@Vanlok so bi kazal za mojot post,so bi mi preporacal ti za 30-35m2 i budgjet od 40000 den,
se dvoumam pomegju toshiba,daikin i fujitsu siemens?
За тие пари ти останува тој Даикинот Зеленко што го купи. Ако не се лажам тој беше 36.000 денари (+ 70е монтажа).
Од аспект на тоа кои продавници кои брендови клими ги носат:
Тошиба ги носат Енергија (кај нив ми е капарисана Тошибата) и Аиркон. Фуџитсу ги носат Хидросет, и Фуџи тие од Штип како се викаа, позади некаде се пишуваше. Даикин, исто не ми текнува а исто неколку страни позади пишува.
Тошиба треба да се добри уреди, ама не се исплати најевтината АвАнт серија туку од Сузуми+ нагоре.
Даикин се добри, не знам многу за нивните модели.
Фуџитсу се добри, но најевтините модели исто така не се исплатат... посебно не со цените на Хидросет -всушност цените на Хирдосет се главната причина зошто овде на форумов нема многу повеќе корисници на Фуџитсу клими.
Не си ги навел Gree, ама би требало и нив озбилно да ги размислиш. За некои 48к ден. го имаш Хансол моделот, кој е споредлив со сите набројани брендови погоре, и има поголема надворешна единица од сите набројани (за 3.5kw единици зборуваме, 12.000BTU).
Jaс како втора клима земав Gree Change, тогаш чинеше 30к. ден. но имаше најави за покачување на цената и треба да се праша дали е истата. Change би рекол дека моментално (со старата цена) е најисплатлива клима, посебно кога буџетот е краток. Брат ми со таква грее цел стан (додуша во зграда, со комшиски станови или ходници од 5страни).