Скот.
1913 Гричкиот остров Крит по Балканските војни и официјално стана дел на Грција.
1918 Во Лисабон е убиен претседателот на Португалија Сидонио Паеш.
1918 На изборите во Велика Британија жените за првпат гласаа и им беше овозможено да се кандидираат за парламент.
1935 Првиот претседател на Чехословачка Томаш Масарик поднесе оставка на функцијата шеф на државата, а по четири дена него го наследи дотогашниот шеф на дипломатијата Едуард Бенеш.
1937 Јапонија воспостави марионетска кинеска влада во Пекинг.
1939 Друштвото на народите го исклучи Советскиот Сојуз поради напад врз Финска.
1941Владата на Кралството Унгарија им објави војна на САД.
1955- Австралија, Албанија, Бугарија, Јордан, Камбоџа, Либија, Унгарија и Цејлон беа примени за членки на Обединетите нации.
1959 Архиепископот Макариос Трети стана првиот претседател на Кипар.
1960 Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за давање независност на земјите под колонијална управа и тој датум се одбележува како Ден на деколонизацијата. Во Декларацијата стои дека Обединетите нации „се уверени дека постоењето на колонијализмот го спречува развојот на меѓународните економски соработки и ги оневозможува социјалниот, културниот и економскиот развој на зависните народи“ и дека колонијализмот „е спротивен на идеалите за светски мир“.
1960 Организацијата за економска соработка и развој е основана со потпишувањето на Париската конвенција, која стапи на сила во септември 1961 година.
1962 Првата влада во која доминираа Африканци во британската колонија Северна Родезија (сегашна Замбија) ја формираше водачот на борбата за независност на земјата, Кенет Каунда.
1964- Во Скопје, од едно импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола (по земјотресот на 26 јули 1963 година на Скопје му беа подарени стари репортажни коли од Велика Британија и од Италија), е емитуван првиот македонски ТВ Весник на РТВ Скопје. Со тоа почна редовната програма на ТВ Скопје.
1974- Умре Волтер Липман, американски новинар. Тој остави длабоки траги во модерната политичка историја на Америка. Липман не ја создаваше политиката на САД, ниту беше одговорен за неа, но со своите толкувања, поддршки и негирања, значително влијаеше врз насоката во која одеше Америка. Роден е на 23 септември 1889 година.
1981 Израел ја анектираше Голанската висорамнина која ја презеде од Сирија во војната во 1967 година.
1983- Во Скопје умре Иван Антонов, доајен на македонското радио и телевизиско спикерство. За сите генерации слушатели на Радио Скопје или гледачите на Телевизија Скопје, Антонов беше и ќе остане еден од ненадминатите спикери. Неговата спикерска дејност започнува од 1947 година. За својата работа и за извонредното залагање е одликуван со Орден на трудот со сребрен венец. Роден е во село Хума, Гевгелиско, на 1 мај 1924 година.
1984 Вашингтон и Хавана го потпишаа првиот договор по 1977 година, со кој е прецизирано 20.000 Кубанци да можат годишно да добиваат дозвола за населување во САД.
1989 Умре рускиот нуклеарен физичар Андреј Димитриевич Сахаров, долгогодишен борец за политичка слобода и човекови права, како и противник на режимот на Леонид Брежњев. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1975 година. Творец е на советската хидрогенска бомба, но подоцна стана силен противник на нуклеарното вооружување.
1989 Опозицискиот лидер Патрисио Ајлвин е избран за претседател на Чиле на првите слободни избори во земјата од 1970 година. Претходниот демократски избран шеф на државата, социјалистот Салвадор Аљенде беше убиен во воениот пуч во 1973 година, кој беше потпомогнат од страна на САД.
1997 Новоизбраниот претседател на Иран Мухамед Хатами изјави дека е подготвен да го обнови дијалогот со САД. Тоа беше прва официјална најава по исламската револуција во земјата во 1979 година, кога САД и Иран се здобија со епитетот „големи сатани“.
1997 Во Рим, на 33-годишна возраст умре Џовани Ањели, "некрунисаниот крал" на концернот ФИАТ, наследник на целокупното царство на ФИАТ.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
37.-Роден е римскиот цар Нерон Клавдиј Цезар Август Германик, еден од најконтроверзните владетели во историјата на Римското царство. На престолот во 54 година го донесе неговата мајка Јулија Агрипин Помладата, која претходно го отру царот Клавдиј, на кого му беше четврта жена.
1675 Умре холандскиот сликар Јан Вермер, кој се вбројува меѓу најголемите уметници во историјата на сликарството иако изработи само околу 40 слики. Најчесто работеше фигури во енертиер, а неговите композиции се одликуваат со хармоничност, духовност и поетичност, математичка точност, блескав колорит и светлина. Дела: „Жена со писмо“, „Девојката со ѓерданот“, „Во атеље“, „Млекарка“, „Час по музика“, „Девојката со турбанот“, „Поглед на Делфт“, „Уличката во Делфт“.
1711 Во Копенхаген изби епидемија на чума, усмртувајќи илјади животи.
1806 Францускиот цар Наполен Први влезе со трупите во Варшава.
1832- Роден е Александар Густаф Ајфел, француски инженер и градител на познатата Ајфелова кула во Париз која е висока 320 метри. Позната е и неговата конструкција на Статуата на слободата на влезот во њујоршкото пристаниште. Умре во 1923 година.
1840 Ковчегот со посмртните останки на францускиот цар Наполен Први беше положен во „Домот на инвалидите“ во Париз, 19 години по неговата смрт на островот Света Елена.
1852 Роден е францускиот физичар Антоан Анри Бекерел, пронаоѓач на радиоактивниот зрак (Бекерелови зраци), добитник на Нобеловата награда за физика во 1903 година. Во негова чест мерната единица за радиоактивност е наречна бекерел.
1859 Роден е полскиот лекар и филолог Лазар Лудвиг Заменхоф, творец на меѓународниот јазик есперанто. Првиот учебник на тој јазик го објави во 1887 година, под псевдонимот д-р Есперанто (оној кој се надева). Есперанто не стана меѓународен јазик во пошироката употреба како што се надеваше неговиот творец, но е најважниот и најраширениот од сите вештачки јазици.
1874 Владетелот на Сандвичките Острови (сегашните Хаваи) Дејвид Калаку стана првиот крал кој на покана на претседателот Симпсон Грант ги поседи САД.
1875 Над англискиот град Чатам, на височина од околу 30-ина метри прелета „летечка машина“, чудна комбинација на чадор и змев.
1890 Убиен е индијанскиот полгавар „Бикот што седи“, водач на племето Сијукс, врз основа на наредбата на повереникот на владата на САД во резерватот во Јужна Дакота. Го предводеше сојузот на племињата, познат како „Дакота“. Се бореше против бруталната политика на САД која систематски се спроведуваше врз Индијанците. Тој беше најзаслужен за победата на неговите сонародници во битката кај Литл Биг Хорн во 1876 година кога беше уништен дел од Седмата коњаничка дивизија под команда на Џорџ Кастер.
1897 Умре францускиот писател Алфонс Доде. Пишуваше романи, драми и новели. Дела: „Сафо“, „Нума Руместан“, „Бесмртник“.
1901 Во селото Д`мбени, Костурско, е роден Атанас Близнаков, основач на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, прв од ваков вид на Универзитетот, од која се стипендираат студенти кои покажуваат особени резултати во студиите. Умре во Скопје, на 10 јули 1998 година.
1910 Во селото Горно Борди, Серско, е роден Михаил Сматракалев (познат под псевдонимот како Ангел Жаров), македонски револуционер, публицист и писател, еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938 - 1941), од 1992 година почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Во 1935 година од печат излезе неговата прва и единствена објавена поетска книга на македонска тема „Бура над родината“. Автор е и на делата „Македонскиот литературен кружок“, „Модрите широчини на татковината“ и „На македонски теми“. Умре во Софија, на 16 април 1998 година.
1938 Загина рускиот пилот Валериј Павлович Чкалов испробувајќи го новиот тип на ловечки авион. Тој се прослави со многу потфати, вклучувајќи го и прелетувањето преку Северниот пол. Во 1937 година го изведе летот преку најсеверната точка на земјата без спуштање, прелетувајќи со авионот „Ан-25“ за 64 часа и 25 минути 12.000 километри од Москва до американскиот град Ванкувер кај Портланд, а со тоа постави светски рекорд. Во чест на тој сензационален лет, во Ванкувер му е подигнат споменик и посветен музеј.
1944 Во Скопје почна Првата национална конференција на Антифашистичкиот фронт на жените на Македонија. Конференцијата ја отвори Мара Нацева, а политички реферат поднесе Веселинка Малинска. Притоа е избран Главен одбор на АФЖ на Македонија, а за претседател е избрана Васка Циривири.
1945 Во селото Нестрам, Костурско, грчките власти изведоа пред суд 61 Македонец, бидејќи своите деца ги учеа да пишуваат и да читаат на свој мајчин македонски јазик.
1945- Симфонискиот оркестар на денешната Македонска филхармонија го оддржа својот прв симфониски концерт.
