Најекономично греење и ладење

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.363
^^
Капацитетот на топлинските пумпи секогаш зависи од температурата на медиумот од кој се црпи топлината. Во превод, ако се работи за воздух тогаш топлинскиот капацитет на уредот зависи од надворешната температура на воздухот (и неговата влажност, ама не комлицираме). Како што паѓа надворешната температура, така паѓа капацитетот на уредот.

Од овој аспект, за да се задоволи минимумот моќност на загревање во екстремни услови треба или:
- да се предимензионира топлинската пумпа
- да се има секундарна опција за загревање во најладните денови

Во екстремно ниски температури, секогаш е можно капацитетот на климата да падне доволно ниско за да не биде доволен за загревање на посакувани температури. Освен ако безобразно многу не се предимензионира климата, што нема ама баш никаква економска логика (посебно на места со блага клима како нашата, каде се малку екстремно ладните денови).
Сеедно е за кој бренд се работи, дали е Тошиба Естиа или Гри или но-нејм кинез... на доволно ниски температури секогаш е можно да има ситуации кога капацитетот нема да биде доволен.

Ekoномскиот аспект на користењето на топлинските пумпи вели дека, предимензионирањето не се исплати (поскап уред, поскапо секојдневно експлоатирање, поголем период за да се исплати инвестицијата). Многу поисплатливо е за тие најладни денови кога капацитетот паѓа, да се има втора опција за загревање. Нешто евтино и конвенционално, како панелни греалки, печки на дрва, термо-акумулациони печки, итн.


Најчесто топлински пумпи одат во комбинација со фенкојлерите, за да се користат и за ладење и за греење.
^^
Зависи од планирањето.
За греење, кое е многу поскапо од ладењето (од технички аспект), подното (или ѕидно) греење е секогаш подобра опција од фенкојлерите, од повеќе аспекти: комфор, економија, бучава, одржување... (сигурно испуштам нешто, ама доволно е и ова). Инаку ѕидно ладење е сосема ок опција, во зависност од локацијата на ѕидот и планирањето.

Друго, ладењето сосема успешно се постигнува и со најевтините клими. Од тој аспект и по некоја (економска логика), зошто скапиот уред да се амортизира и за ладење (кога за евтини пари може да се земе обична клима која врши работа без проблем)?


...мислам дека повторно просторијата нема да биде загреана доколку се користи само подно греење без да биде надополнета од некое друго грејно тело во ситуации кога надворешната температура ке падне под -7, ке ја земеме неа како една референтна. Тогаш мора да има и комбинација со она другото, еве ајде нека биде и ѕидното греење како алтернатива да ја користиме само топлинската пумпа. Но колкава инвестиција ке биде ова да се изведе? Неколку илјадници евра? Верувам дека нема да биде под 20 илјади за куќа од некој си 120 до 150 квадрата.
Последниот дел од ова не го разбирам сосема. Во секој случај, ефиканоста на одредена температура зависи од спецификациите на уредот. Генерално не се ретки уредите што се прилично ефикасни до -15с.
Во секој случај, како што веќе кажав, предимензионирањето не се исплати. Многу поисплатливо е за тие најладни денови, да се има втора (конвенционална) опција за загревање.

Од аспект на чинењето на самата подна хидропонска инсталација, бројките наведени горе се прилично претерани. Инсталацијата се изведува со алупласт цевки кои воопшто не се скапи, а ни работната рака на монтерите не е претерана.
Единствен проблем е целата работа да се изведе во тек на изградбата на објектот, зошто отпосле е и многу поскапо и (некогаш) скоро невозможно. Во таквите случаи подобра опција е ѕидната хидропонска инсталација.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Kolku se dvizat vazduh-voda toplotnite pumpi za priklucuvanje na parno? Zosto se tolku skapi? Ama jaka tehnologija nema sto, COP preku 5 i grees radijatori isto kako da si priklucen na toplifikacija + moze eftino i sanitarna voda da zagrevas. Potrosuvacka kolku kaj top inverterite.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ama jaka tehnologija nema sto, COP preku 5 i grees radijatori isto kako da si priklucen na toplifikacija + moze eftino i sanitarna voda da zagrevas. Potrosuvacka kolku kaj top inverterite.
Мислам дека ова не е точно
Се согласувам во @Vanlok, што е пониска температура на приемната страна, толку е поекономично затоплувањето.
А Топлификација не е пример за ништо добро
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Веројатно Виваксот може да загрее ако тошибата неможе.
Ne mora da se vnesuva ironija vo komunikacijava. Mislam deka site znaeme (bar jas taka mislam) deka Vivax nema topl. pumi vozduh-voda, ama gresen e faktot deka topl. pumpa ne moze da gree na -15, so prikucok na panelni,alum. radijatori.
So pravilno odbiranje na sistemot vozduh-voda i ova gore e vozmozno i ne se potrebni dopolnitelni izvori na topl. enertgija.
E sega ako prasanjeto e kolku cini toa i kolku trosi vo tie situacii, togas toa e druga diskusija.

Vo sekoj slucaj citatelite na forumov ne treba da imaat pogresna pretstava za samite moznosti i ogranicuvanja na topl. pumpi (vozduh-voda)
 

Sale77

Доктор
Член од
30 декември 2005
Мислења
67
Поени од реакции
55
^^
Капацитетот на топлинските пумпи секогаш зависи од температурата на медиумот од кој се црпи топлината............................... отпосле е и многу поскапо и (некогаш) скоро невозможно. Во таквите случаи подобра опција е ѕидната хидропонска инсталација.
Да не го цитирам целиот пост но се согласувам во потполност. Фино што се согласуваме дека предимензионирање нема баш ама никаква економска исплатливост, поготово не на простори со благи зими како кај нас. Алтернативно секундарно греење е сосема задоволителна варијанта.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.067
Поени од реакции
23.514
Владе.... што е со плинот.
Дали имаш искуство со тааа варијанта, каде плинот се користи со бренер на обичен котел.
Колку би било исплатливо на тој начин?
Искрено три чисти немам со плинот. Во животот само еднаш имам видено проточен бољер на плин, изгледа слично како и обичниот проточен на струја само што е малце погломазен. Нити прашав нити се заинтересирав ни колку троши ни ништо. А за котел или бренер никогаш посебно се немам ни заинтересирано пошто кај нас дури да дојди гасификацијата ке снема плин на планетата:).
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Искрено три чисти немам со плинот. Во животот само еднаш имам видено проточен бољер на плин, изгледа слично како и обичниот проточен на струја само што е малце погломазен. Нити прашав нити се заинтересирав ни колку троши ни ништо. А за котел или бренер никогаш посебно се немам ни заинтересирано пошто кај нас дури да дојди гасификацијата ке снема плин на планетата:).


Па немора да е приклучен на гасификација....има плински боци...цистерни!

Во Берово и околијата имало најмногу такви инсталации!
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.067
Поени од реакции
23.514
Па немора да е приклучен на гасификација....има плински боци...цистерни!

Во Берово и околијата имало најмногу такви инсталации!
Можеби , но сепак тоа не го менува фактот дека три чисти немам од плинот:).
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ова просто кажано не е за верување:
Со нов Заккон за општа управна постапка, Владата најавува дека ќе ги принудува компаниите од приватниот сектор коишто нудат услуги за кои се овластени од државата да им обезбедат квалитетно снабдување на корисниците. Станува збор за компании од областа на енергетиката, телекомуникациите, снабдување со топлина, појасни министерот за информатичко општество и државна администрација Иво Ивановски.
http://faktor.mk/archives/93434?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=vladata-so-zakon-kje-bara-kvalitetno-snabduvanje-so-struja-i-parno



 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.363
Jaс колку што разбирам, зборуваат за некаква систематизација и спефицирање (и побарување) на минимум квалитет на услугите што ги нудат... Теоретски гледано се убаво, но тогаш практично гледано од старт треба да ги санкционираат Толификација и БЕГ за кршење на законот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Jaс колку што разбирам, зборуваат за некаква систематизација и спефицирање (и побарување) на минимум квалитет на услугите што ги нудат... Теоретски гледано се убаво, но тогаш практично гледано од старт треба да ги санкционираат Толификација и БЕГ за кршење на законот.
Законот за општа управна постапка почнува со следниов став:
(1) Според овој закон должни се да постапуваат министерствата, другите органи на државната управа....
http://www.maticanaiselenici.com/doc/zakoni/opsta_upravna_postapka.pdf
Знаеш ли што е Министеров по занимање?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.363
Кој ги знае како им се измешани ингеренциите... тоа за да можат да си играат со топката, на-ти-ја-дај-ми-ја као „за овој проблем е надлежно, друго министерство„ и слични правдања зошто не можат да ги решаваат проблемите.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Кој ги знае како им се измешани ингеренциите... тоа за да можат да си играат со топката, на-ти-ја-дај-ми-ја као „за овој проблем е надлежно, друго министерство„ и слични правдања зошто не можат да ги решаваат проблемите.
Најдов за Министерот - тој нема познавања од Правната наука - но можел да се консултира со некој правник за да не се мајтапат со него
тој е Во 2001 година дипломирал во областа на информатички науки и компјутерско инженерство на Државниот Универзитет Охајо, во градот Колумбус, Охајо (САД). Своето образование го продолжил на Франклин Универзитетот, каде во 2003 година се здобил со магистерска диплома во областа на компјутерските науки.
http://vlada.mk/clenovi/ivo-ivanovski

 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
10
Поени од реакции
3
Normalno li e koga kje se zgree sobata perkata na invertorot da se podigne na sredina i da prestane da duva, zboruvam za gree hansol. Dali poradi toploto vreme nadvor pa ne se ladat sobite brgu, koga bese poladno ne pravese taka. Posle toa koga kje se oladat sobite pak si pocnuva da duva, nemie jasno neli invertorot duva celo vreme.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom