Од сите наведени градови ги имам посетено Виена, Москва, Лондон и Рим.
А зошто на анкетата ја нема Рига? Градот ми остана во срцето..
И да, гласав за Виена...заради многуте палати, дворци и други зданија(најмногу Шонбурн и Белведере) како и прекрасните паркови и зеленила и луѓето кои постојано беа насмевнати и читаа книги легнати на тревниците..
Инаку, од Лондон очекував многу повеќе..бев кај другарка на мајка ми .. живееше во северниот дел на Лондон кадешто живееја луѓе од средна класа... жената земаше плата од 2000 фунти, од кои 900 издвојуваше за превоз до работа... никогаш не излегуваше затоа што за едно излегување требаше да се потроши најмалку 50 фунти... а за јадење секогаш вареше макарони или компири или отвораше риба конзерва... времето воопшто не ми се допаѓаше затоа што врнеше по два пати на ден.. а инаку градбите беа прекрасни.