Магнатот од Серес киднапиран
Познатиот грчки бизнисмен Георгиос Милонас бил киднапиран во понеделникот касно вечерта во Солун, соопшти ЕРТ. Цел ден вчера немаше официјална информација за грабнувачите или судбината на киднапираниот.
Георгиос Милонас е еден од највлијателните претприемачи во Грција. Роден е 1959 г. во Серес и е сопственик на компанијатата "Alumil" ), која пак е член на Атинската фондовска берза. Има големи инвестиции како во Грција, така и надвор . "Алумил" се смета за најголемата фирма во Грција за производство на алуминиум со експортен карактер. Милонас е председател на Асоцијацијата на алуминиумови преработки и заменик-претседател на грчко-кинескиот бизнис совет, како и член на грчко-српскиот бизнис совет.
Засилени проверки по патиштата во Солун и во цела Северна Грција, а по границите беше воведена строга контрола . Според весникот. "Нафтемборики" по границите со Албанија, Македонија и Бугарија ќе се проверуваат внимателно пасоште и превозните сретства на сите. Киднапирањето во грција се смета за реткост.
Во понеделникот вечерта Милонас се упатил со джипот"Мерцедес" малку пред полноќ од Солун кон домот во предградието Панорама, кога бил сопрен од непознати лица. Тие го зеле Милонас,т.е.се качиле во џипот и заминале на исток . По десетина километри, во реонот на Термис, го оставиле џипот заедно со мобилниот телефон на жртвата и часовникот на седиштетот и исчезнале во непознат правец.
Покасно грабнувачите се јавиле на сопругата на Милонас и и кажале каде ја оставиле колата,барајќи откуп.