На денешен ден!

Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.818
Поени од реакции
22.864
1885 Во Бордо е роден Франсоа Шарл Моријак, француски писател и публицист. Негови најпознати романи се "Дете под товарот на веригите", "Бакнежи за прокажаниот" и "Црните анѓели". Во 1952 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Париз, на 1.09.1970 година.
1910 Во Прилеп е роден Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од најзначајните двигатели и основоположници на македонската историографија и архивистика, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје. Напиша околу 200 научни трудови. Умре во Скопје, на 24.11.1985 година.
1941 Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршија напад на бугарскиот полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин беше означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел за конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласија и истрелите на кумановските партизани. Почна четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечо ослободување на земјата која заврши со успех само во еден дел на Македонија.
1964 Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија-документарниот филм "Востанати" работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание.
1994 Во Анталија, во Турција на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка на која учествуваа високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакна заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО.

1492 Прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигна на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргна со три брода : "Санта Марија", "Ниња" и "Пинта". Во текот на патувањето ги откри Куба и Хаити, каде што остави дел од своите луѓе и се врати во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одеше на слични патувања.
1822 Бразил доби независност. Дотогаш оваа земја беше португалска колонија.
1896 Во Џенова е роден Еуџенио Монтале, италијански поет, најголем претставник на италијанскиот херметизам. Негови познати дела се "Аутодафе", "Бура и друго" и "Дневник на 71 и 72 години". Добитник е на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1973 година и на Нобеловата награда за литература во 1975 година. Умре во Милано, на 12.09.1981 година.
1941 Во Прилеп, бугарската полиција уапси 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето беа издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и беа префрлени во Битола, а потоа беа изведени пред суд.
1964 Советскиот Сојуз го лансира вселенскиот брод "Восток-1" со пилотот Владимир Комаров, со научникот Константин Феоктисов и со лекарот Борис Јегоров.
1969 Советскиот Сојуз го лансира вселенскиот брод "Сојуз-7" со екипаж од три члена, кои се сретнаа со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод "Сојуз-6".
1994 Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започна изградбата на пругата кон Бугарија. Изградбата на железничката пруга Куманово-Бељаковци-Деве Баир чини околу 120 милиони долари.
1995 На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија премина во редовно членство во Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1890 Роден е Двајт Ајзенхауер, американски генерал и политичар. Во Втората светска војна беше командант на американските воени сили во Европа, потоа командант на сојузничките сили во Средоземјето, раководеше со операциите на Сицилија, во јужна Италија и со десантот на Нормандија. По војната беше командант на Северноатлантскиот пакт. Во 1952 и во 1956 година беше избран за претседател на САД. Умре на 28.03.1969 година.
1919 Во Деде Агач, е роден Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Уште во 1938 година, кога е формиран Македонскиот литературен кружок во Софија, тој членуваше во него заедно со Никола Вапцаров, Коле Неделковски, Ѓорги Абаџиев, Антон Попов и со други прогресивни македонски писатели кои работеа за афирмирањето на македонската национална култура. Умре во Охрид, на 24.02.1976 година.
1941 Во селото Крупиште, Штипско, како одмазда за загубената борба, германските фашисти со вперени пушки влегуваа во куќите и ги собираа мажите од 15 до 60-годишна возраст, а притоа пукаа во секој што ќе почнеше да бега. Злосторниците влегуваа во куќите и ги гореа заедно со добитокот. Притоа стрелаа 49 луѓе. Истиот ден германските фашисти извршија масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото беше опожарено и беа стрелани 40 луѓе.
1993 Во Њујорк, е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под Уставното име- Република Македонија.
1994 По Ирската републиканска армија и лојалистичките парамилитарни единици, објавија општ прекин на воените акции, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата северно-ирска драма.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1760 Роден е Клод Анри Сен Симон, француски социјалист, утопист и филозоф. Без оглед на идеалистичкото сваќање на силите на општествениот развиток, тој се доближи до материјалистичкото сваќање на историјата. Умре на 19.05.1825 година.
1849 Во Париз умре Фредерик Франсоа Шопен, полски композитор и пијанист, наречен поет на клавирот. Компонираше исклучиво клавирска музика, збогатена со нови изразни средства, особено во поглед на хармонијата, формата и на пијанистичката техника. Роден е во Железна Вола, кај Варшава, на 1.03.1810 година.
1878 Избувна Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна држава. Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп Георгиев - Геровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнаа селото Кресна, каде што се наоѓаше османлиската касарна. Притоа ја зазедоа касарната и ослободија неколку места каде што беше создадена народна власт. Востанието беше задушено дури во јуни идната година.
1907 Воспоставена е првата радиотелеграфска врска меѓу Европа и Северна Америка. Радиоврската меѓу двата континента се покажа многу попрактична од телефонската врска, за која беа потребни скапи подводни кабли.
1912 Почна Првата балканска војна која Србија, Црна Гора и Бугарија, ја водеа против Османлиското царство. Војната заврши со примирје на 3 декември истата година. На Мировната конференција во Лондон, на 30.05.1913 година. Турција мораше да се откаже од сите имоти во Европа, освен од Едрене, кое сојузниците не успеаја да го заземат. Македонскиот народ зеде активно учество во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделија Македонија, што, пак, поради "несоодветната поделеност", беше причина за почетокот на Втората балканска војна.
1991 По седумгодишна пауза на електропечката, што беше вклучена на 3.09.1991 година, топилничарите на ФЕНИМАК ги произведоа првите тони никел.
 

Qwerty!

Knowledge is power:O
Член од
28 јуни 2008
Мислења
803
Поени од реакции
11
17.10.2001 00:00
Повеќе од 30 поединечни и рафални истрели се слушнале во Тетово од 23 часот до 7 изутрината
Повеќе од 30 поединечни и рафални истрели се слушнале во Тетово и во поширокиот регион се регистрирани од 23 часот до 7 изутрината, соопшти МВР.
Најголем број на прекршувања на прекинот на огнот се забележани од правец на бачилата на Нерашта.
Ноќеска во скопското кризно подрачје од правец на местото Љуботенски Бачила бил отворен оган кон пунктот на македонските сили за безбедност „Здравец“, на што тие пропорционално одговориле, соопшти Координативното тело за справување со кризи.
Според истиот извор, во текот на ноќта било пукано со огнено оружје и врз полициски пункт кај кумановското село Ропајце, на што не е одговорено.
Во меѓувреме, две лица загинаа, а едно е повредени во престрелка што се случила ноќеска во 3 часот и 15 минути кај кафеаната „Сага“ во Тетово, потврди МВР.
Трите лица од албанска националност, Изет Мемети, Бесим Биљали, Митељ Алити учествувале во престрелките. Повредените имале прострелни рани на нозете и на градниот кош, а едниот од нив е префрлен во болница во Скопје.
Истрагата за оваа престрелка и околностите во кои таа се случила е во тек. Според првични непотврдени проценки, најверојатно станува збор за меѓусебна пресметка.
Kонвојот со раселени лица, кој денеска требаше да го посети селото Mатејче, остана во Куманово, по предупредувањето на мониторите на Eвропската Унија дека во Матејче има вооружени албански групи.
Претставник на мониторинг мисијата на ЕУ изјави дека во Матејче се наоѓаат вооружени Албанци дојдени од Косово, кои не дозволуваат влез во селото.
Раселените лица од Матејче, привремено сместени во Куманово, револтирани гневот го насочија кон возилото на меѓународните посматрачи, а со интервенција на полицијата е спречен поголем инцидент.
Околу 300 раселени лица од Матејче од Македонци и Срби најавија блокада на патниот правец Скопје - Куманово.
Екипите за деминирање денеска извршуваат пребарување на патните правци и населени места во реоните на тетовските села Непроштено, Слатино и Теарце, а вчера вршеа деминирање во селата Прковица, Јегуновце, Јанчиште, Прељубиште, Шемшево, Жилче и Лешок.
Тимови на А.Д. „Телекомуникации“ денеска во координација со центарот за менаџмент со кризи и претставници на мониторинг мисиите на ОБСЕ и на Европската Унија во селото Јеловјане ќе вршат реконструкција на оштетената телекомуникациска мрежа, а екипи на „Електродистрибуција - Куманово“ ќе извршуваат проценка и регистрирање на оштетени далноводи и прекинати кабли во Липково, Лопате, Гошинце и Оризаре.
Портпаролот на МВР Васко Шутаров денеска потврди дека започнало враќањето на албанските курсисти во центарот за образование на кадри од областа на безбедноста во Идризово.
Албанските курсисти и нивните американски инструктори пред повеќе од една недела ја напуштија обуката поради провокации од резервниот состав на полицијата сместена во Идризово.
По преместувањето на полициските резервисти во друг објект се исполнети условите за продолжување на наставата на 109 албански курсисти, кои по обуката треба да му се приклучат на редовниот полициски состав.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Се роди сестра ми.
Нека и е среќен 18-от роденден.:back:
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1867 Владата на Соединетите Американски Држави го купи од Русија, полуостровот Алјаска за седум милиони и двесте илјади долари.
1893 Умре Шарл Гуно, француски композитор, кој заедно со Санс, е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век. Напиша 200 соло - песни, пишуваше црковна музика и ораториуми. Меѓутоа, најзначајни се неговите опери: "Ромео и Јулија", "Фауст", "Миреј", "Со сила лекар", како и обработката на Баховиот "Прв клавирски концерт". Роден е во Париз, на 17.06.1818 година.
1898 Во Прилеп е родена Васка Циривири, носител на "Партизанска споменица 1941", прв претседател на АФЖ на Македонија, мајка на две ќерки, борци во НОВ на Македонија, кои храбро загинаа во текот на војната. Умре во Скопје, на 13.01.1984 година.
1912 Во Лозана, Турција и Италија потпишаа Договор за мир, со што заврши Италијанско - турската војна (1911-1912г.).
1931 Во Вест Оринџ, умре Томас Алва Едисон, голем американски пронаоѓач кој го задолжи светот со голем број технички откритија од кои речиси сите се сврзани со употребата на електрична струја. Тој изгради прва електрична централа, ги измисли светилката, монографот (грамофонот), микрофонот, ги усоврши телеграфот, динамо-машината и друго. Современиците го сметаа за "прв добротвор на човештвото". Роден е во Мајлен во 1847 година.
1943 Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската.
1962 После неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеа во градот и бидејќи на беше регулирано коритото на реката, поплавата го зафати целиот град, се до насипот во населбата Пролет. Поплавата траеше три дена, но без човечки жртви. Беше предизвикана голема материјална штета.
1967 Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица "Венера-4", спушти научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати и успешно се испитани атмосферата и површината на планетата.
1972 Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и за наемнина.
1990 Во Скопје умре Гога Џаџу, првоборец и носител на "Партизанска споменица 1941". Роден е во Крушево, во 1922 година.
1994 Британската кралица Елизабета Втора за прв пат во петвековната соработка, допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин, изјави дека посетата е признание за руската демократија.
 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.326
Поени од реакции
250
се прашувам дали ги чита некој постовите на pharaon i hacket man на темава...
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1735 Роден е Џон Адамс, втор по ред претседател на САД (1797-1801 г.). Умре на 4.07.1826 година.
1745 Во Даблин умре Џонатан Свивт, најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси. Неговото најпопуларно дело, фантастичниот роман "Гуливеровите патувања", претставува сатира на политичките прилики на Велика Британија и прераснува во потсмев на целиот човечки род и на неговите установи. Познати се и неговите дела "Битка на книги" и "Приказна за бурето". Роден е во Даблин, на 30.11.1667 година.
1924 Во Галичник е роден д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар, автор на стотина трудови, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Најпознат е како долгогодишен раководител на Одделението за документација на Институтот за национална историја. Умре на 6.01.1983 година.
1935 Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија.
1944 Трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на Втората светска војна, на 4.07.1946 година е прогласена независна Република Филипини.
1994 Рускиот премиер Виктор Черномирдин поднесе писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од должноста поради нарушено здравје.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1915 Во селото Игуменец (Гега), Пиринска Македонија, е роден Антон Попов, македонски револуцонер, публицист, писател, познат комунистички активист и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. Го стрелаа фашистичките џелати во Софија, на 23.07.1942 година.
1941 Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт.
1993 Српскиот претседател Слободан Милошевиќ го распушти Парламентот и најави парламентарни избори.
1994 Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. "Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија", изјави Елцин.
1997 Бројна владино-стопанска делегација на Руската делегација, предводена од вицепремиерот и министер за стопанство, Јаков Уринсон, престојува во Македонија, за да го потикне заживувањето на стопанската соработка меѓу двете земји.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1833 Во Стокхолм е роден Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец. Во 1867 година го пронајде динамитот, а во 1886 година балиститот, еден од првите бездимни барути. Патентира повеќе од 300 пронајдоци. Од производството на динамитот се збогати, па со тестамент остави фонд од 9,2 милиони долари за доделување на Нобеловата награда за вонредни достигнувања на подрачјето на физиката, хемијата, медицината, литературата, за залагањето за мир и за економија. Умре во Сан Ремо, во Италија, на 10.12.1896 година.
1941 Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.
1984 Во Париз умре Франсоа Трифо, еден од најпознатите француски филмски режисери со светска слава. Тој се истакна како извонреден филмски продуцент, критичар, актер и сценарист.
1995 По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка.
1997 Мило Ѓукановиќ, е избран за претседател на Црна Гора.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
42. п.е.- Римскиот политичар Марко Јуниј Брут изврши самоубиство.
1596 Турската војска на султанот Мухамед III кај Ерлау, во Унгарија, ги порази австриските трупи на Максимилијан.
1764 Во Париз умре Жан Мари Леклер, француски виолинист и композитор, во почетокот балетски играч. Компонира повеќе дела меѓу кои особено се истакнуваат виолинските композиции. Роден е во 1697 година.
1817 Роден е францускиот лексикограф и енциклопедист Пјер Атаназ Ларус, издавач на големиот светски речник на 19. век во 17 томови. Издавачката куќа „Ларус“ по неговата смрт 1875 година продолжи со издавање енциклопедиски речници.
1844 Во Париз е родена Сара (Вистинското име и е Розин) Бернар, француска артистка, со исклучително убав глас и дарба. Нејзината глума обележа цела една епоха. Нејзини главни улоги се Корделија („Крал Лир“), Кралица („Руј Блаз“), во „Федра“, „Дамата со камелии“, „Хамлет“, „Тоска“, „Теодора“ и во други. Умре во Париз, на 2 март 1923 година.
1872 Умре Теофил Готје, француски писател. Пишуваше песни, романи, патописи и критики. Роден е во 1811 година.
1917 Кај местото Луневил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна.
1917 На седница на Централниот комитет на руската Социјалистичка работничка партија (болшевичка) донесена е одлука за покренување организирано востание. Со подготовките и изведувањето на Октомвриската револуција раководеше Владимир Илич Ленин.
1942 Кај градчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка.
1944 Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка во Втората светска војна. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби.
1944 Сојузничките држави во Втората светска војна ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол.
1954 САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија.
1956 Француските колонијални власти го грабнаа авионот на мароканскиот сулатан, со кој водачите на алжирската револуција Ахмед Бен Бела, Мустафа Лашреф, Мухамед Будијаф, Мухамер Кидер и Ахмер Аит Хусеин летаа на состанокот со тунискиот премиер Хабиб Бургиба. Оваа постапка на француските единици предизвика протест во целиот свет.
1958 Рускиот писател Борис Пастернак ја доби Нобеловата награда за книжевност.
1961 На поранешниот генералeн секретар на Обединетите нации Швеѓанецот Халмар Агне Даг Хамаршелд, кој под сомнителни околности загина со авион во време на конгоанската криза, постхумно му е доделена Нобеловата награда за мир.
1973 Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се согласиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток.
1973 Главниот северновиетнамски преговарач со Американците во Виетнамската војна Ле Дук То ја доби Нобеловата награда за мир, кажувајќи дека нема мир во неговата земја.
1983 Во самоубиствениот напад на исламски терористи, во камиони наполнети со експлозив, во штабот на американската морнарица во Бејрут во близина на зградата во која биле сместени француски војници, убиени се 241 американски и 58 француски војници.
1990 Украинскиот премиер Виталиј Масол е принуден да поднесе оставка по масовните студенски протести, станувајќи прв советски функционер од тој ранг кој ја напушти власта под притисок на јавноста.
1991 Претставниците на 19 земји на меѓународната конференција во Париз, во организација на Обединетите нации, го потпишаа мировниот договр за да се стави крај на 13-годишната граѓанска војна во Камбоџа.
1992 По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото.
1993 Во експлозија која ја подметнаа терористи на Ирската републиканска армија, во Белфаст загинаа 10 луѓе.
1994 Во експлозија на бомба на еден предизборен митинг во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, загинаа најмалку 50 луѓе, вклучувајќи го и опозицискиот кандидат за претседател Гамини Дисанајак.
1995 Република Македонија и Австралија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
1998 Израел и Палестинаката ослободителна организација по маратонските разговори со посредство на САД, го потпишаа долго одложуваниот таканаречен Вај безбедносен договор со кој е предвидено отстапување на делови од окупираната територија на Палестинците во замена за мир.
1999 Гувернерот на Илионис Џорџ Рајан стана првиот функционер на САД од тој ранг кој ја посети комунистичка Куба.
2003 Чеченски исламски терористи упаднаа во московскиот театар „Дубровка“ уценувајќи дека во воздух ќе ги дигнат сите 800 посетители, а и себе, доколку руските власти не отстапат од операцијата во Чеченија и не ја повлечат војската од нивната земја. Во акцијата на руските сили за безбедност три дена подоцна во театарот загинаа 129 заложници и 41 терорист.
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
На овој ден 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО).
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1872 Умре Теофил Готје, француски писател. Пишуваше песни, романи, патописи и критики. Роден е во 1811 година.
1917 Кај местото Луневил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна.
1942 Кај градчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка.
1944 Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка во Втората светска војна. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби.
1944 Сојузничките држави во Втората светска војна ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол.
1954 САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија.
1973 Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се спогодиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток.
1992 По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1795 Русија, Австрија и Прусија меѓу себе ја поделија територијата на Полска.
1797 Лима, главниот град на Перу, го разурна земјотрес, при што загинаа околу 5.000 луѓе.
1857 Во Шефилд, Англија формиран е фудбалскиот клуб "Шефилд". Тој е најстариот фудбалски клуб во светот.
1914 Роден е Џонас Едвард Салк, американски микробиолог. Во 1955 година ја откри вакцината против детската парализа (полиомиелитис). Тој спасил милиони деца во светот заболени од детска парализа. Умре во Ла Џола, Калифорнија, во САД, на 23.06.1955 година.
1915 Роден е Тито Гоби, италијански оперски пејач, баритон. Настапуваше на сите оперски сцени низ светот и остави репертоар од над стотина улоги. Најголем успех постигна со креациите на Риголето, Скарпија ("Тоска"), Фалстав, Фигаро ("Севилскиот бербер") и Дон Џовани. Пееше и во повеќе музички филмови ("Џузепе Верди", "Палјачи"). Умре во 1984 година.
1918 Сваќајќи дека со распаѓањето на Австро-Унгарија целосниот пораз на централните сили е неизбежен, царот Карло побара интервенција од Католичката црква за прекинување на војната. Меѓутоа, интервенцијата на Ватикан немаше успех. Сојузниците продолжија со операцијата и ги натераа Австро-Унгарија и Германија на безусловна капитулација.
1945 Стапи во сила Повелбата на Организацијата на обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се слави како Ден на Организацијата на обединетите нации. Република Македонија е примена за рамноправен член на Организацијата на обединетите нации на 8.04.1993 година.
1992 Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени.
1997 На пет километи под површината на Индискиот океан, нуркачите го пронајдоа американскиот брод кој носеше 2.000 тони сребро, кое претседателот Рузвелт му го испратил на Сталин во 1944 година. Рузвелт сакал да им помогне на Русите во борбата против Хитлер, но планот пропаднал кога германскате подморници го потопиле. Во бродот имало сребро во вредност од најмалку 330 милиони долари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom