Имам една приказна,во споредба со се што се има изнапишано тука се надевам нема да излезе спам...
Пријател мој имал вујко што "собирал магнети" за да ги проучува и да експериментира со нив!? Според него магнетизмот уште бил мистерија која криела многу тајни!?
Океј! Секој со свое хоби... плус типот имал средно електро завршено,па си помислив дека и прави нешто со магнетите...
Една вечер се погодувам на гости заедно со вујкото. И муабетот вака-така тргна накај физика,или да бидам попрецизен "метафизика".... зошто типов незнам ни како школо воопшто завршил! Одма ми стана јасно зошто работи нешто трето а не е електричар.(веројатно струја одма ќе го отепа ако проба да смени сијалица
)
Елементарно непознавање на основни закони во физика! Живци ме фатија! Ај ќе разберам да незнае да реши диференцијална равенка,на Максвел равенките,на Дирак... Ама типов имаше проблем уште со Фарадеј и најосновни концепти што се учат уште седмо,осмо!
Е такви се повеќето "иноватори"!
И затоа сите завршуваат со некоја механичка врска,лостови,брегасти и слично во нивните уреди! ...или мотор од машина за перење
П.С.битно на сите Никола Тесла им е идол и ја фалат неговата генијалност без да знаат дека за разлика од нив Тесла бил одлично образован,технички поткован и во чекор со (тогашната) напредна математика и физика.