На денешен ден!

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1792.Со мировен договор во Јаси заврши Руско-турската војна, која Османлиското царство ја почна во август 1787 година. Реката Дњестар стана граница меѓу двете земји, но Русија го доби црноморското приморје меѓу реката Буг и Дњестар со градот Очаков, а беше потврден и документот од 1783 година за припојување на островите Крим и областа Кубан кон Русија.
1793 Французинот Жан Пјер Бланшар го изведе првиот лет со балон над северноамериканскиот континент.
1856 Во Неготин е роден Стеван Мокрањац, спрски композитор, музички педатог и академик. Неговото музичко дело изврши големо влијание врз подоцнежните генерации композитори и се одликува со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Умре во Скопје, на 28 септември 1914 година.
1856 Роден е Антон Ашкерц, истакнат словенечки поет и најизразит претставник на реализмот во словенечката книжевност. Покрај епската поезија, особено му се познати баладите и романсите. Умре во Љубљана, на 10 јуни 1913 година.
1873 Умре францускиот државник Шарл Луј Наполеон Трети Бонапарта, претседател на Франција од 1848 до 1852, цар до 1870 година. Со агресивна надворешна политика настојуваше да ја зајакне Франција и да го зголеми нејзиниот имот. Основа неколку социјални установи. Во текот на неговото владеење Франција ги зазеде Ница и Савој, започна со колонијално продирање во Индокина, успешно војуваше во Кримската војна од 1854 до 1856 година против Русија во сојуз со Турција, Велика Британија и Сардинија, како и во 1859 година против Австрија и Италија. Во војната против Прусија, беше заробен на 1 октомври 1870 година во битката кај Седан со што беше тргнат од престолот, а Франција на 4 октомври истата година повторно стана република. По склучувањето мир со Прусија во 1871 година емигрираше во Англија каде и умре.
1878 Умре италијанскиот крал Виторио Емануеле Втори, прв владетел на обиединета Италија, наречен „честит крал“. На престолот дојде во 1849 година како крал на Сардинија, а од 1861 година стана крал на обединета Италија. Доследно го почитуваше парламентарниот поредок.
1890 Роден е чешкиот писател Карел Чапек. Дела: „Мачни приказни“, „Разбојник“, „Хордубал“, „Метеор“, „Обичен живот“, „Патописи од Италија“, „Патописи од Англија“, „Зошто не сум комунист“ и други.
1899 Во Париз е потпишан мировен договор со кој Шпанија се откажа од своите бивши колонии Куба и Порторико и ја прифати окупацијата на Филипините. Тоа беше крај на колонијалото царство на бившата велесила и почеток на напредокот на САД.
1905 Колежот во Санкт Петрбург, наречен „Крвава недела“ (повеќе од 100 мртви и 5.000 ранети луѓе), го навести почетокот на првата руска револуција, која беше задушена со воен удар.
1908 Родена е француската писателка Симон де Бовоар, егзистенцијалист, автор на романи, театарски текстови и филозофски есеи. Дела: романите „Мандарини“, „Убави слики“, „Другиот пол“, мемоарите „Спомените на добро воспитаните девојки“. Умре во Париз, на 14 април 1986 година.
1909 Во Прилеп е роден Рампо Левков - Левката, народен херој на СФР Југославија, од Македонија, адвокат и поет. Поради својот револуционерен дух често беше затворан. Од есента 1941 година живееше и дејствуваше полуилегално и со голем успех работеше на омасовувањето на оруженото востание на македонскиот народ. Автор е на поемата „Бабуна“. Во Прилеп, по тешка тортура од страна на бугарската полиција, беше убиен со фрлање во варница, на 19 септември 1942 година.
1913 Во Јорба Линда, Калифорнија, е роден Ричард Никсон, американски политичар и државник, претседател на САД (1969 до 1974 година), еден од раководителите на Републиканската партија. Тој е првиот американски претседател што ја посети НР Кина (1972 година) и кој стави крај на американската интервенција и војна во Виетнам. За време на неговиот претседателски мандат се случи таканаречената „Вотергејт афера“. Умре во Парк Рич, во Њу Џерси, на 22 април 1994 година.
1914 Во Охрид е роден Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар. Учесник е во НОВ на Македонија. Работеше како новинар во „Нова Македонија“, во Радио Скопје, а беше и уредник на списанието „Македонија“. Автор е на збирките раскази „Бојана“, „Акорди“, „Прстен“, „Раскази“, „Лебедова песна“, „Премиера“, како и на новелите „Вино за душите“ и „Грев“. Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени „Плуто“. Умре во Скопје, на 12 ноември 1973 година.
1922 Роден е гвинејскиот државник и писател Ахмед Секу Туре, кој откако Гвинеја се стекна со независност во 1958 година стана нејзин претседател. Претходно беше синдикален активист во Франција и во Западна Африка, а во 1956 година беше избран за пратеник во француското собрание. Дела: збирка песни „Борбени песни“, политички списи „Гвинејско искуство и африканско единство“, „Африка и револуцијата“, „Да се брани револуцијата“, „Моќта на народот“.
1941 Родена е американската пејачка Џон Баез, борец за човекови права, која во текот на Виетнамската војна силно се противеше против воената интервенција на САД во Индокина, што имаше и огромен оддек во јавноста, посебно меѓу младите генерации.
1945 Во Втората светска војна почна навлегувањето на американските трупи на филипинскиот остров Лузон, а борбите завршија дури на 15 август со капитулација на јапонските сили.
1945 По компромитирањето со агресијата врз Египет во октомври 1956 година, британскиот премиер Ентон Идн поднесе оставка.
1962 Советскиот сојуз и Куба потпишаа спогодба за трговска соработка врз чија основа Куба со години добиваше стока по вештачки ниски цени.
1964 Американските трупи во Панама ги задушија студентските демонстрации против присуството на САД во зоната на Панамскиот канал, усмртувајќи 22 панамски студенти.
1996 Чеченски исламски терористи ја зазедоа болницата во дагестанскиот град Кизлар во јужна Русија и зедоа 2.000 заложници.
2002 САД ја изградија првата база во бившата советска република Киргизија. Од оваа база, која е прва на територијата на некогашниот Советски Сојуз, односно Заедницата на Независни Држави, САД го контролираат воздушниот простор во Авганистан, но и на цела Централна Азија.
2004 Турција го потпиша протоколот за укинување на смртната казна дури и за време на војна, во настојување да ги задоволи стандардите на Европската унија како би можела да ги отпочне преговорите за влез во ЕУ.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
347. Роден е византискиот (римски) цар Теодосиј Први, наречен Теодосие Велики, кој владеел од 379 до 392 година, кога успеал да го обнови Царството во полн состав. До смртта во 395 година владеел со Рим како последен владар на единствената империја. Пред крајот на владеењето одлучил власта во Источното римско царство да му ја предаде на постариот син Аркадиј, а Западниот на помладиот Флави Хонори. Западнато царство пропадна со последниот римски цар Ромул Авустул во 476 година кое го сруши германскиот водач Одоакар, а Источното (Византија) остана уште илјада години.
1503 Роден е италијанскиот сликар Ѓироламо Франческо Марија Мацола, познат како Пармиѓанино, портретист кој настојувал да го изрази внатрешниот живот на моделот. Изработувал фрески и олтарски слики во Парма, Рим и во Болоња.
1569 Во Англија, под патронат на кралицата Елизабет Прва, во катедралата Свети Павле во Лондон првпат е организирана лотарија.
1693 Во земјотресот што се случи во Катанија, Италија, загинаа околу 80.000 луѓе.
1801 Во Венеција умре Доменико Чимароза, италијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа. Роден е во Неапол, на 17 декември 1749 година.
1814 Во Торино е роден Танкреди Пазеро, еден од најголемите италијански оперски бас пејачи. Умре во Милано, на 20 февруари 1883 година.
1942 Роден е американскиот филозоф и психолог Вилијам Џејмс, творец на персоналистички верзии на прагматизмот според кој во основата на вистинските сознанија лежи „желбата за верување“. Дела: „Прагматизам“, „Принципи на психологијата“, „Желба за верување“, „Есеи за радикалниот емпиризам“, „Разлики во религиозното искуство“.
1843 Австрискиот цар Фердинанд Први за време на падот на таканаречениот Илирски препород ја забрани употребата на илирски имиња.
1866 Во бродоломот на англискиот брод „Лондон“ на патот за Австралија загинаа 231 патник.
1886 Во Њујорк се одржа првиот шаховски натпревар за првак во светот меѓу Вилхелм Штајнич и Јохан Цукерторт, кој го добил Штајнич со резултат од 10:5, со пет реми-натпревари. Титулата ја одбранил во 1889 и во 1892 година во натпреварите против Михаил Чигорин, но во 1984 година бил поразен од Емануел Ласкер со резултат од 10:5, со четири реми-натпревари. Напишал „Учебник за модерниот шах“, кој се смета за основа на модерната шаховска стратегија.
1897 САД и Велика Британија се согласија со арбитража да ги регулираат границите меѓу Канада - британски доминион и Алјаска, огромна територија од 1,5 милиони квадратни километри, која Американците во 1867 година ја купија од Русија за 7,2 милиони долари. Утврдените граници се непроменети до денес.
1907 Роден е францускиот државник Пјер Мандес Франс, водач на левото крило на Радикалната социјалистичка партија. Во 1954 година стана претседател на владата и ја заврши француската воена интервенција во Индокина. Власта ја изгуби во 1955 година поради стопанските проблеми и побуната во Алжир. Во Втората светска војна се борел во Движењето на отпорот до 1942 година по што се префрлил во Лондон и учествувал во воздухопловните акции на сојузниците во составот на бомбардерската група „Лорен“.
