Ја читам темава за најекономично греење и уште повеќе ме збуни. Заклучокот е дека најекономично греење е со инвертер , но шансите да се заебеш се 90%
...
Односно инвертер не е најекономично греење .Ако е економично - нема да грее , а ако грее - не е економично..
Aко се обидуваш да ја анализираш темава наеднаш, се разбира дека си збунет... Дискусијава иде накај 1000 страници, многу мислења, многу материјал за поминување. Ако ја следиш темава подолго време, многу работи ќе ти бидат природно јасни.
Заклучокот ти е погрешен, ти само си фрустриран пошто не разбираш, на темава има многу разни мислења, и многу од нив се спротиставени. Но една работа знај: најекономично греење е со инвертер, тоа е неоспорно!
Ако ти се чита - имаш наназад многу за читање. Има 10-тина форумџии чии совет вредат да се читаат, нема да ги спомнувам пошто веднаш ќе се развие дискусија за тоа (читај карање). Има и подоста што врска немаат, и господ знае зошто упорно советуваат (или џебот им знае).
Да не пишувам реферат (а чуствувам дека ќе испаде таков), да резимирам најкратко што може:
- Најекономично греење е со инвертер. Сметките за греење на многумина нас овде го докажуваат тоа.
- Знај, биди сигурен колку киловати моќност ти треба. Ова е многу важно.
- Се разбира дека се фаворизираат одредени брендови, нормално кога се подобри, не на зборење туку фактуално и емпириски докажливо.
- Ако имаш пари да вложиш (а вреди да се вложат пари во ова), обавезно земи јапанска клима. Ама не било која и не било кој модел, и не за премногу пари. Одбери нешто што конкретно и специфично го фалат повеќе луѓе. Јас лично за главна клима имам Тошиба, и прилично сум задоволен од нејзе, што од друга страна не значи дека тврдам - дека сите серии од Тошиба се исплатливи и ОК. Мојот модел е Сузуми + и со третава сезона можам слободно да кажам дека вреди секој денар што ја платив. Има и други кандидати, посебно одредени модели од Митсубуши, но има и доста модели што не вредат толку пари.
- Ако имаш мал буџет, а најверојатно имаш штом спомнуваш кредит, тогаш изборот мора да се сведе на неколку опции, што директно ќе зависи од тоа колку пари сакаш да вложиш. Ако лимитот ти е окулу 30К: Гри Ломо ЛЦЛХ (претпоставувам дека ти треба 3.5киловатна клима). Ако можеш да додадеш уште 50% на тоа, препорачувам Гри Хансол. Новата Амбер е суште недокажана, и таква ќе остане до следната сезона. Паметни луѓе одбираат докажани модели.
- Во тој нискиот сегмент нема многу опции, Гри и Вивакс. За исти пари, или за мала разлика јас лично никогаш не би земал Вивакс (пази, за спредливи модели). За голем попуст, би размислил, ама само ако баш морам во старт секој денар да го заштедам (пошто со Вивакс, потоа ќе го платам тоа со камата, и ќе продолжам да го плаќам). Јас лично имам и Гри Ломо, и Гри Чејнџ (постар модел, го нема веќе). И имам пазарено уште две Гри клими по блиски роднини. Сите сме задоволни.
- Гри не е ништо посебно, но е најдобар (и единствен избор) во најнискиот ценовен ранг. Имаат и поквалитетни, но и поскапи клими во средната ценовна класа, каде почнуваат да стануваат достапни и јапонските клими.
- Вивакс направи име додека продаваше ремаркирани Гри. И тогаш не се исплатеа, пошто нели маржа. Сега продава ремаркини Мидеа, не дека се ептен лоши, ама полоши се од Гри за истите пари.
- Корејските клими (ЛГ/Самнсунг) не се ништо посебно, посебно не за парите колку коштаат. Други евтини опции има некои Тундри/Хајер/инт... Недокажани се. Колку што знам никој или скоро никој, не се пофалил со резултати и пресметки за потрошувачка, и други искуства. Други клими како Нео, Квадро, СТ, итн, се ѓубре. Бегај.
- Некаде по големиве продавници, видов Гри Хансол за 45к, а мислам дека во неколку продавници видов дека се нуди зимање на рати без камата. Не знам дали во истата продавница, но ако е така тогаш ова ти е best bet.[DOUBLEPOST=1508784834][/DOUBLEPOST]- Среќно.