Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно се спасивме од топлификација, цела зграда се исклучи така да сега мора да се бара некое чаре. Последната сметка дојде 4.400 ден. за 54 М2 стан, кога на тоа ќе се додаде и струја за подстаниците ќе дојде и повеќе од 5.000 ден. месечно во грејна сезона. И јас сакам да останам на парно и го грејам цел стан без да му ја мислам ама што е многу многу е, последната грејна сезона од 72 стана останавме само 15-ина и сметките драстично се зголемија.
Е сега што чаре да се најде (за 3 соби), дрва не доаѓа во предвид (треба некој да ги мкне до 5-ти спрат и малце е повалкано), дома две мали деца, панелки? грејачи за во парно?
Добро дојдовте во клубот!
Сте направиле единствена паметна работа во оваа ситуација. Друго не е ни можно
Ако одлучиш да се грееш на струја, најефтино е со помош на клима. Исто е ефтино со термо - печка. Постојат и други можности за што има голем број постови во оваа тема и можеш да ги погледаш
Важно е да не се грижите, јас го откажав парното пред четири години и се грејам многу подобо со три клими и четри пати поефтино.
За твојот стан од 54 квадрати, за цела грејна сезона се потребни максимум помалку 6000 KWh.
И сите да ги плаќаш по висока тарифа пак помалку ќе потрошиш од колку од Топлификација
6000 * 6,56 =39 360 денари
А кај Топлификација плаќаше
12 месеци * 4 400 = 52 800 денари
Но ти нема да платиш 39 360, Ако земеш термо печка ќе плаќаш само пола бидејќи ноќната цена на струјата е пола
од дневната па еден KWh чини 3,28 денари
Ако ставиш клима од еден KWh електрична добиваш три KWh топлинска енергија, па еден KWh ќе те чини 2, 19 денари
Така да греењето за цела сезона ќе те чини од 18 до 20 илјади
Уште еднаш добро дојде и секое добро
 
Фала на одговорот (y)

Мојата лаичка математика беше, и да трошам по 8000 струја во просек 6 месеци колку што е грејната сезона со 3 грејачи или панелки од по 2KW, нема да потрошам 56-57.000 колку што би плаќал годишно за парно. За некои поголеми инвестиции (инвертори) во моментов не можам да размислувам, имам клима Самсунг 3,5KW ама нема да може да се користи кога температурата ќе падне под нула, термо печката е добра варијанта ама малце сум кнап со место :oops: , затоа како најпогодна варијанта во моментов ми се гледаат панелите или грејачите за во парно.
 
Слободно користија климата на минус температура.
Јас имам три обични килми ( клими без инвертор ) од која едната е самсунг, минатиот февруари ги користев на минус 22 степени и сите работеа без било каков застој
 
Фала на одговорот (y)

Мојата лаичка математика беше, и да трошам по 8000 струја во просек 6 месеци колку што е грејната сезона со 3 грејачи или панелки од по 2KW, нема да потрошам 56-57.000 колку што би плаќал годишно за парно. За некои поголеми инвестиции (инвертори) во моментов не можам да размислувам, имам клима Самсунг 3,5KW ама нема да може да се користи кога температурата ќе падне под нула, термо печката е добра варијанта ама малце сум кнап со место :oops: , затоа како најпогодна варијанта во моментов ми се гледаат панелите или грејачите за во парно.
греачите за во радијатор ти се по трајна инвестиција одколку панелките. со електролитот на кано добиш одлична заштита на греачот а и на заштеда екстра... понатака поради тоа не се изложени на надворешни влијанија, не им се менува соодносот, не оксидираат е сега само останува на тебе изборот какви ке ставиш т.е. колку ке платиш... впрочем да не с еповторувам, ти дадов појаснување на пп...

п.с. ако имаш клима, слободно пуштај ја на минусни температури... ама кога ке појде под -10 порано да не ја гасиш воопшто. спушти ја на некоја пониска темпратура за ноќе, да речеме на 18-19 степени и остави ја да работи... нека биде од 12 саати да работи вкупно 5 тоа се околу 5-6 киловати потрошени односно прајме мубает за 20-30 денари по ноќ... цел месец од 6 до 10 евра ќе ти потроши ем ќе имаш релативно добра температура ноќе...

поздрав..
 
Со ова последните поскапувања на струја, принуден сум да барам нови решенија. Особено ме интересира за печките (греалки) на плин, нешто вакво отприлика:
http://www.kult.mk/index.php?page=s...egory_id=103&option=com_virtuemart&Itemid=111

Ако некој знае нешто околу овие нешта, или ако ги користи, надевам се дека би бил љубезен да ме подоправе малце :)
 
Конечно се спасивме од топлификација, цела зграда се исклучи така да сега мора да се бара некое чаре. Последната сметка дојде 4.400 ден. за 54 М2 стан, кога на тоа ќе се додаде и струја за подстаниците ќе дојде и повеќе од 5.000 ден. месечно во грејна сезона. И јас сакам да останам на парно и го грејам цел стан без да му ја мислам ама што е многу многу е, последната грејна сезона од 72 стана останавме само 15-ина и сметките драстично се зголемија.
Е сега што чаре да се најде (за 3 соби), дрва не доаѓа во предвид (треба некој да ги мкне до 5-ти спрат и малце е повалкано), дома две мали деца, панелки? грејачи за во парно?
По мое најдобро би ти било да инсталираш мулти-инвертер систем со една надворешна и три внатрешни единици.
Мислам дека Тошиба е најквалитетен систем но и најскап, истиот го имаш во Енергија http://energija.com.mk/page.php?page=9&banner=2.
Хидросет има мулти сплит Фјуџитсу кои се квалитетни исто така, и малку поефтинки.
http://zk.com.mk/Pages/Hidro-Set/10498
За најефтина варијанта побарај некој друг бренд, еве во Бугарија Мидеа сплит за комфорно да затоплуваш три соби ќе ја најдеш за 750 евра најверојатно цена со една внатрешна единица.
http://www.midea-bg.com/en/products/air_conditioners_multi_split/m30_b_27_hrdn1/

Еве и Вивакс како поефтин бренд.
http://oglasi.kajgana.com/oglasi/dr...m-za-greenje-i-ladenje-na-sekakov-vid-objekti
 
А по колку се после дополнителните внатрешни единици?
Ах навистина не знам, најверојатно тука ќе биде дополнителен трошок и монтажата во зависност од локацијата на објектот, од причина што треба да се пуштаат подолги линии од надворешната единица.

Еве добра понуда за Daikin Inverter, кој чини 650 евра.

http://www.termosistem.com.mk/najrenomirani-klima-uredi-inverteri-daikin-po-promotivna-cena/
 
Фала ви на сите за одговорите, уште едно прашање и се надевам дека нема повеќе да ве давам. Како што регов во моментов не сум во состојба да размислувам за поголема инвестиција од типот на инвертор, па ме интересира како преодно решение до следната грејна сезона дали ќе може да се протера зимава со климата 3.5KW за едната соба (18-тина м2) и два греачи за во радијатор во другите две соби или сепак да се земе и трет грејач? Климата е Samsung SH12ZA9 и на упатството пишува Heating 0°C to 24°C approx. и досега воопшто не сум ја користел за греење.
 
Може....
Со 3,5 KW може да затоплуваш и преку 40 м2.
Не се возбудувај и не претерувај со инвестиции. Имаш клима.. ти имаш мал стан и доволно ќе ти биде таа клима Ако не ти биде доволно, во текот на зимата ќе докупиш електрично калолиферче или грелка за 6 - 7 стотки, па вгодина купи уште една клима или термо печка.
А можно е и да ја присилиме Топлификација да ги намали цените за 3-4 пати, па сите да се вратиме на парно. Затоа секој вторник викаме, лопови, лопови, лопови...
 
Конечно се спасивме од топлификација, цела зграда се исклучи така да сега мора да се бара некое чаре. Последната сметка дојде 4.400 ден. за 54 М2 стан, кога на тоа ќе се додаде и струја за подстаниците ќе дојде и повеќе од 5.000 ден. месечно во грејна сезона. И јас сакам да останам на парно и го грејам цел стан без да му ја мислам ама што е многу многу е, последната грејна сезона од 72 стана останавме само 15-ина и сметките драстично се зголемија.
Е сега што чаре да се најде (за 3 соби), дрва не доаѓа во предвид (треба некој да ги мкне до 5-ти спрат и малце е повалкано), дома две мали деца, панелки? грејачи за во парно?
Јас би ви препорачал на цела зграда да си најдете начин и да си направите сопствен котел така да ќе останете сите со парно греење и ќе си ги поделите трошковите,се разбира секој кој колку ќе троши.Постојат мерачи на потрошувачка и ќе се знае секој колку мерни единици си потрошил толку ќе си плати.А ако почнете сите еден по еден да си правите сопствени парни котли тогаш сте ја наебале и сте фрлиле повеќе пари отколку што треба.Значи ова е само мое мислење ваше е да решите.Секој дом ќе ви биде чист без да носите дрва во секој стан ќе си најдете простор во зградата каде да се постави таа просторија и крај.Ако се решите да го направите овој чекор ќе се информирате со професионални лица и самите ќе решите на што ќе се греете сите.Значи кој колку троши толку си плаќа.
 
korka

Се е тоа убаво ама не е изводливо во нашата зграда, како прво неверувам дека ќе се договориме а и да се договориме за 2-3 месеци јас ке треба да плаќам за пола зграда :) зошто ќе ни ја исклучат струјата (ако биде на мазут, нафта итн. ќе биде, аман бе пак ли трба да се купи), има луѓе што должат по 100 тина илјади за парно, подобро да наебам сам отколку за некој друг.
 
Пред некое време мислам на МТВ беше, начекав некоја емисија кај што се збореше за некои термо панели, и човекот рече дека било многу ефикасно греењето а со минимална потрошња. Дали некој го знае името на фирмава, емисијата мислам се викаше Нова идеја или слично.. Праат термо панели со custom димензии, и ги уградуваат практично сегде.
 
Со ова последните поскапувања на струја, принуден сум да барам нови решенија. Особено ме интересира за печките (греалки) на плин, нешто вакво отприлика:
http://www.kult.mk/index.php?page=s...egory_id=103&option=com_virtuemart&Itemid=111
http://www.kult.mk/index.php?page=s...egory_id=103&option=com_virtuemart&Itemid=111
Ако некој знае нешто околу овие нешта, или ако ги користи, надевам се дека би бил љубезен да ме подоправе малце :)
За економично е економично ама мириса прилично па види со тоа како ќе се снаоѓаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom