@
goran0505 гледај вака, обраќање од некоја декларативна „позиција на авторитет“ не значи ништо на еден јавен форум.
Сосема сеедно е што на некој форум си модератор (тоа па демек достигнувањето). Дури и овде да беше модератор пак ништо немаше да смени во твојов инает. А тоа што се разбираш во брут-форс разбивање на заштита на мобилни телефони, тоа ич ништо не значи на оваа дискусија.
Овде сите се цениме според искажаните знаења. Објективноста ни е таква каква што е - различна е кај различни луѓе. Ти конкретно си многу необјективен, тотално одбиваш да се соочиш со реалноста само заради тоа (барем стопати кажано) што имаш дуќански простор кој тотално не може да се загрее со топол воздух. Па уште и тропаш зелени, од видот „клима се расипува за 2 години„ и „ТА печка е најдобра ствар после сецкан леб“.
Мислам, у реду би било да пишуваш што сакаш па макар и тешки глупости (како што често правиш) - ако на дискусијава не идеа луѓе да научат нешто за да одберат со што поекономично да се загреат дома. Епа тоа сите овде треба да не интересира ебате, не да дишеме усран загаден воздух - од стотиците илјади печки на дрва (и иверки, и секакво друго ѓубре што овде се гори).
Затоа мене лично ми пречи кога кењаш дека со клима не можело да се загрееш, АМА НЕ КАЖУВАШ ЈАСНО ДЕКА ГРЕЕШ ДУЌАН 4+МЕТРИ ВИСОК, И НАД 50% ОД ЅИДОВИТЕ ТИ СЕ ИЗЛОГ ОД ЕДНОСЛОЈНО СТАКЛО.
Затоа нема да се изморам да те зафркавам за глупостите, не затоа што сакам да те закачам туку затоа што претпочитам моите сограѓани да се греат почисто, и поекономично. Претпочитам да можам да отворам прозор ебате, а да не се гушам од тоа смогот.
Си знаеш ти и самиот, и кај тебе во Тетово не е ништо подобро и почисто.[DOUBLEPOST=1455126343][/DOUBLEPOST]
Шест години е стара темава, 527-ма страна е ова, досега требаше да направиме комора да тестираме разни модели на клими
Ај не заебавај, а лабораторија каде ќе правиме - имаш доволно голем подрум за работилница?
Можеби дури за 10 години се враќа инвестицијата, но факт е дека инвертерот е поекономичен од on/off клима уред.
10 години? Со просечна потрошувачка, зборуваме за клима од ~1200-1300евра. Онака одокативно предвидено. Пролазно добра инвертор клима од некои ~600-700евра ќе се исплати самата себе за некои 4-5 години, пресметано преку заштедите во однос на греење со обични греалки.
...klima on/off kupena 550e, raboti na -5 (deklarirana na -7) bez problem, sabajle bese +1 C kompresorot lapa 1450W ama zatoa na izduvot e VRELO, bas vrelo, ako T otide na +5, vlece 1650 W , dava sigurno 3KW vrel vozduh..... i da T vo prostorijata ne 22-23 tuku sme naviknati na 21C. Inace jas ne ja guskam TP tuku decata im e merak da lezat na nea ....
Inace gi restartirav meracite pa ne mozam da gi kadrosam za ti dokazuvam nesto, aj sledniov mesec, sekoj mesec gi postavuvam od pocetok.
Inace uste nesto sto pomaga, defrostot ne funkcionira rasipan e nesto, klimata i nema defrost, zatoa pred 4-5 godini se setiv da i pomagam so TA i da ne treba da odi odi vo defrost sto za mnogu go zgolemuva energetskiot bilans vo prostorijata. Plus imam na dve strani po eden izvor na energija. Abe milina, i so inverter ne bi ja gasel peckata.....
Треба да почнеме да правиме листа на он/оф клими што се добри за греење. Јас не сум слушнал за многу такви, едната е спомнатата Митцубуши, втората е твојата. Други што добро греат на -5 и -7с, такви не знам.
Но цената од 550 евра, не ми се допаѓа. Што клима имаше ти? Можеби постара е?
Нејсе, за 550 евра веќе има инвертор клими. За да се решам на он/оф клима, и да се откажам од комфорот - треба да има осетна разлика во парите. Всушност заинтересиран сум за он/оф, пошто сакам за старите на жена ми да купам некоја поефтина клима, нешто поевтино ама нешто што сепак ќе грее (релативно) задоволително (спремен сум на компромис).
Но ако треба 250-300 евра да дадам за нешто што пола зима нема да може да грее навечер, подобро ќе дадам 400 евра за Гри Кози, или 550 за Ломо.
Во однос на муабетот со Стрелец, два моменти.
- Ти си во право кога кажа дека он/оф климите не се 50% поекономични од инвертор климите (како што лажат продавачите). Во право си дека некој што не е при пари, а веќе има он/оф клима или ТА печка, краткорочно поевтино ќе му биде да се докомплетира со половна ТА печка, или со поквалитетна он/оф клима.
- Стрелец е во право кога кажува дека (на подолги патеки) инвертор климата ќе испадне поекономична опција. Еве последниве утра кај мене кога ќе станам окулу 9 наутро, потрошувачката е редовно окулу 250-300 вати. Климата е ставена на 20с (преку ноќта), 23с преку ден. Некогаш ако се работи нешто, намалувам. Или ако се лежи и гледа филм, зголемувам. Но ретко кога гледам над 350вати освен ако не сум луфтирал или слично.
Ќе се согласиш има разлика од твојата потрошувачка (без разлика што твојата после целосно ќе се исклучи кога ќе надмине зададена темп).
Иначе многу се изнервирав пред две недели кога ми се ресетирале мерачите, снемало струја кога работеле нешто на улицата. Долго не ги имав сликано мерењата.
Друга работа што не сум напишал, а сакав, е за влажноста на воздухот. Кај мене е окулу 30% и не можам да зголемам над 35% ни со овлажнувач. Тоа значи дека имам подоста провев, напишав веќе за отворите за рекператор и за соларен панел на воздух (тие отвори се „затнати“ со по една кеса), плус имам неколку мали отвори од пар сантиметри (тие се за „дишење“ на каминот што летово го планирам).
Ќе треба да поработам на ова летово, сигурно подоста влијае на топлотните загуби (и на потрошувачката).