Родителите честопати грешат во врска со своите деца. Тоа некогаш го согледуваат но за жал почесто не. Проблемот е во тоа што сите родители веруваат во своите деца, и тие за нив се најдобри, најуспешни НАЈ НАЈ НАЈ...
Но од друга страна, тие нон-стоп преку своите деца ги остваруваат своите сонови.
Пр: - Сине, ти ќе станеш доктор, оти татко ти кога беше на студии на медицина те направи тебе, па не можеше да заврши факултет, замисли сега ќе бев доктор со многу пари :nesvest:
- Ама тато мене ми е страв од игли и од крв, кога гледам вакви работи ми се повраќа.
- Нее, ти тоа го можеш, биди маш, покажисе барем еднаш во животот.
Ајде да ги оставиме овие случаи, ги има многу и за жал се почести.
* Други случаи кога родителите најмногу грешат се:
- Ти не смееш да се дружиш со тој и со тој (таа), бидејќи неговиот татко има само 4-то одделение;
- Не излегувај до касно, до 00.00 часот сакам да си дома ако не казна. (Најчесто тоа е случај кај девојчињата, кои иако пробуваат да добијат повеќе време за в град, вадејќи се на „ Леле во 00.00 моите другарки излегуваат од дома“ или „ Ако си одам во 00.00 ќе треба сама да се враќам дома, повеќе пари за такси, и + тоа сама сум некој ќе ме нападне“.. Мислам дека до некаде се во право девојчињата. Па поради строгите казни најчесто се одлучуваат да останат дома, и често се повлечени и немаат пријатели.