Jaс пак ќе ти повторам, купи тоа што си наумил - и после имај доблест пренеси ни ги искуствата овде, па сите да бидеме поумни за тие хјундаи-мундаи клими. Може и ќе испаднеш во право и ќе испаднат супер клими. Може и ќе испаднат и подобри од самите Мидеа (од чии вишак делови наводно се склапани). Може нема (како мидеите) да влагаат по 20 минути во дефрост на секои пола саат - кога ќе се спуштат маглите и ќе залади.
Знаеш, овде на форумов разменуваме искуства и тоа е примарната цел (иако на моменти изгледа како мерење ташаци). Некој прашува, и други пишуваат сопствени мислења за тоа што се прашува.
Од таа страна и ти се даваат лични мислења за климите - за кои впрочем прашуваш дали ги бива... Или ти уствари на темава дојде да се убедиш себе си дека хјундаи-мундаи е супер клима?
Зошто да не, купи тоа што си наумил - и после имај доблест пренеси ни ги искуствата овде. Ние ништо не губиме, ти ќе живееш со таа клима.
Гаранција е многу важна, ама ако ти бараат да доплаќаш по илјада (и кусур) денари секоја година за „редовен сервис“ - тогаш таа цена и не е така ниска на таа СТ (или хјундаи-мундаи, или Мидеа, итн). Тие 23-24илјади колку ќе станат тогаш?
Епа јас моето Гри го пазарив за 29илјади. Сега понешто им рипнаа цените откако малку се опаметија продавачите (и купувачите). И тоа пази, јас СТ (и самсунзите од истите продавници) можам да ги набавам по дилерски цени. И тоа лани Самсунг во мкд имаше акција за бесплатна монтажа... И пак и со дилерска цена и со бесплатна монтажа, пак јас не земав Самнсунг ниту за помошна клима. За СТ нема ни да зборувам.
Сето ова не значи дека јас се курчам и имам пари за фрлање на „скапи“ клими - туку значи дека не сум толку богат за да купувам евтино (а неквалитетно).
едит: Беко не е лош бренд, генерално. Поконкретно климите им ги прават во истата фабрика каде се прави ЛГ. Беко може и да се подобри од Мидеа, ама со погоре набројаните клими немаат шанси да се носат. Има луѓе што ги користат, ама кој од нив мерел колку струја трошат и колку истите луѓе ги предимензионирани за да си ја вршат работата (купувани 18ки наместо 12ки, итн). Имам таков комшија.
Сеедно, ако веќе навистина немам избор - подобро Беко би земал одколку тие страњата за кои сакаш да се убедеш себе си дека се добри. Само работата е што ИМА ИЗБОР на пазаров.