време им треба на сите прочистувачиза да исчистат и не треба да се гасат кога е загадено.
Не се согласувам со оваа констатација!
Кога надвор е многу загадено и отвориш врата, прозор, pm рипаат преку 100, 200, прочистувачот "полудува" оди на 4та,5та брзина, фучи како торнадо!
Ама за кратко време го средува воздухот. Буквално во realtime гледам како паѓа концентрацијата, и тоа со брзина понекогаш и како секунди(најчесто за 1 во 3-5сек)!
Од 200пм може да го симне на 30-40пм за 5-10мин.
Е после е "тешкото"!
Додуша како паѓа концентрација он сам намалува и брзина, ама дури и мануелно да го оставам на таа брзина, побрзо ќе стигне од 200пм до 30пм, отколку од 30пм до 20пм. Испод 20пм многу многу тешко, а испод 10-12
никад! (Ова под претпоставка дека до толку му е точен сензорот).
Значи и ова посебно за тие што би сакале да купат! Прочистувачот е најдобар баш за најголеми концентрации да ги врати во нормала, ама тешко му оди за "релативно чист" воздух да го исполира до (да го цитирам ред зурла) планински воздух како на Стража!
Кога има ветре надвор знае да биде и 16пм, и фино-лепо си отворам прозори,врати и правам промаја.
Нема сврха од прочистувач да работи тогаш.
И да бидеме реални, за нашиве градови, еве јас сум од Велес, ама и Скопје е исто... да дишиш дома 20-30пм е подобро него ли 120-130! Ама природно 16пм кога е, а знае да биде, тоа е подобро од било кој прочистувач!
Друга работа... еднаш препорачав да не се зима прочистувач со дисплеј оти е подобро да не знаеме што дишиме, или барем ПМ да покажува, а не друго. Траги-комично звучи ама така е! Кога ќе видам VOC(volotaile organic compounds) како е често длабоко во портокалово-црвено, страв ме фаќа...
Јас дека и на ќумбе се греам CO2 е често 1200-1400ппм (нормално е 600-800).
А па тек што не мери, а знаеме дека има сулфур диоксид и оксиди на азот(од коли,камиони)...
Не за џабе рекле ignorance is bliss.
П.С. заборавив за првата точка да додадам, ако го исклучиш, пм не оди нагоре, па не ни мора цело време да работи, мада на ауто е убаво да биде.