1907 Во Охрид умре Никола И. Чудов, македонски учител, револуционер и писател. Беше писар во Охридската митрополија, учител во Охрид и Охридско, во Струшко и во Дебарско. Особено е значаен неговиот придонес во работата на охридското друштво „Свети Климент“ и во неговиот Траен револуционерен кружок, како и во дејноста во ВМРО во Охридско. Меѓу другото ја напиша спомен-песната за дрвото Чинарот во Охрид, засадено на 19 април 1983 година, а по повод илјадагодишнината од смртта на Свети Методиј. Роден е во Охрид, околу 1865 година.
1922 Првиот пациент кој со инсулин беше излечен од шеќерна болест стана 14-годишниот Канаѓанец Ленард Томпсон.
1928 Умре Томас Харди, англиски писател. Поради специфичниот реализам и вонредно пластичниот опис на амбиентот во кој се случува дејството во неговите романи, него го сметале за најдобар англиски автор од тоа време - "последен викторијанец". Неговите дела целосно го застапуваат трагично-фаталистичкиот поглед на светот. Роден е на 2 јуни 1840 година.
1945 Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствуваа делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, беше донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји.
1946 Уставотворното собрание во Тирана ја прогласи Албанија за Народна Република.
1962 Снежна лавина го уништи селото Хуаскаран во Андими при што усмрти повеќе од 3.000 луѓе.
1966 Умре индискиот државник Лал Бахадур Шастри, кој во 1964 година стана премиер на Индија, по смртта на Џевахарл Нехру.
1966 Умре швајцарскиот скулптор и сликар од италијанско потекло Алберто Ѓакомети, чии обемни и различити дела се израз на речиси сите доминантни струења во уметноста во 20. век.
1970 Нигериската армија по 32 месечна борба во граѓанската војна во која загинаа 1,5 милион луѓе го спречи бунтувањето на сецеионистите во провинцијата Бијафра. Водачот на побунетите генералот Чуквуемек Одумегва Оџуква беше принуден да ја напушти земјата ден по падот на Овери, главниот град на Бијафра.
1976 Претседателот на Еквадор Родригес Лар беше тргнат од функцијата со воен удар.
1990 Во Скопје умре Асен Тодоров, еден од доајените на македонското новинарство кој поголем дел од работниот век го помина во редакцијата на весникот "Нова Македонија". Роден е во Скопје, на 17 февруари 1913 година.
1992 Претседателот на Алжир Бенџедид Шадли поднесе оставка среде политичката криза по успесите на исламистичкиот Фронт на Националниот спас во првиот круг од парламентарните избори.
1994 Република Финска и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.
1995 Република Македонија воспостави дипломатски односи на ниво на амбасадори со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија.
1998 Еден исламски терорист уби најмалку 22 шиитски муслимански верници во текот на молитва во џамија во пакистанскиот град Лахоре.
2000 Во селото Арачиново, Скопско, пред стадионот на фудбалскиот клуб „Шкендија“, убиени се тројца припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (Ерол Готак - на 27 години, Кирил Петрушевски - на 23 години и Ацо Ангеловски - на 26 години).
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
1628. Роден е францускиот писател Шарл Перо, автор на прочуените збирки бајки „Вилински приказни“, „Мачорот во чизми“, „Црвенкапа“, „Заспаната убавица“ и други.
1773 Во Чарлстон во Јужна Каролина е основан првиот музеј во САД.
1829 Умре германскиот писател Фридрих фон Шлегел, најзначаен теоретичар на германскиот романтизам и еден од првите европски модернисти. Дела: „Луцинда“, „Историја на старата и новата книжевност“ (еден од првите прегледи на светската литература).
1839 Францускиот сликар Едгар Дега го прикажа во Париз својот пронајдок - фотографирање со помош на сребрени или посребрени бакарни плочки покриени со пласт од јодит на сребро. Ова беше првата фотографска постапка, наречена според својот пронаоѓач дегеротипија, што овозможи да се добие еден позитив со помош на живина пареа.
1852 Роден е францускиот маршал Жозеф Жак Сезер Жофр, творец на воениот план на Франција во Првата светска војна и победник во битката на Марни во 1914 година. Кон крајот на 1916 година сменет е од функцијата главен командант на француската армија поради неуспехот во операциите во 1915 и во 1916 година.
1876 Во Сан Франциско е роден Џек Лондон (вистинското име му е Џон Грифит), американски писател, социјалист, наречен американски Горки поради симпатиите спрема луѓето од дното. Најпознати негови дела се "Железната петица", "Мартин Идн", "Луѓе од бездната", "Кралот алкохол", "Повик на дивината", "Морски волк", "Белиот песјак". Умре во Глен Елен, на 22 ноември 1916 година.
1876 Роден е италијанскиот композитор од германско потекло Ермано Волф-Ферари, обновувач на италијанската комична опера, кој компонирал главно според комедиите на италијанскиот писател Карло Голдони. Компонирал и инструментални композиции и кантати. Дела: оперите „Четворицата грубијани“, „Љубопитни жени“, „Школо за очуви“, „Сузанина тајна“.
1878 Роден е унгарскиот писател Геренц Молнар, творец на публистичкиот стил во унгарската литература, кој со романот „Јунаците од Павловата улица“ создаде класично дело за младинската книжевност. Дела: драми и комедии „Лилиом“, „Волк“, „Гардист“, „Црвена воденица“, „Чудо меѓу брдата“, „Лебед“, „Олимпија“, „Игра во дворецот“.
1893 Роден е германскиот воен злосторник Херман Вилхелм Геринг, рајхсмаршал во Третиот рајх и основач на злогласната нацистичка политичка полиција Гестапо. Познат е и како организатор на незапаметените кражби на културното благо ширум окупираната Европа. Како министер за воздухопловство бил одговорен за бомбрдирање на незаштитените градови и масовното страдање на цивилите во Втората светска војна. По смртната пресуда која заради воените злосторства му ја изрече Меѓународниот суд во Нирнберг, се самоуби во октомври во 1946 година, испивајќи отров.
1899 Роден е швајцарскиот биохемичар Паул Херман Милер, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1948 година, кој го откри инсектицидот DDT.
1915 Претседателскиот дом на САД го отфрли предлогот жените да добијат право на глас.
1932 Хети Каравај, демократ од Арканзас, стана првата жена избрана во американскиот Сенат.
1945 Во текот на жестоките борби во Ардените, советските сили тргнаа во голема офанзива против Третиот рајх. Челичниот валјак брзо ја проби непријателската одбрана во длабочина од 150 километри, а на 3 февруари првите советски тенкови стигнаа до Кистрин и Франкфурт, само 80 километри од Берлин.
1964 Со симнувањето на султанот во Занзибар, по еден месец, бидејќи островската африканска држава во Индијскиот Океан стана независна, заврши востанието и беше прогласена за република со претседателот Абеид Каруме. Занзибар четири месеци подоцна се обедини со Тангањика и Танзанија.
1976 Умре англиската писателка Агата Кристи, автор на многу детективски романи, но и на драмски дела. Напишала и необично интересна автобиографија. Дела: „Убиството на Роџер Ајкрофт“, „Леш во саркофаг“, „Убиство во Ориент експрес“, „Никотин“, „Отворени карти“, „Убиство во Месопотамија“ и други.
1978 Советскиот вселенски брод „Сојуз 27“ се спои со системот „Сојуз 6 - Сојуз 26“ и така првпат околу Земјината орбита е создаден пилотиран научно-истражувачки комплекс што го сочинуваат орбитална станица и два транспортни брода.
1987 Во Москва умре Анатолиј Ефрос, познат советски режисер. Неговите режии повеќе од три децении го свртуваа вниманието на публиката како во Советскиот Сојуз, така и во земјите во кои гостуваа претставите од БИТЕФ. Во 1985 година во Скопје настапи и ансамблот на театарот "Таганка" од Москва со три претстави во режија на Ефрос: "На дното" од Горки, "Вишновата градина" од Чехов и "Војната нема женско лице". Роден е во 1925 година.
1987 Во Битола умре Васка Бошкова, артистка на Народниот театар во Битола и една од пионерките на овој драмски ансамбл. На сцената стапи со неполни 17 години, а нејзиниот прв поголем успех беше улогата на Петрунела во Држиќевиот „Дундо Марое“. Роден е во 1926 година.
1990 Романскиот претседател Јон Илиеску соопшти дека Комунистичката партија на Романија е ставена вон законот.
1990 Во манастирот "Свети Гаврил Лесновски", умре епископот велички Гаврил (Парнаџиев). Роден е во Штип, на 10 март 1926 година.
1991 Американскиот Конгрес му одобри на претседателот Џорџ Буш со воена сила да ја отстрани ирачката армија од Кувајт.
1992 Алжирската влада ден по оставката на шефот на државата Бенџедид Шади ја одложи втората рунда од парламентарните избори, образложувајќи го тоа „со неможност да продолжи изборниот процес“. На изборите водеше исламскиот Фронт на националниот спас, а исламистите на тоа набрзо одговорија со терористички напади.
1993 Во Скопје умре Чедо Јакимовски, македонски писател и новинар. Автор е на книгите „Нарциса“, „Лажно море“ и „Халеевата комета“. Роден е во Кратово, на 22 февруари 1940 година.
1995 Во Скопје умре Климе Савин, македонски пливачки маратонец и спортски работник. Роден е на 19 јануари 1941 година.
1998 Канаѓанката Луиз Решет е наименувана за заменик на генералниот секретар на Обединетите нации, функција која дотогаш не постоеше во светската организација.
1998 Германија востанови фонд од 200 милиони марки заради обесштетување на околу 18.000 Евреи од источноевропските земји, жртви на нацизмот во Втората светска војна.
2000 Турската влада ја одложи смртната казна со бесење на курдскиот бунтовник Абдулах Оџалан.
