Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.180
- Поени од реакции
- 34.389
Луѓето кои се физички активни и за своето здравје се грижат така што редовно се рекреираат, многу често се најверните читатели на спортско-рекреативните рубрики каде можат да дојдат и до одредени информации за спортувањето и без да ангажираат лични тренери. Секако, нема потреба да консултирате стручна литература од областите на нутриционизмот, спортот или физиологијата за да добиете правилна информација која ќе ви ја даде и вистинската насока во вашето рекреирање.
Денеска, во современите општества инвазивно се промовира фитнесот, како начин на живот, како „лајт“ мотив да внимавате на здравјето преку тоа како и што вежбате и колку и како јадете. За таа промоција и придобивање на што повеќе клиенти, се користат и маркетиншки трикови кои многу лесно можат да ве збунат или да сфатите некоја порака нецелосно. Да, секако треба да вежбате, секако треба и да јадете правилно, но слепо следејќи ги основните начела „се движам и здраво јадам˝, луѓето стануваат робови на нецелосно сфатени совети и правила кои ги толкуваат на погрешен начин.
Заблудите или митовите според кои рекреативците се водат, претставуваат пречка во постигнувањето на бенефициите од вежбањето, а изостанатите резултати најчесто се и главен демотивирачки елемент. Да не се доведете во ситуација да се разочарате и покрај тоа што сте упорни и темелни во вашиот личен фитнес, прочитајте ги најчестите погрешно интерпретирани ставови.
Трчањето е единствен начин да се ослаби
Да, трчањето е одлична кардиоваскуларна активност, но не сечие тело е подготвено за тоа. Тренинзите на отпор и подигнување тежина го забрзуваат метаболизмот и 48 часа по тренингот, а тоа е во прилог на потрошувачката на калории. Но, ако сте љубител на кардио, а не сте обожавател на џогингот, обидете се со активност која е помалку стресна за вашите зглобови, како што е велосипед, кик фит, пливање или орбитрек.
Не е важно какви патики носам
Вашето стапало е основа на секое движење, а погрешниот избор на патики може да предизвика болки во колената, колковите, скочниот зглоб. Исто така, неадекватните обувки можат да ја намалат ефикасноста со која се движите и исходот на активноста. Удобните патики се од основно значење. Секако дека нема да џогирате со „старки˝ или да вежбате аеробик со патики високи до глуждовите. Доколку не знаете какви патики да одберете, консултирајте се со инструктор или со продавачите во спортските продавници.
Вежбање на празен стомак троши повеќе калории
Ова секако дека не е вистина, затоа што енергијата за вежбање ја добивате токму преку храната. Но, оброците треба да ги земате во согласност со распоредот за тренинг. Во секој случај, после обилен појадок или ручек, почекајте 2-3 часа пред вежбањето. И, во согласност со каков тип на тренинг ќе правите (кардио или снага, отпор, тежина), одберете го адекватниот извор на енергија (јаглени хидрати, протеини).
Тренинг еднаш неделно е подобро од ништо
Ова важи само ако претходно сте биле редовни со 3 тренинзи неделно подолг временски период, па сега ако поради патување или болест не сте стигнале да си го „одработите˝, не е така страшно. Но, ако сте почетник или „кампањски рекреативец“, да не се лажеме, овој став е еднаков на НИШТО.
Без разлика дали сакате да изгубите некое килце, или да се затегнете, потребна е постојаност и континуитет за да се покрене метаболизмот. Математиката за слабеење апроксимативно е следна: за да губите по половина килограм неделно, треба да трошите 3500 калории неделно. Без многу калкулации, наједноставно, прифатете дека правилна диета, редовно вежбање и хидратација ќе ве донесат побрзо до целта.
Неподносливата болка после тренинг е знак дека добро сум вежбал/а
Знак дека добро сте вежбале се резултатите. Секако дека и локализирано воспаление на одредена мускулна група кое е минливо за ден-два , укажува дека сте биле ефикасни во вежбата. Меѓутоа, болките во вратот, грбот, зглобовите, општата изнемоштеност се параметар на погрешна техника, преголем број на повторување, дигање на преголема тежина, неадекватно загревање и ладење. Размислете каде сте погрешиле за да не ја повторите истата грешка следниот пат. Поентата на рекреацијата е да се уморите во позитивна смисла и да уживате, а не да посегнувате по аналгетици!
Детоксификациските диети се здрави
Долго време диетите со јаворов сируп беа голем хит, оние што ги практикуваа губеа килограми, ама и значајни минерали и витамини од организмот. Потоа, комбинации од лаксативи или лаксативни чаеви со овошје и сомнителни додатоци во лимоновиот сок како бибер, имањето исклучиво „овошни денови˝ кои траат со недели, за побрзо исфрлање на токсините од организмот и губење на тежината, воопшто не се здрави. Од една страна, не е физиолошки коректно, бидејќи претставуваат стрес за организмот, а од друга страна, даваат краткорочни таканаречени „јо-јо“ резултати.
Детоксификациските диететски режими се изработуваат од стручни лица и претставуваат индивидуални, односно лични нутриционистички начини на исхрана. Секој човек има различни енергетски потреби, како и различни прехранбени и животни навики, така што универзална „детокс“ диета реално не постои! Доколку не е изработена за вас лично, според вашата возраст, вашата здравствена состојба и вашите потреби, мојот совет е да не наседнувате на оние „универзалните˝ и лесно достапни „детокс“ диети.
Машко и женско вежбање
Оваа предрасуда ги држи момците настрана од аеробик тренинзите, термините за пилатес и јога, а пак девојките подалеку од теретаните. Без разлика на полот, човечкото тело е составено од раце, нозе и торзо, нели? Раководете се по тоа каков тренинг ви одговара и што сакате да постигнете, а не дали на аеробик одат само девојки, а во теретаните само момци. Па погледнете некое странско видео на интернет, ќе видите колку се „шарени˝ групите. Не постои машко и женско вежбање, како што не постои ни машки ни женски танц (освен во класичниот балет) J
Не треба да се јадат масти
Една голема невистина, многу често прифатена на лош начин. Маснотиите т.е. есенцијалните масни киселини во нашиот организам се прекурсори за синтеза за важни соединенија кои се дел од имуниот систем, учествуваат во коагулацијата, синтезата на репродуктивните хормони итн. Ако потполно ги исклучите маснотиите од исхраната, ќе ја нарушите природната биосинтеза на овие важни соединенија.
Кардио тренинг е сè што ми треба
Треба да сфатите дека гравитацијата не ни е пријател. Како што одминуваат годините, и нашата мускулатура се опушта, така што само со адекватни вежби на мускулен отпор и снага, боди скалптинг и слично, можеме да го одржиме тонусот на мускулите подолго време во добра форма. Исто така, со ваквите вежби се одржува и здравата, нормална густина на коските. Кардио тренингот е есенцијален за добра работа на кардиоваскуларниот систем и општата кондиција, но за држење и цврстина на телото морате да додадете и малку вежби со тегови со мала тежина.
Не јадам јаглехидрати за да бидам тенок/ка
Ако не внесувате јаглени хидрати, ќе бидете раздразливи и без енергија. Јаглехидратите се основен извор на енергија при физичките активности, а секој физички напор, најпрво се трошат шеќерите. Правилно одбрани јаглехидрати треба да бидат редовно присутни на вашето мени, како што се целите зрна, легуминозните намирници, делумно обработените житарки, зеленчукот и овошјето. И, помислете како инстантно би ви се поправило расположението со две-три коцки од вашето омилено чоколадо
виа Кајгана