Со климите нешто така да че комбинирам. + не напоменав дека има и 3 оџаци наменети како вентилација така да не би имал и проблем со влага и мувла. Секако и редовно проветрување.Издув над 500m3/h е добро само колку да го има за ако евентуално некогаш е потребно брзо загревање на изладен простор (што треба да е исклучок) при греење со клима.
Да сне искрени, никој и не ги користи секојдневно климите на максимален фан т.е. 100% издув.
Е сеа COP е највисок така ама комфорот е побитен....
За позициите битно е малку и како ти е мебелот, избегнувај да ти биде над гарнитура или пак да ти дува директ во гарнитура кај што седиш по цел ден.
Јас би ги играл Зелено (5.5ка) и Плаво (2.5ка) ако можеш да држиш отворени врати за да се грее цел простор (децката ќе биде малку поладна)
Ако меѓу салонот и скалите немаш врата тогаш можеби и трета клима на светло-плаво (2.5 или 3.5ка) и така би имал целосен комфор со што ќе можеш по потреба да си затвориш врата во топла спална
За дограмата, јас ставав пред 2 години од Комерлинг-от со Сигениа оков....
Јас стаив со 3 стакла, разликата во цена за со плус едно стакло беше нешо као 100еур по соба па реков за 300еур плус-минус еднаш ги клавам...
Разлика не знам да ти кажам... горе-доле задоволен сум... од старите двокрилни дрвени сеа сум како на коњ
Исто од Прилеп....
Нема друг модел, бар не сум видел на пазаров кај нас, што може да ги подели лептирите на лева и десна насока и засебно горе долу...
Тоа беше и една од причините што и јас го зедов Мицубишито....
Во врска со Дограмата претпоставувам дека ти е од и.п. и си задоволен во секој аспект 10/10 по пишаното (демонтажа, монтажа и квалитет на производ).
Подетално прашувам бидејќи повеќе сум за комерлинг настроен. Плус имам алуминиумски ролетни за кој ми рекоја дека че ги демонтираат и монтираат соодветно.
Че видам за 3 стакла колку че крени па че размислам. Ми рекоја дека 3 стакло повеќе е за звучна изолација, но според мене игра и улога во топлотната изолација.
Малце сум збунет со лепенките и ознаката на профилите. Јас знам дека Сл .1 е логото на Комерлинг, а на профилите сега гледам дека второто е застапено. Ново лого имаат комерлинг? Како би знаел дека се оригинал профилите?