2000 Велика Британија им дозволи на хомосексуалците да работат во службите на оружените сили.
2002 Во њујоршката болница „Синај“ умре некогашниот државен секретар на САД Сајрус Венс (84). Во 1991 година беше на функцијата специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации Хавиер Перес де Куљеар во поранешна Југославија.
2004 Во Скопје умре Благоја Ѓорѓиоски - Лактински, македонски писател и новинар. Автор е на книгата „Атом на мојата постела“. Роден е во селото Лактиње, Охридско, на 10 март 1942 година.
2005 Европскиот парламент го ратифиуваше Уставот на Европската унија.
2006 Во стамбедо меѓу верниците, на последниот ден на молитвените обреди во Мина, источно од светиот град Мека, загинаа 363 луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.
2006 Турчинот Мехмет Али Агџа, кој во 1981 година се обиде да го убие папата Јован Павле Втори, е пуштен на слобода по одлежани скоро 25 години затвор во италијански и турски затвори заради атентат врз папата и убиство на турски новинар.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1806.Во Вршац е роден Јован Стерија Поповиќ, српски писател, комедиограф и еден од првите големи поети на поновата српска книжевност. Познати се неговите комедии „Лажење и надлажување“, „Покондирена тиква“, „Злобна жена“, „Кир Јања“ и „Родољубци“, романот „Роман без роман“ и збирката поезија „Даворје“. Умре во Вршац, на 10 март 1856 година.
1854 По биртанско-кинеската војна, која на Европјаните им овозможи продор на Далечниот Исток, американски и руски бродови впловија во пристаништето Урага кај Еда (денешен Токио), каде е потпишан договор со кој Јапонија ја отвори вратата за американската трговија.
1893 Основана е британската Лабуристичка партија, чиј претседател стана шкотскиот работнички водач Џејмс Кир Харди.
1898 Францускиот писател Емил Зола го напиша својот најпознат запис „Обвинувам“, а по повод „Драјфусовата афера“. Во писмото до тогашниот претседател на Републиката Феликс Форе, Зола укажа на махинациите на највисоките воени кругови и, убеден во невиноста на осудениот Драјфурс (француски офицер, по потекло Евреин, во 1894 година лажно осуден на доживотна робија за шпионажа во корист на Германија), побара негово ослободување.
1906 Умре рускиот физичар и електроинжењер Александар Степанович Попов, кој ја пронајде и ја воспостави првата радиотелеграфска врска. Го направи првиот радио приемник, пред италијанскиот пронаоѓач Гиљел Маркони.
1915 Централна Италија ја зафати катастрофален земјотрес во кој загинаа околу 30.000 луѓе.
1917 Во Велика Британија стапи во сила нов изборен закон според кој жените беа изедначени во политичките права со мажите.
1920 Во Струмица е роден проф. Христо Стамболиев, еден од основачите на Технолошко - металургискиот факултет во Скопје и негов прв декан. Негова преокупација беше остварување на научната мисла во неорганската хемија, аналитичката хемија и технологијата на силикатите. Умре на 2 јули 1989 година.
1935 Во областа Сар, со која врз основа на мандатот на Друштвото на народите управувала Франција, мнозинството гласало за припојување со Германија. Германскиот водач Адолф Хитлер истата година ја искористил попустливоста на сојузниците и самоволно ги отфрлил сите ограничувања, вклучувајќи ја забраната за вооружување, наметната по поразот на Германија во Првата светска војна со мировниот договор од Версај.
1941 Во Цирих умре Џејм Џојс, ирски писател, еден од основоположниците на современиот роман, новатор на раскажувачките форми и предвесник на модерниот израз. Најпознато негово дело е „Улис“, а потоа следуваат „Камерна музика“, „Деблинци“ и други. Роден е во Даблин, на 2 февруари 1882 година.
1945 Советската армија во Втората светска војна ја започна големата офанзива против Германија при што 180 советски дивизии набрзо ги пробија германските позиции во Полска и во источна Прусија во длабочина од околу 150 километри.
1963 Во воениот удар, убиен е првиот претседател на Того, Силванус Олимпио, а војската на власт го донесе Николас Границки, кој од 1961 година се наоѓал во бегство. Истиот ден во 1967 година со воен удар без пролевање крв власта од Границки ја презеде потполковникот Етјен Гнасингбе Ејадем.
1972 Војската во Гана ја собори цивилната влада на претседателот Едвард Акуф Ад, а власта ја презеде полковникот Игнациус Ачемпонг.
1977 Во Париз умре Жорж Клузо, француски филмски режисер и сценарист. Најпознати негови филмови се "Убиецот живее во бр. 21", "Кеј Орфевр", "Надница за страв" и "Мистеријата Пикасо". Добитник е на "Златна палма" за режија во Кан, во 1956 година. Роден е во 1907 година.
1984 Во Скопје умре Васка Циривири, носител на "Партизанска споменица 1941", прв претседател на АФЖ на Македонија, мајка на две ќерки - борци кои храбро загинаа во НОВ. Родена е во Прилеп, на 18 октомври 1898 година.
1985 При падот на воз во бездна, околу 250 километри источно од главниот град на Етиопија, Адис Абеба, загинаа најмалку 428 патници.
1994 Во Скопје умре Добри Ставревски, еден од најпознатите пејачи на македонската естрада. Роден е во 1934 година.
1998 Падот на транспортен авион на авганистанската компанија „Аријана Афган ерлајнз“ во планинската област на северозападен Пакистан не го преживеа никој од 51 патник и членови на екипажот.
2000 Бил Гејтс, коосновачот на „Мајкрософт“ и фоцијално најбогатиот човек во светот, му ја препушти функцијата извршен директор на компанијата на „бројот два“ Стив Балмер.
2001 Во земјотресот со епицентар во близина на Сан Салвадор, главниот град на централоамериканската држава Ел Салвадор, загинаа најмлаку 725 луѓе.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1547. Кнезот Иван Четврти, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар. За време на неговото владеење посебно до израз дојдоа царскиот апсолутизам и централизација на земјата во која дотогаш големо значење имаа угледните семејства.
1581 Англискиот парламент изгласа строги мерки против римокатолиците, зацврстувајќи ја превласта на националната англиканска црква.
1749 Роден е италијанскиот писател Виторио Алфиери, патриотски поет и драмски писател. Завршил Воена академија во Торино, а потоа пропатувал низ повеќе европски држави. Дела: трагедиите „Саул“, „Орест“, „Марија Стјуарт“, „Филип“, „Клеопатра“, Антигона“, автобиографскиот акт „Животот на Виторио Алфиери“.
1778 Франција ја призна независноста на САД кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фаст, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција.
1794 Умре англискиот историчар Едвард Гибон. Во делото „Паѓањето и пропаста на Римското царство“ ја опфатил историјата на Рим и Византија од вториот до 15. век.
1864 Во настојувањето да ги приграби покраините Шлезвиг и Холштајн, германскиот канцелар Ото фон Бизмарк ја придоби дотогаш непријателска Виена. И двете сили ултимативно побараа од Данска да го укине штотуку изгласениот сутав кој ги зацврсти нејзините врски со овие две покраини. Во војната која многу набрзо изби Данците беа поразени, а спорните војводства и припаднаа на Прусија.
1920 Во САД е воведена прохибиција на производството, на точењето и уживањето на алкохолни пијалоци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја.
1920 Во Париз е одржан првиот состанок на Советот на Друштвото на народите, но без учество на САД, чиј претседател Вудро Вилсон значително придонесе во создавањето на меѓународната организација. Претходно амерканскиот сенат одби да го ратификува Версајскиот мировен договор склучен по Првата светска војна, со кој Вилсон беше дезавуиран, а САД трајно останаа надвор од Друштвото на народите.
1944 Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер во Втората светска војна беше назначен за главен командант на западните сојузнички сили. Од него истовремено беше побарано да го направи планот за отворање на вториот фронт во Западна Европа поради борбите против германските трупи.
1945 Во Ардени со победа на сојузничките сили под команда на генералот Бернард Монтгомери и Омар Бредли, кои претходно ја приклештија германската дивизија, беше нанесен огромен пораз на Германците во Западнот фронт, со што беше уништен и последниот обид на Адолф Хитлер да го измени исходот на Втората светска војна.
1957 Во Њујорк умре Артуро Тосканини, италијански оперски и симфониски диригент, еден од најпознатите диригенти на сите времиња. Роден е во Парма, на 25 март 1867 година.
1962 Во САД умре Иван Мештровиќ, вајар, еден од најголемите светски уметници. Изработи голем број релјефи, фигури и портрети, како и многу други монументални споменици. Роден е во Врполе, на 15 август 1883 година.
1969 Во центарот на Прага се самозапали чешкиот студент Јан Палах во знак на протест поради тоа што силите на Варшавскиот пакт ја окупираа Чехословачка, во август 1968 година.
1979 Реза Пахлави под притисок на исламската теократија која ја презеде власта го напушти Иран.
1987 Шефот на Комунистичката партија на Кина Ху Јаобанг поднесе оставка, прифаќајќи ја вината за политичките грешки кои предизвикаа студентски немири, а функцијата генерален секретар ја презеде Џао Цијанг.
1991 Силите предводени од САД во Заливската војна со масовни воздушни удари по воените и индустриските цели во Ирак и Кувајт ја почнаа операцијата „Пустинска луња“.
1991 Во Белград умре Густав Влахов, првоборец, носител на "Партизанска споменица 1941" и општествено-политички работник.
1994 Радикалниот црнечки Панафрикански Конгрес се откажа од вооружените борби три месеци во очи на првиот серасен избор во Јужна Африка.
1996 Одржано е Основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22 март 1996 година, а промовирана на 14 јуни 1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.
1997 Во Скопје умре Олга Милосавлева, македонска балерина, кореограф и педагог. Родена е во 1935 година.
1998 Во експлозија на метан во рудникот „Соко“ во Читлук кај Соко Бања загинаа 29 рудари.
2002 Во ерупцијата на вулканот Њирагонго во Демократска Република Конго разоран е градот Гома при што загинаа најмалку 50, а по три дена во истиот град експлодира и бензинска пумпа која усмрти уште околу 100 луѓе.
2003 Американскиот шатл „Колумбија“ го понесе во вселената првиот израелски астронаут. Леталото се распадна на 1 февруари при враќањето на Земјата при што никој од седумтемина во леталото не преживеа.
2004 Уставниот суд на Шпанија ја забрани басијската сепаратистичка партија Батасуна, обвинувајќи ја за поврзаност со терористичката организација ЕТА. Батасуна е првата политичката партија забранета во Шпанија од 1975 година.
2006 Елен Џонсон Серлиф положи заклетва како нов претседател на Либерија со што стана првата жена претседател на држава на Африканскиот континент.
2007 Умре Рудолф Аугуст Еткер, „Кралот на пудингот“. Од фабриката за прашак за пециво создаде гигант каде вработи 23.000 луѓе и оствари огромни обрти. Во светот на бизнисот Еткер влезе во 1944 година, кога го наследи својот очув. Семејниот бизнис го прошири со производство на храна и пиво, потоа банкастрво и хемиска индустрија, хотелиерство, па и бродарство. Еткер беше и страствен собирач на антиквитети и уметнички дела. На својот роден на Билефелд му подари уметничка галерија.
2007 Повеќе од 100 Ирачани загинаа, а преку 190 беа ранети во неколку одвоени напади во Багдад. Во експлозија на автомобил-бомба на влезот на универзитетот загинаа 65, а 110 беа ранети, повеќето студенти. Неколку минути подоцна бомбаш-самоубиец себе се дигна во воздух кај вториот влез на универзитетот додека луѓето бегаа од првата експлозија.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1533.Англискиот крал Хенри Осми се ожени со Ана Болен, спротивно на ставот на папата кој не му дозволи развод од првата сопруга Катарина Арагонска. Хенри Трети се женел повеќе пати бидејќи немал машки потомок.
1579 Во Утрехт побунетите провинции Холандија, Зеланд, Утрехт, Галдерленд, Фризија, Гронинген и Оверајсел, поради пропаднатите обиди за смирување со шпанската управа, создадоа Утрехтска унија за борба против Шпанија. Провинциите во 1581 година се отцепија од Шпанија, а со Вестфалскиот мир во 1648 година добија независност. Протестнатските Холанѓани не се помирија со строгата католичка политика на Шпанија.
1627 Роден е Роберт Бојл, англиски физичар и хемичар. Тој прв ги забележал разликите меѓу хемиските елементи и соединенијата и значително придонесе за развојот на хемијата. Умре во 1691 година.
1736 Роден е францускиот математичар, механичар и астроном Луј Ларганз, кој со само 19 години станал професор по математика на Ариљериската школа во Торино, а потоа работел во Акдемијата на науките во Берлин и на Политехичката школа во Париз. Многу од Лагранзовите откритија го носат неговото име. Дела: „Аналитичка механика“, „Теорија на аналитичките функции I-II“, „За теоријата на Јупитеровите сателити“.
1823 Умре Едвард Џенер, англиски лекар и хирург. Тој го задолжи човештвото, пронаоѓајќи ја вакцината (1796) против смртоносните големи сипаници. Благодарејќи му на нему, во почетокот на 19. век беа искоренети опасните епидемии. Роден е во 1749 година.
1824 Умре Теодор Жерико, француски сликар и графичар. Стилски припаѓа на доцниот класицизам. Сликаше теми со историска содржина, современи драматични настани и друго. Со светска слава се здоби со сликата "Сплавот Медуза". Роден е во 1791 година.
1852 Во Кратово е роден Ефрем Цветков Каранов, собирач на македонски народни умотвроби. Тој, заедно со Ѓ. Пулевски, П. Гиновски, Ѓ. Абаџиев, В. Икономов и други, се појави како значаен популаризатор на македонското народно поетско творшетво. Тој е основач и претседател на Македонското емигрантско друштво во Ќустендил. Умре во Ќустендил, на 6 декември 1927 година.
1874 Роден е Вилијам Сомерсет Мом, англиски писател. Главни негови дела се романите „Човечки окови“, „Месечината и стопарето“, „Театарот“, „Шарениот превез“, збирките раскази „Трепетот на листот“, „Исток и Запад“, драмите „Леди Фредерика“, „Лебови и риби“ и „Свет пламен“. Умре на 16 декември 1965 година.
1822 Родена е англиската писателка Вирџинија Вулф, а нејзиното право име беше Аделина Вирџинија Стивн. Оствари мајсторски портрети, посебно за жените од високите слоеви на англиското општество. Осетлива, згрозена од војната во 1941 година се самоуби. Дела: романите „Излет на светилникот“, „Госпоѓа Деловеј“, „Години“ „Бранови“, „Орландо“, есеите „Сопствена соба“, „Обичен читател“ и други.
1904 Излезе првиот број на белградскиот весник "Политика".
1918 Со цел да згасне контрареволуционерната побуна беше создадена Црвената армија. Набрзо се покажа како многу ефикасна која успешно се пресмета и со странската воена интервенција против советска Русија, која ја порази Германија во Втората светска војна.
1920 Во Париз умре Амадео Модилјани, италијански сликар. Поголемиот дел од животот го помина во Париз. Тој е еден од претставниците на "Париската школа", но со препознатлив стил, бидејќи неговите ликови имаат стилизирани издолжени форми. Најмногу сликаше женски актови и фигури на работници. Роден е во Ливорно, на 12 јули 1884 година.
1921 Зборот „робот“ првпат јавно се слушна во Народниот театар во Прага во премиерота „ПУР“ на Карел Чапек, кој ги означувал ликовите како работници кои се појавуваат во претставата, а потекнува од стариот грчки збор „робота“, кој некогаш означувал ропска работа, а сега само работа.
1924 Во францускиот град Шамони почнаа првите зимски Олимписки игри.
1935 Роден е португалскиот државник Антонио Рамаљо Јанеш, претседател на Португалија од 1976 до 1986 година.
1942 Тајланд во Втората светска војна им објави војна на Велика Британија и САД.
1949 Во Москва е основан Совет за заемна економска помош (СЕВ), заради унапредување и плански развој на економските и трговските односи меѓу земјите членки на овој совет (СССР, Полска, Чехословачка, Романија, Бугарија, НР Монголија и Куба). Член беше и Албанија, но таа ја напушти оваа организација во 1961 година.
1954 Во Скопје, во издание на Институтот за македонски јазик, излезе првиот број на списанието "Литературен збор", орган на Друштвото за македонски јазик и литература.
1955 Президиумот на Врховниот совет на СССР издаде указ за окончување на воената состојба меѓу СССР и Германија.
1961 ВО Скопје умре д-р Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент на Хируршката клиника во Скопје, основана во 1947 година, а подоцна нејзин долгогодишен директор. Тој е основач и раководител на Уролошкото одделение на Хируршката клиника. Во својот творечки живот објави повеќе од 20 стручни трудови од областа на хирургијата и урологијата. Роден е во Скопје, на 10 октомври 1904 година.
1971 Генералот Иди Амин со воен удар го собори претседателот на Уганда Милтон Оботеа и набрзо се прогаласи за претседател на државата.
1981 Во Прилеп е роден Тоше Проески. Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Лифе“. Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“. Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ - верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ - верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ - верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ -хрватска верзија (2007). Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највиските места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. Неговото издание „Божилак“ е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година. Негови најпознати хитови се „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“ и други. Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера во светски рамки. Последниот концерт во Македонија го одржа на 5-ти октомври на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава. Постхумно Владата на Република Макегонија го прогласи за заслужен граѓанин на државата. Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.
1983 Кинеските власти на Мао Цудункогвата вдовица Ѓанг Чин и ја заменија смртната казна со доживотен затвор изречена истиот ден во 1981 година.
1991 Собранието на Република Македонија усвои Декларација за независност.
1996 Република Македонија и Белизе воспоставија дипломатски односи.
1996 Парламентарното Собрание на Советот на Европа одлучи да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија.
1998 Папата Јован Павле Втори ја заврши петдневната посета на Куба.
1999 Во централниот дел на Колумбија во земјотрес загинаа најмалку 1.200 луѓе.
2005 Повеќе од 300 хиндуистички верници загинаа во стампедо во еден храм во западната индиска држава Махараштра.
2006 На парламентарните избори во Палестина победи радикалното движење Хамас.
2007 Умре Хауард Хант, агент на ЦИА, клучен актер во аферата „Вотергејт“ која ја предизвика оставката на американскиот претседател Ричард Никсон и стана синоним за скандал и злоупотреба на власта. Хауард Хант ги регрутираше луѓето кои провалија во зградата „Votergejt svisotel“ во Вашингтон, каде се наоѓаше средиштето на тогаш опозиционата Демократска партија во текот на претседателската кампања во 1972 година. Аферата ја открија два новинари на „Вашингтон пост“, Боб Вудворд и Калр Берстин. Кога аферата беше разоткриена до крај новинарите беа наградени со Пулицеровата награда.
2007 Умре рускиот народен уметник Георгиј Селезљов, водечки руски бас. Дипломирал на Ленинградскиот конзеваториум каде од 1977 до 1993 година беше еден од водечките солисти во Болшојскиот театар. Пеел и во Кировскиот театар, опера и балет, а голем дел од неговиот репертоар се состоел од руска класика. Најзабележителна негова партија беше Борис Годунов од истоимената опера Модест Мусорски. Селезњов беше првиот изведувач на партија бас во операта Модест Мусорски „Саламбо“. Раководел со катедрата за соло пеење на петербуршкиот Конзерваториум.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1756.Во Салцбург е роден Волфганг Амадеус Моцарт, голем австриски композитор, автор на голем број музички дела со кои даде печат на совршенството и на неповторливиот личен израз. Негови најпознати дела се оперите "Волшебната флејта", "Дон Жуан" и други. Умре во Виена, на 5 декември 1791 година.
