Најперспективни факултети

Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Затоа реков колку што сум јас запознаен скоро сите колеги што ги знам најдоа работа. Инаку да, имаше и еден куп луѓе кои зедоа диплома а врска немаа од информатика, веројатно од нив никој не нашол работа :) Ама тоа е присутно во помала или поголема мера на сите факултети. Има луѓе кои на „жими мајка“ зеле правен, економски и други факултети. Затоа е до фирмата која вработува да одлучи дали и колку знаел кандидатот, и да одлучи кој од кандидатите да ги вработи. А дека е исто дали си со факултет или средно (а со исто познавање или вештина),не се согласувам со тебе. Јас работам во компанија како инженер, и земам доста поголема плата од техничарите кои се со средно образование. Иако можеби некој од тие техничари има поголемо знаење од мене (дома си учел или работел без да студира и дипломира на факултет),не може никогаш да стане инженер и да ја зема таа сума. Јас малце финансиски се осврнав на случајот,ама да бидам искрен,само тоа и ме интересира :)
п.с. А знам дека има фирми кои не им е важно образованието туку само вештината, и вработуваат и луѓе без високо образование, но луѓе кои се махери во таа област. Но треба ептен да си махер и ептен да ти се посреќи да најдеш таква фирма да се вработиш. Барем за Битола (откаде што сум) не познавам такви фирми.



Umre toa vreme koga diplomata igrase uloga , vekje nikoj ne te prasuva so imas i kaj imas zavrseno
rabotodavecot ti vika daj da vidam so znaes pa te prasuva so imas zavrseno ( ako ne zaboravi :) )
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Извини вака што ќе те демантирам ама не се согласувам со тебе. Годишно правници од факултетиве излегуваат со багер да ги истовараш. А во секој град адвокати се бројат на една рака. А за судии и нотари уште помалку.
А немам ни многу добри зборови и за медицинскиот. Сега пак со приватизацијава може да биде и подобро. Иначе е и тежок факултет, после специјализација... И на крај кога беа под државна капа добиваа плата околу 16-18 илјади денари.
Иначе за перспрективен факултет го сметам ФЕИТ.

A kolku zamisluvas da ti bide platata ,
koga minimalna bese 10000 site se palea na 12-13000 , sea koga e 15-16000 site placat za povisoka
so ke bide zdravje boze koga ke bide 500 evra .. ke barate po 600???
 

petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
A kolku zamisluvas da ti bide platata ,
koga minimalna bese 10000 site se palea na 12-13000 , sea koga e 15-16000 site placat za povisoka
so ke bide zdravje boze koga ke bide 500 evra .. ke barate po 600???
Не ме сфати баш што сакав да кажам. Значи вака: го завршуваш најтешкиот факс, мислам дека е 5 години, па потоа и специјализација неколку години (значи се опервиш од учење), за на крај за едвај 300 евра плата што ќе добиеш (ти зборувам додека беше се под државно).
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Како што гледам исто како што спомна Батистута, многу некако е неприродно да се гледа на факултетот од тој аспект.
Ко прво што подразбирате факултет со добра перспектива? дефинирајте го ова па да може да се збори.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
само немојте да заглавите на правен/... заглавено ќе ви е за цел живот
 
Член од
15 април 2008
Мислења
31
Поени од реакции
1
Секој факултет е перспективен на свој начин. Ако си навистиан добар во својата струка, факултетското образование станува второстепено. Пробајте да најдете добар (ама мислам навистина добар!) мајстор за било што... Инаку, имаме хиперпродукција од економисти и правници, а недостасуваат технички кадри затоа што никој не сака да изгуби пет години на тежок факултет за потоа да работи за релативно ниска плата.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Секој факултет е перспективен на свој начин. Ако си навистиан добар во својата струка, факултетското образование станува второстепено. Пробајте да најдете добар (ама мислам навистина добар!) мајстор за било што... Инаку, имаме хиперпродукција од економисти и правници, а недостасуваат технички кадри затоа што никој не сака да изгуби пет години на тежок факултет за потоа да работи за релативно ниска плата.
Во право си, инаку во секоја држава секој факултет е различно перспективен зависи од пазарот и побарувачката.
Еве еден пример со тоа што јас го учам, мрежни технологии и интернет програмирање, во странство е една од најперспективните професии, а на пример во Македонија има преку сила 10 компании, кој не ти плаќаат повеќе од 500 евра. Исто ти е за повеќето професии, а па не дај боже Македонија да студираш уметност нешто, прво не се цени многу уметноста, мал пазар и ниско платено.
И исто зависи и од тебе како ќе просперираш, како ќе се снајдиш и ред други фактори.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.005
Поени од реакции
12.628
pod najperspektivno jas podrazbiram ko ke zavrsis fakultet da najs rabota vo strukata,ama odma od ko ke diplomiras, a ne posle 5 god.Inace sea za sea elektro i masinski mislam deka se takvi,poso braceda mi mi e na elektro i 3 god e, a veke i nudet rabota vo norveska,so ne mozit da se kazit za tie na ekonomski ili praven... istotaka,za platite ne gi gledajte kaj nas kolku se...to ne e merilo ... jas imam rodnina so imat zavrseno elektro i rabotit sea vo holandija za plata od 3000 e, a ovde maksimalnata bi mu bila mnooooogu pomala ( tie so se na ekonomski ili praven da ne svatet deka gi vregam ili neso taka )
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Перспективно е се што сакаш да работиш.
Ама вистина да сакаш.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.641
Поени од реакции
3.266
Можеби ќе бидам малце оф топик ама ај......да не знае некој дали е признат Славјанскиот Факултет(или ние во бт што го викаме Руски Факултет).....??
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
18
Поени од реакции
0
Политички науки-гарантирана ти е смртта ако работиш за општо добро,ако не друго!Али јас планирам да ризикувам,па ке одам на тој
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Можеби ќе бидам малце оф топик ама ај......да не знае некој дали е признат Славјанскиот Факултет(или ние во бт што го викаме Руски Факултет).....??
Не е признат, а и можи да се затвори оти нема доволно студенти.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
43
се согласувам дека секој факултет си е приказна сам за себе, и не може да се издвои некој нај нај. секогаш ќе бидат потребни економисти, правници, математичари, физичари, програмери, филолози. затоа и ги има толку, за секој да се пронајде во струката која го влече. јас планирам да се запишам на ФЕИТ, но тоа не значи дека ги потценувам другите факултети, секој си е талентиран и посебен во нешто и треба да го истакне тој потенцијал.
 
Член од
17 март 2007
Мислења
40
Поени од реакции
1
Дефинитивно се слагам со мислењето на elena_e дека секој факултет е приказна за себе. Има хиперпродукција на недоволно спремен кадар, а за спремни и способни кадри има потреба ама баш сегде. Мислам дека секој го бива за нешто само треба да открие за што и мислам дека секој треба да се запише и да го учи она што навистина го сака.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Најперспективните кај нас што се бараат за жал ги нема, контролор на летови, нуклеарна медицина, хемија на полимери, синтетички материјали, неметали..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom