Најекономично греење и ладење

Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
Може ли некој да ми каже од искуство, загревање на просторија од 50м2 (куќа) со обична клима 3.5 kw, нон стоп уклучена, колку би плаќал сметка за струја...
рачунај 100ден. на ден максимум
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.654
Поени од реакции
7.500
Може ли некој да ми каже од искуство, загревање на просторија од 50м2 (куќа) со обична клима 3.5 kw, нон стоп уклучена, колку би плаќал сметка за струја...
Нема да може да згрееш 50м2 со 3,5KW...докај +5Ц надвор и некако да постигне докај 21-22, кога ке залади надвор ке треба да догреваш со друго грејно тело. За тој простор со 5,5КW и на -10 нема да догреваш. Или во сметката изразено ке те фати струја по 2-3 иљадарки октомври-ноември.....декември-фебруар ако догреваш исто на струја со греалки околу 10000 сметката. За тие 3 месеца разликата во цената меѓу 3,5ката и 5,5ката ке ја дадеш наместо за климата на ЕВН па ти види.[DOUBLEPOST=1421245049][/DOUBLEPOST]@yamaha10 На оваа мидеа многу личи барем внатрешната, изглеа во право е kokin4e дека Инвентор микса и Мидеи покрај Гри.
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
Може ли некој да ми каже од искуство, загревање на просторија од 50м2 (куќа) со обична клима 3.5 kw, нон стоп уклучена, колку би плаќал сметка за струја...
Нема теорија од 100 денари дневно. Еве јас од лично искуство баш за оваа комбинација на зададена температура 21-22 степени пробав некој ден на почеток на декември и сметката идеше до 150 денари од 10 наутро до 10 навечер, мерено со апаратчето од Анхоч, башка што климата работеше и после 22 часот. Плус што неможеш да се стоплиш како што треба а зборувам за температури во Гевгелија.Така да поисплатливо ми е на пелети по 170 денари вреќа за еден ден. А климата ја користам како помошна варијанта.
 
Член од
24 септември 2013
Мислења
344
Поени од реакции
317
@ogledaloogledalo
Ne sum siguren, mislam deka imas HANSOL bas kakov sto bi sakal i jas da kupam deneska utre, pa poradi toa mene mi e vazno da se uveram kako raboti na razlicni T. E sega ova so temperaturive e vo red, ama tebe klimata ne ti e montirana nitu vo kola nitu kaj mernata stanica! Razlika od 4-5 stepena e epten golema rabota zatoa sakam da znam kolku e T vo neposredna blizina na nadvoresnata edinica. Jas mojot zivin termometar na PLIVA sum go obesil na samata edinica ( koja e na sonce sprema jug svrtena) vo senka i taa go meri VOZDUHOT sto saka da vleze vo saceto. Pred toa mi bese postaven vo senka na lodjata na nadvoresniot zid i pokazuvase vrednosti pogolemi za 4-5 stepeni od vistinskite. Zosto, zatoa sto termometarot zakacen na zid ja meri i T NA ZIDOT koj e sekako potopol od vozduhot, poradi razmena na toplina od vnatresnata strana na zidot. Zatoa treba da VISI vo vozduh.
Za ilustracija sabajlevo vo 06 i 30 h bese po mojot termometar -3 C, FONKO-to (predvideno do -7 C) so lesnotia za 10 min vlecese 1350W (pocna so 800w) i duvase VRELO na izduvot najverojatno pomedju 2.0 - 2.4 Kw. Ako e -5 C ce pocne so 650 W ce podigne za pola saat 1150W i ce generira ne povece od 1800W. Ako e -7 C pocnuva so 600W odi do 1000w i izduv ne povece od 1500w. Ako e uste pomala T na primer -10 C togas ce treba sigurna 2-3 casa da pocne da duva nesto mlako i kilavo.... Ova se slucai koga se startuva klimata na ladno, no ako taa raboti celo vreme efektite se podobri, no ne drasticno mozebi ce se izduvite za 20 % povisoki.
Gledas kolku mali razliki na T predizvikuvaat drasticno razlicni perfomansi. Ova kaj dobrite invertori e ispeglano za ovie T, no za tie pod -10 vazat gore dole istite, a za okolu -15 se istite so garancija.
Jas sepak si stojam na temperaturite sto gi dobivam od termometarot vo kola.
Nov primer, vcera prviot defrost bese vo 20:30. Vidi kako se dvizela temperaturata na wunderground.
Denes koga se vrakav vo 15:40 vo Avtokomanda bese 3,5-4, okolu 16:30 vo Gjorce bese 1,5 stepen.
Sega gledam na wunderground uste vo 17:00 e otidena vo minus temperaturata. Denes ke ima defrost porano, ke pisam vecer vo kolku saat bil prviot defrost.[DOUBLEPOST=1421258292][/DOUBLEPOST]Eve go prviot defrost za denes, 18:56
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.070
Поени од реакции
23.520
Е... види, еден дел од куќата не планиравме да го грееме, ама децата премногу киснат таму, па порачавме сега на сред зима каминче од блист, многу убаво со гусана плоча (блист жар)
Дрва нема и тие што се ова време се прескапи... Брикети....???? Незналици...

Има некој што имаат отвор на средината дали се полнети со ќумур, а има од тие белите ама тие во стариот шпорет гореа како хартиени. Со триста прашалници сум кажи ми мислење искуство?[DOUBLEPOST=1421177610][/DOUBLEPOST]
Многу малечка е сликата, исти вакви не најдов, копер ги има на сопствен сајт, има цени од 6-7 000 до 70 000
блист имаше обложени со керамика
има целосно гусани печки околу 22 -30 ооо, ама за 100 мераци - не можев да си дозволам...
копер, блист и смедеревац и некои бугарски ги има низ цело скопје за бела техника салони во бриколаж дури и во рамстор маркетот најдовме
со тоа што бендисавме модел од блист за два дена додека ги чекавме парите ни го продадоа, па едвај го најдовме вчера, секаде кај што го имаше веќе беше потрошена залихата.
Сега не те сфатив купивте блист или во план сте да купувате?
Вака не ми текнувам на моделот, уставри ми текнува ама како низ магла. Многу пати имам нагласено дека веќе години ова не ми е примарна дејност па едно што не ги знам повеќе напамет туку можно е и да има измени во самиот дизјан. Постави линк да го видам да не зборуваме напамет.
Ако те интересира за брикетите прашај ме поконкретно што точно те интересира, за да можам да те посоветувам. Ако мислиш дека горат брзо тоа зависи од каминот најповеќе. Ако туши од сите страни и нема добра регулација многу јасно дека ке горат многу брзо. Од друга страна пак ако дрвата како опција не е можна, тогаш нема друго чаре колку да се истера зимата.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
90
Поени од реакции
26
Здраво. Сакам да прашам за затоплување. Планирам да купам Клима од Нептун или Техномаркет, сеа читам Инвертер климите биле поубави и поекономични па планирам таква да земам. Гледам од минимална цена почнуват од околу 450 евра па нагоре, која е разликата во поскапите ако може некој да ме упати? Некои се со помалце KW (3.2) некои со повеќе KW (3.7) која би била подобра?
И дали инвертер клима би затоплувала добро соба од 13 квадрати ? И се разбира доколку знаете колку сметка струја би идело?.. Фала однапред.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Дечки, пред некој ден реков дека ќе постирам колку ми стигнала сметка за Декември. И малку се излажав, реков дека ЌЕ биде околу 2500ден. Но за воља на вистината ме израдува мојата грешка. 1879ден. Вчера стигна. Греење на конвектор од 2KW.
Денес сабајле идам да видам да не утнале нешто овие, и тоа со многу, па да следната, Јануарската да не ми дојде ко на колегата пред мене, ..... напумпана до јаја. Но мислам дека е тука некаде, можда и точно ја прочитале состојбата. На вторат слика е состојбата на броилото, 7709(ефтина) со 9286(скапа). Сабајлешната состојба е: 7980 со 9475. Со пресметка испаѓа дека во моментов сметката БИ ми била 2285. До времето за читање вероватно ке стигне и до 3000-3200ден, што за периодов е ТОП. Сепак деновите околу нова година беа многу ладни.
И уште еднаш да спомнам дека парното го имам исклучено, но дека проаѓаат цевките низ станот па ми го олеснуваат греењето (не многу, ама сепак не е нула) и затоа плаќам уште 350ден
IMG_20150112_205331.jpg IMG_20150115_052727.jpg
 
Член од
23 март 2009
Мислења
723
Поени од реакции
559
kolku m2 grees so 2kw ?
sto konvektor e?i kako ti e priklucen.
moze si pisal porano no nemam se citano od temata
pisi na kratko
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
882
Поени од реакции
923
Имав проблем со климата пред одреден период, се осеќаше дрмање и вибрации на ѕидот и пушташе некој звук од време на време како бучење. Прочитав некаде дека имало гумички кој се ставале помеѓу држачот на климата и климата. Се јавив во ИЦС ГРУП од каде што ја земав климата баш пред нова година и им побарав гумички. Ми рекоа да се јавам после празниците за да ми дадат.
Пред некој ден дојде сервисер да ја ѕирне климата и да види каде е проблемот. Денес дошле повторно, заклучиле дека фалело околу 40г фреон, го испуштиле цел фреон, мереле со азот дали пропушта некаде, чекале 20 мин во меѓувреме да покаже ако пушта. Мереле со вакум пумпи, манометри и незнам со што ти не друго. Исчистиле филтри, тацната со лед, го извадиле вентилчето од каде што истекува водата бидејќи мрзне.
Се на се јас сум презадоволен, не очекував ваква услуга. Мислев бидејќи ми ја продадоа без монтажа ќе се исперат со тоа дека грешка при монтирање е и дека не е нивни проблем или во најмала рака само ќе ми дадат гумички па сам да ги ставам.
Во денешно време кога секој сервис гледа што помалце да има работа и да наплати што повеќе овие се вистинско освежување.
А се јавив само за гумички....
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.194
Поени од реакции
8.278
Нема теорија од 100 денари дневно. Еве јас од лично искуство баш за оваа комбинација на зададена температура 21-22 степени пробав некој ден на почеток на декември и сметката идеше до 150 денари од 10 наутро до 10 навечер, мерено со апаратчето од Анхоч, башка што климата работеше и после 22 часот. Плус што неможеш да се стоплиш како што треба а зборувам за температури во Гевгелија.Така да поисплатливо ми е на пелети по 170 денари вреќа за еден ден. А климата ја користам како помошна варијанта.
Друже дај тоа брцниго апаратчето за струја во печката на пелети што ти е, нз кој го имаш ти и колку KW ти , ама 6kw што сакав да земам троши 400 w на саат што некако многу ми е па се предомислив да земам, или па тој продавачот незнае да објасни добро.
 