1775 Роден е Вилхелм Шелинг, германски филозоф, последен претставник на германската класична филозофија. Во своето учење го поврзуваше Фихтеовиот идеализам со Спинозовиот пантеизам. Умре на 20 април 1854 година.
1822 На собрание во Епидаур, грчките востаници прогласија независност на Грција, која Османлиското царство ја призна дури во 1829 година, по жестоките борби и интервенцијата на европските сили.
1823 Во Лил е роден Едуард Лало, француски композитор од шпанско потекло Со своите инструментални дела и со драмската музика, како и соло-песните, придонесе за обновување на француската музика во втората половина на 19. век. Умре во Париз, на 22 април 1892 година.
1932 Роден е англискиот писател и математичар Лаус Керол. Правото име му беше Чарлс Латвиџ Доџсон. Неговата проза ја одликуваат хумор и фантастика. Дела: „Алиса во земјата на чудата“, „Низ огледало“.
1859 Роден е германскиот цар и пруски крал Фридрих Вилхелм Втори Виктор Алберт, предизвикувач на повеќе воено-дипломатски кризи, вклучувајќи го објавувањето на војна спрема Србија во 1914 година што предизвика неизбежна светска војна.
1865 Шпанија ја призна независноста на Перу.
1885 Роден е американскиот композитор Џери Керн, татко на мјузиклот. Неговата оперета „Пловечки театар“, е една од најдобрите во историјата на театарот на САД. Компонирал и филмска музика.
1901 Во Милано умре Џузепе Верди, италијански композитор, еден од најголемите творци на опери во 19 век. Земајќи за свои либрета, дела од големите писатели (Иго, Шекспир, Бајрон и други), компонира повеќе опери што му донесоа светска слава. Неговите најдобри опери "Аида", "Риголето", "Трубадур", "Травијата" и други се наоѓаат и денес на репертоарите на оперските куќи во целиот свет. Роден е во Ронколе, на 10 октомври 1813 година.
1916 Во Берлин е формирана социјалистичката револуционерна организација "Сојуз на спартаковците", на чие чело се наоѓаа Роза Луксембург и Карл Либкнехт.
1919 Умре унгарскиот писател Ендре Ади, чија поезија го означи преломот на модерната унгарска лирика. Со сугестивна сила на визија и со нови асоцијални погледи го подигна унгарскиот поетски јазик на завидно ниво. Дела: „Нови песни“, „Крв и злато“, „Би сакал да ме сакаат“, „Кој ме виде мене“, „На чело на мртвите“.
1926 Англискиот пронаоѓач Џон Логи Берд во Лондон првпат јавно демонстрираше телевизија.
1942 Се случи Игмански марш - кога повеќето од Првата пролетерска бригада (во текот на втората непријателска офанзива) препешачија 100 километри од Јахорина до Фоча, преку сараевските полиња и планината Игман. Маршот во кој учествуваа повеќе од 700 борци, од кои 50 ранети и болни, траеше околу 18 часа. Низ длабокиот снег, на температура од минус 32 степени многу од нив страдаа, а некои од нив поради замрзнување останаа инвалиди.
1944 По дводневни тешки борби е разбиена германската блокада на Ленинград. Она што го издржа Ленинград е единствено во историјата, бидејќи од јулските денови во 1941 година во германскиот обрач се наоѓаа околу три милиони граѓани, од кои половина милион деца.
1945 Црвената армија го ослободи Аушвиц, најголемиот и најстраотниот логор во Втората светска војна.
1949 Во Скопје, во Македонскиот народен театар, е прикажана првата балетска претстава „Валпуриска ноќ“, диригент Трајко Прокопиев, сценограф Василие Поповиќ - Цицо, а нацртот на костимите беше на Милица Бабиќ - Јовановиќ.
1964 Франција воспостави дипломатски односи со Кина.
1967 Подготвувајќи се за лет на Месечината, тројца американски астронаути загинаа во вселенскиот брод „Аполо 1“, во кој изби пожар.
1967 Советскиот Сојуз, САД и други 60 земји потпишаа договор за забрана на нуклеарни експерименти во стратосферата.
1973 Во Париз министрите за надворешни работи на САД, Северен Виетнам и привремената револуционерна влада на Јужен Виетнам потпишаа договор за престанок на војната во Виетнам. Војната сепак траеше до крајот на април 1975 година која заврши со пораз на САД.
1981 Најмалку 500 луѓе загинаа на индонезискиот ферибот „Тампомас II, кој по пожарот потона во Јаванското Море.
1991 Американската авијација во Заливската војна почна со масовно бомбардирање на вториот по големина ирачки град Басра.
1991 Собранието на Република Македонија со тајно изјаснување и со мнозинство гласови за претседател на Републиката го избра Киро Глигоров.
1992 Во Скопје, во издание на Лигата на Власите во Македонија, е промовиран првиот број на првиот весник на влашки јазик „Феникс“.
1993 Во селото Бистрица, Битолско, умре Благоја Фотев, првоборец и носител на „Партизанска споменица 1941“, учесник на АСНОМ, претседател на Президиумот на Народното собрание на НР Македонија. Роден е во селото Герман, во егејскиот дел на Македонија, на 14 август 1900 година.
1995 Бурманските војници постигнаа клучна победа над каренските бунтовници, освојувајќи ја главната база во џунглата покрај границата со Тајланд. Побуната на Карените (повеќе од три милоини луѓе во планините на источна Бурма), започна набрзо откако Бурма во 1948 година доби независност од Велика Британија.
1995 Република Молдавија и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.
1995 Во Скопје умре Лилјана Белева, македонска писателка. Познати и се делата „Моето парче земја“, „Жолтата амфора“, „Перниче од ружи“ и други. Родена е во Заечар, на 22 март 1940 година.
1996 Во Нигер со воен удар е соборен првиот демократски избран претседател Махаман Усман.
2002 Во експлозија во складиштето за оружје во главниот град на Нигерија Лагос загинаа повеќе од илјада луѓе.
2006 Умре германскиот политичар Јоханес Рау, поранешен претседател на Германија и долгогодишен министер и претседател на покраината Северна Рајна - Вестфалија.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1821.Прокламирана е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латинскоамериканска земја. Шпанија се обидуваше уште три години да ја наметне својата власт во Перу.
1871 Франција капитилираше во војната со Прусија и го предаде Париз.
1878 Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејем Бел го патентираше телефонот.
1887 Во Лоѓ, Полска, е роден Артур Рубинштајн, пијанист и еден од најголемите интерпретатори на класичната музика во 20 век. Познат е по тоа што сакаше да ја комбинира страста за музиката со страста за животот. Прв пат седна да свири клавир во својата четврта година, а на шест години имаше прв јавен настап во Варшава, на еден концерт за добротворни цели. Пред да наполни 20 години стана познат музичар, одржувајќи концерти во САД, во Латинска Америка и во Европа. Особено беше познат како хуманист. Јавно настапуваше до 1976 година. Умре во Женева, на 20 декември 1982 година.
1918 Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша декрет за формирање на Црвената армија.
1945 Во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа.
1986 Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод "Челенџер", експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1648.Со потпишувањето на договорот во Минстер заврши осумгодишната војна меѓу Шпанија и Холандија, предизвикана од наметнувањето на римокатолицизмот од страна на Шпанците. Шпанија во октомври истата година конечно беше принудена да ја признае независноста на Холандија.
1649 На англискиот крал Чарлс Први Стјуард, чие авторитарно владетелство предизвикало граѓанска војна, му била отсечена главата врз основа на пресудата на револуционерниот суд. Образложението било дека тој бил виновен за предавство - односно водел тајни преговори со Шкотите. Под притисок, тој во 1628 година објавил „Петиција за правата“, гарантирајќи ги правата на Парламентот како и личната слобода на граѓаните, но таа обврска не ја почитувал.
1830 Во Охрид е роден Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19. век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите "Сердарот" и "Скендербег" и познатото дело "Автобиографија". Со поемата "Сердарот", за која на поетскиот конкурс во Атина доби ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите на Балканот во тоа време. Умре во Охрид, на 6 февруари 1893 година.
1835 Претседателот на САД Ендрју Џексон го преживеа првиот атентат врз шеф на држава во американската историја.
1882 Роден е Франклин Делано Рузвелт, претседател на САД, кој на должноста беше избиран четири пати. Популарноста ја доби со својата политика со која успеа да ја ублажи големата економска криза во земјата. Кога избувна Втората светска војна застана на страната на сојузниците, а по влегувањето во војната целиот индустриски потенцијал го потчини на потребите на војната против силите на Оската. Умре на 12 април 1945 година.
1889 Австроунгарскиот престолонаследник надвојводата Франц Карл Јозеф Рудолф Хабзбург и неговата седумнаесетгодишна љубовница баронката Марија Вечера извршија самоубиство во царската ловечка куќа во Мајерлинг.
1909 Во Гостивар е роден академик д-р Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, истакнат македонски научен и културен работник, долгогодишен редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и еден од првите членови на Македонската академија на науките и уметностите. Тој е автор на голем број трудови од областа на македонската уметност и народна литература, како и од областа на литературите на другите словенски народи. Неговиот научен опус опфаќа повеќе од 1.000 библиографски единици. Умре во Скопје, на 15 февруари 1984 година.
1927 Роден е шведскиот државник Улоф Палме, шеф на владата и на Социјалдемократската работничка партија на Шведска од 1969 до 1976 година, и од 1982 до февруари 1986 година кога врз него беше извршен атентат во кој загина. Улоф Палме одлучно се противеше на воената интервенција на САД во Виетнам. Од 1980 година ја водеше независната меѓународна комисија за унапредување на процесот на разоружување. Како лидер на Социјалистичката интернационала (СИ) повеќе пати раководел со мировни мисии на ОН (за мирољубиво решавање на судирот меѓу Иран и Ирак) и СИ (работна група за Јужна Африка).
1933 Претседателот на Германија фелдмаршалот Паул фон Хинденбург за канцелар го наименува Адолф Хитлер. Во таа влада се наоѓаа уште само двајца нацисти, но Хитлер набрзо ги тргна неистомислениците и се здоби со апсолутна власт. Со тоа го отвори патот на нацистичката диктатура и масовни злосторства во Втората светска војна. На 1 септември 1939 година ја започна Втората светска војна со нападот врз Полска. Истиот датум во 1937 година Хитлер му соопшти на Парламентот дека Германија го повлекува својот потпис од Версајскиот мировен договор потпишан по Првата светска војна.
1937 Роден е рускиот велемајстор Борис Васиљевич Спаски, светски шаховски првак од 1969 до 1972 годна. Титулата светски првак во шах ја загуби во мечот со велемајсторот Боби Фишер во 1972 година, во Рејкјавик.
1937 Родена е англиската театарска и филмска глумица Ванеса Редгрејв. Филмови: „Морган“, „Морнарот од Гибралтар“, „Исидора Данкин“, „Ѓаволи“, „Марија кралицата на Шкотска“, „Убиство во Ориент експрес“, „Џулија“ (Оскар“, „Агата“, „Вагнер“, „Бостонци“.
1943 Британското воено воздухопловство во Втората светска војна го почна првото деноноќно бомбардирање на Берлин.
1948 Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење. Ганди, наречен Махатма (голема душа) ги пропагираше не насилничките методи за национално ослободување и поради тоа стана симбол на борбата на народите на Индија за независност. Роден е на 2 октомври 1869 година.
1948 Умре американскиот пилот и конструктор на авиони Орвил Рајт, пионер во авијацијата, кој во 1903 година заедно со својот брат Вилбур, со авионот кој тие го направија, го изведе првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траел 59 секунди, а авионот прелетал 285 метри. Браќата Рајт во 1905 година го конструирале авионот кој прелета 39 километри. Во 1909 година ја основаа „Америкен Рајт компани“ за производство на авиони и истата година на војската на САД и го испорачаа првиот борбен авион „Сигнал Корпс I“.
1957 Обединетите нации ја прозваа владата на Јужна Африка да ја преиспита политиката на апартхејдот.
1964 Во Советскиот Сојуз за првпат во историјата на космонаутиката со една ракета беа лансирани сателити во различни орбити - „Електрон 1“ и „Електрон 2“.
1967 Папата Павле Шести се сретна со претседателот на Президиумот на Врховниот совет на Советскиот Сојуз Николај Подгорни, првиот шеф на советската држава кој го посети Ватикан.
1967 Во Виетнамската војна почна едномесечната офанзива наречена „Тет“ (Нова година) под команда на северновиетнамскиот генерал Во Нгуен Ѓапа, во која северновиетнамските трупи и јужновиетнамските герицли го нападнаа Сајгон и повеќе од 100 други места во Јужен Виетнам. „Тет“ се смета за пресвртница во војната бидејќи ја натера владата на САД да почне да размислува за повлекување од Виетнам.
1972 Британските војници во Северна Ирска убија 13 луѓе, учесници во забранетиот марш на римокатоличките демонстранти за граѓански права во градот Лондондери.
1972 Пакистан го напушти Комонвлетот во знак на протест поради одлуката Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд да го признаат Бангладеш (поранешен Источен Пакистан).
1995 Во експлозија на автомобил-бомба која во Алжир ја активираа исламски терористи загинаа најмалку 20 луѓе.
1996 Како прилог на весникот "Вечер" излезе првиот број на весникот "Занаетчија", гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје - Стопанска комора на Македонија.
2000 Кенијскиот „Ербас 310“ во летот од Лагос до Најроби се урна во море. Падот го преживеаја само 10, од вкупно 179 патници и членови на екипажот.
2002 На заедничката седница на Претставничкиот дом во Сенатот, претседателот на САД Џорџ Буш Ирак, Иран и Северна Кореја ги окарактеризира како „основа на злото“.
2005 Во Ирак се одржани избори за националното собрание - први слободни избори во последните 50 години.
2007 Во борбите покрај ирачкиот свет град Наџаф беа убиени 236 бунтовници додека преку 500 беа заробени во еден од најжестоките судири од почетокот на американските инвазии врз Ирак во 2003 година. Лидерот на побунетата група, самонаречениот Махди исто така настрада, додека неговата група „Небески војници“ беше разбиена.
2007 Умре Сидни Шелдон, американски книжевник, автор на низа бестселер-романи. Шелдон освојувал награди за придонес во бродвејскиот театар, филм и телевизија.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1747.Во лондонската болница „Лок“ е отворена првата клиника во светот за лечење на венерични болести.
1797 Во Лихтентал до Виена, е роден Франц Шуберт, австриски композитор, значаен претставник на музичкиот романтизам и најголем композитор на соло песната. Компонира неколку стотици такви песни, потоа опери, сценска музика, симфонии и камерна музика. Умре во Виена, на 19 ноември 1828 година.
1808 Дубровничката Република и формално престана да постои. Речиси две години градот беше под окупација на Франција (маршал Мармон, тогаш генерал). По падот на Наполеон и Виенскиот конгрес во 1815 година, градот и припадна на Австрија. Во 1918 година го ослободија Србите кога беше приопен кон Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во 1991 година по распаѓањето на Југославија, Дубровник и припадна на Хрватска.
1882 Родена е руската балерина Ана Павловна Павлова, една од најпознатите балерини во светот во класичен стил во почетокот на 20. век. Кариерата ја почна во Петроград, каде игра со Вацлав Нижински во рускиот балет на Сергеј Ѓагриљев. Потоа ја основа сопствената група со која со огромен успех настапува ширум светот, посебно одушевувајќи ја публиката со игрите во балетите „Лебедовата смрт“, „Пеперутки“, „Шопенијана“, „Лебедово езеро“, Жизела“, „Рајмонда“.
1917 Германија во Првата светска војна објави „тотална војна на море“, со намера да ја принуди Британија на капитулација. Торпедските бомбардирања ги натера неутралните САД да влезат во војна против централните сили.
1918 Во Русија 31 јануари беше последниот ден на сметање на времето по Јулијанскиот календар. Следниот ден датумот беше означен како 14 февруари, според Грегоријанскиот календар, кој од тогаш стана службен.
1929 Еден од водачите на Октомвриската револуција Лав Троцки по налог на Сталин беше протеран од тлото на Советскиот Сојуз.
1930 Отворена е Лондонската поморска конференција на која учествуваа Велика Британија, САД, Франција, Италија и Јапонија, на која обидот за запирање на трката за вооружување и спречување војна беше неуспешен.
1933 Умре Џон Голсфорди, англиски писател. Автор е на познатата трилогија на семејството Форсајт ("Сага за Форсајтовите", "Модерна комедија" и "Крај на делото"). Во 1932 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е на 14 август 1867 година.
1943 На крајот на Сталинградската битка во Втората светска војна остатокот од германската армија го откажа отпорот, а германскиот командант фелдмаршалот Фридрих фон Паулус потпиша безусловна капитулација и се предаде заедно со 90.000 војници и офицери. Поразот кај Сталинград го означи почетокот на крајот на Третиот рајх. За шест месеци Германија во тешките борби загуби повеќе од милион војници, а 75 дивизии беа целосно разбиени.
1945 Со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ е основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава ја прикажа на 3 април истата година. Тоа беше драмската претстава "Платон Кречет" од советскиот драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Костаров.
1946 Собранието го изгласа првиот Устав на ФНРЈ (Федеративна Народна Република Југославија) во кој беше усвоен принципот на федрално уредување на земјата.
1950 Претседателот на САД Хари Труман соопшти дека наредил да се произведуваат хидрогенски бомби.
1956 Умре англискиот писател Ален Александер Милн, автор на многу популарните романи за деца. Дела: романите: „Кога бевме многу млади“, „Вини Пу“, „Куќа на Пуовиот агол“, „Сега сме шестмина“.
1958 САД го лансираа во орбитата околу Земјата, својот прв вештачки сателит "Експлорер 1".
1964 Кон Месечината беше лансирана советската автоматска станица „Луна 9“, која три дена подоцна благо се спушти и ги емитуваше првите ТВ-снимки од површината на Месечината.
1971 Меѓу источен и западен Берлин воспоставен е ограничен телефонски сообраќај, првпат по 19 години.
1974 Умре американскиот филмски продуцент Семјуел Голдвин, еден од пионерите во филмската индустрија. Во 1923 година ја основа филмската компанија „Семјуел Голдвин Продакшнс“, која во 1924 година се здружи со уште две филмски куќи и компании „Метро-Голдвин-Маер“, но потоа повторно стана самостоен продуцент. Филмови: „Стела Далас“, „Темниот ангел“, „Ќор-сокак“, „Западњак“, „Мали лисици“, „Најубавите години од нашиот живот“, „Тајниот живот на Волтер Митиј“, „Момчиња и девојки“, „Порги и Бес“.
1994 Во главнот град на Сомалија Могадиш американските маринци пратејќи го конвојот со дипломати на САД, отворија оган врз луѓето собрани покрај центарот за делење на храна при што убија најмалку пет цивили, а ранети беа многу повеќе.
1994 Алжирскиот министер за одбрана Лиамин Зеруал ја презеде функцијата шеф на државата.
1994 Швајцарската Конфедерација и Принципатот Лихтенштајн воспоставија дипломатски односи со Република Македонија.
1994 Во Скопје е формирано Друштво на македонско-турско пријателство и соработка.
1996 Тамилски терорист-самоубиец влета со камион полн со експлозив во централната банка во Шри Ланка во Коломбо, усмртувајќи околу 90 и ранувајќи повеќе од 1.400 луѓе.
1996 Во експлозија која уништи станбена зграда во централната кинеска провинција Хуман загинаа 122 луѓе.
2000 Авионот од типот МД-83 на американската компанија „Аљаска ерлајнз“ се урна во Тихиот Океан во близина на брегот на јужна Калифорнија. Несреќата не ја преживеа никој од вкупно 88 патници и членови на екипажот.
2000 Харолд Шпилман, сеемен лекар од северозападна Англија, беше осуден за убиство на 15 постари пациенти со смртоносна инјекција. Најголемиот британски сериски убиец, за кој се претпоставува дека убил повеќе од 200 пациенти, се обеси во затворската ќелија во јануари 2004 година.
2001 Поранешниот либијски таен агент Абде Бесет ел Миграхи е осуден на доживотен затвор поради подметнување бомби во авионот „Пан Американ“ кој во 1988 година експлодира врз Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 луѓе во леталото и на тлото.
2002 Римокатоличката црква во Ирска се согласи да плати 128 милиони евра обесштетување за луѓето кои беа жртви на злоупотреба од сексуална природа додека престојуваа во детските домови под управа на римокатоличката црква.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1834 Во Охрид е роден Кузман Шапкарев, еден од најзначајните собирачи, публикатори, афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари, човек кој со големи саможртви во времето на националната преродба на Македонците и се предаде на благородната мисија на обнародување на духовното богатство на својот македонски народ. Ги објави делата "Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина", "Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин", како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата на Македонија. Умре во Софија, на 18.03.1909 година.
1883 Под раководство на францускиот инженер Фердинанд Лесепс, градител на Суецкиот канал, почна изградбата на Панамскиот канал, која заврши со еден од најголемите финансиски скандали во 19 век. Работите беа прекинати цели 20 години. Целосна контрола над зоната над каналот презедоа САД, со чија финансиска подршка, каналот е завршен во август 1914 година. Каналот е долг 81 километар.
1887 Основан е Холивуд, најголемиот филмски град (предградие на Лос Анџелес) во светот. Првиот филм е снимен во 1911 година.
1924 Британската лабуристичка влада го призна СССР, што значително придонесе за намалување на дипломатската изолација на првата социјалистичка земја во светот.
1944 Во Њујорк умре Пит Мондријан, холандски сликар и теоретичар. Како еден од основачите на групата "Де Стил", во 1920 година објави манифест за "неопластицизмот". Од 1940 година живееше во САД. Тој е значаен претходник на новото сликарство. Роден е на 7.03.1872 година.
1946 Тригве Ли (од Норвешка) е избран за прв генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации.
1994 Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади.
1996 Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1509.Португалците под команда на Франсиско де Алмејде ја уништија муслиманската флота во битката во Индискиот Океан, во близина на градот Диа, на северозапад во Индија, по што воспоставија контрола во водите околу индискиот потконтинент.
1536 Основан е Буенос Аирес, главен град на Аргентина.
1556 Во една од најголемите катастрофи во историјата на човештвото, земјотрес ги опустоши кинеските провинции Шанси, Шанхси и Хенан - загинаа повеќе од 850.000 луѓе и избриша од земјата неколку стотици населени места.
1594 Умре италијанскиот композитор Ѓовани Пјерлуиѓи да Палестрина. Компонирал дела со голема изразитост - повеќе од сто литургиски дела, околу 250 други духовни и световни парчиња, мадригали. Дела: „Миса на папата Марчело“, „Стабат Матер“.
1709 Шкотскиот морнар Александар Селкрејг, познат како Александер Делкрик, беше пронајден на пуст пацифички остров на кој во 1704 година доспеал по бродолом. Неговата животна приказна го инсприра Даниел Дефо да го напише романот „Робинзон Крусо“.
1801 Британскиот Парламент ја одржа првата седница на која присуствуваа и ирски претставници.
1848 Во градот Гваделупе Идалго, по двегодишна војна е склучен мир меѓу Мексико и САД. Мексико беше поразен и на САД мораше да им ги предаде Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија, како и надомест од 14 милиони долари.
1879 Умре бугарскиот писател и револуционер Љубен Стојчев Каравелов. Се залагал за создавање на јужнословенска федерација, собирал доброволци и во 1876 година се борел во српско-турската војна. Дела: „Дали е крива судбината?“, „Горска судбина“, „Од мртвиот дом“.
1882 Роден е ирскиот писател Џемјс Џојс. Дела: „Портрет на уметникот и младоста“, „Финеганово бдеење“, песните „Камерна музика“.
1901 Во Вилма, Русија, е роден Јаша Хајфец, руско-американски виолинист, најдобар виолинист на светот во 20 век. Својата дарба и виртуозност ја покажа уште во првата деценија на својот живот. Соработуваше со пијанистот А. Рубинштајн и со виолончелистот Г. Пајтогорски. Поголемиот дел од животот го помина во САД. Умре во Лос Анџелес, на 11 декември 1987 година.
1904 Роден е рускиот пилот Валериј Павлович Чакалов, кој се прослави со многу потфати, вклучувајќи го и прелетувањето на Северниот пол. Во 1937 година го изврши првиот лет преку најсеверната точка на Земјата без спуштање, прелетувајќи со авионот „Ан-25“ за 64 часа и 25 минути далечина од 12.000 километри од Москва до американскиот град Ванкувер кај Портланд, што беше светски рекрод. Американците во Ванкувер во чест на овој сензационален лет му подигнаа споменик и отворија музеј. Испробувајќи го новиот тип на авион-ловец, загина во декември во 1938 година.
1907 Во Петроград умре Димитриј Иванович Менделеев, руски хемичар, еден од најпознатите научници од оваа област. Тој е татко на Периодичниот систем на хемиските елементи. Неговата книга "Основи на хемијата" е преведена на многу јазици. Роден е во Тоболск, на 8 февруари 1834 година.
1932 Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува.
1950 Умре Џорџ Бернард Шо, еден од најголемите англиски писатели и драматичари од ирско потекло. Литературната кариера ја почна со пишување на романи и на театарски критики, а дури подоцна почна да пишува драми по кои стана и најпознат. Меѓу неговите најпознати дела се вбројуваат "Пигмалион", "Кандид", "Цезар и Клеопатра" и други. Во 1925 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Даблин, на 26 јули 1856 година.
1969 Умре американскиот филмски глумец од англиско потекло Борис Карлоф, кој играше во првиот хорор филм и беше четири децении заштитен знак на овој жарн. Филмови: „Законот на подземјето“, „Лудите гении“, „Франкештајн“, „Лице со лузна“, „Мумија“, „Црна мачка“, „Невестата на Франкештајн“ и други.
1970 Умре англискиот филозоф, математичар и писател Бертранд Расел, добитник на Нобеловата награда за литература во 1950 година, еден од основачите на аналитичката филозофија. Се посветил на борбата за мир и во многу акции се искажал како противник на интервенцијата на САД во Виетнам, како и на нуклеарното вооружување. Ја основа меѓународната порота која го доби називот „Раселов суд“. Дела: „Историјата на западната филозофија“, „Нашите сознанија за надворешниот свет“, „Човечко знаење“, „Принципи на социјалната реконструкција“, „Патишата кон слободата“, „Праксата и теоријата на болшевизмот“, „Слобода и организација“ и други.
1978 Двајца советски космонаути од вселенскиот брод „Саљут“ ја извршија операцијата на дотур на гориво во отворениот свемир, првпат во историјата на вселенските летови.
1986 Во Кнежеството Лихтенштајн на парламентарните избори за првпат гласаа и жените.
1990 Јужноафриканскиот претседател Фердинанд де Клерк ја укина забраната на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела.
1994 Република Чешка ја призна Република Македонија.
1995 Лидерите на Израел, Јордан, Египет и ПЛО првпат се собраа на состанок во Каиро за да изнајдат мирно решение поддржувајќи го израелско-палестинскиот договор.
1996 Умре американскиот филмски глумец, режисер и балетски играч Џин Кели, една од најзначајните фигури во историјата на мјузиклот. Филмови: „Американец во Париз“, „Танц на дожд“, „Гуар“, „Во град“, „Покана за игра“.
1996 Во Скопје е потпишан Меморандум за отворање Британски информативен центар.
1998 Падот на филипинскиот патнички авион „ДЦ-9“ на југот на Филипините не го преживеа никој од 104 патници и членови на екипажот.
2005 Умре некогашниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Германецот Макс Смелинг, кој во историјата на светскиот бокс влезе во 1936 година, кога во Њујорк пред 42.000-та публика го нокаултира дотогаш непоразениот Џо Луис.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1809.Во Хамбург е роден Феликс Манделсон - Бартолди, германски композитор, пијанист и диригент. Тој е истакнат претставник на епохата на романтизмот, но во неговото дело сепак е нагласено чувството за класична форма. Има голема заслуга за запознавањето и оживувањето на делото на Јохан Себастијан Бах. Со успех твореше во сите подрачја на музичкото творештво, освен во операта. Меѓу неговите најдобри музички дела спаѓаат "Виолински концерт во Е-мол" и увертирата на "Сонот на летната ноќ". Умре во Лајпциг, на 4 ноември 1847 година.
1867 Принцот Муцухито на 14-годишна возраст стана јапонски цар Меиѓи. Во текот на неговото владеење, до смртта во 1912 година, Јапонија постепено почна да се модернизира, по примерот на Запад и САД. Периодот на неговото владеење претставува темел на модерна Јапонија, земја која е пример за технологија и научни достигнувања.
1909 Роден е францускиот филмски режисер Андре Жан Кајат. Жан Кајат иако се бавел со адвокатура, новинарство и пишување на сценарија, славата ја стекна како режисер. Филмови: „Сите ние сме убијци“, „Огледало со две лица“, „Љубовници од Верона“, „Правдата е задоволена“, „Премин преку Рајна“.
1915 Потпомогната со германска и австроунграрска артилерија, турската војска во Првата светска војна го премина Синајскиот полуостров и ненадејно ги нападна Британците на Суецкиот канал. Турскиот напад, повторен и во 1916 година, ја принуди британската команда во Египет да доопреми две дивизии на Индуси, со кои премина во офанзива и до крајот на 1916 година ги зазеде Ал Ариш и Синај, а подоцна и цела Палестина.
1917 Во Првата светска војна САД ги прекинаа дипломатските односи со Германија, откако Берлин соопшти дека ќе започне војна со подморници.
1919 Во Париз е одржана првата седница на Друштвото на народите, девет дена по основањето на првата светска организација.
1924 Умре Вудро Вилсон, дваесет и осмиот претседател на САД. Беше претседател од 1913 до 1921 година. Роден е на 28 декември 1856 година.
1943 Британските авиони во Втората светска војна го бомбардираа германскиот град Хамбург.
1945 Американските авиони во Втората светска војна исфрлија 3.000 тони бомби над Берлин.
1958 Потпишан е договор за економска унија на Белгија, Холандија и Луксембург, со кој е предвидена целосна стопанска интеграција на трите земји.
1966 На Месечината се спушти првото летало лансирано од Земјата, советскиот вселенски брод без екипаж "Луна IX", по што почна да емитува сигнали.
1968 Роден е Владе Дивац, легендарен кошаркарски репрезентативец на СФРЈ, СР Југославија и Србија и Црна Гора. Тој беше играч на Лејкерс, каде што ја почна НБА кариерата, а потоа настапуваше и за Шарлот Хорнетс и Сакраменто Кингс.
1969 Палестинскиот национален конгрес го избра Јасер Арафат за шеф на Палестинската ослободителна организација.
1973 Во Јужен Виетнам на основа на мировниот Договор потпишан во Париз стапи во сила прекин на огнот. Со Договорот беше предвидено САД да ги повлечат своите трупи, а Владата во Сајгон и Фронтот за национално ослободување на Јужен Виетнам да формираат "Национален комитет за национално помирување". Силите на Фронтот со помош на северновиетнамската Армија во април 1975 година ги поразиле владините трупи во Сајгон и американската војска, а марионетскиот режим се распадна. 1977.- Претседателот на Етиопија генералот Тефери Бенти и неговите блиски соработници во Адис Абеба беа убиени од лојалните сили на потполковникот Менгис Хаил Маријам, кој диктаторски владееше до мај 1991 година, кога беше тргнат од власта и пребега во Зимбабве.
1977 Во несреќен случај загина Васко Каранѓелески, народен херој на Македонија. Роден е во селото Брусник, Битолско, на 7 јули 1921 година.
1981 Гро Харлем Брунтланд по оставката на Одвар Нордлиј е избрана за прва жена премиер на Норвешка.
1987 Во Скопје умре академик проф. д-р Владимир Мошин, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура. Роден е во Петроград, на 9 октомври 1894 година.
1989 Умре американскиот филмски режисер и глумец Џон Касаветис, водечки претставник на „њујоршката школа“, независна продукција која со критички интонирани филмови се спротивстави на холивудските стандарди. Филмови: „Злосторство на улиците“, „Убијци“, „Дванаесетте жигосани“, „Зошто ме осудивте на живот“, „Сенки“, „Премногу доцни блузот“, „Лица“, „Мажи“, „Жена под влијание“, „Глорија“.
1992 Во Скопје умре Васил Ќортошев, македонски оперски пејач и режисер. Роден е во 1920 година.
1992 Претседателот на Аргентина Карлос Менем потпиша декрет за отворање на сите документи за нацистите кои по завршувањето на Втората светска војна пребегнаа во Јужна Америка.
1994 Претседателот на САД Бил Клинтон го укина трговското ембарго воведено спрема Виетнам во 1975 година, по поразот на американските војници во таа земја.
1996 Во земјотрес во југозападна Кина загинаа повеќе од 300 луѓе.
1997 Чешкиот писател Бохумил Храбал изврши самоубиство скокајќи од петти кат на болницата во Прага во која се лечеше од артритис. Врз основа на неговата новела „Строго контролирани возови“, Јиржи Менцл го сними истоимениот филм за кој во 1968 година доби Оскар. Останати дела: збирки раскази „Бисер на дното“, „Часови за игра на стари и искусни“, „Оглас за куќа во која не сакам повеќе да живеам“.
1998 Американскиот воен авион „ЕА-6В“ летајќи прениско и премногу брзо, грубо ги прекрши правилата важечки за тренажни летови. Тој ги пресече каблите на жичарница во зимскиот туристички центар Кавалезе во северна Италија, усмртувајќи ги сите 20 луѓе во гондолата која се урна по пад од 200 метри висина. Американскиот воен суд во март во 1999 година ги ослободи од обвинение пилотите и капетанот Ричард Ешбиј, а тоа во Италија предизвика бран на огрочена реакција.
2004 Умре амерканскиот дипломат Ворен Цимерман, последниот амбасадор на САД во СФРЈ, од 1989 до 1992 година, кога почна граѓанската војна во поранешна Југославија.
2005 Авганистанскиот „Боинг 737“, сопственост на приватната авганистанска компанија „Кам ера“, удри во планина близу Кабул. Загинаа сите 105 патници и членови на екипажот.
2006 Во Црвено Море се запали и потона фериботот „Салам - Бокачо 98“, со 1.400 патници и членови на екипажот. Беа спасени околу 400 патници.
2006 Во центарот на Москва се урна покривот на пазарот „Басманаја“. Загинаа 64 луѓе, а беа ранети повеќе од десет.
2007 Загинаа преку 135 луѓе во Багдат во експлозија на камион-боба на пазар, во претежно шиитско-курдскиот кварт Садрија, а околу 200 луѓе беа повредени. Бомбашот-самоубиец беше во камионот полн со еден тон експлозив.
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
На денешен ден(нов стил) пред 138 год. е роден Гоце Делчев слава му и никогаш да не го заборавиме неговото дело.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1789.За прв претседател на САД е избран Џорџ Вашингтон. Беше американски претседател осум години, но се повлече од функцијата во 1797 година и одби по трет пат да се кандидира за шеф на државата.
1815 Во Осиек е роден Јосип Јурај Штросмаер, бискуп, политичар, културен деец, основач и покровител на Југословенската академија на науките и уметностите (ЈАЗУ) во Загреб, во 1866 година, втемелувач на хрватскиот универзитет. Се стремеше кон обединување на Јужните Словени во рамките на Австрија. Во 1861 година со негова помош, во Загреб е објавен „Зборникот на браќата Миладиновци“. Умре во Ѓаково, на 8 април 1905 година.
1872 Во Кукуш, Егејска Македонија, е роден Гоце Делчев, прв меѓу првите револуционерни синови на македонскиот народ. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја НО борба на македонскиот народ, тој ја обиколи цела Македонија. Непријателите на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледаа најголем непријател и се обидуваа на секој начин да го ликвидираат. Така, на 4 мај 1903 година, во борба против османлиската војска во селото Баница, Серско, во егејскиот дел на Македонија, загина великанот Гоце Делчев.
1900 Роден е францускиот писател Жак Анри Мари Превер. Напиша повеќе поетски сценарија за филмовите "Брегот во магла", "Хотел Север", "Денот се раѓа" и "Вратата на ноќта". Најпознати збирки песни се "Зборови", "Голем пролетен бал" и "Дождот и убавото време".
1938 Подготвувајќи се за војна, Адолф Хитлер го презеде ресорот министер за војна на нацистичка Германија, а за шеф на дипломатијата го назначи Јоахим фон Рибентроп.
1945 Во Јалта, на Кримскиот Полуостров, почна Јалтската конференција меѓу шефовите на СССР - Јосиф Сталин, на САД - Франклин Рузвелт и на Велика Британија - Винстон Черчил за усогласување на завршните операции во Втората светска војна, како и за односите со Европа и со светот по завршувањето на војната.
1948 Цејлон (Шри Ланка) доби самоуправа во рамките на Британскиот комонвелт.
1972 Велика Британија и девет други земји го признаа Источен Пакистан како независна држава Бангладеш.
1974 Гренада прогласи независност во рамките на Британскиот комонвелт.
1976 Главниот град на Мозамбик, Лоренсо Маркес го доби името Мапуто.
1978 Џунијус Џајавордене ја презеде должноста прв претседател на Шри Ланка.
1990 Во Скопје е основано Движењето на семакедонската акција (МААК). За претседател е избран Гане Тодоровски.
1993 Во Москва умре Димче Толовски, истакнат литературен преведувач и голем афирматор на македонската литература во Русија и во земјите на поранешниот Советски Сојуз. Роден е во Кавадарци, на 17 декември 1925 година.
1993 Во Скопје, во издание на НИП „Ѓурѓа“ - Независни изданија, излезе првиот број на списанието „Ворлд прес ИЗБОР“.
1994 Во Собранието на Република Македонија е конституиран Републичкиот судски совет.
1994 Државниот секретар за соработка и развој, Ерик Дерике, во белгискиот Сенат изјави дека белгиската Влада донела одлука за воспоставување на дипломатски односи со Република Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom