Хакет Мен
Juventus Till I Die
- Член од
- 23 јануари 2009
- Мислења
- 10.227
- Поени од реакции
- 3.414
1658- Во Лондон е роден Хенри Персел, најзначаен англиски композитор од времето на ренесансата. Компонираше опери, химни, оди, црковна музика, сонати и друго. Негови главни дела се оперите "Дидона и Енеј", "Вилинска кралица" и "Кралот Артур". Умре во 1695 година.
1694- Во Париз е роден Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. Тој беше претставителен и во вистинска смисла на зборот, еден од најслободоумните луѓе на тогашна Европа, голем противник на мрачниот период на црквата и клерикализмот, иако не беше атеист. Негово најпознато дело е фолозофско-дидактичкиот роман "Кандит". Напиша и неколку епопеи, историски дела, трагедии и комедии. Умре во Париз на 30 мај 1778 година.
1783 Французите Франсоа Пилатр де Розије и Франсоа Лоран први изведоа успешен лет со балон наполнет со топол воздух, прелетувајќи над Париз осум километри за 25 минути.
1806 Францускиот цар Наполен I го објави Берлинскиот декрет за блокада на Велика Британија, како и забрана за прикотвување на британските бродови во сите европски пристаништа, со намера економски да ја ослаби.
1818- Роден е Луис Хенри Морган, американски етнолог и социолог. Неговите студии за животот на американските Индијанци му послужија на Енгелс како основа за книгата "Потеклото на фамилијата, приватната сопственост и државата". Умре на 17 декември 1881 година.
1844 Умре рускиот писател Иван Андрејевич Крилов. Покрај басни, пишуваше и сатирични „писма“ и комедии. Пишуваше на изворно народен јазик, а многу од неговите изреки станаа народни поговорки. Значитело влијаеше врз европската литература. Дела: збирки басни, комедии „Модна трговија“, „Книжевник во предсобјето“, комичната опера „Хистерично семејство“, „Кафеана“.
1855 Шведска со Велика Британија, Франција и Турција склучи сојуз против Русија во Кримската војна.
1874 Во Рим умре Мариано Фортуни, шпански сликар. Роден е во Реус, на 11 јуни 1838 година.
1875 Во селото Русиново, Беровско, е роден Никола Петров Русински, истакната личност од националната историја на македонскиот народ, социјалист и револуционер, близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други видни македонски револуционери. Умре во родното село Русиново, на 14 февруари 1943 година.
1877 Томас Едисон (американски физичар и пронаоѓач) го соопшти пронаоѓањето на фонографот - претходник на грамофонот.
1900 Во Софија, во салонот „Славјанска беседа“ е одржана праизведбата на пиесата „Македонска крвава свадба“ од основположникот на македонскиот театар и драматургија, македонскиот писател Војдан Чернодрински.
1916 Умре австрискиот цар Франц Јозеф кој владееше од 1848 до 1916 година. Со помош на Русија ја задуши револуцијата во Унгарија во 1849 година. Воспостави централистички систем со ограничени традиционални покраински слободи. Со прогласувањето на Австро-унгарија со спогодбата во 1867 година отстапи од строгиот централизам. По Берлинскиот конгрес во 1878 година ја окупира Босна и Херцеговина, која беше анектирана во 1908 година. Го искористи атентатот врз престолонаследникот Франсоа Фердинанд во 1914 година во Сараево како повод да изврши напад врз Србија, што заврши со пропаст на неговата држава во 1918 година.
1933 По одлуката на претседателот на САД Френклин Рузвелт да се воспостават дипломатски односи со Советскиот Сојуз, првиот американски амбасадор во Москва Кристијан Булит стапи на должноста.
1944 Претседателството на АВНОЈ во Втората светска војна целиот имот на непријателот го прогласи за државен имот.
1974 Во експлозијата која во два бара во англискиот град Бирминген ja подметна Ирската републиканска армија загинаа 21 лице.
1977 Во југоисточна Индија циклон усмрти околу 3.000 луѓе, а огромните морски бранови - цунами уништија до темел неколку села.
1986 Во Скопје умре Георги Божиков, истакнат македонски оперски уметник, првенец на Операта при Македонскиот народен театар. Роден е во Петрич, во 1931 година.
1992 Во Скопје е одржан Првиот конгрес на Лигата за демократија.
1994 Во Солунското пристаниште се блокирани 19.500 тони американска пченка за Македонија.
1995 Во американскиот град Дејтон е парафирана спогодбата за крај на граѓанската војна во Босна и Херцеговина.
1996 Формиран е Сојузот на металурзите на Република Македонија.
1999 Во Тетово е одржано Основачко собрание на политичката партија Единство на Ромите во Македонија. За претседател на партијата е избран Меваил Алити. Регистрирана е на 22 февруари 2000 година, со седиште во Скопје.
2002 Поранешните членки на Варшавскиот пакт - Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка, како и Словенија добија покана за полноправно членство на Алијансата на Самитот на НАТО во Прага во првата половина на 2004 година.
2006 Британија забрани рекламирање на нездравите прехранбени производи наменети за децата, со што од телевизиските програми беа отстранети рекламите на солените, пресолените и мрсните јадења. Преземените мерки се однесуваат за сите програми во текот на 24 часа, како и на сите телевизиски канали.
2006 Во рудникот за јаглен Халембо, на југот од Полска, во местото Руда Шљонска, еден од најстарите рудници за јаглен во Полска, загинаа 23 рудари. Експлозијата на метан се случи на нешто повеќе од илјада метри длабочина. Од 2003 година повеќе од 80 рудари загинаа во рудниците во Полска.