1669 Во Амстердам умре Харменсон ван Рајн Рембрант, холандски сликар, еден од најпознатите во историјата на европското сликарство кој ја доведе до совршенство хуманизацијата на човековиот лик. Автор е на делата "Ноќна стража", "Час по анатомија", "Христос во Емауд" и други. Роден е во Ленда, на 15 јули 1606 година.
1787 Роден е францускиот политичар и историчар Франсоа Пјер Гијом Гизо, шеф на дипломатијата од 1840 до 1847 година и претседател на владата од 1847 до 1848 година. Соборен е од власта во Февруарската револуција во 1848 година кога е соборен и кралот Луј Филип. Дела: „Историја на англиската револуција“, „Историја на цивилизацијата во Франција“.
1824 Мексиканскиот народ по долготрајна борба против шпанската колонијална војска се избори за независност и го прогласи Мексико за република со неофицијален назив Соединетите Држави Мексико.
1830 Белгија стана независна држава, одвојувајќи се од Холандија чиј дел беше од 1815 година. Причините поради кои се одвоија беа верската нетрпеливост бидејќи повеќето Белгијци се римокатолици, а Холанѓаните протестанти.
1853 Османлиското царство ја започна Кримската војна во која во 1854 година се придружија Франција, Велика Британија и Сардинија (Пиемонт). Во војната Русија по големите борби, на крајот на 1856 година доживеа пораз.
1865 Прускиот канцелар Ото фон Бизмарк и францускиот цар Наполен III во Бијарица (ексклузивно летовалиште на Атлантик северно од Принеј) постигнаа договор Прусија да ја преземе водечката позиција во германските држави од Хабзбург (Австрија). Бизмарковата агресивна политика во 1870 година предивика војна во која Наполен III доживеа тежок пораз, а Прусија делумно по пропаѓањето на неговото царство воспостави обединето Германско царство (без австриските земји).
1870 Француското собрание, по три дена откако беше заробен Наполеон III во битката кај Седан во француско-пруската војна, ја обнови републиката. Тогаш е одлучено, под притисок на јавното мислење, Франција да ја продолжи борбата против Прусија, која заврши со огромен пораз.
1878 Во САД е отворена првата кинеска амбасада кога амбасадорот Чен Лан Пин му ги предаде акредитивите на американскиот преседател Ратерфорд Хејс.
1892 Роден е австрискиот државник Енгелберт Долфус, канцелар од 1932 до 1934 година. Тој се противеше на идејата на Адолф Хитлер да ја припои Австрија со Германија. Поради упорното спротивставување на Хитлеровата намера, австриските нацисти го убија во Виена во јули 1934 година, но сепак нивнот пуч тогаш заврши без успех.
1895 Роден е американскиот филмски глумец Џозеф Френсис, познат како Бастер Китон. Најчесто глумеше самотник, кој е во судир со сите. Филмови: „Генерал“, „Навигатор“, „Шерлок помладиот“, „Снимател“, „Булевар на самракот“, „Светла сцена“.
1924 Роден е американскиот глумец Чарлс Картер, познат како Чарлтон Хестон. Филмови: „Дестте заповеди“, „Бен Хур“ (Оскар), „Јулиј Џезар“, „Агонија и екстаза“, „Ел Сид“ (Оскар), „Мајор Денди“, „Планетата на мајмуните“, „Земјотрес“.
1941 Во селото Чучер, Скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија. За прв претседател беше избран Петар Крстев Урдаревски.
1944 Во селото Алгуња, Кумановско, е формирана Осумнаесеттата македонска НО бригада.
1947 Во Гетинген умре Макс Планк, германски физичар, основач на Квантната теорија, хипотеза дека енергијата се емитува и се апсорбира само со дискретни количества. Работеше и на теоријата за хемиска рамнотежа и на формулирањето на термодинамичките принципи. Во 1918 година ја доби Нобеловата награда за физика. Роден е во Кил, на 23 април 1858 година.
1957 Западните земји, особено САД, беа изненадени, бидејќи беше јасно дека сателитот „Спутник1“ може да исфрли исклучително силна ракета, многу посилна од оние со кои во тоа време се експериментираше на Запад. Поради студената војна дојде до остро вселенско натпреварување.
1996 Британската африканска колонија Басутоленд се стекна со незвисност под името Кралство Лесото.
1970 Американската пејачка Џенис Џоплин е пронајдена мртва. Беше најпознатата бела пејачка на блуз во шеесетите години од 20. век. Прекумерната доза на дрога беше причината за нејзината смрт.
1986 Во Охрид, во катедралната црква „Света Софија“, се одржа Архиепископски изборен црковно-народен собир, на кој г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев) е избран за трет по ред архиепископ охридски и македонски - поглавар на Македонската православна црква. Следниот ден во црквата „Свети Климент“, новоизбраниот поглавар положи свечена заклетва и му беа врачени архиепископските обележја. Прв поглавар на Македонската православна црква беше обновувачот на Охридската архиепископија и организатор на Македонската православна црква архиепископот г.г. Досителј (Димитар Стојковски), втор архиепископот г.г. Ангелариј (Цветко Крстевски), четврт г.г. Михаил (Методи Гогов) и петти г.г. Стефан (Стојан Велјановски).
1992 Владата на Мозамбик со бунтовниците потпиша мировен договор со што по цели 16 години заврши граѓанската војна во земјата која до 1975 година беше португалска колонија.
1993 Во Москва беше емитувана одлуката на претседателот Елцин за воведување вонредна состојба во главниот град на Русија. Со неа се забранува секакво собирање, односно забрането е одржување на митинзи и демонстрации. Руската влада го повика народот да не се вклучува во немирите.
1995 Во Скопје умре Благоја Црвенков, првиот академски образовен актер во Македонија. Роден е во 1915 година.
1996 Талибанците го зазедоа Кабул, главниот град на Авганистан. Набрзо уследи терор врз неистомислениците.
1998 Во Скопје е поставен камен-темелник за изградба на црквата „Света Богородица“.
2001 Рускиот авион „Tu-154“ со 78 патници и членови на екипажот, кој летал од Израел, по грешка е соборен во воени вежби од украинска ракета врз Црното Море.
2002 Американскиот талибанец Џон Вокер Линд е осуден на 20 години затвор за учество во вооружени операции против Американците.
2003 Исламски терорист-самоубиец во ресторан во градот Хаифа, северен Израел, усмрти 23 луѓе.
2004 Во Вентури, Калифорнија, САД, умре Гордон Купер, американски астронаут, еден од пионерите на првата американска вселенска програма „Меркјури“. Роден е во 1927 година.