јас имам вивкас 5.5. ганц нова летово ја зедов... на минусниве температури нејќеше ни да чуе да тргне... 3 дена се молевме со климата и се обидував да ја вклучам, кога ке ја вклучев се тресеше цел зид и прозори и кај мене и по 1 спрат нагоре и надолу, комшијата на телефон ми звони и ми вика мана изгаси ја ми се тресат прозорите (тоа е нормален ефект на јаки вибрации кога климата т.е. фреонот е замрзнат)... завчера кога огреа сонцето за прв пат, и кога се искачи температурата до -4 ја вклучив и тргна без проблем и прексиноќа кога беше -20 си работеше... ама нагласувам, работи без престан цело време...
ова морав да го пишам како лаик, за да сватат сите... јас работам со клими (монтажа и сервис) и многу добро знам како функционираат климите и инверторите... значи, за обична клима, ако тргне на ладно, нај убаво е да не се гаси воопшто... и на -30 таа ке работи ако претходно кога било потопло работела... на -6 до -8 е крајната граница на која ке тргне воопшто ако е изладена...
од друга страна... има и една финта, како да ја направиш обичната клима да може да тргне и на -20... јас имам дома дополнително една обична клима марка панасоник 2,5 -ка е (стара нешто повеке од 10 години) и ја имам направено таа модификација и климата си работи и трга и на -15 па и повеке... кога големата нејќеше да тргне, малата сепак тргна... и ноќта во 3 сабајле кога во скопје беше -22 ја вклучив, поработе во место некои 6-7 минути и почна да грее... се прави еден одреден мост помеѓу влезот и излезот на компресорот, контролиран со вентил еден, ама не се исплати да го работам тоа за комерцијални цели... премногу работа и прескапо излага...
и понатака, сепак си стојам зад муабетот дека со клима или инвертер неможеш да се ослониш да ти биде основно греење.. јас секако си имам сопствено парно, и комодитетот да имаш топлина во сите соби, низ целиот стан, и во купатило и сегде, постојано еднаква и иста, без никакви дувања околу тебе е непроценлив во однос на малата разлика која ке ја постигнеш со греење со климите или инверторите... и нај тонч ситуација е кога насабајле ке станеш а климата претходната вечер си ја изгасил па сега нема да ти тргне со греење, затоа што замрзнала... или ете, убав зимски викенд, идеш на маврово 2-3 дена, дома ке ја оставиш ли климата да ти дува за цело време додека си на викнед? нормално нема и кога ке се вратиш, климата нејке да тргне... е тоа нека се размислат сите што имаат клими дома за греење...
и уште нешто... сте разислиле ли што ке се случи со компресорите и електрониките на истите нив ако почне со паѓање на напонот поради енергетска криза како оваа која може и ке се повтори во следните години, секогаш кога ке стегне ваков студ? а и како инфо дека во сервисите под гаранција убаво си пишува дека елкетрониките и компресорите не подлежат на гаранција од скокови и падови на напон. во таа ситуација ке можете да ги тужите евн или елем... ама парите и уредот отидоа јабан... ај сега нема да поставам слики и да докажувам за да не испадне рекламирање... ке го квотирам ова истово и за ден два ке ви покажам нешто многу интересно...