Види кога постираш дека ти е мала сметката за 30дена фер ли да кажеш и колку саати во тие 30 дена грееш ако во случајов се 6часа а не 15 или кој како ке свати и ке се заебе?
Или ако се вратиш пар страни
наназад ке прочиташ Не дека станот е 35м2 туку дека грее површина од 35м2, со една панелка 2 соби (мобилна панелкава).
На лагата и се кратки нозете
Прво грее малку саати во денот, второ квадратурата е лажна и највероватно со климата ги грее 80% од деновите, а панелката е бекап за поладните денови кога климата неможе да згрее. Како што се топли деновите повеќе климата му работи од панелката но тенденцијата во неговите постови е да докаже дека панелката е таа која што доведува до "мала" сметка за струја. Уште ако климата директ дува накај панелката па ја разнесува топлината од неа ете ти ефтино греење. Највероватно грее паралелно и со клима и со панелката и се бркааат која попрво ке искључи
Да ја стави на мерач за потрошувачка ова фино ке се види т.е. ке има многу помал број саати работено од вкупниот број саати мерено, но никој тука од панелка не покажа мерење.
Не е фер кон слабо информираните кои темава им се наоѓа како некое почетно место за информации пред да инвестираат во греење да трубиш дека е ефтино само со панелки кога знаеме дека не е. Комбинацијата од двете грејни тела заедно вероватно е економично во смисол на вложено/потрошено но пак треба да се даде вистинската слика што, колку и како се грееме.
А најекономично е само кога за 1KW/h струја ке произведеш 2-3KW топлина, досега немало и нема ни да има панелка со налепница на неа на која пишува покрaј Heating Power и Input Power и тоа најмалку во однос 3:1 како што тоа го имаат климите. Ако некој знае за таква панелка 3:1, пример од 2Kw што троши 700W да ни јави под хитно и сите одма да ги баталиме климиве.