Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.980
- Поени од реакции
- 34.367
Злате и Владе, сите ние не ја гледаме работата од иста перспектива... што е нормално, нели?
Не може сите од ист аспект да ги гледаме работите.
Еве Владе, ти од аспект на продавач нормално дека е подобро на муштериите да им препорачаш барем донекаде предимензиниран грејен уред. Секако подобро е така, отколку да не биде доволно моќен уредот. А најголем дел од рајата толку разбира, и за нешто предимензионирано најчесто ќе каже... „Ауу бре како грее ова, постојано прозори отвараме„.
Ама ако е под-димензинаран уредот и не постигнува да загрее, тогаш продавачот е крив што препорачал уред што „не чини„ или „слабо грее„.
Е сега, работата е што ние овде на темава се стремиме да ги запознаеме работите на некое ниво над тоа на обичниот рандом просечен граѓанин.
Башка па и за економично греење зборуваме, а не е баш економично купувањето на уред што е 80% можеби и повеќе, поскап од послабиот модел... Нормално, сето ова е вредно за муабет само ако тој послабиот уред е генерално доволно моќен за загревање на таа просторија.
И нормално сега идеме на хајлајтот на последнава страна: тврдењето дека обичниот рандом просечен граѓанин, не може едноставно да пресмета колкави топлотни загуби има неговиот објект.
Освен што може.
Па токму Злате ни покажа прекрасно едноставен а богами и прецизен, метод на пресметка на загубите: Пробна употреба на било кој класичен греен уред со приближно 1:1 однос на конверзија од електрична кон топлинска енергија. Тоа греен уред ако е деклариран на 3KW (а лесно може да се измери снагата), грее со ~3KW топлинска енергија. Тоа ете би можела да биде некоја панелна греалка од ~3KW.
Значи тоа е скоро па точно определено (3те киловати). Е сега ако таа варијабла од равенката ја имаме, ни останува само идниот купувач да тестира преку загревање пар денови со таа панелна греалка (во услови на соодветно ниска надворешна температура) и... воала, ќе знаеме точно дали ~3KW топлинска енергија се доволно за загревање на таа просторија. Или не се доволни.
Значи не мора да се употребуваат сложени равенки со коефициенти за топлинската изолација, квадратура, волумен, површина на прозори, коефициент на дограмата, итн итн. Практична едноставна проба, и веднаш ќе се знае дали треба ~3KW модел клима, или ќе треба да се иде на 5ка.
Јас повеќе пати детално имам пишувано дека за мене клима уред најефикасен и најекономичен е ако се употребува како примарно греење само во условите кои му одговараат за... економична работа.
Патем затоа и не пишував детално за ова во претходниот пост, пошто барем десетина пати имаме детално пишувано за ова. Ама ајде... идеме пак детално.
Тоа не значи дека греењето со клима не е примарно греење, ако во 20те најладни денови некој планира да се грее со поекономично греење во тие... позахтевни денови за климите. Ете греење на дрва е добар избор за тие 20 најладни денови, башка и кеиф е да запалиш оган на кочан ладно и нема никој да се пркрши од работа со ~1-2 кубици дрва.
Се услови, или се нема време?
Презафатени сме??
ОК, наместо греење на дрва може и термоакумулациона печка. ТА печка да се загрева само на ефтина тарифа и да не се дува, има СОР фактор од 2, повеќе од солидно за толку ниски температури (а ТА и не треба да се дува, заради заебани здравствени проблеми од стаклената волна).
Но не! Премногу е ружна, неубава и неестетска термоакумулационата печка?
ОК, тогаш може и со панелки. Не се ефикасни како ТА печка, ама па „убави„ се. Или со поевтини имитации на панелките од француските произведувачи. Или со кварцни греалки (јас би ги избегавал, од здравствени причини).
Значи еедно со што, важно е тоа резервно греење 20 дена во годината да грее.
Е сега прашуваш зошто не само со еден предимензионар клима уред?
Повеќе причини можам да наведам.
Прво диверзифицирам, не ги ставам сите јајца во истата коншничка и практично за слична сума пари добивам редундантни уреди. Се расипала климата? Нема проблем, имам греење на дрва, или ТА печка, или панелка, итн... нема да бидам без греење додека се поправи климата, или се купи нова.
Второ, ако се одбере греење со дрва се добива независност и од електрична енергија. Со ставка дека ако се има централно греење, тогаш треба да се реши и резервно напојување на пумпата за вода.
Во зависност од естетските побарувања (небитно за темава), се согласувам и со Смртта кога изнесе можност за две помали клими, наместо една поголема. Секогаш би ја направил таа варијанта кога би имал потреба од поголема клима. За слична сума пари добивам два уреди, што значи дупло повеќе работни саати во кумулативниот збир од живтниот век на двата уреди. Летно време и само една од нив ќе биде доволна за да излади. Подобро ќе го мешаат воздухот, и со тоа ќе ја намалуваат разликата во температура во различните висини од собата.
Итн, итн... Секој има свои резони, а ова се моите. Од аспект на темата, мислам дека сум поблиску до побаравањата од вашата варијанта со предимензионирање.
Не дека и предимензионирањето е голем зијан или зло. Велат од вишак не боли глава, освен што може да заболи главата... а и џебот е попразен така.
П.С. Злате бачка, доволно ли детално беше ова за твојот вкус?

Па ова сега е филозофијата, концептот на загревање кој секој го планира пред да се зафати со реализација. Значи има ситуации кога некој би избрал греење исклучиво и само со клима, но јас не сум поборник на таа варијанта.Ajde sega obrazlozi ZOSTO da kupam TA pecka i poslaba klima. Ako zborime za DOGREVANJE togas vo red, no ako zborime za PRIMARNO ZAGREVANJE samo so edno telo togas?