Друштво, сакам и тука да се консултирам во врска со монтирана клима во станов каде што се преселив од неодамна.
Има наместено
ваква клима. Зимава морам да ја поминам со неа. Топли ама не како што сум навикнат од претходниот стан (исто со инвертери).
Оваа никако не може да стигне до зададена темп. Се грее соба од 28м2. Обавезно бар 1 степен е подолу, додека во претходниот стан секогаш ми држеа климите 1 степен над зададена и добро одржуваа. Стариот стан беше во здрада без изолација, северо-западна страна, со пвц/алуминиум врати/прозори насекаде. Сегашниот стан е на југо-исток, со стиропор изолација, мислам 5цм.
Се сомневам дека не е наместена како што треба. Според спецификации треба да е минимум 15цм од плафон и страничен ѕид, а оваа е наместена на 9 до 10цм од плафон и страничен ѕид. Дали тоа игра доволно голема улога за да барам монтер да ми ја премести?