1946- Во Скопје започнаа првите предавања на Филозофскиот факултет. Основањето на Филозофскиот факултет претставува значаен настан за целокупната културна преродба на македонскиот народ, израз на стремежите на македонскиот народ, што побрзо да ја надмине заостанатоста наследена од минатото и да зачекори кон посветла иднина. Наставата на филозофскиот факултет беше тесно сврзана со науката и затоа тој беше и остана силен двигател на научната мисла во општествените науки сврзани со македонскиот национален дух и неговата историја.
1961- Судот во Ерусалим го осуди на смрт нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, одговорен за смртта на повеќе стотици илјади невини цивили во Втората светска војна.
1961 Генералното собрание на Обединетите нации го отфрли советскиот предлог за прием на Кина во светската организација.
1964 Собранието на Канада го прифати новото национално знаме - црвено бело во водорамни полиња при што на централното бело поле се наоѓа црвен јаворов лист. Знамето беше општоприфатено како симбол на Канада.
1966- Во Бурбанк, Калифорнија, умре Волт Дизни, познат северноамерикански цртач и филмски продуцент, творец на модерниот цртан филм. Роден е во Чикаго, на 5 декември 1901 година.
1970 На Венера се спушти советскиот вселенски брод „Венера 7“ од кој сигналите стигнуваа само неколку минути кои дадоа одговори на многу прашања.
1974 Умре Анатол Литвак, американски филмски режисер. Роден е во 1902 година.
1978 Претседателот на САД Џими Картер соопшти дека неговата земја од 1 јануари 1979 година ќе воспостави дипломатски односи со Кина, а односите со Тајван ќе ги прекине.
1989 Собранието на Панама го именува за претседател на владата генералот Антонио Норијег, поранешен штитеник на САД, и прогласи дека Панама „е во воена состојба“ со САД.
1991 Пред египетското пристаниште Сафага фериботот „Салем Експрес“ удирајќи во корален гребен потона, усмртувајќи 474 патници.
1991 Во Скопје, во Гранд хотел „Скопје“, за првпат се одржа манифестацијата за избор на најубава Ромка во Република Македонија. Титулата најубава ја понесе Лиза Јашарова.
1993 Во Њујорк умре Мирна Лој, американска филмска актерка. Има остварено улоги во повеќе од 120 филмови. Родена на е на 2 август 1905 година.
1994 По едномесечна политичка криза, Џон Брутон стана нов премиер на Република Ирска.
1997 Во Скопје умре Тома Киров, еден од основоположниците на македонскиот театар. Роден е во 1926 година.
1997 Умре Илија Црвенов, оперски пејач, првенец на Операта при Македонскиот народен театар и еден од доајените на македонската оперска уметност. Роден е во 1937 година.
1999 Шефот на УНМИК Бернар Кушнер ја формираше преодната влада на Косово за што во Приштина потпиша документот со албанските политички претставници. Документот е напишан на англиски и на албански јазик и е донесен без консултација со претставниците на Србија. Извршниот одбор на Српскиот национален совет на Косово и Метохија заклучи дека со создавањето на преодната влада УНМИК го продлабочил јазот меѓу Србите и Албанците.
1999 Во Собранието на Република Македонија е извршена свечена инаугурација на новиот (втор по ред по осамостојувањето, по Киро Глигоров) претседател на Република Македонија Борис Трајковски.
2000 Украинскиот претседател Леонид Кучма нареди да се затвори нуклеарната електрана во Чернобил во која 14 години претходно се случи најголемиот инцидент во историјата на нуклеарните централи.
2004 На југот на Франција свечено е отворен највисокиот друмски мост во светот „Мијо“, чиј највисок столб има 340 метри. Мостот, долг два километри, е заеднички француско-британски потфат.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1531.Папата Клемент VII нареди во португалската престолнина Лисабон да отпочне инквизицијата.
1538 Папата Павле III го исклучи од римокатоличката црква англискиот крал Хенри VIII кој претходно себе се прогласи за поглавар на Англиканската црква.
1718 Англија и објави војна на Шпанија.

1749 Роден е Доменико Чимароза, италијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа. Компонираше претежно комични опери. Умре на 11 јануари 1801 година.
1778 Роден е англискиот хемичар Хамфри Дејви, претседател на Кралското друштво во Лондон, кој со помош на електролиза прво го доби натриумот, а потоа калиумот и калциумот во елементарна форма. Докажа дека хлорот е хемиски елемент, како и тоа дека некои киселини не содржат кислород. Ја пронајде рударската лампа и го откри електричниот лак.
1788 Под команда на маршалот Григориј Потемкин, Русите ги победија Турците и го зазедоа црноморскиот град Очаков.
1830 Во Санта Марта, во Колумбија, умре Симон Боливар, јужноамерикански војсководец и државник, водач на револуцијата, кој независност од Шпанија прво и донесе на денешна Венецуела, а потоа и на Колумбија, Еквадор, Панама, Перу и на Боливија. Стана симбол на борбата за независност на Латинска Америка. Роден е во Каракас, Венецуела, на 24 јули 1783 година.
1881 Умре Луис Хенри Морган, американски етнолог и социолог. Неговите студии за животот на американските Индијанци му послужија на Енгелс како основа за книгата „Потеклото на фамилијата, приватната сопственост и државата“. Роден е на 21 ноември 1818 година.
1903- Во Северна Каролина, во САД, Орвил Рајт (1871 - 1948), со леталото "Флаер - 1", изврши прв лет на растојание од 36,5 метри, со брзина од 48 км. на час и на височина од 2,5 до 3,5 метри за 12 секунди.
1907- Во Белфаст умре Вилијам Томсон Келвин, англиски физичар. Работеше на воведување на апсолутен систем на единици и мерења, учествуваше во полагањето на трансатланскиот телефонски кабел и изработи температурна скала. Роден е на 26 јуни 1824 година.
1919- Во Кан умре Пјер Огист Реноар, француски сликар, еден од најголемите сликари на своето време. Најпознати негови слики се "Капачки", "Мулен" и "Лука". Со своите слики првпат се појави на изложбата на импресионистите во Париз, во 1874 година. Роден е на 25 февруари 1841 година.
1922 Последните британски војници ја напуштија Република Ирска.
1962 Во Скопје умре Крсто Гермов - Шаќир војвода, македонски револуционер, прилепско-мариовски војвода, учесник во Илинденското востание и во Балканските војни. По ослободувањето на Македонија стана народен пратеник и како најстар пратеник, на 1 септември 1946 година, во Скопје го отвори Првото заседание на Македонското народно собрание. Роден е во Прилеп, во 1876 година.
1971 Индијско-пакистанската војна која се водеше заради Источен Пакистан (сегашен Бангладеш) заврши со предавање на 90.000 пакистански војници.
1983 Во пожар во една десеткатница во Мадрид загинаа 83 луѓе.
1985 Воената влада на Уганда и нејзините герилски ривали договорно ја поделија власта и ја окончаа петгодишната граѓанска војна.
1987- На островот Маун Дезерт, во американската држава Мејн, умре Маргарет Јурсенар, француска писателка, романсиер, есеист, драматург, прва жена примена во француската академија (1980). Првиот роман "Алексис или залудната борба" го објави во 1929 година. Својот најпознат роман "Хидријановите мемоари" го објави во 1951 година. Последните четириесет години од животот живееше во САД. На француски преведуваше американски класици, грчка поезија и јапонска литература. Родена е во Брисел како Маргарет де Креанкур, во 1903 година.
1987- Во Скопје умре примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски, прв примариус и прв специјалист по општа медицина во Македонија. Учествуваше во НОВ, беше член на АСНОМ, секретар на Владата на НР Македонија и помошник министер за народно здравје. Со својот труд даде огромен придонес за развој на здравството во Македонија. Роден е во Свети Николе, во 1911 година.
1989 На првите директни претседателски избори во Бразил после 29 години победи Фернандо Колор де Мело.
1991 Турција ги призна сите советски републики, кои прогласија независност.
1993 Финска ја призна Република Македонија. Претседателот Мауно Коивисто го објави признавањето на службен прием и му врачи акт и го овласти Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Македонија.
1993 Во Лас Вегас, во Невада, САД, Фудбалскиот сојуз на Македонија е примен за придружен член на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
1996 Бунтовниците на перуанското левичарско герилско движење „Тупак Амар“ ја зазедоа јапонската амбасада во Лим, заканувајќи се дека ќе ги убие сите 490 заложници доколку власта во Перу не ги ослободи од затвор неговите 300 соработници.
1996 Генералното собрание на Обединетите нации за нов генерален секретар на светската организација, со петгодишен мандат, го избра дипломатот од Гана Кофи Анан, кој стапи на должноста на 1 јануари 1997 година, заменувајќи го египетскиот дипломат Бутрос Гали, чиј реизбор го спречија САД.
1997 Табо Мбеки го наследи Нелсон Мандела на функцијата претседател на јужноафриканската владејачка партија Африкански национален конгрес.
1998 САД ја поддржаа Велика Британија во започнатиот четиридневен воздушен напад врз Ирак, чии мети, како што беше официјално соопштено, беа нуклеарните, хемиските и биолошките ирачки воени потенцијали.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1398.Монголско-туранскиот војсководец Тамерлан (Тимур Ленк) го зазеде индискиот град Делхи.
1644 Веднаш по полнолетството на престолот застана шведската кралица Кристина Аугуст, која одма и стави крај на војната со Данска, а во 1648 година и на Триеседгодишната војна со што Шведска стана голема сила на Балтикот. Абдицираше во 1654 година кога се откри дека тајно премина во римокатоличката вера која тогаш беше забранета во Шведска.
1709 Родена е руската царица Елисавета Петровна Романов, ќерка на Петар Велики. Нејзиното владеење од 1741 до 1762 година не е карактеристично со територијално проширување на Русија како што беше карактеристично за нејзиниот такто, како и за Катерина Велика, која на престол дојде неколку месеци по смртта на Елисавета.
1737 Умре Италијанецот Антонио Страдивари, најпознат светски мајстор на виолини и други гудачки инструменти. Направи околу 1.100 виолини, виоли и гитари. Со неговиот потпис сочувани се околу 500 виолини, 12 виоли и 50 виолончела. Стручњаците не ја открија тајната на совршеството на резонанците на неговите виолини. Се знае дека дрвото го купуваше во Далмација, главно елово и врбово, но не се знае хемискиот состав на лакот - од светло црвена до темно црвена - со кој ги премачкуваше инструментите.
1786- Во Ојтин е роден Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент. Покрај Шуберт, тој е главен претставник на германскиот романтизам. Познати се неговите опери "Евријанте", "Волшебниот стрелец" и "Оберон". Умре во Лондон во 1826 година.
1803 Умре германскиот писател, историчар, филозоф и протестантски теолог Јохан Готфрид фон Хердер, кој со делото „Идеи за филозофија на историјата на човештвото“ значително влијаеше на младиот Јохан Волфганг Гете, на книжевното движење „ssturm und drang“ и на целиот германски романтизам. Едно од најголемите негови дела е збирката на народни песни „Гласови на народот во песните“.
1828- Силен земјотрес го разурна јапонскиот град Нагаока, во кој загинаа 30.000 луѓе.
1829- Умре Жан Батист Ламарк, француски природнонаучник и филозоф, основач на учењето за развитокот на живите суштества. Според него, живите суштества ја менуваат структурата и некои органи, зависно од животните потреби, а потребите се менуваат со промена на околината. Роден е на 1 август 1744 година.
1856 Роден е англискиот физичар Џозеф Џон Томсон, претседател на Кралското друштво во Лондон, професор на Универзитетитот во Кембриџ, како и добитник на Нобеловата награда за физика во 1906 година. Во 1897 година го откри електронот, како и атомската структура на електрицитетите и ја даде научната основа за спроведување на електрицитетот низ гасовите.
1863 Роден е австроунгарскиот престолонаследник надвојводата Франц Фердинанд. Неговото убиство во Сараево во 1914 година Австроунгарија го искористи како изговор за напад врз Србија, почнувајќи ја така Првата светска војна.
1865- Укинато е ропството во Соединетите Американски Држави.
1903 Со меѓусебен договор меѓу Америка и Панама, зоната на Панамскиот канал е ставена под контрола на САД.
1911 Роден е францускиот филмски режисер Жил Дасен. Филмови: „Брутална сила“, „Рифифи“, „Оној кој мора да умре“, „Закон“, „Федра“.
1913- Роден е Вили Брант, западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на СР Германија. Како канцелар (1969-1974), со своето поклонение на жртвите на фашизмот во Варшава во 1970 година придонесе за унапредување на односите меѓу СР Германија и источноевропските земји. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1971 година. Умре во Укел, кај Бон, на 8 октомври 1992 година.
1916 Французите кај Верден прецизно ги утврдија точките на Западниот фронт по десетмесечните битки во Првата светска војна против Германците. Во најмасовната и најкрвавата битка во војната, загинаа 543.000 Французи и 434.000 Германци.
1935 Едвард Бенеш е избран за претседател на Чехословачка, четири дена по оставката на првиот шеф на државата Томаш Масарик.
1940 Со тајниот план под шифрата „Операција Барбароса“, германскиот водач Адолф Хитлер му нареди на Генералштабот на германската армија да подготви инвазија врз Русија во Втората светска војна.
1941- Во Вашингтон почна конференцијата на претставниците на 26 држави - сојузнички во Втората светска војна. Беше решено на 1 јануари 1942 година да се објави декларација на сојузниците за тоа дека ќе ја продолжат војната против силите на Оската и против нивните приврзаници се до нивната капитулација и дека нема да се склучува примирје со непријателот.
1947 Роден е американскиот филмски режисер Стивен Спилберг, автор на низа исклучително финансиски успешни филови. Филмови: „Нешто ѓаволско“, „Дуел“, „Тексас експрес“, „Ајкула“, „Блиски средби од трет вид“, триологијата за Индијана Џонс, „Шиндлеровата листа“.
1948 Холандија ја обнови офанзивата врз бившата колонија Индонезија (Холандска Источна Индија) која прогласи независност во 1945 година. Ја зароби владата на Ахмед Сукарно, прекршувајќи го договорот со кој во 1946 година ја призна неговата влада. Сукарно и уште десетмина водачи беа истерани во прогноство, но под притисок на движењето на отпорот и светското јавно мислење Холандија со договорот во Хаг во 1949 година безусловно го призна суверенитетот на Индонезија, без Западен Иријан.
1956- Јапонија е примена за член на Организацијата на Обединетите нации.
1958 Прогласена е Република Нигер, како самостојна држава во Екваторијална Африка. Дотогаш беше француска колонија.
1961 Индиската армија влезе во Гоа, португалска колонијална енклава на западниот брег на Индија. Гоа беше португалска колонијална енклава од самиот почеток на 16. век.
1965- Девет африкански држави ги прекинаа дипломатските односи со Велика Британија, откако Лондон му даде поддршка на расистичкиот режим во Родезија.
1970- Во Италија е усвоен Законот за развод на бракот и покрај големото противење на Католичката црква.
1972 Американците во Виетнамската војна отпочнаа со масовно бомбардирање на главниот град на Виетнам, Ханој. Во текот на 12-деноноќно бомбардирање, наречено „божикно бомбардирање“, бомбите од џиновските авиони „В 52“ усмртиле повеќе од 1.600 виетнамски цивили. Исто така загинаа и беа заробени 70 американски пилоти.
1973 Сирија одби да учествува на женевските разговори за Блискиот Исток.
1980 Умре советскиот државник Алексеј Николајевич Косигин, претседател на Советскиот Сојуз. Во Црвената армија стапи во 1918 година како доброволец. Од 1964 година по падот на Никита Хрушчов, до пред самата смрт ја обавуваше должноста претседател на Министерскиот совет (влада).
1994 Поранешниот американски претседател, Џими Картер пристигна на сараевскиот аеродром, со што ја започна втората етапа од својата посредничка мисија во БиХ.
1995- Во Фулда умре Конард Цусе, германски научник пронаоѓач на компјутерот. Тој го конструира првиот електронски компјутер во светот под назив З3, во 1941 година. Бидејќи Германија беше во војна, оваа новина не можеше веднаш да се презентира. Едно независно истражување во САД доведе до конструирање на сличен апарат во 1944 година под називот Мар 1. Роден е во 1910 година.
1995 Во несреќата на заирски патнички авион, кој се урна во северна Ангола, загинаа 141 патник и член на екипажот.
1999 Претседателката на Шри Ланка Кандрика Кумаратунга е повредена во експлозија на една од двете бомби во која загинаа 33, а беа ранети 137 лица. Власта за овој терористички акт во Коломбо ги обвини тамилските сепаратисти.
2001 Умре францускиот пејач Жилбер Беко, шансоњер кој скоро половина век компонираше повеќе од 400 песни, вклучувајќи ја и прочуената „Натали“. Неговиот хит „А сега“, доживеа голем успех во англиска верзија во интерпретација на Френк Синатра и Барбара Стрејсенд.
2005 На претседателските избори во Боливија победи Евро Морале, како припадник на индијанскиот народ Ајмари.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1741.На островот кој потоа го доби неговото име, умре рускиот истражувач од данско потекло Витус Беринг. Преминот кој ги спојува Северниот леден и Тихиот Океан е наречен по него - Берингов проток. На враќањето по морето кое исто така го носи неговото име, претрпе бродолом и мораше да отседне на дотогаш непознатиот остров.
1793 Францускиот генерал Наполеон Бонапарта ја извојува првата значајна воена победа, поразувајќи ги Англичаните и заземајќи го Тулон, што беше негов прв чекор кон преземање на апсолутна власт во Франција во 1799 година.
1842 САД ја признаа независноста на Хаваи. Во оваа пацифичка земја во која доселениците од САД пристигнуваа од 1820 година, одземајќи ја земјата од домородците, само формално стана самостојна. Хавајската династија во 1875 година прифати целосна политичка и економска зависност од САД кои во 1898 година Хаваи го претворија во колонија. Со одлука на американскиот Конгрес во 1959 година, Хаваи станаа 49. држава во САД.
1848 Умре англиската писателка од ирско потекло Емили Бронте, која се прослави со романот „Оркански висови“.
1851 Умре англискиот сликар Џозеф Малорд Вилијам Тарнер, извонреден пејзажист. Неговите дела се пропратени со импресионизам.
1863 Англискиот пронаоѓач Фредерик Колтон во Лондон го патентираше линолеумот.
1897 Роден е словачкиот писател Јан Чајак. Дела: „Семејството Ровесни“, „Зузка Туранова“ и други.
1906 Роден е рускиот државник Леонид Иљич Брежњев, генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, кој на власт дојде во 1964 година, а остана до крајот на својот живот во 1982 година. По долг период на ладни односи придонесе за воспоставување дијалог со САД.
1906 Во Цриквеница е роден Мирослав Шпилер, хрватски композитор и диригент. Умре во Сараево, на 1 декември 1982 година.
1907 Во селото Долна Грашница, во близина на Ќустендил, умре (таму е и погребан) Димитрија Поп Георгиев - Беровски, македонски револуционер, учител, војвода, идеен водач на Разловечкото (1876) и Кресненското востание (1878) против турското владеење, близок соработник на Гоце Делчев. Роден е во Берово, во 1840 година.
1915 Родена е француската пејачка од италијанско потекло Едит Џована Гасион, позната како Едит Пјаф, наречена „Малото врапче“, симбол на француската шансона. Компонираше шансони и пишуваше текстови за нив. Дела: автобиографијата „Мојот живот“, „На балот на успехот“.
1921- Во селото Небрегово, Прилепско, е роден Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет, научник, чие творечко истражување даде огромни резултати во македонската литература во областа на културната историја на македонскиот народ. Во 1945 година ја објави првата книга, поемата "Мостот", а потоа и делата "Земјата и љубовта", "Песни", "Стари и нови песни", "Чешмите", "Послание", "Светото на песната и легендата" и други. Автор е на повеќе значајни трудови, меѓу кои и на "Граматиката на македонскиот јазик", "Историјата на македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици и јазикот на македонската народна поезија". Се занимаваше и со преведувачка дејност. Неговите дела се преведени на повеќе странски јазици. Покрај другите награди, Конески е добитник и на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1981 година. Умре во Скопје, на 7 декември 1993 година.
1940- Како врховен командант на Вермахтот, Адолф Хитлер ја потпиша "Директивата број 1", за напад на Советскиот Сојуз, позната во историјата на Втората светска војна како "План Барбароса".
1941 По неуспешната офанзива на Москва во Втората светска војна, германскиот водач Адолф Хитлер ја смени командата на копнените трупи на фелдмаршалот Валтер фон Браухич и лично ја презеде командата над армијата.
1942- Во манастирот Прилепец, Прилепско, во борба против бугарската окупаторска фашистичка војска и полиција, откако беа предадени, загинаа деветмина борци на партизанскиот одред "Ѓорче Петров". Борбата на Прилепец претставува легенда за херојството на македонските партизани во борбата за слобода.
1946 Во Индокина почна ослободителната војна на единиците под водство на Хо Ши Мин против француските колонијални трупи.
1950 Советот на НАТО го именуваше американскиот генерал Двајт Ајзенхауер за врховен командант на силите на воениот блок во Европа.
1972 Капсула на вселенскиот брод „Аполо 17“ се спушти во Тихиот Океан, со што заврши „Аполо“ - американска програма за човечки летови на Марс.
1984 Британскиот премиер Маргарет Тачер и нејзиниот кинески колега Џао Чијанг во Пекинг го потпишаа договорот според кој Хонгконг (британскиот назив беше Викторија) од 1 јули 1997 година, по 99 години под британска управа - преминува под суверенитет на Кина.
1991 Германската влада ги призна Словенија и Хрватска.
1991 Собранието на Република Македонија ја усвои Декларацијата за меѓународно признавање на Република Макеоднија како суверена и независна држава.
1991 На патот Скопје - Белград, во сообраќајна несреќа загина Јордан Мијалков, прв министер за внатрени работи на Република Македонија по прогласувањето на сувереноста и независноста. Роден е во Штип, на 11 декември 1932 година.
1996 Умре италијанскиот филмски глумец Марчело Мастројани, успешен како комичар, романтичен херој, драмски глумец, љубовник и други ликови. Филмови: „Хроника за сиромашните љубовници“, „Белите ноќи“, „Сладок живот“, „Развод на италијански начин“, „Ноќ“, „Семејна хроника“, „Приватен живот“, „Мирис на жените“ и други.
1996 Умре Јулиј Харитон, еден од најпочитуваните руски научници. Се смета за татко на советската атомска бомба. Роден е во 1904 година.
1997 Во Индонезија се урна млазен авион "боинг 737" на сингапурската авиокомпанија "Силк ер", кој леташе од Сингапур за Џакарта. Во несреќата загинаа 104 лица.
1997 Во Токио умре Масару Ибука, соосновачот на „Сони Корп“, предводник на усовршувањето на магнетофони, транзистори и на телевизискиот систем Тринитрон. Роден е во 1908 година.
2000 Во Скопје, во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, беа промовирани првите подофицери за основни командирски должности за пешадискиот род на Армијата на Република Македонија, школувани според стандардите на НАТО.
2001 Во експлозија за време на социјалните немири ширум Аргентина, масовно беа пљачкани продавниците, при што загинаа 27 луѓе. Претседателот Фернандо де ла Руа прогласи вонредна состојба, но следниот ден и самиот поднесе оставка, како и владата на Аргентина.
2003 Либија, САД и Велика Британија истовремено потврдија дека постигнале договор со кој владата во Триполи се согласува да се откаже од својата програма за производство на хемиско, биолошко и нуклеарно вооружување и дозволи безусловна меѓународна контрола на своите постројки.
2004 Во Сан Марино, Италија, умре Рената Тебалди, италијанска оперска дива. Родена е во 1922 година.
2004 Во две експлозии на автомобил-бомба во шиитските градови Наџаф и Карбал во централен Ирак, загинаа најмалку 60 луѓе, а повеќе од сто беа ранети.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1118.Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас Бекет, кој во 1170 година беше погубен поради противењето на политиката на англискиот крал Хенри Втори. Претходно беше близок пријател на кралот и негов канцелар до изборот за надбискуп во 1162 година. Противејќи се на ограничувањата на црковната власт, посебно на судството, во 1164 година емигрираше во Франција. По враќањето, одби да положи заклетва пред кралот „Кларендонски правила“ за односите меѓу црквата и државата и со одлука на Хенри Втори беше погубен во Кентерберската катедрала. Беше прогласен за светец во 1173 година и неговиот гроб во катедралата стана едно од попривлечните места за верниците во седновековна Европа.
1375 Умре Џовани Бокачо, славен италијански писател и хуманист. Пишуваше песни, романи и новели. Најпознато дело му е "Декамерон", збирка од сто новели. Во ова дело на најдобар начин е регистриран ренесансниот дух, кој ја отфрли средновековната строгост, алегоричноста и опседнатоста со вонземски живот. Од "Декамерон" земаа методи Молиер, Шекспир, Марин Држиќ и други. Познати се неговите дела "Дантеовиот живот" и "Физаметас".
1639 Роден е Жан Расин, француски поет и драмски писател од епохата на класицизмот. Негови познати дела се „Андромаха“, „Британикус“, „Федра“, „Парничари“ и други. Умре на 21 април 1699 година.
1781 „Патентот за толеранција“ кој го изработи австрискиот цар Јосиф Втори, ги изедначи сите вероисповести во Монархијата. Тогаш беше овозможено вработување и на неверниците во државната служба, што дотогаш беше привилегија исклучиво на римокатолиците.
1804 Роден е англискиот државник и писател Бенџамин Дизраели, основач и водач на конзервативците. Беше двапати премиер, првпат во 1869, и вторпат од 1874 до 1880 година. Дизраели беше еден од главните протагонисти на експанзиската политика на Велика Британија во втората половина на 19. век. Почна освојувачка војна против Бурите во 1877 година, војуваше против Авганистан и го стави под британски протекторат, а во 1878 година го освои и Кипар. Беше противник на Русија и Франција, а ги поддржуваше Австроунгарија и Турција.
1817 Гувернерот Лаклан Меквори формално го прифати називот „Австралија“ за британска колонија.
1842 Роден е рускиот револуционер Петар Алексеевич Кропоткин, анархистички теоретичар и противник на марксизмот. Дела: „Взаемна помош“, „Големата Француска револуција“, „Записи на револуционерите“.
1873 Во Дубровник е роден Благое Берса, истакнат хрватски композитор. Значително влијаеше врз помладите генерации на хрватските композитори. Умре во Загреб, на 1 јануари 1934 година.
1879 Во Горки, Грузија, е роден Јосиф Висарионович Џугашвили - Сталин, советски државник и политичар, долгогодишен раководител на КПСС и на СССР, еден од водачите на антихитлеровската коалиција за време на Втората светска војна и врховен командант на оружените сили на СССР, маршал и генералисимус. Умре во Москва, на 5 март 1953 година.
1892 Родена е англиската писателка Ребека Вест. Нејзиното право име е Сесилија Изабела Ферфилд. По престојот во Кралството Југославија во 1937 и во 1941 година го напиша опсежното патеписно-историско дело „Црното јагне и сивиот сокол“. Останати дела: романите „Војниковото враќање“, „Судија“, „Харијет Хјум“, студиите за велепредавство „Значењето на предавството“, „Воз со барут“.
1900 Американскиот лекар Волтер Рид со експеримент врз еден доброволец успеа да докаже дека жолтата треска ја пренесуваат еден вид комарци. Неговото откритие доведе до отстранување на оваа болест.
