Dzings
Premium
- Член од
- 31 март 2007
- Мислења
- 1.804
- Поени од реакции
- 53
Аууу сине и јас ги имав тие маки! Ама ние финта му напрајвме, си уклучувавме кредити со жичка и двајцата со едно тогашно другарче после неколку дена ги отепавме сите главни, први бевме никој ги немаше поминато. Најголеми мангупи бевме шо ти е.Еден постар другар, бек ин 1997 ми помогна да стигнам до „Флешон“ на мустафа со еден жетон.
Да се вратам на темава: има многу работи кои вредат да бидат споменати, но ако треба да се издвои нешто тоа секако ќе биде животот, момент кога некој ти го спасил ќе го паметиш и споменуваш дури си жив: беше момент на Црна река, пред некој си дваесетина години значи јас сум бил негдека 7-8 години бевме на некаов излет шо знам, имаше многу луѓе, јас бев љубопитно дете, заминав да ја истражувам околината ми беше убаво интересно дрвја некакви големи покрај водата, ми текна да кршам гранка да си направам меч се качив на дрвото арно ама тие гранките инаетчии не сакаа да се предадат лесно и да се скршат, па морав да вложам повеќе сила и оп во еден момент гранката се скрши ама јас немав рамнотежа нити имав за што да се задржам и шљуз право во страшната вода, се сеќавам немав сила да викнам, целиот се вкочанив, едвај со рацете мрдав водата ме носеше негдека беше брза и студена, сосем наеднаш се најдов целиот под вода гледав само некакви треви долу снемував воздух во секунди од негдека осетив силен удар по стомакот од рака шо ме крена нагоре и извлече над водата ..чоекот рипнал од негдека, незнам ни како се најде таму, веројатно ловеле риба во близина па ме заприметиле. Чичко Томе убаво го памтам бркат кавадарчанец тоа е дефинитивно најубавото нешто шо некој го напраил за мене!