Погоре се пишуваше дека овие модели на Gree Lomo што се достапни во Македонија, се LCLH, и со EEV (не со капилара).
GWH12QC K3DNA1G/O
GWH12QC K3DNB4G/I
Дали навистина е така, искрено не знам. Ќе се обидам да најдам информации на нет, ако воопшто има некаде. Но како и да е, тоа е тоа што е достапно, и за тие пари нема баш некој избор. Барем не овде во Македонија.
Кај вас во Србија барем Фуџитсу имате различни модели на избор, и со релативно нормални цени. Овде во Македонија Фуџитсу држи само една фирма, носи само некои модели, и има ретардирано напумпани високи цени.
Затоа и увозниците на Gree овде во Македонија имаат успех. Во тој сегмент на пазарот (најевтиниот), едноставно немаат конкуренција. За тие пари има само уште Вивакс (кои во најдобар случај се ремаркиран Gree, или Мидеа, или којзнае што), Мидеа (тапа), и разни Беко, корејците ЛГ или Самсунг, и разни ѓубриња од клими како Нео/мео/кватро/криптон/итн
Искрено дури и увозниците на Gree почнаа да се занесуваат, па заради успехот ги покачија цените за некои 10%. Но тоа е тоа, мал пазар е Македонија. Тоа значи и високи цени.
Се надевам некој ќе почне да носи конкурентски производи од таа класа, ете како поевтините модели на Фуџитсу кои се одлични за цената.
Со купување на клими завршив. Но не и со греење генерално. Следното лето следува прект за бекап на греењето со клими - печка на rocket stove принцип на согорување. Исто сакам и да направам сончев панел од лименки (пиво), за воздушно греење во преодните периоди (пролет и есен).