1901 Италијанскиот научник Гуљелмо Маркони, од градот Полди во Корнвол, Англија, со помош на антена испрати еден единствен сигнал, буквта С од Морзеовата азбука, преку Атлантикот, на оддалеченост од 3.000 километри. Приемот стигна во Њуфаундленд, во САД.
1917 Роден е германскиот писател Хајнрих Теодор Бел, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1972 година, мајстор за кратки приказни доловувајќи ја атмосферата на ликовите и ситуациите во неколку реченици. Дела: „И не кажувај ни збор“, „Куќа без чувар“, „Мислењето на еден кловн“, „Групна слика со дамата“, „Возот беше точен“, „на крајот од службениот пат“.
1918 Роден е австрискиот политичар Курт Валдхајм. Од 1972 до 1981 година беше генерален секретар на ОН. Како офицер во германската војска во текот на Втората светска војна се наоѓаше на територијата на Југославија и на Грција, за што постојат сериозни индиции дека тогаш стори воени злосторства. Од 1985 до 1992 година беше претседател на Австрија.
1937 Родена е американската филмска глумица Џејн Фонда, ќерка на филмската ѕвезда Хенри Фонда. Беше општествено ангажирана, посебно против учеството на САД во Виетнамската војна, но и на други полиња, против расизмот и борец за правата на жената.
1922 Во Кавадарци е роден Мито Хаџивасилев - Јасмин, македонски револуционер, мислител, државник, новинар и публицист. Умре во Врела, кај Макарска, на 1 август 1968 година.
1937 Во Холивуд е одржана премиерата на филмот „Снежана и седумте џуџиња“ на Волт Дизни, првиот целовечерен цртан филм во филмската историја.
1940 Умре американскиот писател Френсис Скот Ки Фиџерланд, претставник на „изгубената генерација“ и „времето на џезот“ по Првата светска војна. Дела: романите „Големиот Гетсби“, „Блага е ноќта“, збирка песни, есеи и белешки „Прскање“, збирката приказни „Приказни од времето на џезот“.
1945 Умре американскиот генерал Џорџ Смит Патон, од последици во сообраќајна несреќа во Германија. Во Втората светска војна се истакна како енергичен и вешт командант на оклопните единици. Дела: „Војната како што јас ја гледав“.
1945 Грчката жандармерија го уапси секретарот на реонскиот комитет на КПГ, Таки Белчев и офицерот на ЕЛАС, Понто Влахов од селото Пилкади, Костурско. Идниот ден во селото Калевишта, Костурско на ѕверски начин беа убиени.
1953 Поранешниот ирански претседател на владата Мухамед Мосадик, кој беше сменет со воениот удар во август 1953 година, беше осуден на три години затвор поради наводниот обид за бунт против шахот Резе Пахвали. Во 1944 година ја водеше борбата против странските петролејски компании, но во август 1953 година беше соборен од местото претседател на владата.
1958 Гернералот Шарл де Гол е избран за прв претседател на Петатта република. Со новиот устав тој се здоби со овластувања какви што до тогаш немал ниеден претседател на Франција.
1967 Во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, умре Луис Ваткански, првиот човек на кого му беше трансплатнирано срце. Неговото срце работеше во неговите гради 18 дена по пресадувањето.
1968 Соединетите Американски Држави го лансираа кон Месечината космичкиот брод "Аполо - 8" со човечки екипаж (Френк Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс). Бродот десет пати ја обиколи Месечината и на 27 декември 1968 година успешно се спушти на Земјата.
1972 Источна и Западна Германија постигнаа договор за добрососедски односи и воспоставија дипоматски врски, формално завршувајќи го непријателството кое траеше повеќе од две децении.
1988 Авион на американската компанија „Пан Ам“ на линијата Лондон - Њујорк експлодира врз шкотското место Локерби. Во несреќата загинаа 259 луѓе во авионот „боинг 747“ и 11 лица на земја. Либија подоцна беше обвинета дека е одговорна за овој терористички напад.
1989 Претседателот на Романија Николае Чаушеску прогласи вонредна состојба во жупанијата Тимиш, во која два дена претходно избија масовни демонстрации против неговиот режим. Немирите набрзо се проширија и во Букурешт, а по неколкудневните демонстрации и судири, поради тоа што војската застана на страната на побунетите, неговиот режим е симнат. По судењето, за многу кратко време заедно со Елена, неговата сопруга, беа стрелани во дворот на касарната во Трговиштe.
1993 Јапонија ја призна Република Македонија.
1993 Претседателот на Русија Борис Елцин го распушти Министерството за безбедност, наследник на моќната тајна полиција КГБ, кажувајќи дека тоа го сторил затоа што Министерството пропуштило благовремено да го предупреди на опасниот развој на случувањата и затоа што тие сили кои со децении ги застрашувале граѓаните не е можно да се реформираат.
1994 Русија успешно ја тестира новата интерконтинентална ракета на полигонот во Плесец, во северниот регион Архангел. Ракетата "Топол - М", претставува прва ракета целосно направена во Русија, која ќе ги замени седумте поранешни видови на ракети што беа произведени во Украина.
1994 Група селани во Перу, открија 30 добро сочувани мумии од периодот пред Инките, во една пештера, во југоисточниот дел на земјата. Археолозите веруваат дека откриените мумии се стари 800 години.
1994 Република Македонија и Ватикан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
1995 Во Бадрашин, град 28 километри јужно од Каиро, загинаа 75 луѓе кога патнички воз удри во друг воз во густа магла.
1999 Во Скопје умре Војкан Јовановиќ, првенец на Операта на Македонскиот народен театар. Роден е во Ниш, во 1964 година.
2001 Американски авиони усмртија 65 луѓе при бомбардирање на конвојот со возила на авганистански племенски водачи кои патувале за Кабул за да учествуваат на прогласувањето на новата влада.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1639 Роден е францускиот писател Жан Расин, истакнат претставник на класицизмот кој во своите дела до совршенство ја доведе француската трагедија. Пишуваше со многу мелодичен стил. Дела: трагедиите „Андромаха“, „Федра“, „Британикус“, „Берениса“, „Митридат“, „Аталија“, комедијата „Парничари“ и други.
1666 Умре италијанскиот сликар Гверчино, припадник на болоњската сликарска школа, водечки мајстор на барокот. Најмногу сликаше цркви и палати, а особено е познат по композицијата „Аурора“ во римската палата Касино Лудовизи, која е еден од најубавите примери на илузионерското сликарство.
1790 Руските трупи под командата на Александар Суворов ги разбија Турците и го зазедоа градот Исмаил, важно пристаниште на Дунав.
1858 Во Лучи е роден Ѓакомо Пучини, по Верди најголем италијански оперски композитор. Се здоби со светска слава со оперите „Тоска“, „Мадам Батерфлај“, „Макон Леско“ и „Боеми“. Умре во Брисел, на 29 септември 1924 година.
1880 Во Лондон умре Мери Ан Еванс, позната под псевдонимот Џорџ Елиот, англиска писателка. Автор е на многу познати романи за англиското село, меѓу кои се „Воденицата на Флоси“, „Сајлес Марнер“, „Адамс Бид“, „Ромола“ и други. Родена е на 22 ноември 1819 година.
1894 Францускиот артилериски капетан Алфред Драјфус беше осуден на доживотна робија, врз основа на монтираното обвинение дека на Германија и продавал воени тајни. Беше испратен во еден од најлошите затвори во светот, на Ѓаволските острови во Француска Гвинеја. Во негова одбрана застана најславниот писател во тоа време Емил Зола кој во отвореното писмо до претседателот на Републиката храбро и одлучно ги образложи сите факти и изрази уверување дека Драјфус е невин. Во 1906 година Драјфус беше рехабилитиран, вратен во војската и унапреден во чин мајор.
1895 Германскиот физичар Вилхелм Конрад Рендген ја направи првата рендген снимка. Снимката ја направи на раката на неговата сопруга.
1902- Во Крушево е роден Васил Иљоски, академик, еден од најпознатите драмски писатели меѓу двете светски војни, книжевен научник, есеист и истакнат педагошки работник, автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик. Меѓу неговите најзначајни дела се: "Бегалка", "Ленче Кумановче", "Чорбаџи Теодос", "Чест", "Кузман Капидан", "Син и татко", "Окрвавен камен", "Свадба" и други. Од особено значење се и неговите трудови од областа на фолклорот, филологијата и литературата. Умре во Скопје, на 1 ноември 1995 година.
1908- Во Велес е роден Кочо Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература. Во 1939 година во Загреб ја отпечати познатата стихозбирка "Бели мугри", која претставува вреден израз на стремежите на македонскиот народ и дефинитивно утврдување на македонскиот јазик и афирмацијата на македонската национална култура. Загина во несреќен и нејасен случај во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница, Кичевско, на 13 јуни 1943 година.
1917 Во Брест-Литовск во Првата светска војна почнаа мировните преговори меѓу Германија и новата руска влада воспоставени со Октомвриската револуција.
1920 Во Париз е роден Пјер Каст, француски режисер и писател. Умре во Париз, на 21 октомври 12984 година.
1940 Во сообраќајна несреќа загина американскиот писател Натаниел Вест. Дела: романите „Госпоѓиците со осамени срца“, „Добар милион“, „Ден на скакулците“.
1942 Американски бомбардери го нападнаа главниот град на Бурма (денешен Мјанмар) - Рангун (денешен Јангон), кој во Втората светска војна беше окупиран од Јапонија.
1943- Се одржа прв конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). Одлуките на овој конгрес имаа за цел да ја засилат борбата против окупаторот, да се ангажира младината во создавањето на народната власт, да работи на културно-просветното поле и друго.
1944 Умре американскиот филмски глумец Хри Ленгдон, глумец со детски лик, еден од највпечатливите ликови во американската бурлеска во времето на немиот филм. Филмови: „Насилник“, „Долги пантолони“, „Тројца се веќе премногу“.
1944 Во провинцијата Каобанг, од партизанските трупи, одредите за самоодбрана и народна одбрана, формиран е првиот одред на Виетнамската ослободителна армија.
1947 Формирани се македонските градежни претпријатија „Маврово“ и „Бетон“.
1956 Последните британски и француски војници кои учествуваа во Суетската војна (нападот врз Египет) го напуштија египетското пристаниште, градот Порт Саид.
1958 На двегодишнината од Суетската војна, Франција и Египет потпишаа трговски договор.
1969 Умре американскиот филмски режисер од австриско потекло Џозеф фон Штернберг визуелен перфекционист, мајстор на светло и контраст. Филмови: „Подземје“, „Синиот анѓел“, „Мароко“, „Една американска трагедија“, „Шангај експрес“, „Црвена кралица“, „Шангасјко подземје“, „Макао“.
1979 Умре американскиот филмски продуцент Дерил Френсис Занук, кој во 1933 година ја основа филмската компанија „Tventi sencceri foks“. Беше продуцент на низа значајни филмови: „Се за Ева“, „Вива Запата!“, „Најдолгиот ден“, „Корени на небото“, „Младиот господин Линколн“.
1984 Во Скопје, во составот на весникот „Вечер“ излезе првиот број на „Единство“, весник на Републичката конференција на Сојузот на резервните воени старешини на Македонија.
1988 Јужна Африка потпиша договор со Обединетите нации, со кој и даде независност на Намибија, последната колонија на Африканскиот континент, поранешна германска колонија (Југозападна Африка) од Првата светска војна која беше под управа на Британија.
1989 Умре ирскиот писател Семјуел Бекет, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1969 година. Дела: „Марфи“, „Крај на играта“, „Последна лента“, „Игри без зборови“, „Среќни денови“, „Игра“, „Не јас“.
1992 Во Триполи беше соопштено дега загинаа сите 158 Либијци и странци при падот на либијскиот авион „боинг 727“. Авионот леташе на домашна линија.
1993 Алина Фернандес Ревуелта, ќерка на кубанскиот претседател Фидел Кастро, ја напушти Куба и доби политички азил во САД.
1993 Јужноафриканскиот „бел“ парламент ја оконча ерата на апартхејдот, со што беше овозможено одржувањето на првите серасни избори во историјата на Јужна Африка.
1994 Италијанскиот премиер Силвио Берлускони поради обвинение за корупција поднесе оставка.
1995 Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.
1996 Герилците на перуанското левичарско движење „Тупак Амаро“ со „безжичен гест“ како што го нарекоа, во јапонската амбасада во Лима ослобидија 225, а задржаа 140 заложници.
2001 Водачот на племето Паштуни во Авганистан Хамид Карзаи на церемонијата во Кабул положи заклетва како претседател на привремената влада.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.955
Поени од реакции
12.566
На денешен ден во 2012 наводно ќе се десело нешто....буахаххахаха
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1777.Роден е рускиот цар Александар Први Павлович Романов. Тој е познат по спроведувањето на серија пролиберални реформи од самиот почеток кога седна на престолот во 1801 па речиси до неговата смрт во 1825 година. Во 1807 година склучи сојуз со францускиот цар Наполеон Први против кого претходно војуваше во сојуз со Австрија, Прусија и Англија. Од Шведска ја презеде Финска, која во 1809 година беше приклучена на Русија како големо кнежество под руската круна. Кон Русија ја припои Полска освен деловите кои им припаѓале на Прусија и Австрија, а по победата во војната со Османлиското царство и Бесарабија. Сојузништвото беше раскинато со Наполеоновиот поход на Русија во 1812 година, кога француската армија го претрпе пресудниот пораз, а Александар Први триумфално влезе во Париз. Во вториот период од владеењето ги напушти пролибералните тендецнии и стана вистински мистик.
1790 Роден е францускииот ориенталист Жан Франсоа Шамполион, основач на египтологијата. Дешифрира 1.822 египетски хиероглифи од плочата пронајдена во 1799 година во египетското место Решид и утврди дека хиероглифите не се само симболичко туку и фонетско писмо.
1804 Роден е францускиот писател Шарл Огистен Сент Бев, најистакнат претставник на француската книжевна критика. Почна со романтичарски песни и со романот „Наслада“, а потоа потполно се посвети исклучиво на книжевната критика и историја. Останати дела: песните „Животот, поезијата и мислите на Жозеф Делорм“, критиките „Книжевни портрети“, „Пор-Ројал“, „Разговори во понеделник“.
1810 Роден е германскиот египтолог Карл Ричард Лепсијус, кој се смета за основач на модерната археологија. Неговите „Египетски хронологии“ претставуваат темел во научното изучување на раната египетска историја.
1832 Франција го зазеде Антверпен, принудувајќи ја Холандија да ја признае независноста на Белгија.
1834 Умре англискиот економист и демограф Томас Роберт Малтус.
1861 Османлиското царство беше принудено да го прифати обединувањето на Влашка и Молдавија. Тогаш е формирана Романија.
1872 Умре францускиот писател Теофил Готје. Дела: „Госпоѓицата де Мопен“, „Капетан Фракус“, „Историја на романтизмот“.
1902 Во Велес, во близина на училиштето „Св. Ѓорѓи“, во борба против турската патрола (откако претходно беше поткажан), за да не падне жив во рацете на непријателот се самоуби Миле Поп Јорданов, македонски револуционер и учител. Македонскиот народ го овековечи со песната „Бог да го прости Миле Поп Јорданов, кој загина за народот и за Македонија“. Роден е во Велес, во 1878 година.
1906 На врвот Петлец, кај селото Русиново, Беровско, во борба против османлиската војска загина Дамјан Јованов - Даме, учител, еден од основачите на ВМРО во Солун, во 1893 година, истакнат организатор и раководител на националноослободителното движење на македонскиот народ на крајот на 19. и почетокот на 20. век. Потекнува од ѕидарско-печалбарско семејство. Се школуваше во родното место - селото Смилево, Демирхисарско, а потоа во Солунската машка гимназија. Од 1891 до 1893 година беше учител во селото Смилево и во Прилеп. Од летото 1894 година почна да ги формира првите револуционерни комитети на македонската револуционерна организација во повеќе градови и села во Македонија. Беше учител во Штип и инспектор во Солунско, а потоа и гимназиски наставник во Битола и раководител на Битолскиот револуционерен округ. Во август 1900 година беше уапсен и затворен во битолскиот затвор, а од мај 1902 година беше заточен во Подрум Кале, во Мала Азија. Беше претседател на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМОРО од 2 до 7 мај 1903 година, на кој беше избран за член на Главниот штаб на востаниците на претстојното Илинденско востание, во кое активно учествуваше. По неуспехот на востанието ја продолжи својата револуцинерна дејност. Во 1904 година претседаваше на Прилепскиот подвижен конгрес, а извесно време беше и претседател на Окружниот комитет на Скопскиот револуционерен округ и на Рилскиот конгрес, во октомври 1905 година. Роден е на 19 јануари 1871 година.
1918 Роден е германскиот државник Хелмут Шмит, еден од лидерите на Социјалдемократската партија, кој по повлекувањето на Вили Брант, од 1974 до 1982 година беше канцелар на Западна Германија. Претходно во владата на Брант од 1969 до 1972 година беше министер за одбрана, а од 1974 министер за стопанство и за финансии.
1920 Франција и Велика Британија ја одобрија конвенцијата со која се одредени границите на Сирија и Палестина.
1924 Во Милано, од агентите на бугарскиот двор - врховистите, е убиен Петар Чаулев, македонски револуционер, еден од потписниците на Мајскиот манифест на ЦК на ВМРО во 1924 година, во кој е прокламирана борбата за ослободување и обединување на сите делови на Македонија во независна политичка единица во рамките на една балканска федерација. Својата револуционерна дејност ја започна уште пред Илинденското востание и беше учесник во истото, како војвода во Крушевско и во Охридско. Роден е во Охрид, во 1882 година.
1925 Роден е францускиот политичар Пјер Ежен Береговј, шеф на француската влада од април 1992 до март 1993 година кога поднесе оставка по изборниот пораз на социјалистите на парламентарните избори. Неколку седмици подоцна се уби, поради силниот медиумски притисок за земениот поволен станбен кредит.
1933 Роден е јапонскиот цар (микадо) Акихито, кој на престол стапи во 1990, по смртта на својот татко, царот Хирохито.
1944 Во Скопје излезе првиот број на весникот "Бирлик" на турски јазик, како орган на НОФ на Македонија.
1947 Во Њу Џерси, САД, еден тим научници во лабораториите „Бел“ го демонстрира првиот полупроводник засилувач, односно првиот транзистор.
