Баче, немам детално читано рецензии или форумски мислења за ниеден од моделите на Даикин, па ни за тој за кој прашуваш. Конкретната споредба со Тошиба Сузуми плус мислам дека е малку нефер (за Даикинот) пошто не се во иста ценовна (и квалитативна) класа. Од тоа што линкаа за моќноста при пониски температура дефинитивно, предноста е на страната на Сузуми+.
За фер споредба распрашај се за некој појак модел од Даикин.
Претпоставувам дека тој Даикин е во ранг на Авант серијата на Тошиба, а неа немој да ја гледаш, тоа е лично мое мислење. Разликата во пари до Сузуми+ е премала за разликата во квалитетот меѓу двете серии.
Уште една работа на која треба да водиш внимание, е квалитетот и стручноста на фирмата од која ќе купуваш. Сите се надеваме дека нема да треба ја искористиме гаранцијата, но такви работи се случуваат... и не е сеедно колку е стручен (и професионален) сервисот на фирмата.
Не знам ништо за продавачите на Даикин. Јас Тошиба треба да земам од Енергија, на добар глас се луѓето, од муабетот се секако стручни (за најразлични аспекти на тематиката) и расположени за давање информации. Ми излегоа и во пресрет кога им побарав да направат припрема за климата и бушење дупка во ѕидот пред да ја завршам фасадата (за да не ја оштетиме потоа). Додуша требаше малку убедување, ама и нив ги разбирам... не е сеедно дали монтерите ќе доаѓаат еднаш или два пати за една монтажа, се губи време.
Се на се, засега јас од луѓево сум задоволен. Секако ќе пренесам ако нешто не биде како што треба, исто како што нема да испуштам да ги пофалам ако сум задоволен од нив.
Сето ова ти го кажувам, за да разбереш дека и сервисот и монтажата се важни делови од одлуката на избор на клима. Распрашај се и за продавачите на Даикин, од аспект на работиве за кои зборував.
На крај одлуката е само твоја, што и да одбереш нека се угоде и нека те служи долго и економично.
[DOUBLEPOST=1417735059][/DOUBLEPOST]
Kaj tebe DAIKINOT ja ima li taa opcija Ifeel,i so potocno znaci toa?
Ifeel е опција да се користи температурен сензор во далечинскот управувач, наместо електрониката да се води според температурниот сензор од внатрешната единица. Можеби е добро за комфор на прецизно подесување на температура на одредена точка во собата... но мене ако ме прашуваш мене лично не ми треба. Секако воздухот се меша со дувањето на климата а температурата ја местам како мене ми е убаво, не според некои предефинирани бројки. Само додатни главоболки за почесто менување на батерии во даљинскиот.
Сериозно, не сакам да ја намалам употребната вредност за некој друг... но јас лично и кога би ја имал Ifeel функционалност, најверојатно не би ја користел (освен за тестирање, и на почеток онака од љубопитност).