Член од
2 август 2014
Мислења
1.785
Поени од реакции
4.145
Se e ubavo toa, ama ne kaza dali pusta freon (40 gr za 30 dena e PREMNOGU ) zatoa sto e fabricki los var, ili pak samite se si krivi. 90 % pustanje freon e od nestrucno napraveni holenderi, a potoa kako so kurot proverka so vakuum pumpa dali dobro gi napravile spoevite so holenderite. Nekaza uste dali go SANIRALE propustanjeto, zosto za edna godina ce ostanes bez pola freon ili bez kompresor..... Od loso niveliranje na nadvoresnata edinica moze da ima vibraciii koi se prenesuvaat na cevkite koi vodat do vn. edinica, pa poradi toa ako se malce loso napraveni spoevite na holenderite doadja do pustanje gas bas tamu. Sega so gumickite ce ima uste pogolemi dvizenja na nadvoresnata edinica (makar sto ce bide potivka) i pak ce stradaat holenderite. Stavi raka da se uveris deka nema nikakvi drmanja i vibracii, ako ima vikni gi pak.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Ако те интересира за брикетите прашај ме поконкретно што точно те интересира, за да можам да те посоветувам.
Фала за одговорот
Треба да дојде вечерва

Во меѓувреме немаме ни гајби за горење :) уште се троумиме што да купиме
На овој линк се сомневам да не се полнети со песок или нешто
увозни
А овие од овој линк изгледа ќе ги земиме ама дали ќе успее да гориме само брикет без дрва незнам... Берово
 
Последно уредено:
Член од
6 февруари 2010
Мислења
882
Поени од реакции
923
Se e ubavo toa, ama ne kaza dali pusta freon (40 gr za 30 dena e PREMNOGU ) zatoa sto e fabricki los var, ili pak samite se si krivi. 90 % pustanje freon e od nestrucno napraveni holenderi, a potoa kako so kurot proverka so vakuum pumpa dali dobro gi napravile spoevite so holenderite. Nekaza uste dali go SANIRALE propustanjeto, zosto za edna godina ce ostanes bez pola freon ili bez kompresor..... Od loso niveliranje na nadvoresnata edinica moze da ima vibraciii koi se prenesuvaat na cevkite koi vodat do vn. edinica, pa poradi toa ako se malce loso napraveni spoevite na holenderite doadja do pustanje gas bas tamu. Sega so gumickite ce ima uste pogolemi dvizenja na nadvoresnata edinica (makar sto ce bide potivka) i pak ce stradaat holenderite. Stavi raka da se uveris deka nema nikakvi drmanja i vibracii, ako ima vikni gi pak.
Па наводно можно е фабрички да доаѓале со помалце фреон или пак лепотанов мој што ја монтирал климата нешто зезнал. Ќе видиме како понатаму ќе се покаже. Вика жена ми дека ставиле азот и чекале 20тина минути. Ако некаде пушта би требало да покаже.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
kolku m2 grees so 2kw ?
sto konvektor e?i kako ti e priklucen.
moze si pisal porano no nemam se citano od temata
pisi na kratko
Atlantic користам иако и со Thermor имам искуство. Но ова моментално е со Atlantic.
Не те разбирам што ти значи тоа како е приклучен? Монофазна струја ако на тоа мислиш.
И, греам 35м2. Мало компактно станче, кое е стара градба (изолацијата е подобра него на новите, затоа напоменувам), на кош (од две страни отворен), со дел кој виси (виси затоа што деловните простории и мезанинот се за 1м повнатре). Нормлно, ПВЦ прозори, многу битен фактор. Топло е да може комотно да се седи по гаќи, или гол да шеташ;)
И ако веќе решиш да купуваш, најважен фактор е да се има огромна дисциплина. Кога не си дома или спиеш, да биде во економичен модул на работа. Тој е означен со месечина на оние конвектори. А кога си дома, си ставаш на ОН (сонце) и бркаш работа. Тој потенциометарот или како и да го наречам, го ставам најмногу на 5, обично е 4 или 4,5. На 5 кога беше најладно и за после туширање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom