Најголемите модни утки за 2008
Колку што стилистите на славните личности знаат да погодат некоја добра комбинација, толку знаат и да направат катастрофален избор. Еве ги триесетте најголеми модни грешки оваа година:
Тина Тарнер - Војна на ѕвездите стил?!
Мадона - тревата е у мода?!
Кејти Холмс - што е со горниот дел?!
Сара Џесика Паркер - капчето воглавно
Мери Џеј Блајџ - не можам ни да замислам колку животни биле жртвувани за бундата!
Кортни Лав - целата комбинација е ужасна!
Бет Дито - толку ситни шари и кратки фустанчиња не се за такви `слаби` девојки
Мараја Кери - ништо со ништо не иде!
Боби Тренди(аха, машко е!!) - ни на маскембал не би се облекла вака!
Мери-Кејт Олсен - стегачот е..ахх!
Бил Каулиц - колку спреј троши за косата месечно?!
Линдзи Лохан - што е со дупките во и онака дезенираните хулахопки?!
Џенет Џексон - изгледа ко да се спремила за на месечината, не за настап
Тори Амос - генерална катастрофа, од бојата на косата, до фустанот и греачите на нозете..а да, и хулахопките со сандалите!!
Кристина Агилера - маицата и е ко цртеж во paint кога немаш што да правиш
Лил Мама - машната на главата и деталите на кошулата..одвратно
Оксана Бајул - одвратана боја од солариум, плус неприфатливата детал во модната индустрија-бундата, дефинитивно утка
Карл Лагерфелд - иако е модно гуру, и тој прави утки. Во овој случај сребрените ракавици без прсти и краткото елече се тотален промашај
Соланж Ноулс - одвратен, одвратен фустан од модната куќа на Ноулс
Фиби Прајс и Боби Тренди(не знам како се крстил Тренди!!) - комбинацијата на вистинската дама во овој случај може да помине некако, а на вана-бе-девојката..уф, ми се лоши што ја/го гледам
Рејчел Зои - каква стилистка е кога изгледа ко да облекла килим за своето сопствено шоу?
Грејс Џоунс - што е со маската?
Дајан Китон - кхм, немам коментар..
Алексис Аркет - мислам дека треба и да се погледне во огледало пред да излезе, нели?
Ана Винтур - значи она е заменик шеф во Vogue, да се разбереме..катастрофа!
Кели Рипа - фустанот е нешто што би го носела Бети Рабл од `Флинстонови`
Џенет Џексон(part 2) - излгеда ко да се симнала од вселенскиот брод `Ентерпрајс`
Џеј Мануел - изгледа како келнер или борач со бикови, а е креативен директор во "America's next top model" !
Миша Бартон - одвратна маица, премногу тесни панталони, џемпер што иде со не знам што и чизми што ја прават да изгледа пониска..заслужува место на листава!
Шака Кан - ова е она или човечето Мишелинче?
=========================================================
Што мислите вие за овие модни грешки? Дали и вие мислите дека сите се утки или сепак мислите дека некоја од овие облеки би можеле да ја носите?
Што мислите, дали славните фацки слепо им веруваат на своите стилисти, па не помислуваат дека не секогаш се што ќе им одберат тие може да се носи во било која пригода? Или пак воопшто не им е гајле за тоа што го носат и критиките?