Цели страници испишавте, проблемот останува.
Членот од Енергија молчи (не му е во описот на работното место решавање проблеми на корисниците). Откако ќе го убедат корисникот да купи, повеќе не им е важен.
Ако е за утеха, и другите се такви.
Пред да ја купам климата
@Gree info беше многу љубезен. Во приватни пораки убаво ми објасни сè што ме интересираше. Откако настанаа проблеми не ме удостои со одговор. Ме игнорираше...
На Фејсбук постојано ги бришеа моите коментари (не им се допаѓаше потенцијалните купувачи да разберат како се однесуваат со корисниците). Не ми оставија друга можност освен од три профили (јас и двајца пријатели) на секој заинтересиран за клима да му пуштаме приватна порака. Не е фер од моја страна, ама со арамиите само арамиски, друг начин не постои.
Овде на форумов има само една разлика. Енергија молчи, Грее има задолжени ботови на секој негативен коментар да одговараат со „хахаха“, „да не сакаш и кафе да ти вари“, „голем стручњак“, „пациент“...
Ако ѕидот не држи типли решението е да се пробијат поголеми дупки и да се исполни со бетон. Монтажа после една недела. Ама тоа требало да се направи порано. Монтерот не требало воопшто да ја изврши монтажата. Но толку им е знаењето на приучените кои до вчера немаа видено клима, денес се „врвни“ профеесионалци.