T
Tetro
Гостин
Најмалку 33-ца убиени во кампусот на Универзитетот Вирџинија
МИА
16.04.2007
Најмалку 33 лица се убиени, десетици ранети денеска во пукотница што се случи во кампусот на Технолошкиот факултет на Универзитетот Вирџинија во Блексбург, изјави шефот на универзитетската полиција Вендел Флинчум.
Флинчум додаде дека напаѓачот е застрелан и оти се уште не е познато дали тој бил студент. Тој појасни дека повеќето од жртвите се студенти.
Според агенциите, во кампусот имало две пукотници што се случиле во временски интервал од два часа, во различни делови на Универзитетот.
Универзитетот во Вирџинија се наоѓа 425 километри југозападно од Вашингтон.