Ги читам постовиве и се чудам. Јапонскиве климе да не се правени од некои материјали кои се носат од Марс можеби?
Имав клима Хитачи инвертер 14ка, 3.5кв. значи 14ка. Вистина е дека модулираше и до 200 вати, ама ЗАМРЗНАВ!!!!! На модулација од 200 вати ставена на аутофан, дува со 1 брзина и дува ЛАДНО.
На температури под -7, -8 буквално почнуваше да полетува, па тоа беше млазен авион. Во месеци кога кај нас знае да падне температурата и по две три недели да биде и по -10 и -15 преку ноќ а преку ден да не надмине 0 или евентуално 1 степен климава трошеше по околу 400 киловати месечно за изолирана просторија од 30 метри квадратни, со ПВЦ столарија. Преку ден наместена на 25 за да достигне некои 22-23, преку ноќ на 19-20, а исто и кога не сум дома. Значи климата беше ТАПА!!!
Некаде во Декември купив Грее Амбер Нордик 3,5кв и ја монтирав на местото на Хитачито.
Вистина е дека не модулира толку ниско, минимум е до 450 вати и после се исклучува, вистина е дека во истите услови и при истите темшератури како претходно опишаните (а ги имавме оваа година) троши оклу15-20 проценти повеќе струја од Хитачито ама вистина е и нешто друго, климата не грее туку ФРЛА ОГАН. Без разлика на која модулација е издувува топол воздух а кога достигнува зададена температура под климата е буквално непријатно да се стои од топлината, сакате верувајте сакате не. Просторијата е топла за разлика од претходно. 24 степени во истата просторија каде претходно грееше јапонецот, Амбер ги достигнува како од шала. Значи за Јануари сметката за струја ми беше 8200 денари, тука влегуваат Амбер нордик, една грее пулар еко, термо печка од 2кв, бојлер на струја, и готвење на струја. Климите не ги исклучувам.
Цената беше 57000 денари. Вреди за секој денар. Митсубиши со тие перформанси е 90000 денари и сигурен сум дека е поекеномичен ама не за толку многу колку што е разликата во цена. И сигурен сум дека не може да грее повеќе. Амберот има 10 години гаранција. Тоа е доволно за мене па и без разлика што треба да плаќам сервис за продолжување на гаранцијата. и онака го плаќав чистењето за смрдливото Хитачи секоја година.
За Грее Амбер Нордик, од мене огромна препорака