Ај да споделам туѓо искуство...
Со бивш колега со кого се немав видено може цела година вчера онака падна муабетче за греењево со климиве, а тој во есента 2018 кога јас ја земав Грее Хансол 3.5ката тој зеде Haier Tundra 5ka пошто тогаш баш во ек ги биеше добар глас за парите и еуровентот.
Тогаш ја зеде од Сетек со 2 години гаранција и сега пред 2 месеци кога почнал грејна сезона забележал доста разлика во капацитетот спрема претходните години. Иако сепак греела - разликата била огромна од тоа што се сеќава од лани.... вика колку и да ја изјачам над 40С издув не можела да крене иако надвор фучела и тргала максимим струја како лани.... лани вика 60С на издув годинава над 40 не сака.
После викање еден сервисер па втор сервисер, дошле до заклучок дека надворешниот изменуваш тишел или така нешто не знаеше точно да ми каже што било крајниот заклучот битно не можело да се сервисира и фала богу 1 месец пред истек на гаранцијата од Сетек му се нафатиле да му ја заменат за друга клима во иста вредност.
Избрал Hisense 5ка (
Hisense DJ50XA0BG / DJ50XA0BW)
Засега впечатоците од Хајсенс му се дека како поекономична му се гледала спрема Хајерот... ама и како послаба.
Исто уште од ова време правела чести кратки/суви дефрости, на секои 40 минути вика прави по 3-4 минути таков дефрост.
Некој што има Хајсенс да потврди/побие приказна?
Јас сепак пренесувам приказна од трето лице не можам да стојам зад ова но реков може ќе е корисно на некој... како ќе биде во иднина ако добијам пак инфо ќе пренесам...