1948 Во Токио е извршена смртна казна врз седуммина јапонски официјални личности, вклучувајќи го и поранешниот претседател на влада Хедеки Тоџа кого Меѓународниот воен суд го осуди на смрт заради „злосторства против човештвото“ во Втората светска војна.
1953 Стрелан е бившиот шеф на злогласната советска политичка полиција НКВД и потпретседател на советската влада Лаврентиј Павлович Берија, кој беше уапсен во средината на 1953 година. Запаметен е по патолошките склоности, вклучувајќи и грабнување девојки и млади жени.
1963 На грчкиот патнички брод „Лаконија“, зафатен со пожар по експлозија во северниот Атлантик, загинаа 128 лица, а 908 беа спасени пред да потони бродот на 29 декември.
1964 На Цејлон (сегашна Шри Ланка) во цикон загинаа најмалку 2.000 луѓе.
1872 Умре рускиот конструктор на авиони Андреј Николајевич Тупољев, кој раководеше со изработка на повеќе од 100 типа на авиони, вклучувајќи ги и бомбардерите и џиновскиот АNТ-20 „Максим Горки“. По Втората светска војна конструираше патнички авиони, меѓу кои и „TU-144“, првиот суперсоничен авион во светот.
1972 Во земјотрес кој го погоди главниот град на Никарагва, Манагва загинаа 7.000 луѓе.
1983 Во Париз умре Фања Фенелон Голдштајн, Французинка која го преживеа логорот Аушвиц, свирејќи во оркестарот на нацистичките офицери. Во 1980 година, според стравотните искуства на Фања Фенелон, беше снимена телевизиската серија во која главната улога ја толкуваше британската артистка Ванеса Редгрејв. Родена е во 1908 година.
1989 САД ги зајакнаа окупаторските сили во Панама со уште 2.000 војници, со што во гушењето на неочекувано големиот отпор на приврзаниците на некогашниот штитеник на Вашингтон, панамскиот лидер генерал Мануел Антонио Норијего, учествуваа 26.000 војници. Подоцна се откри дека тие сториле бројни злодела врз панамските цивили.
1990 Повеќето од Словенците на референдум се изјаснија за отцепување од Југославија.
1991 Во Скопје е регистрирано здружението Млади европски федералисти на Македонија, со седиште во Скопје. За претседател е избран Нано Ружин.
1993 Официјално е отворена Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. За амбасадор, е наименуван Тони Милсон.
1994 Република Македонија и Република Австрија воспотавија дипоматски односи.
1994 Во Скопје е формирана Асоцијацијата на туристичките агенции на Македонија.
1995 Во индискиот град Дабали, северно од Њу Делхи, во пожар во банкетната сала за време на школска свеченост загинаа најмалку 538 луѓе, повеќето деца од четири и пол до 14 години.
1997 Умре јапонскиот актер Тошрио Мифуне, кој со светска слава се стекна во толкувањето на самурај, посебно во филмовите на режисерот Акира Куросава. Филмови: „Седум самураи“, „Легендата за Мусашија“, „Крвавиот престол“, „Скриената тврдина“, „Јоџимбо“, „Адмирал Јамамото“, „Пекол на Пацификот“, „Црвеното сонце“, „Битката за Мидвер“, „Шогун“.
1998 Врхвониот суд на Белгија пресуди дека бившиот генерален секретар на НАТО Вили Клас е виновен за „пасивна корупција“ во скандалот „Аугуста-Дасо“, односно подмитување при договарања на воените испораки.
2002 Италијанското кралско семејство Савоја, кое беше протерано поради поддршката на Мусолини во Втората светска војна, допатува во кратка посета на Италија, првпат по 56 години од протерувањето.
2004 Умре поранешниот индиски премиер Нарасима Рао, автор на индиските економски реформи 1991-1996 година.
2005 По 138 години во Словачка е укината воената обврска.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1167.Роден е англискиот крал Џон, помладиот син на Хенри II, познат како Џон без Земја. Во текот на владеењето од 1199 година, кога на престолот го наследи братот Ричард I, ја обнови војната со францускиот крал Филип II Август, кој му презеде неколку големи имоти на континентот, вклучувајќи ја и Нормандија во 1205 година. Исто така во 1208 година се судри со папата Ирохентиј III, оспорувајќи му го изборот на кентерберискиот архиепископ, поради што Ватикан во 1212 година го екскомуницира од Црквата. Во судирот со племството во 1215 година мораше да попушти и да ја потпише „Magna carta Libertatum" со која е ограничена власта на кралот и воспоставување на основите на англиската уставност и јавното право.
1491 Роден е Игнасио де Лојол, основач на јузеитскиот ред во 1534 година. Откако брше ранет во една од битките како шпански офицер, замина на студии во Барселона, а потоа и на Сорбона, каде магистрира теологија. За „генерал“ (старешина) на језуитскиот ред беше избран во 1541 година и на оваа функција остана се до смртта. Го изработи уставот на језуитскиот ред и прирачникот под назив „Духовни вежби за владеење над самиот себе“. Го изработи монашкиот ред, како и целиот духовен систем кој имаше голема улога во историјата, како и во интелектуалните католички кругови кои ги има и денес.
1524 Умре португалскиот морепловец Васко де Гама, кој во 1498 година го пронајде патот до Индија пловејќи околу Африка. Ова придонесе за развој на трговијата меѓу западна Европа и Азија и јакнење на моќта на Португалија. При второто патување во Индија во 1502 година ја воспостави португалската колонијална власт, а во текот на третото умре во Индија.
1798 Роден е Адам Мицкиевич, полски поет, драмски писател и револуционер, основач и водач на полскиот романтизам. Негови најзначајни дела се збирките песни „Балади и романси“ и „Кримски сонети“, еповите „Конрад Веленрод“, „Пан Тадеуш“ и драмата „Задушници“. Умре во Истанбул, на 26 ноември 1855 година.
1818 Роден е англискиот физичар Џејмс Прескот Џул. Во негова чест меѓународната мерна единица за енергија е наречена „џул“. Термодинамичниот процес за претворање на топлотната енергија во механичка, врз основа на која работат турбомлазните авиони, е наречен „Џулов циклус“.
1863 Во Лондон умре Вилијам Текери, англиски писател, еден од најзначајните сатиричари на 19. век. Негово најзначајно дело е „Панаѓур на суетата“. Роден е во Калкута, Индија, на 18 јули 1811 година.
1863 Во Мадрид е роден Фердинандез Арбоз, шпански диригент и виолинист. Како диригент гостуваше во Италија, во Франција, во Белгија, во Швајцарија, во СССР и во САД. Умре во Сан Себастијан, на 2 јуни 1939 година.
1865 Во местото Пуласки во американската држава Тенеси основана е расистичката организација на белците Кју-Клукс-Клан.
1914 Велика Британија во Првата светска војна за првпат во историјата доживеа напад од воздух кога германски авион исфрли една бомба над Довер.
1922 Родена е американската филмска актерка Луси Џонсон, позната како Ава Гарднер. Филмови: „Снеговите на Килиманџаро“, „Сонцето повторно се раѓа“, „Осамена ѕвезда“, „Нага Маја“, „Ноќ на игуаните“, „Педесет и пет дена во Пекинг“.
1924 Во Битола е пуштена во работа првата електроцентрала.
1942 Убиен е францускиот адмирал Жан Луј Франсоа Дарлан, командант на северноафриканските сили на марионетскиот режим на Анри Петен. Спротивно на Петеновата наредба, во текот на истоварувањето на англоамериканските трупи во северна Африка во Втората светска војна со наредбата да се прекине огнот го олесни нивниот напредок. Поради оваа наредба „Слободните Французи“ и понатаму го сметаа за предавник, а еден од поддржувачите на Шарл де Гол во Алжир врз него изврши атентат.
1942 На германскиот експериментален полигон во местото Пинемунде во Втората светска војна успешно е тестирана новата ракета земја-земја наречена „ФЗГ 76“, која подоцна стана позната како ракета „Фау 1“.
1943 Претседателот на САД Френклин Рузвелт соопшти дека со сојузничките трупи во Европа во Втората светска војна ќе командува генералот Двајт Ајзехауер.
1951 Либија е прогласена за независна држава на чело со кралот Идриз Први од семејството Сенуси.
1982 Умре францускиот писател Луј Арагон, најпрво дадаист, потоа надреалист и на крај соцреалист. Дела: збирка песни „Оган на радоста“, „Ура Урал“, „Елзините очи“, „Елза“, романите „Селанец од Париз“, „Базелски ѕвона“, „Света Недела“, „Комунисти“, есеите „Комунистички човек“, „Советска книжевност“, „За социјалистички реализам“, „Расправа за стилот“.
1991 Михаил Горбачов му ја предаде на Борис Елцин командата врз советското нуклерано оружје.
1992 Претседателот на САД Џорџ Буш го амнестираше поранешниот министер за одбрана Каспар Вајбергер со уште пет функционери вмешани во скандалот „Ирангејт“.
1994 Исламски терористи при киднапирање на француски патнички авион во Алжир убија двајца, а од 239 заложници.
1995 На парламентарните избори во Турција највеќе гласови освои исламиската Партија на просперитетот. Тоа е прва изборна победа на исламистите во 72-годишната историја на секуларна Турција.
1997 Во Токио умре Тоширо Мифуне, славен јапонски филмски артист, ѕвезда на класичните филмови „Рашомпн“, и “Седумте самураи“. Роден е во Цингтао, Кина, на 1 април 1920 година.
1997 Исламски терористи во два масакри убија 59 цивили во Алжир.
1999 Поранешниот командант на армијата на Слоновиот Брег Робер Геи соопшти дека го тргна од власта избраниот претседател Анри Конан Беди.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Христијаните кои се придржуваат на Грегоријанскиот календар денеска го слават Божик, роденденот на синот Божји Исус Христос, еден од најрадосните христијански празници. Повеќето православни христијани Божик го слават на 7 јануари (25 декември според Јулијанскиот календар).
800.Папата Лав Трети во Рим го круниса францускиот владетел Карло Велики за свет римски цар, а тоа беше титула на германските монархи до времето на Наполеон Први.
1066 Во Вестминстерската катедрала во Лондон за англиски крал беше крунисан норманскиот војвода Вилијам Први Освојувач.
1642- Во Вулстроп е роден Исак Њутн, англиски физичар, астроном и математичар. Тој ги постави темелите на класичната физика и на вишата математика, го откри природниот закон на општата гравитација, меѓусебното привлекување на сите сили, ги пронајде и основните принципи на механиката и трите основни закони за движењето, а го усоврши и телескопот. Умре во Кенсинтон, на 20 март 1727 година и е погребан во Вестминстерската опатија, со што стана првиот научник удостоен со таква чест.
1688 Во Франција пребега Џемјмс Втори, последниот англиски крал од династијата Стјуард, тргнат од престолот поради апсолутистичката политика и натурање на римокатоличката вера.
1721 Роден е англискиот писател Вилјам Колинс, еден од најзначајните англиски лирски поети во 18. век. Дела „Вечер“, „Слобода“.
1741 Шведскиот физичар Андрес Целзијус ја создаде скалата од 100 степени за мерење на температурата.
1776 Генералот Џорџ Вашингтон ги префрли силите со кои командуваше преку реката Делавер во Њу Џерси и неочекувано ги нападна германските платеници кои во Американската војна за независност се бореа на страната на Британците.
1870 Родена е германската револуционерка Роза Луксембург, една од основачите на Социјалдемократската партија на Полска во 1893 година и на Комунистичката партија на Германија во 1918 година, и претставник на левото крило на Втората интернационала. Тежнеејќи кон обединување на левицата, во почетокот на војната заедно со германскиот револуционер Карло Либкнехт ја основаа групата „Интернационала“, подоцна наречена „Спартаков сојуз“, од која настана Комунистичката партија. Беше прогонувана и честопати апсена, а по пропаѓањето на ноемвриската револуција во Германија во 1918 година, заедно со Либкнехт беа стреални на 15 јануари 1919 година. Напиша повеќе макрисистички теориски дела, вклучувајќи ја и „Акумулација на капиталот“.
1876 Роден е пакистанскиот државник Мохамед Али Џин, основач и прв претседател на Пакистан кој заедно со Махатма Ганди и Џавахарл Нехру се бореа за независност на Индија од Велика Британија. Подоцна тој со нив влезе во конфликт бидејќи побара посебна муслиманска држава. Британија во 1947 година ги призна независноста на Индија и на муслиманската држава наречена Пакистан.
1877 Во селото Мачуково, Гевгелиско, е роден Сава Михаилов (Јoсифов) - Савата, неуморен револуционер, организатор и доследен борец на македонското националноослободително движење кон крајот на 19. и почетокот на 20. vек. На 1 март 1905 година, во близина на Смол, на местото Голема Рудина, Гевгелиско, Михаилов го имаше последниот оружен судир против турската војска. Откако му приврши муницијата, за да не падне жив во рацете на непријателот, се отру.
1899 Роден е американскиот филмски глумец Хемфри Дефорест Богарт, добитник на Оскар во 1951 годна за филмот „Африканска кралица“. Филмови: „Казабланка“, „Малтешки сокол“, „Длабок сон“, „Богатството на Сијера Мадре“, „`Ртот Ларго“, „Да имаш и да немаш“, „Босоногата контеса“, „Тежок пад“.
1903- Во Софија излезе од печат книгата "За македонцките работи" од македонскиот револуционер, публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: "Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура".
1911 Во Чикаго е роден Борне Хогарт, илустратор на „Тарзан“. Умре во Париз, на 28 јануари 1996 година.
1914 Во Првата светска војна на Западниот фронт стапи на сила легендарното неофицијално „божикно примирје“, кога група британски и германски војници го откажаа пукањето, излегувајќи од рововите и сретнувајќи се на ничија територија помеѓу завојуваните страни.
1918 Роден е египетскиот државник Анвар ел Садат, претседател на Египет од октомври 1976 до октомври 1981 година кога на воена парада во Каиро беше убиен од страна на исламски терористи, огорчени поради склучувањето мир со Израел.
1920- Во Скопје е роден Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Неговата збирка "Растрел" (1947) е прва македонска книга раскази. Други негови познати дела се: "Бегалци", "Блокада", "Луѓе и птици", "Солунските атентатори", и други. Автор е на сценаријата за филмовите "Солунските атентатори" и "Под исто небо", а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите "Мементо", и "Републиката во пламен". Умре кај селото Ерџелија, Светиниколско, на 10 ноември 1968 година.
1926 Јапонскиот регент принцот Хирохито го наследи престолот на Јапонија по смртта на неговиот татко, царот (микадо) Јошихито.
1926 Роден е Никола Солдатов, македонски новинар и ТВ-коментатор. Умре во Сремска Каменица, на 3 ноември 1989 година.
1938 Умре чешкиот писател Карел Чапек. Дела: „Бела болест“, „Мачни приказни“, „Разбојник“, „Метеор“, „Обичен живот“, „Патеписи од Италија“, „Патеписи од Англија“ и други.
1943 Министерството за надворешни работи на Велика Британија во Втората светска војна му испрати телеграма на премиерот Винстон Черчил во која пишува: „Нашата политика мора да се потпре на фактот - партизаните ќе завладеат во Југославија. Тие се за нас, од воен аспект, од голема корист и мораме да им дадеме полна поддршка. Воените причини се поважни од политичките...“.
1971 Во пожар во еден хотел во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, загинаа 139 луѓе.
1973 Умре Исмет Имени, истакнат турски политичар, министер за надворешни работи, премиер и претседател на Република Турција. Беше долгогодишен соработник на Кемал Ататурк, „таткото“ на современа Турција. Во 1939 година ја основа Републиканската народна партија која ја предводеше цели 33 години. Роден е на 24 септември 1884 година.
1977- Во швајцарскиот град Вевеј, на брегот на Женевското Езеро, умре Чарли Чаплин, најголем артист на немиот филм. Има снимено 75 краткометражни филмови, со кои ги плени срцата на милиони гледачи во светот. Роден е во Лондон, на 16 април 1889 година.
1979 Советски трупи влегоа во Авганистан, во прва воена интервенција на Советскиот Сојуз надвор од Варшавскиот пакт, а официјална Москва ова го објасни како интервенција со цел да се спречи граѓанската војна во земјата.
1983 Умре каталонскиот сликар и вајар Хуан Миро, еден од најголемите надреалистички уметници. Студираше во родната Барселона, а од 1919 година живееше во Париз.
1989 Сменетиот романски диктаторски пар Николае и Елена Чаушеску се стрелани во Трговиште по тајното и брзо судење.
1991 Советскиот претседател Михаил Горбачов поднесе оставка. Од основањето на Советскиот Сојуз во 1922 година Горбачов беше седми (и последен) лидер на државата. Негови претходници беа Ленин, Сталин, Хрушчов, Брежњев, Андропов и Черњенко.
1991 Во Штип, во издание на Културно-просветната зедница на Штип, излезе првиот број на весникот „Опсерватор“.
1995 На парламентарните избори во Турција, победија исламистите од РЕФАХ (конзервативно-исламистичката партија за просперитет), на чело со лидерот на партијата Неџмедин Ербакан.
1995 Во Беверсли Хилс умре американскиот филмски актер, пејач и забавувач Дин Мартин, кој почетната слава ја стекна во тандем со комичарот Џери Луис со кого сними 18 филмови. Играше во многу вестерни и криминалистички филмови. Филмови: „Артисти и модели“, „Холивуд или пропаст“, „Рио Браво“. Роден е во 1919 година.
1995 Во поплавите на истокот од Јужна Африка загинаа најмалку 124 лица.
1997 На Куба за првпат по три децении јавно и свечено беше прославен Божик. Претседателот Фидел Кастро го прогласи тој ден за празник во чест на папата Јован Павле Втори кој наредниот месец ја посети Куба.
1997 Во Лукано, Швајцарија, умре Џорџо Стрелер, основен и духовен водач на најпознатиот италијански театар „Пиколо“ во Милано, најпознат италијански режисер. Роден е во Трст, Варкола, на 14 август 1921 година.
2000 Во пожар кој го зафати центарот на кинескиот град Луојанг животот го загубија најмалку 309 луѓе.
2003 При падот на патничкиот авион „боинг 727“ во Атланскиот Океан набрзо по полетувањето од Бенин кон Либан загинаа 138 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 15 офицери на армијата на Бангладеш, додека 22 лица ја преживеаја несреќата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom