- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 156
- Поени од реакции
- 0
Кои се најперспективни факултети во Македонија (во смисла на насока, а не дали е државен или приватен)?
Образложиpraven :salut:
секогаш ќе има криминал...Образложи
Извини вака што ќе те демантирам ама не се согласувам со тебе. Годишно правници од факултетиве излегуваат со багер да ги истовараш. А во секој град адвокати се бројат на една рака. А за судии и нотари уште помалку.секогаш ќе има криминал...
едноставно, ќе има потреба од правда.. во секој поглед -)
супер си учел си научил.. ама мислам дека на тој факлутет завршуваат еден куп луѓе што појма немаат од информатика..Колку што сум информиран, факултетот на кој јас дипломирав - техничка информатика на техничкиот факултет во Битола, е еден од поперспективните во Македонија во смисла на наоѓање на работа по завршувањето. Јас бев во првата генерација која дипломира (досега има уште 2/3 генерации) и (скоро) сите што дипломираа (барем од мојата генерација) веднаш најдоа работа во својата струка, и тоа релативно добро платена. Некои останаа во Битола, некои заминаа во Скопје или во странство, но во секој случај досега немам сретнато колега да ми се пожали дека не може да најде добро платена работа. И јас некој месец по дипломирањето (си дадов период од месец-два да одморам и да оставам да „легне“ дипломата) побарав работа, и за брзо време најдов одлично платена во Битола (мој избор беше да продолжам да живеам и работам во родниот град).
Затоа реков колку што сум јас запознаен скоро сите колеги што ги знам најдоа работа. Инаку да, имаше и еден куп луѓе кои зедоа диплома а врска немаа од информатика, веројатно од нив никој не нашол работа Ама тоа е присутно во помала или поголема мера на сите факултети. Има луѓе кои на „жими мајка“ зеле правен, економски и други факултети. Затоа е до фирмата која вработува да одлучи дали и колку знаел кандидатот, и да одлучи кој од кандидатите да ги вработи. А дека е исто дали си со факултет или средно (а со исто познавање или вештина),не се согласувам со тебе. Јас работам во компанија како инженер, и земам доста поголема плата од техничарите кои се со средно образование. Иако можеби некој од тие техничари има поголемо знаење од мене (дома си учел или работел без да студира и дипломира на факултет),не може никогаш да стане инженер и да ја зема таа сума. Јас малце финансиски се осврнав на случајот,ама да бидам искрен,само тоа и ме интересирасупер си учел си научил.. ама мислам дека на тој факлутет завршуваат еден куп луѓе што појма немаат од информатика..
едноставно поради фактот што познавам барем десетина кои завршија и не најдоа работа никаде...
се разбира со исклучоци - ама тие исклучоци и без факлутетот ги биваше доволно и можеа и после средно да работат истата работа.