Еве ќе издвојам една убава работа за која една личност ме има изненадено.
Значи се запознавме непланирано, он работи на аеродромот таму( не е битно која држава) се знаевме месец дена, потоа заминав за враќање во Македонија. Кога се качив во авионот и седнав да се наместам во економската класа, ми пријде една од стјуардесите прашувајќи ме дали сум таа и таа личност , а кога се увери ме префрли во бизнис класата....
Бев збунета и не знаев што се случува..........Авионот полета и истата стјуардеса почна да ме служи да се понаша кон мене ептен љубезно, на секои 10 мин донесувше по нешто ...( ок де, така ги служат во бизнис класа)
Заврши летот и кога слетавме на аеродромот во Македонија, стјуардесата ми даде книжна ташна од оние во кои се ставаат поклони ( внатре во ташната имаше чоколадни бомбони, разгледница со натпис „ се надевам наскоро ќе те сретнам повторно“ и шише црвено вино) Кога ми ја подаде ташната ми рече „ Ова ти е поклон од колегата што си го запознала таму и таму , а поради негова заслуга те ставивме да леташ во бизнис класата.
Јас се изненадив , се заблагодарив само и заминав.