Здр на сите,
Јас сум нов член на форумов, доаѓам од Битола и како и повеќето членови овде сакам да направам вистински избор, кога е во прашање греење на објект па ве замолувам за совет. Верувајте прочитав повеќе од половина од оваа тема и сега само можам да констатирам дека сум позбунат него претходно. Значи вака се работи за куќа со два спрата, со површина од 50кв по спрат, локација југ-север и само од источна страна заштитена со друг објект, моментално невселена, инаку постара градба со полна тула темелно реновирана. Напомена, сеуште без надворешна изолација, не бев во можност оваа година да го сторам тоа. Моментално само втор спрат се спрема за вселување, внатрешно средно изолирана односно зидови (лепак, мрежа, абрип) со пвц столарија, таван планирам 10 см тервол инаку таванот нема плоча. Примарно сакам да обезбедам греење за дневна соба која е со површина од 17 кв, висина 2,5. Размислувам за инвертер, али земајки во предвид дека Нема апсолутно никакво греење во целиот објект и секако зима во Битола може да биде многу лоша стравувам дека инвертерот нема да може да постигне задоволителна топлина пред и се на подот, (чекаме мало дете) а и финансиски не сум во можност да одделам 45 или 50к за добар салам инвертер (секако земајки ја во предвид квадратурата) значи буџет макс до 30к сосе монтажа, плус дополнително грејно тело та печка 3,5 кв. Е сега прашањето ми е кој инвертер би бил добар за до -5 или -7 највеќе, и секако да има заштеда во однос на евн. Позз до сите и благодарам однапред